Вилијам Кемпбел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Вилијам С. Кемпбел
РоденВилијам Сесил Кемпбел
28 јуни 1930 (1930-06-28) (88 г.)
Рамелтон, Донегол, Ирска
ДржавјанствоИрска, Соединети Американски Држави
НационалностАмериканец
ПолињаПаразитски болести
УстановиИнститут за терапевтски истражувања Мерк
Универзитет Дру
ОбразованиеКолеџ Тринити, Даблин
Универзитет Висконсин
Познат поавермектин
Поважни наградиНобелова награда за физиологија или медицина (2015)

Вилијам С. Кемпбел (роден 28 јуни 1930 година) е американски биолог и паразитолог со ирско потекло, познат за неговите откритија кои се однесуваат на терапија против инфекции предизвикани од цевчести црви, за што ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2015 година.[1] Од 1957 до 1990 година работел на Институтот за терапевтски истражувања Мерк, а моментално работи на универзитетот Дру како почесен соработник.[2][3]


Биографија[уреди | уреди извор]

Кемпбел е роден во Рамелтон, Донегол, Ирска во 1930 година како трет син на Р. Џ. Кемпбел, снабдувач. Дипломирал на Тринити колеџот во Даблин во 1952 година со почести од прва класа за зоологија, а докторирал на универзитетот Висконсин во 1957 година. Од 1957 до 1990 година тој бил соработник на Институтот за терапевтски истражувања Мерк. Во 1962 година добил државјанство на САД. Во 2002 година бил избран за член на Националната академија на науки на САД.[4] Со Сатоши Омура ја поделиле половина од Нобеловата награда за физиологија или медицина за 2015 година за нивните истражувања на терапии против инфекции предизвикани од цевчести паразити.[5][6] (Другата половина ја добила Ту Јоујоу за нејзината работа на третман на маларија). Кемпбел е само вториот ирски научник кој добил Нобелова награда, по Ернест Волтон кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1951 година.

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Нобелова награда за физиологија или медицина 2015
  2. Nobel Prize in Physiology or Medicine Awarded to William C. Campbell, Satoshi Omura, Youyou Tu“, „The Wall Street Journal“, 5 октомври 2015 (посет. 5 октомври 2015 г).
  3. Ramelton Tidy Towns: William C. Campbell
  4. „Member Directory | William Campbell“. National Academy of Sciences. конс. 5 October 2015. 
  5. Irish scientist wins Nobel Prize for Medicine“, „RTE News“, rte.ie, 5 октомври 2015 (посет. 5 октомври 2015 г).
  6. „The Nobel Prize in Physiology or Medicine 2015“. Nobelprize.org. Nobel Media AB. 5 October 2015. конс. 6 October 2015. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]