Рикардо Џакони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рикардо Џакони
RiccardoGiacconi.jpg
Церемонијата за доделување на Националниот медал за наука во 2003 година
Роден 6 октомври 1931 (1931-10-06) (87 г.)
Џенова, Италија
Живеалиште САД
Националност Италијанец
американец
Полиња Физика
Установи Џонс Хопкинсов универзитет
Чандрова X-зрачна опсерваторија
Образование Милански универзитет
Докторски ментор  
Докторанди  
Познат по астрофизика
Поважни награди Елиот Кресонов медал (1980)
Дени Хајнеманова награда за астрофизика (1981)
Нобелова награда за физика (2002)

Рикардо Џакони (6 октомври 1931) — американски добитник на Нобеловата награда и астрофизичар кој ги постави темелите на X-зрачната астрономија. Моментално е професор на Џонс Хопкинсовиот универзитет.

Биграфија[уреди | уреди извор]

Роден во Џенова, италија, Џакони го стекнал своето образование и диплома на Миланскиот универзитет пред да се пресели во Америка каде ја продолжил својата кариера во истражувања поврзани со астрофизика. Тој станал американски граѓанин.[1]

Бидејќи зрачењето на космичките X-зраци е впиено од стран ана атмосферата, потребни се вселенски опсерватории за да се врши X-зрачна астрономија. Заинтересиран за овој проблем, Џакони започнал да работи на инструмент за X-зрачна астрономија од обични ракетно лансирани детектори во доцните 1950-и и раните 1960-и, до Ухуру, првиот орбитален X-зрачен сателит за астрономко набљудување, во 1970-ите. Џаконовото пионерско истражување продолжило во 1978 година со Ајнштајновата опсерваторија, првиот целосно опремен X-зрачен телескоп поставен во вселената, и подоцна со Чандровата X-зрачна опсерваторија, која била лансирана во 1999 година и сеуште е во работа. Џакони го применил своето познавање и на други проблеми поврзани со астрономијата, станувајќи првиот директор на Вселенско телескопскиот научен институт, научниот оперативен центар на Хабл.

Џакони бил награден со Нобелова награда за физика во 2002 година „за пионерски придонеси за астрофизиката, кои довеле до откривањето на вселенските X-зрачни извори“.[2] Другите двајца наградени со Нобелова награда за физика таа година биле Масатоши Кошиба и Рејмонд Дејвис.

Џакони ги држел работните позиции како професор по физика и астрономија (1982–1997) и истражувачки професор (од 1998) при Џонс Хопкинсовиот универзитет, иденес е универзитетски професор на истиот. За време на овој период бил директор на Европската јужна опсерваторија (ESO) (1993–1999). Моментално е главен истражувач во проектот на НАСА за Чандровото далечно поле користејќи ја Чандровата X-зрачна опсерваторија.

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]