Прејди на содржината

Срцево заболување

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Срцева болест)
Срцево заболување
Микрографија на срцето со фиброза (жолто) и амилоидоза (кафеаво)
СпецијалностКардиологија Уреди на Википодатоците

Човековото срце е неверојатно издржливо. Станува збор за милјарди отчукувања во текот на просечен човечки живот. Но сепак како и другите делови на телото и срцето е изложено на оштетувања. Срцевите заболувања се разликуваат според природата и сериозноста. Можат да бидат минливи или хронични, постепени или ненадејни, тегобни или смртоносни. Некои облици на срцеви заболувања тесно побрзани со прехранбените и други животни навики, можат да се спречат. Другите се последица на генетско наследство, инфекции или други фактори надвор од нашата контрола. Во просек од пет американци, двајца ќе умрат од срцеви болести. Поради тие причини секој ден умираат по 2500 луѓе. За среќа бројот на смртни случаи постојано опаѓа, благодарение на подобрата медицинска нега и програмите за образование на населението за факторите за ризик.

Симптоми

[уреди | уреди извор]

Повеќето симптоми што ги поврзуваме со со срцевите заболувања можат да имаат и друга причина. Наспроти тоа некои облици на срцеви заболувања долго не предизвикуваат никаков ефект што може да се забележи.

  • Чувство на стегање и болка во градите, честопати поврзано со ангина пекторис и срцев удар.
  • Остра болка што боцка во градите е најчесто знак на перикардитис
  • Шумење, биење или забрзано чукање на срцето го нарекуваме треперење или срцеви палпитации
  • Отежанто дишење
  • Задржување на течностите во нозете, зглобовите, стомакот, белите дробови или срцето
  • Вртоглавица, премаленост и несвестици
Срцева мана

Обратете се на лекар

[уреди | уреди извор]
  • Ако почувствувате необична болка во градите особено ако е трајна или ако се повторува. Можна е ждригавица но и срцев удар.
  • Ако почувствувате зачестени неправилности во ритамот на срцевата работа (срцеви аритмии). Ако се јавува често и трае долго неправилната работа на срцето може да биде знак за потешко срцево заболување
  • Ако одеднаш почувствувате вртоглавица, премаленост или изгубите свест. Нарушувањето може да биде сериозно дури и ако не станува збор за срцево заболување.

Срцеви аритмии

[уреди | уреди извор]

Срцевите аритмии се нарушувања на вообичаениот ритам на срцевата работа. Неправилностите се јавуваат во многу облици од кои секој има свои причини и начини на лекување. Потешките аритмии се честопати последица на други срцеви заболувања иако можат да се јават и независно од нив.

Коронарни срцеви заболувања

[уреди | уреди извор]

Коронорните срцеви заболувања се најчестиот облик на срцеви болести. Станува збор за затегнување на коронарните артерии што доведува до забавување на течењето на крвта во срцето, а со тоа и до недостиг на кислород. Овие заболувања по правило се последица на атеросклероза, воспалителен процес што некогаш го нарекуваме затнување на артериите. Потешкото коронарно заболување на срцето може да доведе до конгестивен застој на срцето, општа слабост на срцето што ја намалува неговата способност да пумпа крв. Корнонарните срцеви заболувања можат да предизвикаат и болни напади на ангина пекторис, срцев удар или во најлош случај ненадејна смрт. Иако точните околности и причини за конорарното срцево заболување не се целосно разјаснети, најважните фактори за ризик се добро познати. Во голема опасност се луѓето кои во семејствата имаат исторја на срцеви заболувања. Мажите се поподложени од жените, иако ни тие не се имуни. Возраста исто така е важен фактор и кај мажите и кај жените веројатноста за појава на срцево заболување значително се зголемува по 65 година од животот. Дијабетичарите исто така припаѓаат на ризичната група. Многу фактори на ризик можат да се намалат или сосема да се отстранат. Луѓето со висок крвен притисок или со високо ниво на лош холестерол заболуваат од атеросклероза и нарушувања поврзани со неа. Зголемениот крвен притисок или нивото на холестерол може да се контролираат со правилна исхрана и соодветен начин на живеење. Пушењето несомнено е работа на избор. Имајте предвид дека тоа значително ја зголемува опасноста од срцеви заболувања поради штетно дејство на отровните материи од тутунскиот чад врз крвните садови. Никотинот ја забрзува работата на срцето, што исто така има неправилно дејствување бидејќи го оптоварува срцето со поголеми напори. Освен тоа никотинот поттикнува стеснување на крвните седови и порастот на крвниот притисок. Веројатноста од заболување од срцеви болести е поголема од просечната и кај дебелите луѓе. Нивните вишок килограми дополително го оптоваруваат срцето и крвните седови. Дебелите луѓе често имаат висок холестерол тоа е делумно поради начините на исхрана, но главно поради фактот дека дебелината е поврзана со нарушувањето на метаболизмот на мастите. Бидејќи физичката активност го штити здравјето на срцето и крвните садови, начинот на живеење без многу движење исто така ја зголемува опасност од заболување. Луѓето кои редовно вежбаат по правило се послаби имаат понизок крвен притисок и повисоко ниво на добар холестерол. Физичкото вежбање успешно намалува уште еден фактор на ризик- стресот. Истражувачите ги дефинираат стресните состојби кои предизвикуваат реакција бори се или бегај т.е психолошка подготовка на организмот со соочување на заканата. Бидејќи организмот на крајот не реагира на ниеден од тие два начини се создава чувство на страв , безпомошност и губење на контролата врз состојбата. Иако стресот не е мерлив како ни неговото влијание на развојот на срцевите заболувања постојат многу докази дека долготрајниот и потиснат стрес ја зголемува веројатноста за појава на срцеви заболувања и дополнително ги отежнува веќе постојаните тегоби.

