Клаус фон Клицинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Клаус фон Клицинг
Klausvonklitzing.jpg
Роден 28 јуни 1943 (1943-06-28) (воз. 75 г.)
Шрода, Вартеланд, Германија (денешна Полска)
Националност Германец
Полиња Физика
Познат по Квантен Холов ефект
Поважни награди Нобелова награда за физика (1985)
Дираков медал (1988)

Клаус фон Клицинг (германски: Klaus von Klitzing 28 јуни 1943 Шрода) — германски физичар познат по откривањето на целобројниот квантен Холов ефект, за што бил награден со Нобелова награда за физика во 1985 година.

Во 1962 година, фон Клицинг матурирал во гимназијата во Квакенбрик, Германија, пред да започне да студира физика на Брауншвајгскиот технолошки универзитет,каде ја добил својата диплома во 1969 година. Тој со своите студии продолжил на Вурцбуршкиот универзитет на катедрата на Готфрид Ландвер, завршувајќи ја својата докторска теза Галваномагнетни својства на телурот во силни магнетни полиња во 1972 година, и хабилитација во 1978 година. Неговите истражувања биле правени во Кларедоновата лабораторија во Оксфорд и во Греноблската лабораторија за високомагнетни полиња во Франција, каде продолжил со својата работа се до станувањето на професор на Минхенскиот технички универзитет во 1980 година. Фон Клицинг е директор на Макс Планковиот институт за истражување на цврстите тела во Штудгарт од 1985 година.

фон Клициговата константа, RK = h/e2 = 25812.807449(86) Ω, е именувана во чест на фон Клицинг поради неговото откривање на квантниот Холов ефект, ие запишана во списокот на Националениот институт за стандарди и технологија Прирачник за константи, единици и неизвесност. Инверзната вредност од фон Клицинговата константа е еднаква на половина од вредноста на спроводниот квант.[1]

Денес, фон Клицинговото истражување е фокусирано на својствата нискодимензионалните електронски системи, типични за ниски температури и при силни магнетното поле.

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]