Вилем Ајнтховен
Вилем Ајнтховен | |
---|---|
![]() Вилем Ајнтховен во 1906 | |
Роден(а) | 21 мај 1860 Семаранг, Холандска Источна Индија |
Починал(а) | 29 септември 1927 Лајден, Холандија | (возр. 67)
Националност | Холандија |
Полиња | Физиологија |
Установи | Лајденски универзитет |
Образование | Утрехтски универзитет |
Познат по | Електрокардиограм |
Поважни награди | Нобелова награда за физиологија или медицина во 1924 |
Вилем Ајнтховен (холандски: Willem Einthoven; 21 мај 1860 — 29 септември 1927) — холандски лекар и физиолог, изумител на првиот практичен електрокардиограф (ЕКГ) во 1903 и добитник на Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1924 за него.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Ајнтховен е роден во Семаранг на Јава во Холандска Источна Индија (сегашна Индонезија). Родителите му имале холандско, а мајка му имала и швајцарско потекло.[2][3] Неговиот татко бил лекар и починал кога Ајнтховен бил дете. Неговата мајка се вратила во Холандија со нејзините деца во 1870 година и се населила во Утрехт. Во 1885 година Ајнтховен добил медицинска диплома од Лајденскиот универзитет, а во 1886 година станал професор на Утрехтскиот универзитет.
Починал во Лајден во Холандија и е закопан на гробиштата на Реформистичката црква во Угстгест.[4]
Дејност
[уреди | уреди извор]
Уште пред Ајнтховен било познато дека срцето произведува електрични струи, но инструментите од тоа време не можеле прецизно да го измерат овој феномен без поставување на електроди на самото срце. Почнувајќи од 1901 година, Анјтховен создал серија на прототипови на жичен галванометар. Овој уред имал многу тенок филамент на спроводлива жица која минувала низ многу силни електромагнети. Кога струја минувала низ филаментот, електромагнетното поле предзвикувало жицата да се придвижи. Лесно осветлување врз жицаа предизвикувало сенка врз придвижувачка ролна на фотографска хартија, со тоа создавајќи континуирана крива која го прикажувала движењето на жицата. Оригиналната машина барала ладење на моќните електромагнети со вода и барала 5 луѓе за да ја управуваат, а тежела околу 270 килограми. Оваа направа ја зголемила осетливоста на стандардниот галванометар, така што електричната активност на срцето можело да се регистрира и покрај изолацијата на телото и кожата.
Иако понатамошниот развој на техниката овозможиле подобри и помали ЕКГ-апарати, многу од терминологијата што се користи при опис на еден ЕКГ-запис потекнува токму од Ајнтховен. Неговото назначување на буквите P, Q, R, S и T на разните бранови е сè уште во употреба. Поимот „триаголник на Ајнтховен“ е именуван по него и се однесува на замислениот рамностран триаголник со средина на градите и темиња кои се стандардните електрокардиографски одводи на рацете и ногата.
По развојот на жичениот галванометар, Ајнтховен ги опишал електрокардиографските одлики на бројни кардиоваскуларни нарушувања. Подоцна во животот, Ајнтховен го посветил своето внимание на проучување на акустиката, особено на срцевите звуци.
Во 1924 ја добил Нобеловата награда за медицина за откривањето на првиот практичен систем за електрокардиографија користен за медицинска дијагностика.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Willem Einthoven“. IEEE Global History Network. IEEE. Посетено на 10 август 2011.
- ↑ The Walbeek Family from Holland:Information about Louise Marie Mathilde Carolien de Vogel. Familytreemaker.genealogy.com (1927-09-29). Проверено на 2012-07-25.
- ↑ I6359: Valcherius BOREL (dates unknown). Rootsweb.ancestry.com. Проверено на 2012-07-25.
- ↑ Van Ditzhuijzen, Jeannette (S9 септември 2005). Bijna vergeten waren ze, de rustplaatsen van roemruchte voorvaderen. Trouw (Холандски весник), стр. 9 од додатокот.
- ↑ „Willem Einthoven“. IEEE Global History Network. IEEE. Посетено на 10 август 2011. (англиски)
Литература
[уреди | уреди извор]![]() |
„Вилем Ајнтховен“ на Ризницата ? |
- Snellen, Herman Adrianus (1995), Willem Einthoven (1860–1927) Father of Electrocardiography, Life and Work, Ancestors and Contemporaries, Dordrecht: Kluwer Academic Publishers, ISBN 0-7923-3274-1
- Shouldice RB, Bass G (2002), „From Bench to Bedside – Developments in Electrocardiology“ (PDF), The Engineers Journal, Institution of Engineers of Ireland, 56 (4): 47–9, Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-03-25, Посетено на 2015-03-02
- Moukabary, T (2007). „Willem Einthoven (1860–1927): Father of electrocardiography“. Cardiology Journal. 14 (3): 316–317.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- The Einthoven Foundation Cardiology Information Portal Историски слики Архивирано на 29 септември 2007 г. (англиски)
- Извадок за Нобеловата награда Архивирано на 6 март 2005 г. (англиски)
- Триаголникот на Ајнтховен (англиски)
- Библиографија во виртуелната лабораторија на Институтот за историја на науката „Макс Планк“ (англиски)
- Museum Boerhaave Negen Nederlandse Nobelprijswinnaars Архивирано на 2 октомври 2006 г. (холандски)
- A.M. Luyendijk-Elshout, Einthoven, Willem (1860–1927), во Biografisch Woordenboek van Nederland (холандски)
- Биографија Willem Einthoven (1860–1927) Архивирано на 5 февруари 2012 г. од Националната холандска библиотека (холандски)
|
- Родени во 1860 година
- Починати во 1927 година
- Добитници на Нобелова награда за медицина
- Холандски нобеловци
- Холандски лекари
- Странски членови на Кралското друштво
- Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Индонезиски нобеловци
- Членови на Гетингенската академија на науките