Заболувања на срцевите залистоци

[уреди | уреди извор]

Срцето има 4 залистоци: белодробни, митрални, трилисни и аортни. Залистоците се отвораат и затвораат за да го овозможат или спречат протокот на крвта меѓу четирите срцеви оддели и крвните садови што ги поврзуваат. Оштетениот залисток не се отвора правилно, што го спречува нормалниот проток на крвта, или не се затвора правилно, што доведува до делумно пропуштање на крвта. Најчестите причини за неправилна работа на залистокот се вродените, т.е вродените заболувања на срцето и разните воспаленија. Нарушувањата во работата на залистокот најчесто се однесуваат на митралните или аортни залистоци, кои го контролираат протокот на крвта за левата страна на срцето. Најчесто е заболувањето на митралниот залисток. Вишокот ткиво го нарушува нормалното затворање на залистокот, па доаѓа до пропуштање на крвта. Кај повеќето лица ова нарушување не е сериозно, но понекогаш е потребна терапија со лекови или, во ретки случаи, хируршки зафат со кој ќе се спречи инфекцијата на залистокот или преоптоварувањето на срцето. Инфективниот ендокардититс е воспалителна болест на срцевите залистоци, а се работи за инфекција или воспаление на ендокардот, средниот слој на срцевото ткиво од кое се составени срцевите прегради и залистоците. По правило, тоа е последица на бактериска инфекција и тоа, најверојатно, на стафилококни и стрептококни бактерии. Бактериите влегуваат во крвта се размножуваат во срцето по операцијта, при болести или интравенска употреба на лекот. Ендокардитисот најчесто се јавува кај луѓе со историја на проблеми со срцевите залистоци. По правило, може да се излекува со користење на антибиотици, а ако тоа не се лекува, може да има и фатален крај, Ако срцевите залистоци се сериозно оштетени при ендокардитис, потребна е замена на срцевите залистоци по хируршки пат. Ревматски кардитис, уште едно заболување што ги зафаќа срцевите залистоци, беше многу раширен во почетокот на дваесеттиот век, а денес, иако не е сосема искоренет, по правило, успешно се лекува со антиобиотици. Ревматскиот кардитис е последица, на оштетување на срцевиот мускул и срцевите залистоци поради ревматска треска која и самата е поврзана со стрептококното воспаление на грлото. Симптомите на ревматскиот кардититс главно не се јавуваат долга низа годнини, но ако залистоците претрпеле поголемо оштетување во текот на треската, се текот на времето ќе почнат неправилно да го пропуштаат или блокираат протокот на крв. Ревматскиот кардититс предизвикува карактеристични шумови на срцето, што може да се откријат во текот на лекарскиот преглед. Конгестивниот застој на срцето и фибрилацијата на преткоморите, специфичен облик на срцева аритмија, исто така, се чести облици на ревматски кардитис, залистоците мора повторно да се отворат или да се заменат со хируршки зафат.

