Телескоп

Од Википедија — слободната енциклопедија
Телескоп рефрактор

Телескоп (грчки: теле - далеку, скопеин - гледа) е еден од најважните астрономски и оптички инструменти. Телескопот собира и фокусира светлина т.е електромагнетно зрачење и покажува зголемена слика на многу оддалечени објекти. Со помож на оваа справа можеме да видиме и снимиме слики на објекти кои се премногу оддалечени, премали или со слаб сјај. Под телескоп најчесто се подразбира оптички телескоп,но постојат и телескопи кои собираат зрачење од некој друг дел на спектарот од електро магнетното зрачење. Постојат и радиотелескопи,кои користат радиоантена, а постојат и телескопи за гама-зраци.

Телескоп рефрактор [1]
Телескоп рефрактор

Откритие и развој[уреди | уреди извор]

Првиот телескоп налик на денешниот го конструирал Галилео Галилеј, на почетокот од 17-тиот век. Уште во 1610 година со него направил и револуционерни откритија. Утврдил дека на Месечината постојат планини и им ја мерел нивната височина. Воочил и колку време му треба на Сонцето да се заврти околу својата оска. Ги пронашол и четирите најголеми сателити на Јупитер и прв го видел Млечниот Пат како мноштво од ѕвезди.

Во 2016 година бил пуштен во употреба најголемиот телескоп во светот „ФАСТ“ во југозападна Кина, со димензии од 30 фудбалски игралишта и со пречник од 500 метри. Телескопот се состои од 4.000 метални панели, а неговата градба траела пет години при што биле потрошени 180 милиони долари. Студијата за неговата изградба траела дури 14 години и за таа цел биле преселени 10.000 луѓе од подрачјето каде што бил сместен телескопот. Со своите димензии, „ФАСТ“ го надминал за 200 метри телескопот „Арецибо“ во Порторико, изграден во 1960 година, кој имал пречник од 350 метри.[1]

Конструкција[уреди | уреди извор]

Поделба[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кина ќе бара вонземјани во вселената“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 24-25.