Стивен Чу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Почесен
Стивен Чу[1]
Professor Steven Chu ForMemRS headshot.jpg
12ти Министер за енергетика
На должноста
21 јануари 2009 – 22 април 2013
Претседател Барак Обама
Заменик Даниел Понман
Претходник Семјуел Бодман
Наследник Даниел Понман (активен)

Ернест Мониз

Лични податоци
Роден(а) 28 февруари 1948(1948-02-28)
Сент Луис, Мисури, САД
Партија Демократ[2][3]
Установа Рочерстерски универзитет
Калифорниски универзитет
Награди Нобелова награда за физика (1997)

Стивен Чу (кинески: 朱棣文, пинјин: Zhū Dìwén[4][5][6][7][8], трскр. Џу Дивен; 28 февруари 1948[9]) — американски физичар познат по своите истражувања во Беловите лаборатории и универзитетот Стенфорд за ладење и заробување на атомите во ласерска светлина, за што освоил Нобелова награда за физика во 1997 година заедно со неговите колеги Клод Коен Тануџи и Вилијам Даниел Филипс.

Чу работел како 12ти министер за енергетика на САД од 2009 до 2013 година. Кога бил избран за Министер за енергетика, Чу бил професор по физика и молекуларна биологија на Калифорнискиот универзитет, и директор на националната библиотека во Беркли, каде неговите истражувања[10][11][12] главно биле насочени кон проучувањето на биолошките системи.[13] На 1 февруари, 2013 година, најавил дека нема да биде министер за време на вториот мандат на претседателот Обама, за подоцна да даде оставка на 22 април, 2013 година. [14][15][16]

Чу е гласен поборник за повеќе истражувањата во обновливите извори на енергија и нуклеарната енергија, тврдејќи дека запоставувањето на фосилните горива е од суштинско значење во борбата против климатските промени.[17][18][19] На пример, тој осмислил глобална „гликозна економија“, облик на нискојаглеродна економија, во која глукозата од тропските растенија се испорачува низ светот како што се тоа се прави денес со нафтата.[20]

Образование и младост[уреди | уреди извор]

Чу е роден во Сент Луис, Мисури,[21] со потекло од Љухе, Кина.[22] а матурирал во средното училиште „Гарден Сити“.[23] Тој во 1970 година се стекнал со диплома за уметности по математика и диплома за наука по физика на Рочестерскиот универзитет. Тој подоцна ја добива титулата Д-р по физика од Калифорнискиот универзитет Беркли, во 1976 година, за време кога тој бил поддржан од страна на Националната фондација за наука.[24]

Чу потекнува од семејство на научници. Неговиот татко, Џу Жуѓин, стекнал докторат по хемиско инжинерство од Масачусетскиот институт за технологија и предава во Вашингтон на Сентлуишкиот универзитет и Бруклинскиот политехнички институт, а неговата мајка студирала економија. Неговиот дедо, Ли Шутјен , се стекнал со диплома од универзитетот „Корнел“ и чичкото на мајка му, Ли Шухуа, за физички науки, студирал физика во Сорбона пред да се врати во Кина.[25] Постариот брат на Чу е професор по биохемија и медицина на Стенфорд. Неговиот помлад брат, Морган Чу, е партнер и поранешен соуправувач во адвокатска фирма.[26] Според Чу, неговите двајца браќа и четири роднини се стекнале со титули доктор на медицина, четири доктори на науки и еден правник.

Во 1997 година, тој се оженил со Жан Фетер, британка и физичар од Оксфорд.[21] Тој има два сина, Џефри и Михаил, од претходниот брак со Лиза Чу.[25]

Чу е заинтересиран за спортови како што се безбол, пливање и велосипедизам. Тој научил тенис, читајќи книга за спортот во осмо одделение. Тој, исто така научил скок со стап од бамбус, набавувајќи ги од месните продавници за ќилими. [25] [21]

Кариера и истражување[уреди | уреди извор]

