Основно истражување

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Основно истажување (наречено и јасно истражување или фундаментално истражување) — систематично истражување ненспоредно насочено кон поголемо знаење или разбирање на фундаменталните аспекти од појавата без притоа да се има посебни примени или производи на ум. Тука се вклучени сите гранки од наука и инженерство. За основното истражување се смета дека се појавило од љубопитност. Основнотоо истражување е спротивност од применето истражување кое е она истражување кое се фокусира на одреден проблем или примена. Основното истражување ги поставува темелите на напреднувња во знаењето што води до понатамошни применети добивки, кои се понекогаш резултат од неочекувани откритија. Во декември 2004 година, преку изјава во која се наведува дека основната наука, иновација и развој се испреплетени заедно, Меѓународниот Совет за наука побара поддршка и соодветни јавни инвестиции во основното истражување. Во Соединетите Држави, универзитети и институции кои се финансирани од владата најчесто спроведуваат јасно истражување.

Преглед[уреди | уреди извор]

Јасното истражување го збогатува фундаменталното знаење за човечкиот свет. Се фокусира на побивање или поддржување на теории кои објаснуваат како светот функционира, што предизвикува нештата да се случат, зошто општествените односи се онакви какви се и зошто општеството се менува. Извор на најголемиот дел нови научни идеи и начини за размислување за светот е јасното истражување. Тоа може да биде истражувачко, описно или појаснувачко; меѓутоа, најчесто е појаснувачкото истражување. Јасното истражување произведува нови идеи, принципи и теории, кои иако се темелат на современиот напредок и развој во различни области не секогасш можат да се користат веднаш. Денешните компјутери не би постоеле без јасното истражување во математика кое било спроведено пред повеќе од еден век, за кое немало практична примена во тоа време. Јасното истражување ретко помага во секојдневните проблеми на неговите практичари. Сепак, тоа поттикнува нови начини на размислување за девијација која има потенцијал драстично и драматично да го подобри начинот на кој практикантите се справуваат со еден проблем. Јасното истражување не само што дава нови идеи или важно знаење туку може и да создаде ново знаење. Во секој случај, јасното истражување е од суштинско значење за негување на проширување на знаењето. Истражувачите кои се во центарот на научната заедница го спроведуваат во најголем дел она што е јасното истражување.

Примена на јасното истажување[уреди | уреди извор]

Основното истражување често се смета за некорисно дури и неекономично. Меѓутоа, иако основното истражување не е насочено кон примени, многу практични или реклмани производи добиле резултати од него. Меѓутоа, за такви примени некогаш се потребни декади за да го истражат пазарот. Некои познати примери се: Гекскин - нова повторно употреблива,леплива облога без лепило која може да држи до 700 паунди залепена на мазна површина и има огромен број на примени. Таа е резултат од основно истражување на анатомијата и функцијата на лепливите прсти на гекон.

Таг-полимераза – ензим кој се користи да се направи ин витро ДНК. Таг-полимеразата била откриена при едно истражување за пренесување на фотосинтетички организми низ термички градиент во Националниот парк „Јелоустоун“. Првично, истражувачите проучувале како ретки организми можат да преживеат во непријатни живеалишта.

Екснатид – лек за дијабетес добиен врз основа на проучувања на отровот на чудовиштето гила.