Шуџи Накамура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Шуџи Накамура
Professor Shuji Nakamura (Cropped).jpg
Роден 22 мај 1954 (1954-05-22) (воз. 63 г.)
Иката, Јапонија
Живеалиште САД
Државјанство Јапонец (до 2005 или 2006)
американец (од 2005 или 2006)[1][2]
Националност Американец[3][4]
Установи Калифорниски универзитет
Образование Токушимски универзитет
Познат по сина и бела LED
Поважни награди Милениумска технолошка награда (2006)
Харвиева награда (2009)
Нобелова анграда за физика (2014)

Шуџи Накамура (јапонски: 中村 修二 22 мај 1954) — Јапонско американски професор при одделот за материјали на Калифорнискиот универзитет,[5] и се смета за откривач на сината LED, голем напредок во светлосната технологија.[6] Заедно со Исаму Акасаки и Хироши Амано, ја добиле Нобеловата награда за физика „за откривањето на ефикасната сина светлечка диода, која овозможила сјајни и штедливи светлински извори“.

Кариера[уреди | уреди извор]

Накамура дипломирал на Токушимскиот универзитет во 1977 година со диплома за електронско инженерство, и магистрирал на истиот предмет две години подоцна, по што се придружува на претпријатието „Ничија“, која има седиште во Токушима. Во периодот додека работел за Ничија, Накамура го создал првиот високосветлински галиум нитридна (GaN) LED чија сјајна сина светлина, која делумно се претвора во жолта со помош на фосфорен премаз, е клучот за создавањето на белата LED светлина, која започнала да се произведува во 1993 година.

Претходно, Жак Панков и неговите соработници при RCA вложиле голем напор, но неуспеале да создадат пазарна GaN-на LED во 1960-ите. Основниот проблем била тешкотијата за создавање на силни p-типни GaN. Накамура се надоврзал на работата на друга јапонска работна група раководена од страна на професорот Исаму Акасаки, кој го објавиле својот метод за создавање на силни p-тип GaN со електронско озрачување на GaN со примеси на магнезиум. Сепак, овој метод не бил погоден за масовно производство и неговата физика и начин на функционирање не биле доволно разјаснети. Накамура успеал да развие топлински метод кој бил попогоден за масовно производство. Во продолжение, тој и неговите соработници ја разработиле физиката и го нашле виновникот водородот, кој ги пасивизирал примачите на GaN.

Во тој период, многумина фго сметале создавањето на GaN LED диода премногу сложен процес, па Накамура има среќа што основачот на Ничија, Нобуо Огава (1912–2002) имал желба да го подржи неговиот GaN проект. Како и да е претпријатието на крај му наредило да ја одложи работата на GaN, тврдејќи дека истата одземала многу средства и време. Накамура продолжувал да ја развива сината LED диода самостојно и во 1993 година успеал да ја создаде направата.[7]

Тој бил награден со докторат за инженерство од Токагашкиот универзитет во 1994 година. Тој ја напуштил Ничија во 1999 година и го превземал местото како професор по инженерство на Калифорнискиот универзитет.

Во 2001 година, Накамура го тужел својот поранешен работодавач Ничија за неговиот бонус како дел од серијата на тужби меѓу Ничија и Накамура со со американскиот конкурент Cree Inc., тие се согласиле заеднички да ја тужат Ничија во 2000 година на трошок на Cree Inc. од која добил акции за возврат. Накамура тврдел дека примил само ¥20.000 (≈US$180) за неговото откривање на „ патентот 404,“ иако Ничија покажала дека претпријатието го наградило со напреднувања и бонуси од 62 милиони јени во период од 11 години и неговата годишна плата достигнала 20 милиони јени кога ја напуштил Ничија.[8]

Иако Накамура првично ја добил жалбата со оштета од ¥20 милијарди (≈US$180 милиони), Ничија ја обжалила одлуката и двете страни се спогодиле во 2005 година на сума од ¥840 милиони (≈US$9 милиони), во тој период наголемиот бонус кој бил некогаш исплатен од јапонско претпријатие.[9]