Заболувања на перикардот (срцева обвивка)

[уреди | уреди извор]

Заболувањата на перикардот, односно срцевата надворешна обвивка се поим што опфаќа нарушувања на перикардот, обвивка што го обвиткува срцето. Едно од почестите заболувања е воспалението на перикардот или перикардитис. Најчестите предизвикувачи а перикардитисот се вирусните инфекции, разни заболувања на сврзливото ткиво како што се лупус (жива рана) или ревматоиден артритис или трауми на перикардот. Перикардитисот често се јавува по операција на отворено срце, а најчестиот симптом е собирање течности во перикардот. Со помош на стетоскоп лекарот може да го открие карактеристичниот звук сличен на гребење, што се нарекува и перикарден тон. Акутните случаи се придружени со температура и остра болка во средиштето на градниот кош. Перикардитисот често се повлекува без какво било лекување или успешно се лекува со лекови против воспаление, како што е ацетилсалицилната киселина (пр. аспирин), а во потешки случаи и кортикостероидни хормони. Понекогаш може да се изврши дренажа на срцевата обвивка.

Кардиомиопатии

[уреди | уреди извор]

Заболувањата на срцевиот мускул (миокард) се познати под заедничко име кардиомиопатии. Поради заболувањето, срцевиот мускул станува претерано истегнат, здебелен или крут. Меѓу многуте можни предизвикувачи на кардиомиопатијата се и болестите на сврзливото ткиво, наследните срцеви заболувања, нарушувања на метаболизмот, реакции на одредени лекови, вирусни инфекции и отровни материи, како што е алкохолот. Вистинската причина за кардиомиопатијата многу често останува непозната. Во секој случај, последиците се многу сериозни; срцевиот мускул станува преслаб за ефикасно пумпање на крвта или неговата крутост го спречува полнењето на срцето со крв. Симптомите се болки во градите. отежнато дишење, отекување на нозете и зглобовите и вртоглавица. Кога кардиомиопатијата напредува до таа мера што предизвикува потешки облици на срцева аритмија или конгестивен застој на срцето, веројатноста за долгорочно преживување станува многу мала. Ненадејната смрт честопати се поврзува со заболувањата на срцевиот мускул. Идиопатската хипертрофна субаортална стеноза, на пример, е болест што им го одземала животот на многу познати, млади спортисти. Ако кардиомиопатијата навреме се открие и почне лекувањето, било со лекови, било со пресадување, симптомите во голем број случаи можат да се стават под контрола, а затајувањето на срцето може да се спречува уште многу години.

Вродени срцеви мани

[уреди | уреди извор]

Ако било што тргне наопаку во текот на создавањето на срцето во преднаталниот развој, детето ќе се роди со една или повеќе вродени срцеви мани. Таквите мани се многу чести, па на секои илјада деца се јавуваат кај околу 7 деца. Вистинските причини тешко се откриваат. Гените и факторите на природната средина што постојат во мајчиниот организам, се разбира, имаат своја улога. Абнормалностите на хромозомите, на пример, оние што го предизвикуваат Дауновиот синдром (монголоидност) се поврзани со многу вродени срцеви мани, како и инфекциите што мајката ќе ги преболи во текот на бременоста, на пример, рубеолата. Вродените срцеви мани значително се разликуваат според последиците. Некои се видливи веднаш, а други не предизвикуваат видливи симптоми сè до зрелоста. Помалите срцеви мани често самите исчезнуваат, но потешките не е можно да се лекуваат, па често предизвикуваат и смрт. За среќа, многу такви нарушувања може кога е тоа потребно, се лекуваат по хируршки пат. Најчести се различни облици на оштетување на септумот, односно преградата што ја одвојува левата и десната страна на срцето. Друга честа вродена мана е белодробната стеноза, при што еден срцев залисток во овој случај белодробен, е толку тесен што минувањето на крвта во белите дробови е значително намалено. Залистокот може делумно да се отвори или целосно да се замени по хируршки пат. Кај некои новороденчиња малиот крвен сад, ductus arteriosus не се затвора по раѓањето како кај другите деца. Оваа мана, наречена перзистентен артериозен дуктус, овозможува одредено количество крв, која низ аортата се пренесува во другите делови на телото, за да се врати во белодробната артерија и со тоа да создаде дополнителен притисок на срцето. И ова нарушување може да се отстрани со хируршки зафат. Цијанотичните или модри новороденчиња се раѓаат со комбинација на четири вродени мани, што доведува до тоа со кислород сиромашната крв повторно да се враќа во телесните ткива. Вишокот на деоксигенирана крв му дава на детето сина боја. Без лекување, најголемиот број таквите деца нема да доживеат средна возраст. Меѓутоа, во 90% од случаите и оваа мана може успешно да се лекува по хируршки пат.

