Ту Јоујоу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ту Јоујоу
屠呦呦
Tu Youyou 5012-1-2015.jpg
Роден 30 декември 1930 (1930-12-30) (87 г.)
Нингбо, Zhejiang, China
Живеалиште Пекинг
Државјанство Народна Република Кина
Полиња кинеска хербологија
медицинска хемија
клинички истражувања
антималариски лекови
Установи Кинеска академија на кинески медицински науки
Образование Пекиншки медицински универзитет
Познат по Откривање наартемизинин и дихидроартемизинин
Поважни награди Ласкерова награда за клиничка медицина (2011)
Награда на фондацијата Ворен Алперт (2015)
Нобелова награда за физиологија или медицина (2015)


Ту Јоујоу (кинески: 屠呦呦 пинјин: Tú Yōuyōu, р. 30 декември 1930) — кинески фармаколог, лауреат на Нобеловата награда за 2015 година за физиологија или медицина (за откритие на артемизининот – препарат кој се користи за лечење на маларија и кој спасил милиони животи)[1], а во 2011 година Ласкеровата награда за клиничка медицина. Таа е првиот етнички кинески (и прв граѓанин на НР Кина) која ја добила Нобеловата награда за физиологија или медицина.

Биографија[уреди | уреди извор]

Се родила во Нингбо во провинцијата Џеѓанг, Кина на 30 декември 1930 година. Од 1951 до 1955 година студирала фармакологија на Пекиншкиот медицински универзитет каде и дипломирала. Потоа, две години Ту ја изучувала традиционалната кинеска медицина.

По дипломирањето Ту работела на Академијата за кинеска медицина. Во 1980 година била промовирана во истражувач, а во 2001 година била промовирана во ментор на докторските кандидати. Моментално е раководител во академијата.

Награди[уреди | уреди извор]

  • Нобелова награда за физиологија или медицина за 2015 година – поделена со Сатоши Омура и Вилијам Кемпбел
  • Награда на фондацијата Ворен Алперт за 2015 година[2]
  • Ласкерова награда за клиничко медицинско истражување во 2011 година[3]


Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]