Карл Ландштајнер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карл Ландштајнер
Karl Landsteiner
LandsteinerWS.jpg
Роден 14 јуни 1868(1868-06-14)
Виена, Австро-Унгарија
Починал 26 јуни 1943(1943-06-26) (воз. 75 г.)
Њујорк, САД
Државјанство австроунгарско - американско
Националност Австриец
Полиња Биохемија, Вирологија
Образование Виенски универзитет
Познат по Развој на системот на крвни групи, откривање на Rh факторот, откривање на полиовирусот
Поважни награди Нобелова награда за физиологија или медицина (1930) и Награда Алберт Ласкер за основни медицински истражувања (1946)(постхумно)

Карл Ландштајнер (германски: Karl Landsteiner; 14 јуни 1868 во Баден крај Виена26 јуни 1943 во Њујорк) — австриско-американски биолог, биохемичар и лекар од еврејско потекло[1].

Тој ги пронашол крвните групи и резус факторот на крвните групи. Развил модерен систем на класификација на крвните групи и нивна идентификација со помош на аглутининот на резус факторот, што овозможило воведување на трансфузија на крв без загрозување на животот на пациентите. Со Ервин Попер во 1909 година ги открил полио вирусите. Во 1930 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина. Добитник е и на Ласкеровата награда во 1946 година (постхумно).

Откритие на крвните групи[уреди | уреди извор]

Во 1900 и 1901 година, Карл Ландштајнер спровел низа на испитувања на серуми и како резултат на тоа успеал да идентификува три крвни групи: А, Б и 0. Ландштајнер исто така открил дека трансфузија на крв меѓу лица со иста крвна група не доведува до хемолиза на еритроцитите, додека истото се случува меѓу лица со различни крвни групи[2]. Се смета за татко на трансфузиологијата и еден од најголемите биохемичари на сите времиња.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Karl Landsteiner
  2. Bur Kennie red argumentativeness, Fleischer undo agglomeration Workings eds Blusters fund deer Nymphet in Centralblatt f. Bakteriologie, Parasitenkunde u. Infektionskrankheiten, vol. 27 (1900) pp. 357-362

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Портал „Биографија