Ризици за жените

[уреди | уреди извор]

Жена на 50-годишна возраст доаѓа во одделението за брза помош и се жали на остра болка во градите и отежнато дишење. По тестирањето и анализите лекарот доаѓа до заклучок дека артериите се мазни и воопшто немаат крвни грутчиња. Според лекарскиот жаргон, за оваа жена се вели дека боледува од синдромот Х, појава на класични симптоми на ангина пекторис, но без особени причини, односно без забележливо затнување на коронарните артерии. Сè до неодамна кардиолозите не обраќаа особено внимание на синдромот Х (иако проблемот сè уште се истражува, според една теорија оваа појава е последица на нарушувањата во протокот на крвта во ситните крвни садови на срцето.). Недоволното интересирање делумно е последица и на непосотоење на загриженост. Речиси две третини од луѓето кои се жалеле на синдромот Х се жени, а за жените, во принцип, се мисли дека многу ретко заболуваат од срцеви болести. Меѓутоа, статистичките податоци се спротивни на таквото мислење и го менуваат убедувањето на жената и за нивната мала склоност кон срцеви заболувања. Меѓу другото, статистиката покажува дека срцевите заболувања се најчеста причина за смрт кај жените во развиените земји, па така, речиси шест пати повеќе жените умираат од срцеви заболувања отколку од рак на дојка. Кај жените на кои им е вграден срцев бајпас, стапката на смртност е речиси двојно поголема отколку кај мажите, веројатно, затоа што крвните садови кај жените се помали отколку кај мажите. Па, сепак, факторите на ризик се главно исти за двата пола. Значи, синдромот Х, дури е еден од предизвиците со кои лекарите можат да почнат бескомрпоомисна борба за да ги проучат оние аспекти на срцевите заболувања што се специфични за жените.

Дијагностички постапки

[уреди | уреди извор]

Кога се поставува дијагнозата за срцевото заболување лекарот пред сè ќе го замоли пациентот да ги опише своите симптоми. Врз основа на тие податоци и стандарниот лекарски преглед, лекарот ќе ја процени општата физичка состојба на пациентот. Слушањето на работата на срцето со цел да се откријат шумовите и другите звуци што ги нарекуваат срцеви шумови, може да даде многу важни податоци за работата на срцето. Ако лекарот се сомнева на срцево заболување, ќе изврши натамошни анализи за точно да се утврди што се случува во срцето. Првата анализа што се врши во таков случај е електрокардиокрамот или ЕКГ. Бележењето на електричните активности на срцето, ЕКГ ведаш ги открива можните неправилности што би можеле да бидат извор на тегоби. Дополнителните податоци можат да се добијат со снимање на срцето на рендген, различни техники на скенирање или ангиографија, посебни техники на рендгенско снимање на крвните садови и друго.

Лекување

[уреди | уреди извор]

Во случај на срцеви заболувања и конвенционалната медицина и алтернативната медицина имаат свои предности. Ако се применуваат комплементарно, можат да бидат многу ефикасни во превенцијата и лекувањето на срцевите заболувања.

Конвенционална медицина

[уреди | уреди извор]

Цел на конвенционалните методи на лекувањето пред сè е стабилизација на состојбата на пациентот, долгорочната контрола на симптомите и, кога е тоа можно, лекување на нарушувањето. Иако секогаш се препорачува соодветно приспособување на прехранбените и други животни навики,основата на конвенционалната медицинска нега во случаи на срцеви заболувања се лековите и хируршките зафати.

Алтернативни начини на лекување

[уреди | уреди извор]

Најсилната страна на алтернативната медицина е превенцијата. Природното лекување најголемо внимание посветува на начинот на исхрана, јадењето дополнителни количества хранливи материи, користењето на лековити билки и чистење на организмот со помош на физички вежби, отстранување на стресот и детоксикација. Иако некои срцеви заболувања не може да се спречат, овие облици на лекување може значително да ја намалат чувствителноста на организмот на одредени облици на болеста. Некои алтернативни начини на лекување се исклучително добро дополнување на конвенционалното лекување на срцевите зболувања.

Работа на телото

[уреди | уреди извор]

Бидејќи секоја физичка вежба го поттикнува олабавувањето на телото, речиси сите вежби може да се применуваат за спречување или лекување на срцевото заболување. Причината е едноставна: со олабавувањето се намалува стресот, а стресот, несомнено, е многу важен фактор на ризик за појава на коронарните срцеви заболувања. Можете да се обратите на стручњак за лекување со вежби или можете да научите да применувате јога или кигонг.

Келациско лекување

[уреди | уреди извор]

Секоја година илјадници Американци заболени од ангина пекторис и артериосклероза прибегнуваат кон келациско лекување. Приврзаниците на овој метод тврдат дека е посигурен и поевтин, а исто толку успешен како, на пример, традиционалните терапии со лекови или хируршкиот зафат. Критичарите потврдуваат дека овој вид на лекување може да биде полезен кај одредени срцеви заболувања, но не и во случајот на кардиоваскулаторни нарушувања.

