Роналд Рос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Роналд Рос (англ. Ronald Ross; Алмора, 15 мај 1857 — Лондон, 19 април 1932), бил англиски лекар, ентимолог, заслужен за утврдување врска меѓу комарци и маларија. добитник е на Нобелова награда за физиологија или медицина 1902 година, за негов допринес во проучување на маларија и ќе открие дека маларијата спаѓа во групата на преносливи болести чии причини (Plasmodium falciparum) , пренесува комарец од родот на Анофелес. Ова Росово откривање поставило темел за борба против овие болести која однела безброј животи.

Роналд Рос

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Роналд Рос е роден на 13 мај 1857 година во Алмора (англ. Almora) во падините на Хималаите во Индија, само три дена после избувнувањето на индијците. Неговиот татко Кемел Рос бил автентичен изглењд на војник од војската на кралицата Викторија, остро лице Његов отац Кемел Рос био је аутентичног изгледа војника војске краљице Викторије, врамени воени мустаќи, кој на крајот од кариерата станал генерал во индијската војска. Дедото но Рос, потполковникот Хју Рос, исто така бил жесток борец на индијската граница.

Рос живеел и се школувал во Индија до својата осма година, кога е пратен на понатамошно школување во интернатот на училиштето во Саутхемптон во Англија. На почетокот на школувањето како многу духовито момче, Рос бил многу заинтересиран за книжевноста, за сликарството и компонирање музика.

Кога го завршил основното училиште татко му се залагал Рос да продолжи со студирање на медицина и според неговото лично незадоволство поради што Рос подоцна напишал:

..."Јас сакав да бидам уметник, ама татко ми беше против тоа... кој сакаше да завршам медицина, поради што идијската лекарска служба, тогаш бил добро платена и добро поставена..."

Рос се сложил со предлогот на татко му , бидејќи немал друг избор, и 1874 година станал студент на медицина во Ст. Бартоломеј болницата во Лондон (англ. St Bartholomew's Hospital in London. Во почетокот незаинтересиран за студиите по медицина Рос неодговорно и површно студирал губејќи време во пишување на драма, во цртање и во компонирање на музика. Во 1879 година, по неполоњувањето на испитот, татко му му запретил дека ќе престане со понатамошното плаќање за неговото школување и Рос морал да го приифати вработувањето како бротски хирург на едрениккој пловел помеѓу Лондон и Њујорк.

Во 1881 година Рос успеал да положи испит за хирург во Кралевскиот колеџ (англ. Royal College of Surgeons) - со смао три дена учење, што му овозможило да започне со праксата за хирург, која што ја извршувал се додека не положил испит во Аптекарството друштво (англ. Society of Apothecaries).

Завршувањето на медицинското школување му овозможило на Рос во 1881 година да продолжи со струката во британско-индијска армија во Баналореа. Во војската му поминале единаесет години помагајќи им на војниците и на населението на Индија во истовремено занимавање со научноистражувачки работи во областа на преносот и контролата на маларија.

Измеѓу 1881. и 1894 година Рос работел како лекар и патувал по цела Индија. За тоа време напишал и објавил неколку авантуристички приказни кои кај читателите станеле навистина популарни. Повеќе пати патувал во Англија каде што во 1889 година учествувал на курсот по бактерологија, на кој ја совладал примената на микроскоп. Додека Рос бил во Англија тој ја запознал и ја оженил сопругата Рос.

Годината 1899 незадоволен од односот на претпоставените старешини спрема неговите истражувања, Рос одлучил да ја напушти војската и да се врати во Англија. Прочуениот паразитолог др. Патрик Менсон му помогнал и обезбедил места како предавач во Ливерпулската школа за тропска медицина. Во ова училиште Рос станал нивни прв предавач за тропските болести. За време на работата во Ливерпулската школа за тропска медицина од 1889 година до 1912 година, на Рос му била доделена Нобелова награда за медицина.

Меѓутоа во 1912 година, Рос бил толку разочаран за своите примања и условите на работа што бил принуден да го напушти Ливерпул и да се пресели во Лондон, каде што работел како лекар за тропски болести, како да ја премине матрејалната ситуација. Годината 1923, Рос е именуван за директор на кралевскиот институт и болницата за тропски болести во Лондон. Во 1926 година имал прилика и чест да го доживее основувањето на институтот кој го носел неговото име, "Росов институт и болница за тропски болести во Путнеја (Лондон)" и станал негов прв директор.

Рос починал на 16 септември 1932 година во Институтот Рос, после долгата болест. Погребан бил покрај неговата сопруга на Путнејските гробишта (англ. Putney Vale Cemetary), во јужниот дел на Лондон.

