Дона Стрикленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Дона Стрикленд
Дона Стрикленд во 2017
РоденДона Тео Стрикленд
27 мај 1959 (1959-05-27) (60 г.)
Гвелф, Канада
Полиња
УстановиВатерлушки универзитет
Теза„Развој на ултрасјаен ласер и негова употреба за повеќефотонска јонизација“ (1988)
Докторски менторЖерар Муру
Познат по
Поважни награди
СопружникДаг Дикар
Деца2
Страница
Универзитетска мрежна страница

Дона Стрикленд (27 мај 1959)[1][2][3] — канадски оптички физичар и пионер во полето на пулсирачките ласери. Добитник на Нобеловата награда за физика во 2018 година, заедно со Жерар Муру, за осмислувањето на Засилувачитe на ултракратки импулси.[4] Taa e професор на Ватерлушкиот универзитет.[5]

Таа е исто така е член, а била потпретседател и претседател на Оптичкото друштво, и во моментот е член на претседателскиот советодавен одбор.

Младост и образование[уреди | уреди извор]

Стрикленд е родена на 27 мај 1959 година, во Гвелф, Онтарио, Канада како дете на Едит учителка по англиски јазик,[6] и Лојд Стрикленд, електроинженер.[1]Таа се одлучила факултетското образование да го помине на универзитетот „Мекмастер“ бедејќи во наставната програма за инженерска физика имало ласери и електроптика, области од значаен интерес.[6] На Мекмастер таа била една од трите жени во класот од 25 студенти. Стрикленд дипломирала како инженер за инженерска физика во 1981 година.[7]

Стрикленд своите додипломски студие ги минала на Институтот за оптика,[8] и подоцна стекнува докторат д-р од Рочестерскиот универзитет во 1989 година.[9][10] Таа својата докторска работа ја изведувала во Лабораторијата за ласерска енергетика, под менторство на Жерар Муру.[11] Стрикленд и Муру работеле на развојот на експериментална замисла која може да ја зголеми максималната моќност на ласерските пулсеви, за да се надмине ограничувањето, кога максималната јачина на ласерските пулсеви постигнувале GW/cm2, пулсевите го оштетувале засилувачот на ласерот. Нивната техника од 1985 година за Засилување на ултракратките импулси го развлекувал секој импулс како спектрално такаки и временски пред да го засили, натиснувајќи го секој пулс повторнои во изворниот облик, со што се добивале ултракратки оптички пулсеви со големина на енергијата од теравати.[1] Користејќи засилување на пулсевите се овозможило добивање на високоенергетски ласерски системи, од рангот на теравати.[11] За оваа нивна работа во 2018 година им е доделена Нобеловата награда за физика.[12]

Кариера[уреди | уреди извор]

Стриклендовата група при Рочестерскиот универзитет за ултракратки пулсеви, во 2017 година.

Од 1988 до 1991 година, Стрикленд била пошник истражувач при Националниот истражувачки совет на Канада, каде работела заедно со Пол Коркум во одделот за ултрабрзи појави, оддел познат во тој период како осмислувач на најмоќниот краткопулсирачки ласер во светот.[13] Таа работела во одделот за ласери при Ливерморската национална лабораторија од 1991 до 1992 годеина и му се придружила на техничкиот персонал на Принстон во напредниот технолошки центар за фотоника и оптичколектронски материјали во 1992 година. Се вработува на Ватерлушкиот универзитет во 1997 година како асистент.[9] Таа е првиот професор жена по физика на Ватерлушкиот универзитет.[14] Стрикленд во моментот работи како професор , водејќи група за ултрабрзи ласери која работи на создавањето на високомоќни ласерски системи за оптички нелиниски истражувања.[5] Самата себе си си се опишува како „ласерски џокеј“:[12]