Кинеска медицина

[уреди | уреди извор]

Лекарите на кинеската медицина во принцип срцевите заболувања ги сметаат за последица на слабоста на срцето и пречки во протокот на енергијата. Според симптомите, стандарното лекување вклучува користење одредени билни лекови дополнето со масажа, акупунктура и соодветна исхрана.

Хиропрактика

[уреди | уреди извор]

Иако не е погодна за лекување акутни срцеви заболувања, хиропрактиката има многу заеднички точки со конвенционалната медицина кога е во прашање долгорочното лекување. Хиропрактичарот ќе Ви препорача одредени промени во исхраната и животните навики и ќе примени манипулација на коските, ако е потребно. Некои проучувања покажаа дека хиропрактичката манипулација може да го регулира золемениот крвен притисок.

Лекување со лековити билки

[уреди | уреди извор]

Растителниот свет е преполн со билки кои имаат одредено дејство врз срцето. Терапиското дејство на некои билки е многу подробно проучено, а дејството на други билки, како што е обичниот срченик (Leonorus cardiaca) и ајдучката трева (Achillea millefolium), иако, веројатно, исто така, благотворни, засега не е целосно проучено. Некои видови билки, како црвениот напрсток (Digitalis purpurea) и момината солза (Convallaria majalis) содржат состојки што се нарекуваат срцевоактивни гликозиди и имаат исклучително силно дејство. Поради опасните придружни дејсва што понекогаш ги предзвикуваат, нивната употреба најдобро е да му се препушти на стручњак на билна медицина. Многу билки „за срце“ со поблаго дејство не содржат гликозиди, а сепак имаат благотворни дејство врз кардиоваскулаторните активности. Најпозната меѓу нив е црвениот глог (Crataegus laevigata). Секоја употреба на лековити билки за лекување срцево заболување мора да биде под строга контрола на стручњак, како и со знаење и одобрување на Вашиот лекар.

Хомеопатија

[уреди | уреди извор]

Хомеопатските лекови може да ја дополнат, но не и да ја заменат конвенционалната терапија со лекови во случаи на хронични срцеви заболувања. Стручњакот хомеопат ќе Ви препорача лекување на целиот организам врз основна на процените на видливите симптоми и навики во исхраната, навиките сврзани со спиењето, расположението и карактерот.

Психосоматско лекување

[уреди | уреди извор]

На многу луѓе методите за олабавување може да им помогнат за намалување на ризикот од срцеви заболувања. Иако стапката на успех се разликува од едно лице до друго, постапките за намалување на стресот е докажано дека го регулираат зголемениот крвен притисок, срцевите аритмии и емоционалните реакции, како што се анксиозност, гнев и непријателство што се поврзани со појавата на коронарните срцеви заболувања, ангина пекторис и срцеви заболувања. Изборот на некои од низата постапки за олабавување зависат исклучиво од Вас. Медитацијата, зголеменото самоопуштање, молитвата и биофидбекот се покажаа како многу благотворни во многу случаи.

Дури и малите промени во исхраната и други животни навики можат значително да го намалат ризикот од срцеви заболувања. Повеќето луѓе знаат дека храната со помалку холестерол, заситени масти и сол може да помогне во регулирањето на зголемениот крвен притисок и да го намали создавањето калцифицирани масни наслојки во крвните садови, Помалку е познато дека некои витамини, минерали и хранливи материи како магнезиумот, калиумот, нијацинот, многу витамини од групата Б, витаминот Е, коезинот Q10, Л-карнитин (вид аминокисленина) и масните киселини од рибино масло, може многу да помогнат во заштита од срцеви и артериски заболувања.

Превенција

[уреди | уреди извор]
  • за да го регулирате зголемениот крвен притисок и нивото на холестерол, како и за да ја одржите нормалната телесна тежина, обидете се да јадете колку што е можно повеќе овошје, зеленчук и жито, а помалку солена, масна и пржена храна.
  • редовно вежбајте за да го зајакнете срцето и крвните садоци и да се ослободите од вишокот килограми.
  • ако пиете алкохол, пијте умерено.
  • откажете се од пушењето.
  • научете да го совладате стресот за тој да не Ве совлада Вас.
  • ако припаѓате во ризична група, посоветувајте се со лекар за можноста за секојдневно користење на ацетилсалицилната киселина за да ги спречите можностите од срцев удар.

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  • Издавачка куќа: Mладинска куќа-Скопје
За издавачот: Златко Макаровски
Уредник: Лавинија Шувака