Дело[уреди | уреди извор]

Уште како момче во Индија рос воочил дека многу луѓе боледуваат и умираат од маларија и од другите тропски болести. Во тоа време во Индија умирале и боледувале до милиони луѓе секоја година. Маларија и покрај Индија ги погодувала и другите тропски земји, згрозувајќи животи околу 40% од човечката популација. И таткото на Рос едно време боледувал од маларија, но за среќа се опоравил. Во времето на Рос, маларијата била позната како "Кралица на болеста“. Татковата болест и бројните очекувања на илјадици војници во Индија го поттикнале подоцна во своите медицински истражувања да започне со истражување на маларијата и на другите тропски болести.

Уште многу порано, кога бил студент на медицина во Лондон, Рос проучувач од една жена, која живеела во околината на една бара во Есекс по симптомите слични на маларија. Таа се жалела на главоболки, болки во мускулите и многу често менување на топло и ладно. Рос се посомневал дека таа боледува од маларија, кое што за многу лекари во Англија било многу необично бидејќи од маларија тогаш боледувале само жителите во топлите земји како што се Јужна Америка и Индија. Неговата детална дијагностика, ја исплашила болната жена и таа никогаш не се вратил на преглед и на понатамошно лечење. Искуството од Англија, заеднос со претходните кои ги сретнал во Индија предизвикало кај Рос проучување на маларија.

Изучување на начинот на пренос на болеста маларија од родот анофелес. Рос го посветил целиот свој живот.

Кога се вратил Рос во Индија во рамките на британско-индијската санитарна служба пратен е во Мадрас, каде што најмногу време поминува во лечење на војници заболени од маларија. Ги лечел со кинин (кој тогаш се применувал), што било прилично успешно, но многу заболени од маларија умреле затоа што не успеале да ја добијат оваа терапија.

Во тоа време се верувало дека маларијата значела вдишување загаден воздух во топлите, барски земји. Затоа и името на болеста маларија („malearia“), доаѓа од италијанските зборови (итал. male што значи „лош, лошо" и итал. aria, што значи „воздух"). Меѓутоа, Рос изразил сомнежи дека лошиот воздух предизвикува маларија, и причините за нејзиното потекло и пренос треба да се бара во други фактори.

Во 1883, Рос е поставен на местото за должност кај Гарнизонскиот хирург во Бангларор. Околу Бангларор каде што Рос бил сместен научил околу многу голем број комарци кои цело време му зуеле во собата. Тој исто така приметил поголемо присуство на комарци во голем број покрај водата во кадата (бурето) пред прозорецот. Кога Рос погледнал во кадата видел многу груби партикули кој ги идифицирал како ларви на комарецот, за чиј раствор била потребна вода. Рос ја испразнил водата и така бројот на комарци се намалил. Тоа го навело на размислување дека постои можност на отстранување (сушење) што места каде што се размножуваат комарците и дека може да бидат целосно отстранети.

Овие сознанија го навеле Рос да почне да, формулира теорија за маларија. Во почетокот незнаејќи за постоењето на паразитите, тој поставил хипотеза дека маларијата предизвикува „невидено, мали, но убиствени причини“ кои можеби лежат внатре во цревата, како нејверојатно некој вид отровање. Но во 1892 година конечно дознал за откритијата на Алфонс Лаверан, после читањето на неговите дела кои биле објавени во Индијското медицинско списаниево кое се попишуваат паразитите. Појачан од овие сознанија, Рос ги поминал часовите гледајќи низ микроскопот во брисеви со крв, но не можел да ја види полумесечастата промена која ја опишал Алфорс Лаверан. Огорчен, тој се посомневал во исправност на Лаверновата забелешка сури и се прашувал да не Французите можеби ги фалсификувале Лаверновите податоци. Неможноста Рос да го потврди Лаверновото дело, веројатно било последица (кои ги делеле и многу други истражувачи), најверојатно лошата микроскопска опрема, техниката на микроскопот или недеактивни ислустрации на паразити во оргинални Лавернови дела.

