Брукхејвенска национална лабораторија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Брукхејвенска национална лабораторија
Brookhaven National Laboratory
Brookhaven National Laboratory logo.svg
Aerial View of Brookhaven National Laboratory.jpg
Поглед на лабораторијата од воздух
Гесло Passion for discovery („Страст за откривање“)
Основана 1947
Истражувања нуклеарна физика, физика и хемија на материјалите, околински и биолошки истражувања
Средства над 700 милиони долари (2013)
Директор Дун Гибс
Вработени 3.000
Место Аптон, округ Сафолк,
Њујорк, САД
Кампус 21 км2
Стопанисувач здружени универзитети (Brookhaven Science Associates, LLC)
Мреж. место bnl.gov

Брукхејвенска национална лабораторија (англиски: Brookhaven National Laboratory, BNL) — научна установа на Министерство за енергетика на САД, една од поголем број државни „национални лаборатории“ посветени на науката. Сместена во месноста Аптон на островот Лонг Ајленд, Њујорк, а основана е во 1947 г. на местото на поранешната воена база „Кемп Аптон“. Наречена е по градот Брукхејвен, во чие пошироко подрачје влегува установата.

Работна поставеност[уреди | уреди извор]

Иако лабораторијата е во сопственост на Министерството за енергетика, научните истражувања ги вршат повеќе универзитети и научни организации, кои воедно стопанисуваат со неа во здружен облик.

Лабораторијата има кадар вкупно 3.000 вработени, меѓу кои научници, инженери, техничари и помошен персонал, како и до 4.000 гостински истражувачи годишно,[1] а откритијата направени во неа довеле до повеќе Нобелови награди.[2]

Брукхејвенската национална лабораторија има своја полициска станица, противпожарна служба и поштенски број (11973). Зафаќа вкупна површина од 21,3 км2 со своја железничка делница, по која сообраќаат возови по потреба.

Историја[уреди | уреди извор]

Установата е основана во 1947 г. на местото на базата Кемп Аптон која служела за обука во Првата и Втората светска војна. По завршетокот на втората војна, решено е дека базата треба дас е расходува и да се пренамени во место за развивање на атомска енергија за мирољубиви цели. За оваа цел е создадена организација составена од деветте најважни истражни универзитети во земјата: Колумбискиот универзитет, „Корнел“, „Харвард“, „Џонс Хопкинс“, Масачусетскиот технолошки институт (МИТ), Принстонскиот, Пенсилванскиот, Рочестерскиот универзитет и „Јејл“.

На 21 март 1947 г. Кемп Аптон прешол од Министерството за одбрана (војна) во сопственост на Комисијата за атомска енергија на САД (AEC), претходник на Министерство за енергетика.

Главни програми[уреди | уреди извор]

Иако бил првобитно предвиден како центар за нуклеарни истражувања, денес задачите на центарот се многу поопсежни. Во него се одвива работа на следниве полиња:

Главни строеви[уреди | уреди извор]

Зраковод на синхротронски извор на светлина во лабораторијата
  • Релативистички судирач на тешки јони (Relativistic Heavy Ion Collider, RHIC) — строј наменет за испитување на кварково-глуонската плазма.[9] Сè до 2008 г. бил најмоќниот забрзувач на честички.
  • Центар за функционални наноматеријали (Center for Functional Nanomaterials, CFN) — строј за проучување на материјали во наноразмери.[10]
  • Национален синхротронски извор на светлина II (National Synchrotron Light Source II, NSLS-II) — наследник на Националниот синхротронски извор на светлина[11] кој во својата тридецениска историја привлекол повеќе истражувачи од било кој друг научен строј на светот,[12] овозможувајќи го откритието наградено со Нобеловата награда за хемија во 2003 г.[13]
  • Синхротрон со наизменичен наклон (Alternating Gradient Synchrotron, AGS) — забрзувач на честички, од чија употреба произлегле три нобелови награди.[14]
  • Постројка за забрзувачки проби (Accelerator Test Facility, BNL-ATF) — направа за создавање, забрзување и надзор на снопови од честички.[15]
  • „Тандем Ван де Граф“ (Tandem Van de Graaff) — своевремено најголем електростатски забрзувач на светот.[16]
  • „Њујорк блу џин“ (New York Blue Gene) — 18-поличен суперсметач (со дополнителен двополичен сродник) во соработка со универзитетот „Стоуни Брук“.[17]

Нобеловци[уреди | уреди извор]

Физика[уреди | уреди извор]

Хемија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „About BNL“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/about_BNL.asp. посет. 25 јули 2012 г. 
  2. „Nobel Prizes at BNL“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/history/nobel/. посет. 25 јули 2012 г. 
  3. „Physics Department“. Bnl.gov. 12 мај 2008. http://www.bnl.gov/physics/. посет. 17 март 2010 г. 
  4. „Homepage, Basic Energy Sciences Directorate“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bes/default.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  5. „Environmental Sciences Department“. Bnl.gov. 4 февруари 2009. http://www.bnl.gov/des/. посет. 17 март 2010 г. 
  6. „Brookhaven National Laboratory Nonproliferation and National Security Programs“. Bnl.gov. 2 февруари 2010. http://www.bnl.gov/nns/. посет. 17 март 2010 г. 
  7. „Radiotracer Chemistry and Instrumentation for Biological Imaging“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/ctn/. посет. 17 март 2010 г. 
  8. „Biology Department – Brookhaven National Laboratory“. Biology.bnl.gov. http://www.biology.bnl.gov/. посет. 17 март 2010 г. 
  9. „RHIC | Relativistic Heavy Ion Collider“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/rhic/. посет. 17 март 2010 г. 
  10. „Center for Functional Nanomaterials, Brookhaven National Laboratory“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/cfn/. посет. 17 март 2010 г. 
  11. „NSLS-II: The Future National Synchrotron Light Source“. bnl.gov. http://www.bnl.gov/nsls2/. посет. 4 август 2010 г. 
  12. „National Synchrotron Light Source“. Nsls.bnl.gov. http://www.nsls.bnl.gov/. посет. 17 март 2010 г. 
  13. 13,0 13,1 „Nobel Prize | 2003 Chemistry Prize, Roderick MacKinnon“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/history/nobel/nobel_03.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  14. „Alternating Gradient Synchrotron“. Bnl.gov. 31 јануари 2008. http://www.bnl.gov/bnlweb/facilities/AGS.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  15. „Accelerator Test Facility“. Bnl.gov. 31 јануари 2008. http://www.bnl.gov/bnlweb/facilities/ATF.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  16. „Tandem Van de Graaff“. Bnl.gov. 28 февруари 2008. http://www.bnl.gov/bnlweb/facilities/TVdG.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  17. New York Blue Gene supercomputer
  18. „Nobel Prize | 1957 Physics Prize, Lee and Yang“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/history/nobel/nobel_57.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  19. „Nobel Prize | 1976 Prize in Physics, Samuel Ting“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/history/nobel/nobel_76.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  20. „Nobel Prize | 1980 Physics Prize, Cronin and Fitch“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/history/nobel/nobel_80.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  21. „Nobel Prize | 1988 Prize in Physics, Lederman, Schwartz and Steinberger“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/history/nobel/nobel_88.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  22. „Nobel Prize | 2002 Physics Prize, Raymond Davis jr“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/history/nobel/nobel_02.asp. посет. 17 март 2010 г. 
  23. „Nobel Prize | 2009 Chemistry Prize, Venkatraman Ramakrishnan and Thomas A. Steitz“. Bnl.gov. http://www.bnl.gov/bnlweb/history/nobel/nobel_09.asp. посет. 20 мај 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]