Квакенбрик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Квакенбрик

Quakenbrück

Градското собрание
Градското собрание
Грб на Квакенбрик
Квакенбрик is located in Германија
Квакенбрик
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Оснабрик
Општ. заед. Артланд
Градоначалник Тилеј Цолак (СДП)
Основни податоци
Површина 17,95 км2
Надм. височина 24 м
Население 13.546 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 755 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OS
Пошт. бр. 49610
Повик. бр. 05431
Портал www.quakenbrueck.de
Местоположба на градот Квакенбрик во рамките на округот Оснабрик
Карта
Координати 52°40′38″N 7°57′27″E / 52.67722° СГШ; 7.95750° ИГД / 52.67722; 7.95750Координати: 52°40′38″N 7°57′27″E / 52.67722° СГШ; 7.95750° ИГД / 52.67722; 7.95750

Квакенбрик (германски: Quakenbrück; долногермански: Quokenbrügge) — мал град во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Хазе.

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Артланд, како и историско, стопанско и културно средиште на истоимената област.

Историскиот стар дел на градот содржи околу 100 добро зачувани фахверк куќи од различни векови.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Квакенбрик се наоѓа во Северногерманската Низина во средиште на областа Артланд.[2] Реката Хазе тече од југ кон запад.[3]

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градското подрачје се состои од: Стар град („Алтштат“; околу 4.000 жители), Нов град („Нојштат“; околу 5.500 жители), Хакенкамп (околу 2.500 жители), Хенгелаге (околу 2.000 жители), Антониорт, Гут Фер и одморалиштето Шиценхоф.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини на Квакенбрик на север се Есен (Олденбург), на исток Динклаге, на југ Бадберген и на запад Менслаге.

Клима[уреди | уреди извор]

Квакенбрик се наоѓа во мешана климатска зона помеѓу океанската и континенталната клима.

Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 616 милиметри врнежи. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 17,2, односно од 16,9 °C, додека најладни месеци се јануари и февруари со 1,6, односно 2,2 °C во просек. Најмногу врнежи паѓаат во месеците јуни и јули со просечно 69 односно 75 милиметри, додека најсуви месеци се февруари и март со просечни 36, односно 42 милиметри.

Клима на Квакенбрик
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна температура (°C) 1,6 2,2 4,8 8,2 12,9 15,9 17,2 16,9 14,0 10,2 5,6 2,8 9,4
Просечно кол. врнежи (мм) 43 36 42 39 50 69 75 68 46 56 43 49 616
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 9 7 8 8 8 9 8 8 7 7 9 10 98
Сончеви часови (дневно) 2 2 3 5 7 7 7 7 4 3 2 1 4,2
Извор: Временска станица Берзенбрик[4] и Германската временска служба со податоци: 1961-2007[5]

Историја[уреди | уреди извор]

Квакенбрик бил основан во 1234 година од епископот на Оснабрик, според најраните документи, иако областа била нарачана и претходно. Служела како граница на север од Оснабрик.

На 29 мај 1916 година, статуа на железен воин направен од француска топола била дадена на градот од Клеменс Фрајхер фон Шорлемер-Лизер и била поставена во Градското собрание. Приходот од статуата, која прикажува витез од XIII-XIV век, бил искористен за војната. Статуата била направена од двајца војници од баталјонот Шорлемер.[6]

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 31 избран член од пет различни партии.[7] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

Следната табела ги прикажува општинските резултати од 1996 година.

Изборни резултати за Градскиот совет на Квакенбрик
CDU SPD GRÜNE FDP LINKE BfA1 Вкупно Излезност
Период % Мандат % Мандат % Мандат % Мандат % Мандат % Мандат % Вкупен број на места во советот %
1996–2001 45,2 14 37,2 12 7,6 2 10,1 3 100 31 56,0
2001–2006 43,9 14 37,6 12 4,6 1 13,8 4 100 31 54,9
2006–2011 44,0 14 35,4 11 3,4 1 9,3 3 7,8 2 100 31 52,8
2011–2016 34,73 11 40,55 13 8,15 2 5,06 2 11,51 3 100 31 46,4
2016–2021[8] 36,4 11 32,2 10 9,5 3 5,4 2 16,7 5 100 31 47,0
заокружени проценти.
Извори: Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија[9], Округ Оснабрик.[10]
1 Граѓани за Артланд

Градоначалник[уреди | уреди извор]

  • до 1968: Алојс Герс (SPD)
  • 1968–1972: Карл Мелер (CDU)
  • 1972–1979: Хорст Магнус (FDP)
  • 1979–1988: Вернер Корфхаге (FDP)
  • 1988–1991: Јирен Гадеберг (SPD)
  • 1991–2000: Клаус Алвес (CDU)
  • 2000–2011: Волфганг Бекер (CDU)
  • 2011–2014: Клаус Петер Попе (SPD)
  • 2014–2016: Паул Гертнер (SPD)
  • 2016–2021: Матијас Бригеман (CDU)
  • од 2021: Тилеј Цолак (SPD)

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Квакенбрик е збратимен со следниве градови:[11]

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2020“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2021. (германски)
  2. Kuhlmann: Das Artland und die Stadt Quakenbrück in ihrer historischen Entwicklung. S. 7.
  3. Martin Teller:Die erdgeschichtliche Genese des nordwestdeutschen Naturraumes. (PDF) + Erläuterungen zum Verlauf der Hase Архивирано на 2 ноември 2014 г.
  4. Wetterstation Bersenbrück.
  5. Deutscher Wetterdienst.
  6. Heiko Bockstiegel: Der Eiserne Burgmann im Rathaussaal zu Quakenbrück. in: Heimat-Jahrbuch Osnabrücker Land 1980, S. 54ff.
  7. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten, abgerufen am 28. Dezember 2016.
  8. „Samtgemeinde Artland – Ergebnis zur Stadtratswahl Quakenbrück 2016“. Архивирано од изворникот на 2017-01-29. Посетено на 2022-08-04.
  9. Landesbetrieb für Statistik und Kommunikationstechnologie Niedersachsen, Tabelle 5000311
  10. „Die Kommunalwahl Landkreis Osnabrück vom 11. September 2011 (enthält auch Ergebnisse 2006)“ (PDF). Landkreis Osnabrück. Архивирано од изворникот (PDF; 8,0 MB; S. 20; Spalte „Gemeindewahlen“) на 2016-03-06. Посетено на 2016-03-06.
  11. „Partnerstädte der Stadt Quakenbrück“. artland.de (германски). Samtgemeinde Artland. Архивирано од изворникот на 2018-08-30. Посетено на 2021-03-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]