Болцманова константа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вредности на k Единици мерки
1.380 6504(24)×10−23 JK−1
8.617 343(15)×10−5 eV K−1
1.380 6504(24)×10−16 erg K−1

Болцмановата константа (k илиkB) е физичка константа со која се поврзуваат температурата и енергијата. Името го добила по австрискиот физичар Лудвиг Болцман кој дал значаен придонес во статистичката механика во која оваа константа има централна улога. Тој за прв пат ја употребил оваа константа во својата формула за ентропијата во 1873 година. Нејзината експериментално одредена вредност во SI единици изнесува

  k = \  1,380 6505(24) \cdot 10^{-23} Ј/К
 = \  8,617 343(15) \cdot 10^{-5} eV/К.

Бројките во заградите претставуваат неизвесност, стандардно отстапување на последните две наведени бројки. Факторот на конверзија меѓу вредностите наведени во различни единици е наелектризирање на електроните:

q = 1,602 176 53(14) x 10-19 кулони по електрон.

Болцмановата константа е еднаква на универзалната гасна константа R поделена со Авогадровиот број NA, односно k = R / NA. Кога даден статистичко-механички систем е во рамнотежа, тој е во дадена макросостојба, но на микроскопско ниво се колеба меѓу сите можни микросостојби (нивниот број се означува со Ω). Ентропијата на таквиот систем се пресметува по формулата:

S \ = \ k_B \  \ln \Omega

каде kB е Болцмановата константа.