Рејмонд Дејвис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рејмонд Дејвис
Raymond Davis, Jr 2001.jpg
Дејвис во 2001 година
Роден 14 октомври 1914(1914-10-14)
Вашингтон, САД
Починал 31 мај 2006(2006-05-31) (воз. 91 г.)[1][2]
Блу Поинт, Њујорк, САД
Националност Американец
Полиња Хемија, физика
Установи Монсанто
Пенсливански универзитет
Образование Мерилендски универзитет
Јејл
Познат по неутрино
Поважни награди Комстокова награда за физика (1978)
Том Бонерова награда (1988)
Беатриче Тинслиева награда (1994)
Волфова награда за физика (2000)
Национален медал за наука (2001)
Нобелова награда за физика (2002)
Енрико Фермиева награда (2003)

Рејмонд Дејвис (англиски: Raymond Davis 14 октомври 191431 мај 2006) — американски хемичар, физичар, и добитник на Нобелова награда за физика .[3]

Малдост и обазование[уреди | уреди извор]

Дејвис се родил во Вашингтон, каде неговиот татко бил [[фотограф] за Националното биро за стандарди. Тој поминал неколку години како хорист за да ја исполни желбата на својата мајка, иако не бил музикален. Тој уживал да ги посетува концертите кај Вотергејт пред воздушниот сообраќај целосно да ја задуши музиката од истите. Неговиот брат Ворен, кој бил 14 месеци помлад, му бил постојан придружник во детството. Тој завршил хемија на Мерилендскиот универзитет во 1938 година. Тој исто така магистрирал на истиот универзитет и се стекнал со докторат од универзитетот Јејл по физчка хемија во 1942 година.

Карирера[уреди | уреди извор]

Дејвис поголемиот дел од воените години ги минал на воениот полигон Дагвеј, Јута набљудувајќи ги резултатите од тестовите на хемиските оружја и ја истражувал езерската котлина во потрага за докази за претходното, Боневилско Езеро.

По неговиот отпуст од армијата во 1946 година, Дејвис заминал да работи за монсантовата маундовска лабораторија, во Мајамисбург, Охајо, каде работел на применета радиохемија област од интерес за Атомскаta енергетска комисија на САД. Во 1948 година, тој се придружил на Брукхејвенската национална лабораторија, која била искористена за употреба на нуклеарната енергија во мирнодопски цели.

Дејвид изјавил дека од него било побарано „да најде нешто интересно на што би работел,“па так тој се посветил на изучувањето на неутрината, честички за кои се предвидело дека ќе го објаснат процесот на бета распад,но нивното независно постоење никогаш не било потврдено. Дејвис истражувал бета распади во обид да ги забележи неутрината, процес во кој неутриното доведува доволно енергија до јадрото за одредени стабилни изотопи да постанат радиоактивни. Бидејќи чекорот на овој процес е многу мал, бројот на радиоактивни атоми создадени при неутринските опити бил многу мал, па Дејвис започнал да ги истражува процесите , наместо самиот бета распад кој би го имитирале сигналот на неутрината. Користејќи буриња и резервоари исполнети со јаглероден тетрахлорид како детектори, Дејвис успеал да го определи чекорот на добивањето на 37Ar како функција од присуството на истиот на надморската висина и функцијата на неговото присуство во земјата. Тој искористил детектор кој содржел хлоридски атоми при Брукхејвенскиот реактор во 1954 година и подоцна при едне од реакторите кај реката Савана. Овие експерименти не обезбедиле дополнителен број на радиоактивен аргон кога ректорите работеле кга реакторите биле исклучени, и ова било земено како прв опитен доказ дека неутрината ја предизвикуваат хлоринската реакција, и антинеутрината добиени во ракторот биле сосема поинакви. Забележувањето на неутрината се покажало како доста потешка задачао отколку што било детектирњето на антинеутрината. Дејвис бил водечки научник кој застанал зад Хомстејк, големиот радиохемиски детектор на неутрина кој прв забележал докази за неутрина кој потекнувале од Сонцето.

Тој ја поделил Нобеловата награда за физика во 2002 година со јапонскиот физичар Масатоши Кошиба и американецот Рикардо Џакони за пионерските придонеси во астрофизиката, особено при забележувањето на неутрината, разгледувајќи го сончевиот неутрински проблем. Тој имал 88 години кога ја добил наградата.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Дејвис ја сретнал својата сопруга Ана Тори во Брукхејвен и заедно направиле 7 метарски дрвен едреник, наречен Халцион. Тие имале пет деца и живееле во истата куќа во Блу Поинт, Њујорк преку 50 години. Тој починал во Блу Поинт, Њујорк од Алцхајмерова болест.[1][2]

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Дејвис го добива медалот за наука од претседателот Буш.

Забележителни трудови[уреди | уреди извор]

  • Davis, Raymond, Jr. (1953 г). Attempt to detect the Antineutrinos from a Nuclear Reactor by the 37Cl (ν, e) 37Ar Reaction. „Physical Review“ том  97 (3): 766. doi:10.1103/PhysRev.97.766. Bibcode1955PhRv...97..766D.  – Non-detection of antineutrinos with chlorine
  • Davis, Raymond, Jr. (1964 г). Solar Neutrinos II, Experimental. „Physical Review Letters“ том  12 (11): 300. doi:10.1103/PhysRevLett.12.300. Bibcode1964PhRvL..12..300B.  – Proposal for Homestake Experiment
  • Cleveland, B. T. et al. (1998 г). Measurement of the solar electron neutrino flux with the Homestake chlorine detector. „Astrophysical Journal“ том  496: 505–526. doi:10.1086/305343. Bibcode1998ApJ...496..505C.  – final results of Homestake Experiment

Други дела[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kenneth Chang. „Raymond Davis Jr., Nobelist Who Caught Neutrinos, Dies at 91“, „The New York Times“, 2 јуни 2006 (конс. 10 октомври 2007 г).
  2. 2,0 2,1 David B. Caruso. „Raymond Davis, who detected elusive solar particles, dies at 91“, „The Boston Globe“, 2 јуни 2006 (конс. 10 октомври 2007 г).
  3. Lande, Kenneth (октомври 2006 г). Obituary: Raymond Davis Jr. „Physics Today“ том  59 (10): 78–80. doi:10.1063/1.2387099. Bibcode2006PhT....59j..78L. http://scitation.aip.org/content/aip/magazine/physicstoday/article/59/10/10.1063/1.2387099. 
  4. „Comstock Prize in Physics“. National Academy of Sciences. http://www.nasonline.org/about-nas/awards/comstock-prize-in-physics.html. конс. 13 февруари 2011 г. 
  5. National Science Foundation – The President's National Medal of Science

Надворешни врски[уреди | уреди извор]