Мислам дека си мислевме дека сме добри со рацете. Како експериментатор треба да се разбере физиката, но треба да исто така да сте способни и да направите нешто да проработи, а ласерите во тој период беа нешто тешко изводливо.[6]

infracrvenata svetlina Неодамнешната работа на Стрикленд се фокусирала на поместување на границите на ултрабрзата оптичка наука на нови бранови должини како што се инфрацрвените и ултравиолетовите ласери, користејќи техники како што се двобојните или повеќефреквентните методи, како и Раманово создавање.[5] Таа исто така има и улога во високоенергетските ласери во микркристалните леќи на човековото око, во процесот на микросечење на очната леќа за да се излекува пресбиопијата.[5]

Стрикленд станала член на Оптичкото друштво[б 1] во 2008 година. ТАму ја извршувала функцијата на потпретседател и претседател во 2011 и 2013 година, и била врвен уредувач на списанието Оптички трудови од 2004 до 2010 година.[5][15] Таа моментно е претседавач со советодавниот претседателски одбор при оптичкото друштво.[16]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

Стрикленд објаснува како едно патување со нејзиниот татко до научниот центар, когга таа имала пет години, помогнало во оформувањето на нејкзината кариера во оптиката, 2018 година

Нобелова награда[уреди | уреди извор]

На 2 октомври 2018 година, Стрикленд е добитник на Нобеловата награда за физика за нејзината работа на zасилувачите на ултракратки импулси заедно со нејзиниот докторски ментор Жерар Муру. Артур Ашкин бил добитник на останатата половина од наградата за неговата работа на оптичките пинцети.

Стрикленд и Муруја објавиле својата пионерска работа „Збивање на засилени ултракратки оптички пулсеви“ во 1985 година, додека Стрикленд се уште била менторирана од страна на Муру.[б 2] Нивниот пронајдок на засилувачи на ултракратки пулсеви за ласери при Лабораторијата за ласерска енергетика во Рочестер,[11] што довело до развојот на полето за високоенергетски ултракратки пулсеви на светлински зраци. Бидејќи ултракратките и ултраострите светлински зраци се способни за правење на крајно прецизни засеци, техниката е употребена во ласерското машинство, ласерската хирургија, медицината, основните истражувања, и други примени. Им овозможило на докторите да изведат милиони корективни ласерски очни операции.[21] Таа изјавила дека по развојот на техниката тие знаеле дека ќе има значаен придонес во науката.[12]

Од 2018 Стрикленд е третата жена која добила Нобелова награда за физика, и прва по 55 години, по онаа на Марија Кири во 1903 година и Марија Геперт-Мајер во 1963 година.[5][22]

По добивањето на Нобеловата награда, многумина биле изненадени дека таа се уште не се стекнала со титулата професор. Како одговор на ова, Стрикленд изјавила дека таа никогаш не побарала да биде професор[23] „не носи дополнително зголемување на платата“, па така „никогаш не ја потполнила потребната документација.“ Поедноставно кажано: „Јас го правам она што сакам да го правам а тоа не беше вредно да го направам.“[6]

Одбрани дела[уреди | уреди извор]

Приватност[уреди | уреди извор]