Од 1894 година до 1895 Рос поминал големо време на одмор во Англија во текот кога за своите размислувања разговарал со докторот Патрик Менсон, специјалист за тропските болести. рие тогаш разговарале за Лаверновото дело , францискиот лекар во тоа време го открил паразитот плазмодијум во крвта на луѓето од северна Африка кои боледувале од маларија. За тие средби со Менсон, Рос подозна пишувал;

...„Тој ми ги покажа делата Лаверновите крвни зрнца (т.е плазмодијуми) кои технички се наречени „полумесеци“ со примерок од луѓето кои имаат маларија и јас одма ги препознав крвните зрнца дека не постојат во „здрава крв“. Моите сомнежи сега се отстранети...“

Кога др Менсон 1887 година открил дека комарците ја пренесуваат филаријазата, тој своето мислење го пренасочил дека можеби комарците ја пренесуваат и маларијата, но во својата хипотезата тоа не можел да го докаже во Лондон кој што не бил во ендемичното подречје за маларија, и му предложил на Рос за тоа тој д аучи во Индија. Др Менсон на Рос му дал значајна стручна и друга помош за неговите проучувања на капките крв под микроскоп, од телата на морнарите кои во Англија допатувале од Африка. Наодите во крвта покажале присуство на плазмодијум во црвените крвни зрнца. тогаш за прв пат, Рос успеал да види мал паразит на маларија под микроскоп.

„Така едно попладне во ноември Менсон бил импресиониран од барањата, на неговиот способен ученик и му ја изложил својата идеја дека плазмодијумот на малрија го пренесуваат комарците“.

Животниот циклус и начинот на преносот на маларија, за чие откритие на Рос му била доделена Нобеловата награда.

„Иако Рос не би се сложил, медицинските историчари денеска се категорични дека Нобеловата награда за откривање на векторот на маларија не би му била доделена без помошта на Менсон. Секогаш кога предодредените би му „попречувале“ на Рос, тука секогаш бил Менсон да му помогне. Секогаш доаѓало до разменување на идеи помеѓу двајцата, прво преку директни контакти, а потоа и преку писма. Менсон често пати му предложувал нови пристапи и го поттикнувал кога Рос бил депресивен.“

Но, како се добива и се пренесува маларија од болни на здрави луѓе, Рос сакал и би требало да докаже во своите истражувања. Кога се вратил во Индија својата понатамошна работа ја посветил на барањето на врската помеѓу комарците и маларијата и во таа цел има спроведено низа експерименти како би ја докажал својата теорија.

Овој пат Рос успеал во желудецот на комарецот од врстата на анофелес, кој се прехранувал со крв на болен од маларија, ги пронашол пигментастите ќелии на плазмоид а подоцна и негови сексуални форми. Со тоа недвосмислено докажал дека анофелисот е пренесувач од заболени од маларија. Во 1898 година рос докажал дкеа во плунковите жлезди на нафелисот има присуство на паразити и прикажал комплициран циклус на развивање на заболените од маларија.

Росовото откритие дека комарците пренесуваат маларија, отворило нови патеки за уништување на комарците по научна основа. самиот Рос го напишал упатството за примената на лаврицид кој за прв пат бил успешно прифатен 1899 година во Сиера Леон, Лагос на Златните брегови во Исмаили.

Рос се занимавал и со математика, па така во 1916 година, пробал да примени математички формули во претпоставките за епидемијата. Тој го има пронајдено новиот систем за стенографија.

Извори[уреди | уреди извор]

  • Ronald Ross (1857-1932) Zaphyrus, Interactive Education on the Web
  • Sir Ronald Ross The Nobel Prize in Physiology or Medicine 1902, nobelprize.org
  • E R Nye and M E Gibson, Ronald Ross: Malariologist & Polymath, a Biography (New York: St. Martin's Press, 1997)
  • R Ross, On some peculiar pigmented cells found in two mosquitoes fed on malarial blood, The British Medical Journal, 2 (1897), pp 1786-1788
  • Ross and the Discovery that Mosquitoes Transmit Malaria Parasites Centers for Disease Control and Prevention
  • Ronald Ross, An Application of the Theory of Probabilities to the Study of a priori Pathometry. Part I, Proceedings of the Royal Society of London. Series A, Vol. 92 (1916)pp. 204-230.
  • Ronald Ross; Hilda P. Hudson, An Application of the Theory of Probabilities to the Study of a priori Pathometry. Part II", Proceedings of the Royal Society of London. Series A, Vol. 93 (1917)pp. 212-225.
  • Ronald Ross; Hilda P. Hudson, An Application of the Theory of Probabilities to the Study of a priori Pathometry. Part III", Proceedings of the Royal Society of London. Series A, Vol. 93 (1917)pp. 225-240.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Unveiling of a 'Blue Plaque' memorial to Ross at the University of Liverpool's Johnston Laboratories where he had worked
  • Anecdotes from Ronald Ross' life
  • History
  • Royal Society citation (1901)
  • Ross and the Discovery that Mosquitoes Transmit Malaria Parasites
  • Ronald Ross Memorial, Calcutta