Стивен Чу за време на предавањата

По добивањето на својот докторат, Чу остананува во Беркли како постдокторски истражувач во период од две години, пред да се вклучи во Беловите Лаборатори, каде што тој и неколку од неговите соработници добиваат Нобеловата награда за ласерското ладење. Тој ги напуштил Беловите лаборатории и станува професор по физика на Универзитетот „Стенфорд“ во 1987 година, [25] каде станува претседател на одделот за физика од 1990 година до 1993 година, и од 1999 до 2001 година. На универзитетот „Стенфорд“, Чу и тројца други соработници ја започнуваат програма Био-X, која се фокусира на меѓудисциплинарни истражувања во биологијата и медицината[27] и одиграла клучна улога во обезбедувањето на средствата за финансирање на Институтот за честична астрофизика и космологија.[28] Во август 2004 година, Чу беше назначен за директор на Лоренс Берклиевата национална лабораторија, лабораторија на министерство за национални енергетски лаборатории на САД, и се приклучил на одделот за физика и одделот за молекуларна и клеточна Биологија .[29] Под водство на Чу, Лоренс Берклиевата национална лабораторија е центар на истражување на биогорива и сончевата енергија.[17][29]

Првичното истражување на Чу е фокусирано на атомска физика преку развивање на техники на ласерско ладење на магнето-оптичко преклопување на атоми со користење на ласери. Тој и неговите соработници во Беловите лаборатории развиеле начин за ладење на атомот со примена на шест ласерски зраци во парови и наредени во три насоки под прави агли едни со други. Преклопувањето на атомите со овој метод им овозможува на научниците да ги проучуваат поединечните атоми со голема точност. Покрај тоа, оваа техника може да се користи за изградба на атомски часовници со голема прецизност.[30]

На Стенфорд, истражувачките интереси на Чу се прошируваат во биофизиката и полимерната физика. Ја изучувал активноста на ензимите и белковините и РНК преклопување користејќи техники како што се флуоресцентно-резонантениот пренос на енергија, атомската микроскопија и оптичките пинцети. Неговите истражувања на полимерната физика користат индивидуални ДНК молекули со цел да се изучи динамиката на полимерите и нивната фазни премини. Тој продолжил со истражувања во атомската физика, како и развивање на нови методи на ласерско ладење и преклопување.[31]

Награди[уреди | уреди извор]

Стивен Чу во 2014 година за време на говорот оддржан на тема климатските промени и употребата на енергијата.

Стивен Чу е добитник на Нобелова награда за физика во 1997 година за развој на методи за ласерско ладење и преклопување на атоми со ласерска светлина. Тој е член на Академија на науки на САД, и американската Академија на уметности, и надворешен член на Кинеската академија на науките, и Корејската академија за науки и инженерство.[32]Исто така бил награден со Хумболтовата награда од фондацијата „Александар фон Хумболт“ во 1995 година.

Чу добил почесен докторат од Бостонскиот универзитет, кога тој бил нивен главен говорник во 2007 година. [33] Списанието Дијабло му доделува на Еко награда во априлското издание во 2009 година,[34] кратко време откако тој бил номиниран за секретар за енергетика. Универзитетот „Вашингтон“ во Сент Луис и универзитетот Харвард му доделиле докторат. [35][36] Му била доделена почесна диплома и од Универзитетот „Јеил“ за време на доделувањето на дипломите во 2010 година. [37] Подоцна му била доделена почесна диплома од Политехничкиот институт на Универзитетот во Њу Јорк, истата институција во која неговиот татко предавал неколку години, во 2011 година за време на доделувањето на дипломите.[38] Пенсилванскиот државен универзитет му доделил почесен докторат за време на доделувањето на дипломите во 2012 година.[39] Во 2014 година, на Чу му била доделена почесна докторска титула од колеџот „Вилијамс“, [40]каде оддржал говор кој бил модериран од страна на професорот Протик Маџумдер.[41]Чу беше избран за странски член на Кралското друштво во 2014 година[42] Неговата номинација гласи:[43]

