Серж Арош

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Серж Арош
Serge Haroche 1 2012.jpg
Серж Арош во Стокхолм (2012)
Роден 11 септември 1944 (1944-09-11) (воз. 72 г.)
Казабланка, Мароко[1]
(тогашен француски протекторат)
Националност Французин
Установи Универзитет Пјер и Марија Кири
Француски колеџ
Образование Нормалната виша школа во Париз
Универзитет Пјер и Марија Кири (Ph.D.)
Докторски ментор Клод Коен-Тануџи
Поважни награди CNRS златен медал (2009)
Нобелова анграда за физика (2012)
Страница
college-de-france.fr/site/en-serge-haroche

Серж Арош (француски: Serge Haroche), (Казабланка, 11 септември 1944)[1] — француски физичар кој бил награден со Нобелова награда за физика во 2012 година заедно со Дејвид Вајнленд за „важните експериментални методи кои овозможуваат мерење и манипулирање на посебните квантни системи“, проучување на честичката на светлината, фотон.[2][3][4] Од 2001 година, Арош е професор на Францускиот колеџ и ја држи катедрата за квантна физика. Во 1971 година тој ја завршил својата докторска работа за физика на Парискиот универзитет VI, неговото истражување било под менторство на Клод Коен-Тануџи.[5]

Личен живот и семејство[уреди | уреди извор]

Серж е роден во Казабланка, како син на Албер Арош (1920–1998) и Валентина Арош, моминско (Рублева) (1921–1998) учителка родена во Одеса во еврејско семејство кое се преселило во Париз на почетокот на дваесеттите години на минатиот век. Неговиот татко, кој бил адвокат, потекнува од семејство кое живеело во Маракеш (Исак и Естер Арош), кое се преселило во Казабланка за да работат како учители при Школата на еврејскиот сојуз.[6][7][8][9][10][11][12]

Арош го напуштил Мароко и се населил во Франција во 1956 година, по завршетокот на договорот за францускиот протекторат.

Тој денес живее во Париз, оженет е со социологот Клодин Арош, која исто така има еврејско потекло од доселеничко семејство од Русија, и имаат две деца.[13][14][15] Тој е стрико на францускиот пејач, текстописец и актер Рафаел Арош.[16]

Кариера[уреди | уреди извор]

Арош работел во Националниот центар за научни истражувања како истражувачки научник од 1967 до 1975 година, и поминал една година (1972–1973) како вонреден постдокторски соработник на Стенфорд, во екипата на Артур Леонард Шавлов. Во 1975 тој станал професор на Парискиот универзитет VI. Истовремено тој предавал и во други институции, како што е Политехничката школа (1973–1984), Харвард (1981), Јејл (1984–1993) и Националниот конзерваториум на уметностите и занаетите (2000). Тој бил декан на одделот за физика на Нормалната виша школа во Париз од 1994 до 2000 година.

Од 2001 година, Арош е професор на Францускиот колеџ и држи предавања од областа на квантна физика. Тој е член на Француското друштво на физичарите, Европското друштво на физичарите и член на Американското друштво на физичарите.

Во септември 2012 година,Серж Арош е избран за позицијата администратор на Францускиот колеџ.

На 9 октомври 2012 година, Арош е награден со Нобелова награда за физика, заедно со американскиот физичар Дејвид Вајнленд, за нивната работа која се однесувала на мерењето и манипулирањето на поединечните квантни системи.

Истражување[уреди | уреди извор]

Арош главно работи на полињата на атомска физика и квантна оптика.[17][18][19][20][21][22][23] Тој е познат по докажувањето на квантната декохеренција со помош на експериментални набљудувања, додека работел со колегите на Нормалната виша школа (École normale supérieure) во Париз 1996 година.

По неговата докторска дисертација за сврзаните атоми под менторство на Клод Коен-Тануџи (добитник на Нобелова награда) од 1967 до 1971 година, тој развил нови методи за ласерска спектроскопија во седумдесеттите години, засновано на проучувањето на квантното отчукување и суперзрачењето. За подоцна да се занимава со Ридбергови атоми, големите атомски состојби кои се особено чувствителни на микробранови, кои ги прави особено погодни за проучување на заемодејствата помеѓу материјата и светлината. Тој покажал дека таквите атоми, поврзани со суперспроводна празнина која содржи неколку фотони, се погодни за тестирање на квантната декохеренција и разбирањето на операциите со квантната логика потребни за обработка на квантната информација.