Стрикленд е мажена за Даглас Дикар, кој е физичар.[7] Тие имаат две деца.[7] Стриклендовата ќерка Хана е дипломец по астрофизка при Торонтошкиот универзитет.[14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. во тој период познато како Оптичко друштво на Америка
  2. Стрикленд се обидела да го додаде и Стив Вилјамсон како автор на трудот, но тој го отстранил своето име „бидејќи не сторил доволно“.[6][20]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Strickland, Donna Theo (1988). Development of an ultra-bright laser and an application to multi-photon ionization (PDF) (PhD). University of Rochester. Архивирано (PDF) од изворникот на 7 July 2013. конс. 6 October 2018. 
  2. Lindinger, Manfred. „Eine Zange aus lauter Licht“, „Frankfurter Allgemeine Zeitung“, 2 октомври 2018 (посет. 6 октомври 2018 г). (на German)
  3. „Donna Strickland – Facts – 2018“. Nobel Foundation. 6 October 2018. конс. 6 October 2018. 
  4. Physics Nobel prize won by Arthur Ashkin, Gérard Mourou and Donna Strickland“, „The Guardian“, 2 октомври 2018 (посет. 4 октомври 2018 г).
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 „Donna Strickland“. University of Waterloo. 2 October 2018. конс. 2 October 2018. 
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 Scientist caught in a Nobel whirlwind“, „Waterloo Region Record“, 3 октомври 2018 (посет. 4 октомври 2018 г).
  7. 7,0 7,1 7,2 Canada's newest Nobel Prize winner, Donna Strickland, 'just wanted to do something fun'“, „The Globe and Mail“, 2 октомври 2018 (посет. 3 октомври 2018 г).
  8. Mourou, Gérard (2004). „53. The dawn of ultrafast science and technology at the University of Rochester.“. Stroud, Carlos. A Jewel in the Crown: 75th Anniversary Essays of The Institute of Optics of the University of Rochester. Rochester, NY: Meliora Press. стр. 272. ISBN 978-1580461627. http://www2.optics.rochester.edu/~stroud/BookHTML/ChapVI_pdf/VI_53.pdf. 
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 „Biographies – Donna T. Strickland“. The Optical Society. конс. 2 October 2018. 
  10. „Donna Strickland“. Education Program for Photonics Professionals. University of Waterloo. 11 September 2012. конс. 2 October 2018. 
  11. 11,0 11,1 11,2 Valich, Lindsey. „Rochester breakthrough in laser science earns Nobel Prize“, „Newscenter“, University of Rochester, 2 октомври 2018.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Donna Strickland: The 'laser jock' Nobel prize winner“, BBC News, 2 октомври 2018 (посет. 2 октомври 2018 г).
  13. Page, Shelley. „Laser lab makes short work of super beam“, „Ottawa Citizen“, 19 октомври 1990.
  14. 14,0 14,1 Nusca, Andrew. „Nobel Laureate Donna Strickland: Yes, Women Are Joining Physics. But We've Got Work to Do“, „Fortune (magazine)“, 17 октомври 2018 (посет. 17 октомври 2018 г).
  15. „Arthur Ashkin, Gérard Mourou, and Donna Strickland Awarded 2018 Nobel Prize in Physics“. The Optical Society. конс. 2 October 2018. 
  16. „Standing and Ad Hoc Committees“. The Optical Society. конс. 4 October 2018. 
  17. „Past Sloan Fellows“. Alfred P. Sloan Foundation. конс. 2 October 2018. 
  18. „Cottrell Scholars“ (PDF). Research Corporation for Science Advancement. конс. 2 October 2018. 
  19. „2008 OSA Fellows“. The Optical Society. конс. 4 October 2018. 
  20. Strickland, Donna; Mourou, Gerard (15 октомври 1985 г). Compression of amplified chirped optical pulses. „Optics Communications“ том  55 (6): 447–449. doi:10.1016/0030-4018(85)90151-8. ISSN 0030-4018. http://citeseerx.ist.psu.edu/viewdoc/download?doi=10.1.1.673.148&rep=rep1&type=pdf. 
  21. 'Optical Tweezers' and Tools Used for Laser Eye Surgery Snag Physics Nobel“. Scientific American. 2 October 2018. конс. 2 October 2018. 
  22. Rincon, Paul. „First woman Physics Nobel winner in 55 years“, BBC News, 2 октомври 2018 (посет. 2 октомври 2018 г).
  23. Crowe, Cailin (2 октомври 2018 г). 'I Never Applied': Nobel Winner Explains Associate-Professor Status, but Critics Still See Steeper Slope for Women. „The Chronicle of Higher Education“. https://www.chronicle.com/article/I-Never-Applied-Nobel/244699. посет. 7 октомври 2018 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: