Роберт Хофштатер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роберт Хофштатер
Robert Hofstadter.jpg
Роден февруари 5, 1915(1915-02-05)
Њујорк, САД
Починал ноември 17, 1990(1990-11-17) (воз. 75 г.)
Стенфорд, Калифорнија, САД
Националност САД Америкацен
Полиња Физика
Установи Стенфордски универзитет
Пенсилваниски универзитет
Образование Њујоршки градски колеџ
Принстонски универзитет
Познат по Електронско расејување
Атомско јадро
Натриум јодидно светкање
Поважни награди Нобелова награда за физика (1961)
Национален научен медал (1986)
Дираков медал (1987)
Сопружник Ненси (Гиван) Хофштатер
(3 деца) (1920-2007)
Потпис

Роберт Хофштатер (англиски: Robert Hofstadter 5 февруари 191517 ноември 1990) бил американски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1961 (заедно со Рудолф Месбауер) „за пионерските изучувања на расејувањето на електроните во атомските јадра и откритијата за структурата на нуклеоните“.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Хофштатер се родил во еврејско семејство[3][4] во Њујорк на 5 февруари 1915. Син на полски имигранти, Луис Хофштатер, трговец, и Хенриета Кенигсберг.[5] Тој одел во основно и средно училиште во Њујорк и се запишал во Њујоршкиот градски колеџ, дипломирајќи во 1935 на дваесет годишна возраст и бил награден со Кенјонова награда за математика и физика. Тој исто така добил стипендија од фондацијата „Чарлс А. Кофин“ од компанијата Џенерал Електрик, која му овозможила да го посетува факултетот во Принстонскиот универзитет, каде тој магистрирал, а набрзо и докторирал на дваесет и три годишна возраст.[6] Тој своите постдокторски студии ги извел во Пенсилванискиот универзитет и бил доцент (професор асистент) во Принстонскиот универзитет пред да се придружи на Стенфордскиот универзитет. Хофштатер предавал во Стенфорд од 1950 до 1985.

Во 1942 се оженил со Ненси Гиван (1920-2007), жител на Балтимор (Мериленд).[7] Заедно имале три деца:

"Erdős" бројот на Роберт Хофштатер е 5.[10]

Опус[уреди | уреди извор]

Талиумско активиран натриум јодиден детектор на гама зраци[уреди | уреди извор]

Во 1948 Хофштатер поднел патент за ова, за детекција на јонизирачко зрачење од овој кристал.[11][12] Овие детектори се широко користени за детекција на гама зраци до ден денес.

Измислување на ферми (единица) и нобелово предавање во 1961[уреди | уреди извор]

Роберт Хофштатер го измислил терминот ферми (единица), симбол fm, [13] во чест на италијанскиот физичар Енрико Ферми (1901–1954), еден од основачите на нуклеарната физика, во документ од 1956, објавен во весникот „Ревизија на модерната физика“, со наслов „Електронско расејување и нуклеарна структура“.[14] Терминот е широко употребуван од нуклеарни и честични физичари. Кога Хофштатер бил награден со Нобеловата награда за физика во 1961, дополнително се појавува текстот на неговото нобелово предавање од 1961, „Електронско-расејувачкиот метод и неговата примена во структурата на јадрата и нуклеоните“ (декември 11, 1961).[15]

Комптонската опсерваторија за гама зраци и телескопот EGRET[уреди | уреди извор]

Во неговите неколку последни години, Хофштатер се заинтересирал за астрофизиката и го применил своето познавање на сцинтилатори во дизајнирање на телескопот за гама зраци (EGRET) на Комптонската опсерваторија за гама зраци именувана по соработникот нобеловец по физика (1927), Артур Комптон. Одделот за физика на Стенфордскиот универзитет го истакнува Хофштатер како „принципиелен научник кој ја развил комптонската опсерваторија“.[16]

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Технички извештаи:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. R. W. McAllister & Robert Hofstadter, "Elastic Scattering of 188 MeV Electrons from Proton and the Alpha Particle," Physical Review, V102, p. 851 (1956).
  2. Robert Hofstadter, "The Electron Scattering Method & its Application to the Structure of Nuclei and Nucleons," Nobel Lectures, Physics 1942-1962, pp. 560-581, Elsevier Pub. Co., Amsterdam-London-New York (Dec 1961).
  3. Dr. Robert Hofstadter, U.S. Jewish Scientist, Wins 1961 Nobel Prize“, 3 ноември 1961 (посет. 20 октомври 2013 г).
  4. „Robert Hofstadter biography“. NNDB. http://www.nndb.com/people/318/000072102/. посет. 20 октомври 2013 г. 
  5. „Guide to the Robert Hofstadter Papers“. http://www.oac.cdlib.org/findaid/ark:/13030/kt458037nx/entire_text/. посет. 5 ноември 2014 г. 
  6. „Robert Hofstadter biography“. http://www.nap.edu/openbook.php?record_id=10169&page=161. посет. 5 ноември 2014 г. 
  7. 2007 obituary to Nancy Givan from Stanford university.
  8. Doug Hofstadter's dedication to 'I am a strange loop'.
  9. National Academy of Sciences biography
  10. „Some Famous People with Finite Erdös Numbers“. Okland University. http://www.oakland.edu/enp/erdpaths/. посет. 7 декември 2013 г. 
  11. [http://www.google.com/patents/US2585551
  12. %5Bhttp://www.nap.edu/openbook.php?record_id=10169&page=163%5D
  13. American National Standard for Metric Practice. „IEEE Standards Library“. IEEE/ASTM SI 10-2010 (Revision of IEEE/ASTM SI 10-2002) (IEEE): 78. 11 април 2011 г. doi:10.1109/IEEESTD.2011.5750142. ISBN 978-0-7381-6533-2. http://ieeexplore.ieee.org/servlet/opac?punumber=5750140. посет. 18 февруари 2014 г. 
  14. Hofstadter, Robert, Department of Physics, Stanford University, Stanford, California, "Electron Scattering and Nuclear Structure," Rev. Mod. Phys. 28, 214–254 (1956) © 1956 The American Physical Society
  15. Hofstadter, Robert, "The electron-scattering method and its application to the structure of nuclei and nucleons," Nobel Lecture (December 11, 1961)
  16. „The Hofstadter Memorial Lectures“. Stanford University. http://www.stanford.edu/dept/physics/events/hofstadter2004.html. посет. 7 декември 2013 г. 
  17. R. W. McAllister & Robert Hofstadter, "Elastic Scattering of 188 MeV Electrons from Proton and the Alpha Particle," Physical Review, V102, p. 851 (1956).
  18. Robert Hofstadter, "The Electron Scattering Method & its Application to the Structure of Nuclei and Nucleons," Nobel Lectures, Physics 1942-1962, pp. 560-581, Elsevier Pub. Co., Amsterdam-London-New York (Dec 1961).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]