Џорџ Паџет Томсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сер Џорџ Паџет Томсон
George Paget Thomson.jpg
Роден 3 мај 1892(1892-05-03)
Кембриџ, Англија
Починал 10 септември 1975(1975-09-10) (воз. 83 г.)
Кембриџ, Англија
Националност Англија Англичанец
Полиња Физика
Установи
Образование Кембрички колеџ
Ментори Џон Страт
Докторанди Ишрат Хусеин Усмани
Познат по Електронска дифракција
Поважни награди Потсов медал (1932)
Нобелова награда за физика (1937)
Хјузов медал (1939)
Кралски медал (1949)
Фарадеев медал (1960)
Сопружник Кетлин Бјукенан Смит
Деца 2 сина, 2 ќерки

Сер Џорџ Паџет Томсон (англиски: Sir George Paget Thomson 3 мај 189210 септември 1975) бил англиски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика заедно со Клинтон Дејвисон за откритието на брановите својства на електронот прекеу електронска дифракција.[1][2]

Образование и младост[уреди | уреди извор]

Томсон се родил во Кембриџ, Англија, син на физичар и нобеловец, Џозеф Џон Томсон и Роуз Елизабет Паџет, ќерка на Џорџ Едвард. Томсон одел на училиште во "The Perse School", Кембриџ, пред да почне да учи математика и физика во Кембричкиот колеџ, сè до избувнувањето на Првата светска војна во 1914, кога бил овластен во „Вест Сари“. По некое време во Франција, тој работел на аеродинамика во Фарнборовиот аеродром и на друго место. Тој поднел оставка од комисијата како капетан во 1920.

Кариера[уреди | уреди извор]

По подолго време работа во Првата светска војна Томсон станал соработник во Кембриџ и потоа се преместил во Абердинскиот универзитет. Џорџ Томсон бил заеднички награден со Нобеловата награда за физика во 1937 за неговата работа во Абердин за откритието на брановитите својства на електронот. Наградата ја поделил со Клинтон Дејвисон, кој независно дошол до истото откритие. Со оглед на тоа што неговиот татко го сметал електронот за честичка (со што ја добил неговата Нобелова награда во процесот), Томсон демонстрирал дека може да биде расеан како бран, откритие кое го докажало принципот на двојна природа, бран и честичка, кој првпат бил утврден од Луј де Број во 1920-те како што е често нарекувана, де Броева хипотеза.

Во 1930 бил назначен за професор во Лондонскиот кралски колеџ на местото на Хју Календар. Во крајот на 1930-те и за време на Втората светска војна Томсон станл стручњак за нуклеарна физика, фокусирајќи се на практични воени апликации. Поточно, Томсон бил претседател на клучниот комитет "MAUD" во 1940-1941 кој заклучил дека атомската бомба била изводлива. Подоцна во животот тој продолжил да работи на нуклеарната енергија, но исто така пишувал дела за аеродинамиката и вредноста на науката во општеството.

Томсон бил во Кралскиот колеџ сè до 1952, кога станал магистер во Кембричкиот колеџ. Во 1964, колеџот го наградил неговиот труд со Џорџ Томсонова градба, дело на модерната архитектура на Лекхемптоновиот кампус во Кристиевиот колеџ.

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Покрај Нобеловата награда за физика, Томсон бил прогласен за витез во 1943. Тој ја дал адресата „Две гледишта на науката“ како претседател на британската асоцијација во 1959–1960.[3]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Во 1924, Томсон се оженил со Кетлин Бјукенан Смит, ќерка на Џорџ Адам Смит. Тие имале четири деца, два сина и две ќерки. Кетлин починала во 1941.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „George Paget Thomson“. Le Prix Nobel. the Nobel Foundation. 1937. http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1937/thomson-bio.html. посет. 12 септември 2007 г. 
  2. „Thomson, Sir George Paget“. Encyclopædia Britannica. Encyclopædia Britannica, Inc.. 2007. http://www.britannica.com/nobelprize/print?articleId=72203&fullArticle=true&tocId=9072203. посет. 12 септември 2007 г. 
  3. Leake, Chauncey D. (14 октомври 1960 г). Meeting: British Association for the Advancement of Science. „Science“ том  132 (3433): 1023–1024. doi:10.1126/science.132.3433.1023. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Вилијам Спенс
Господар на корпусот во Кристиевиот колеџ
1952–1962
Наследник
Сер Френк Гадбулд Ли