Накамура исто така работел и на зелената LED диода, и е еден од одговорните за создавањето на белата LED диода и сините ласерски диоди кој се користат кај Blu-ray дисковите и HD DVDијата.[10]

Накамура е професор за материјали на Калифорнискиот универзитет и има преку 100 патенти.[11] Во 2008 година, Накамура, заеднос о колегите професори Др. Стивен Денбарс и Др. Џејмс Спек, ја основале Сора, претпријатие кое развивало светлинска технологија заснована на чисти галиум нитритни субстрати.[12]

Признанија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на japanese). Asahi Shimbun Digital. 18 октомври 2014. http://www.asahi.com/articles/ASGBK4RNKGBKULFA00X.html. 
  2. (на japanese). withnews. 18 октомври 2014. http://withnews.jp/article/f0141018000qq000000000000000G0010401qq000010997A#. „2005、6年ごろに(米国市民権を)取ったんですよ [acquired (U.S. citizenship) in 2005 or 2006]“ 
  3. 中村教授「物理学賞での受賞には驚いた」 ノーベル賞. „The Nikkei“ (Nikkei Inc.). октомври 2014 г. http://www.nikkei.com/article/DGXLASDC07011_X01C14A0I00000/. 
  4. Shuji received American citizenship in 2000. Japan does not recognize dual nationality.
  5. „Shuji Nakamura“. University of California. http://www.engr.ucsb.edu/faculty/profile/82. конс. 31 јули 2008 г. 
  6. „Nobel laureate fought the odds to make history“. Pacific Coast Business Times. http://www.pacbiztimes.com/2014/10/10/laureate-fought-the-odds-to-make-history. конс. 10 октомври 2014 г. 
  7. Court dismisses inventor’s patent claim but will consider reward“, 20 септември 2002 (конс. 7 октомври 2014 г).
  8. (на japanese). Nikkei Tech-on. април 2004. http://techon.nikkeibp.co.jp/NEWS/nakamura/mono200404_2.html. конс. 1 декември 2014 г. 
  9. Zaun, Todd. „Japanese Company to Pay Ex-Employee $8.1 Million for Invention“, 12 јануари 2005 (конс. 7 октомври 2014 г).
  10. Richard Harris. „Work in Colored Lights Nets Millennium Prize“, „All Things Considered“, 15 јуни 2006.
  11. „Shuji Nakamura“. Solid State Lighting & Energy Center. http://sslec.ucsb.edu/nakamura/index.html. конс. 19 октомври 2012 г. 
  12. „About“. Soraa Inc.. http://www.soraa.com/about. конс. 19 октомври 2012 г. 
  13. Shuji Nakamura wins the 2006 Millennium Technology Prize [1]
  14. „Top prize for 'light' inventor“. BBC News. 8 септември 2006. архивирано од оригиналот на 5 март 2007. //web.archive.org/web/20070305184224/http://news.bbc.co.uk/2/hi/technology/5328446.stm. конс. 8 септември 2006 г. 
  15. Inventor Shuji Nakamura at the European Inventor Award
  16. Prince of Asturias Awards for Technical and Scientific Research.
  17. Harvey Prize
  18. „SVIPLA Presents Inventor of the Year - Shuji Nakamura, Ph.D.“. Silicon Valley Intellectual Property Law Association. http://www.svipla.org/meetings_programs?eventId=547225&EventViewMode=EventDetails. конс. 5 март 2013 г. 
  19. „The 2014 Nobel Prize in Physics - Press Release“. Nobel Media AB 2014. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/2014/press.html. конс. 7 октомври 2014 г. 

Допоплнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Shuji Nakamura, Gerhard Fasol, Stephen J. Pearton, The Blue Laser Diode : The Complete Story, Springer; 2nd edition, October 2, 2000, (ISBN 3-540-66505-6)
  • Bob Johnstone Brilliant!: Shuji Nakamura and the revolution in lighting technology, Prometheus Books, 2007 ISBN 1-59102-462-5

Надворешни врски[уреди | уреди извор]