Галванометар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Принцип на работа на галванометарот

Галванометар — модел на аналоген амперметар за мерење на мали струи. Се состои од намотка сместена меѓу половите на перманентен магнет. Отчитувањето на величината се врши со стрелка која овозможува директно читање на поместувањето од градуирана скала. Често оваа скала во долниот дел има огледален коректор на паралакса со што се избегнуваат грешките при отчитување.

Опис на работата[уреди | уреди извор]

Кога струјата проаѓа низ намотката на галванометарот, намотката станува електромагнет и се завртува во полето на перманентниот магнет. Меѓутоа, пружината настојува да ја врати намотката во првобитната положба. На намотката е споена стрелка која го покажува завртувањето на намотката. Кога магнетската сила ја урамнотежи силата на пружината, стрелката се запира и покажува колкава е струјата. Колку е поголема струјата, поголема е и магнетската сила на намотката и поголемо е завртувањето на намотката односно нејзината стрелка.

Историја[уреди | уреди извор]

Апаратот му го должи своето име на Луиџи Галвани (Luigi Galvani). Првиот галванометар го конструирал Јохан Швајгер (Johann Schweigger) од Нирнберг, на универзитетот Хале на 16 септември 1820 година. Андре-Мари Ампер (André-Marie Ampère) дал свој придонес во развојот на галванометарот, а Леополдо Нобили (Leopoldo Nobili) го усовршил инструментот избегнувајќи го влијанието на Земјиното магнетно поле. Арсен д’Арсонвал (Arsène d'Arsonval) го пронашол моделот приспособен за мерење на многу мали струи.

Види и[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Principles of Electric Circuits, 7th edition, Thomas I. Floyd, Prentice Hall}-, ISBN 0-13-098576-7, стране 267 и 268.