Награди[уреди | уреди извор]

Серж по Нобеловото предавање.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Serge Haroche – Biographical“. nobelprize.org. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/2012/haroche.html. конс. 11 октомври 2012 г. 
  2. 2,0 2,1 „Press release – Particle control in a quantum world“. Royal Swedish Academy of Sciences. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/2012/press.html. конс. 9 октомври 2012 г. 
  3. doi:10.1038/490311a
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно
  4. PMID 23584018 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  5. http://www.college-de-france.fr/site/en-serge-haroche/biography.htm
  6. „French Jew, American researcher share Nobel Prize in Physics“. Jewish Telegraphic Agency. 9 октомври 2012. http://www.jta.org/news/article/2012/10/09/3108811/french-jew-american-researcher-share-nobel-prize-in-physics. конс. 12 јануари 2013 г. 
  7. Laskier, Michael M. (1983). The Alliance Israélite Universelle and the Jewish Communities of Morocco: 1862–1962. New York: State University of New York Press. стр. 192. http://books.google.com/books?id=2ngrRcV7XPgC&pg=PA192. 
  8. „MAROC LXXV E 2.25“. Europeana. http://www.europeana.eu/resolve/record/09328/0FE56D02F385071C0A11573484717E9CFB9F7A7A. конс. 12 јануари 2013 г. 
  9. „French Jew wins 2012 Nobel Prize in Physics along with American colleague“. European Jewish Press. 9 октомври 2012. http://www.ejpress.org/article/news/62250. конс. 12 јануари 2013 г. 
  10. Jean-Louis Beaucarnot (9 октомври 2012). „Origines et généalogie de Serge Haroche, prix Nobel de physique“. La Revue française de Généalogie. http://www.rfgenealogie.com/s-informer/infos/celebrites/origines-et-genealogie-de-serge-haroche-nobel-de-physique. конс. 12 јануари 2013 г. 
  11. alexandra j. wall (4 јуни 2004). „New Jewish Agenda founder Roublev dies at 69“. jweekly.com. http://www.jweekly.com/article/full/22861/new-jewish-agenda-founder-roublev-dies-at-69/. конс. 12 јануари 2013 г. 
  12. Columbia University School of Public Health and Administrative Medicine, class of 1958 (p. 30): Alexander Roublev, M.D. (Serge Haroche's grandfather)
  13. Claudine Haroche (Zeligson). Iiac.cnrs.fr. Retrieved on 2013-01-27.
  14. „Marriage of Louis Zeligson and Raymonde Sandberg, Serge Haroche's in-laws“. Le Figaro. 1936. http://gallica.bnf.fr/ark:/12148/bpt6k409042d.texte.f2.langFR. конс. 12 јануари 2013 г. 
  15. Obituary of Raymonde Zeligson (née Sandberg), «Le Monde» (March 8, 2008)
  16. „Die Nobelpreisträger 2012“. Handelsblatt. 11 октомври 2012. http://www.handelsblatt.com/technologie/forschung-medizin/forschung-innovation/galerie-der-geehrten-die-nobelpreistraeger-2012/7228068.html?slp=false&p=10&a=false#image. конс. 12 јануари 2013 г. 
  17. PMID 23075943 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  18. PMID 21886159 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  19. PMID 18818653 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  20. PMID 17713527 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  21. PMID 17361178 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  22. PMID 11346787 (PubMed (англиски))
    Citation will be completed automatically in a few minutes. Jump the queue or expand by hand
  23. Jean-Michel Raimond; Serge Haroche (2006). Exploring the quantum: atoms, cavities and photons. Oxford [Oxfordshire]: Oxford University Press. ISBN 0-19-850914-6. 
  24. „Franklin Laureate Database – Albert A. Michelson Medal Laureates“. Franklin Institute. http://www.fi.edu/winners/show_results.faw?gs=&ln=&fn=&keyword=&subject=&award=MICH+&sy=1967&ey=1997&name=Submit. конс. 16 јуни 2011 г. 
  25. „Charles Hard Townes Award“. Optical Society. http://www.osa.org/en-us/awards_and_grants/awards/award_description/charlestownes/. конс. 12 јануари 2013 г.