Волфганг Паул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Волфганг Паул
Роден(а)10 август 1913(1913-08-10)
Лоренцкирх, Саксонија, Германско Царство
Починал(а)7 декември 1993(1993-12-07) (возр. 80)
Бон, Севберна Рајна-Вестфалија, Германија
НационалностГерманец
ПолињаФизика
УстановиБонски универзитет
ОбразованиеМинхенски технички универзитет
Берлински технолошки универзитет
Гетингенски универзитет
Докторски менторХанс Копферман
Познат поЈонски замки
Поважни наградиНобелова награда за физика (1989)
Дираков медал (1992)
Белешки
Волфганг Паули шегувајќи се себеси се нарекувал како негов „имагинарен дел“.[1]

Волфганг Паул (германски: Wolfgang Paul 10 август 19137 декември 1993) — германски физичар, кој заедно со Демелт го осмислил квадриполниот масен филтер кој ја поставил основата на направата која денес е позната како јонска замка.[2] Тој поделил една половина од Нобеловата награда за физика во 1989 година за неговата работа заедно со Ханс Георг Демелт, другата половина од наградата му била доделена на Норман Фостер Ремзи

Младост[уреди | уреди извор]

Волфганг Паул е роден на 10 август 1913 година во Лоренцкирх, Германија. Тој израснал во Минхен каде неговиот татко бил професор по феармаколошка хемија. По неколкуте години на Минхенски технички универзитет, тој преминал на Берлинскиот технички универзитет во 1934 година каде и дипломирал во 1937 година во групата на Ханс Гајгер. Тој го следел неговиот докторски советник Ханс Копферман на Киелскиот универзитет и отакко бил мобилизиран во военото воздухопловство го завршил својот докторат во 1940 година при Берлинскиот технички универзитет.

За време на Втората светска војна, тој го истражувал изотопското раздвојување, кое е потребно за да се добие цепен материјал кој ќе се користи кај јадрените оружја.

Академска кариера[уреди | уреди извор]

Неколку години тој бил приватен предавач на Гетингенскиот универзитет заедно со Ханс Копферман. Тој станал професор по експериментална физика при Бонскиот универзитет и остал таму од 1952 до 1993 година. За две години од 1965 до 1967 година тој бил директор на оддлот за јадрена физика при CERN.

Тој развил техники за заробување на наелектризираните честички преку масена спекторскопија со електрични квадриполни полиња во 1950-ите. Пауловите замки се во широка упореба за да ги заробат јоните кои на тој начин се полесни за истражување. Тој развил молекуларни зрачни леќи и работел на 500 MeV електронски синхотрон, па на оној од 2500 MeV во 1965 година. Подоцна работел на заробувањето на сприте неутрони во магнетните складишни прстени, мерејќи го на тој нажин животниот век на слободните неутрони.

Гетингенски манифест[уреди | уреди извор]

Во 1957 година, Паул бил потписник на Гетингенскиот манифест, декларација од 18 водечки јадрени физичари од Западна Германија против вооружувањетона на западно германската армија со тактички јадрени оружја.

Синови[уреди | уреди извор]

Неговиот син Штефан Паул е професор по експериментална физика при Минхенскиот технички универзитет. Другиот негов син Лоренц Паул е професор по физика на Вуперталкскиот универзитет.

Дела[уреди | уреди извор]

  • Paul, Wolfgang (1990). „Електромагнетни замки за наелектризирани и неутрални честички“. Reviews of Modern Physics. 62 (3): 531–540. Bibcode:1990RvMP...62..531P. doi:10.1103/RevModPhys.62.531.
  • Paul, Wolfgang; Steinwedel, H. (1953). „Новата масена спектроскопија во отсуство на магнетно поле“. Zeitschrift für Naturforschung A. 8 (7): 448–450. Bibcode:1953ZNatA...8..448P.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gerald E. Brown and Chang-Hwan Lee (2006): Hans Bethe and His Physics, World Scientific, ISBN 981-256-610-4, p. 338
  2. Toschek, Peter E. (July 1994). „Obituary: Wolfgang Paul“. Physics Today. 47 (7): 76–77. doi:10.1063/1.2808585. Архивирано од изворникот на 2013-10-04. Посетено на 2015-03-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]