Развојот на методи за ласерско ладење и преклопување на атоми од страна на Стивен Чу беше награден со Нобеловата награда за физика во 1997 година, тој исто така е пионер во развојот на атомската интерферометрија за прецизност при мерењата и тој воведе нови методи за визуелизација и манипулација наединечни биомолекули заедно со оптички пинцети. Во текот на неговата кариера, тој бара нови решенија за предизвиците поврзани со енергијата или климата. Од јануари 2009 година до април 2013 година, тој беше 12-от американски секретар за енергетика во администрацијата на претседателот Барак Обама, и поведе напредно истражување во полето на енергетиката.[44]

Министерство за Енергетика[уреди | уреди извор]

Официјален портрет како министер за енергија
Средбата на Стивен Чу со претседателот Barack Обама на 5 февруари 2009 година.

Неговата номинација да биде министер за енергитика, едногласно беше потврдена од страна на Сенатот на САД на 20 јануари, 2009 година .[45] На 21 јануари 2009 година, Чу положи свечена заклетва како министер за енергетика, во администрацијата на Барак Обама. Чу е првиот човек назначен на САД кабинетот по добивање на Нобелова награда. [46] Тој е исто така вториот кинески американец член во администрацијата, по поранешниот секретар за труд Елејн Чао.[47]

Тој продолжил со својата научна работа, и подоцна го објавил својот труд за гравитационото црвено поместување [48] a и уште едно дело каде бил соавтор во јули 2010 година.[49][50]

Во март 2011 година Чу вели дека регулаторите во американската Нуклеарна регулаторната комисија не треба да го одложуваат одобрувањето на градежни дозволи за планираните американски нуклеарни централи во пресрет на нуклеарната катастрофа во Јапонија.[51]

Во август 2011 година Чу го пофали извештајот на советодавниот панел за контролирање на ризиците за испуштање на гасовите врз животната средина. Чу реагирал на извештајот на комисијата на хидрауличното разбивање, методот на контроверзно дупчење кој им овозможува на САД голем развој во полето на вадење на гас, но посотоела опасност од загадување на подземните води. Во извештајот се повикува на подобро собирање на податоци за воздухот и водата, како и „строги“ стандарди на загадувањето на воздухот и задолжително објавување на хемикалиите кои се користат во процесот на хидрауличното разбивање. [52]

На 1 февруари, 2013 година, Чу ја најави својата намера да поднесе оставка.[53] При објавата на неговата оставка, тој предупредува на опасностите од промената на климата поради понатамошната зависност од фосилните горива, и запишал,„ Каменото време не заврши зашто осанавме без камења туку преминавме на подобри решенија“.[54] Својата оставка ја поднесува на 22 април 2013 година. Моментално работи на Универзитетот „Стенфорд“, со екипа предводена од Ји Цуј професор по материјали и инженерство за развој на високоенергетска батерија со анода од литиум и катода од сулфур. [55]

Енергија и климатски промени[уреди | уреди извор]

Чу е гласен поборник за повеќе истражувања на обновлива енергија и нуклеарна енергија, тврдејќи дека оттргнувањето од фосилните горива е од суштинско значење во борбата против климатските промени и глобалното затоплување.[17][18][19] Чу изјавил дека една типична јаглена централа оддава 100 пати повеќе зрачење од една нуклеарна централа.[56]

Чу предупредил дека глобалното затоплување може да ги уништи калифорниските фарми во рамките на овој век. [57]

Тој се приклучува на Советот за климатски промени во Копенгаген, меѓународна соработка помеѓу бизнисот и науката со цел да се прошири свеста за време на Конференцијата за Климатски промени во 2009 година од страна на ОН во Копенхаген Данска.[58]

Чу имал главна улога во доставувањео на најповолна понуда за Институтот за енергија - проект финансиран со 500 милиони долари, во соработка помеѓу Калифорнискиот унивњерзитет, Лоренс Берклиевата лабораторија и Илиноишкиот универзитет. Ова предизвикало негодувања на Калифорнискиот универзитет, каде постоело стравување дека ова здружение може да му наштети на угледот на училиштето и на академскиот интегритет.[59][60][61][62]

Делумно базирано врз неговото истражување на Универзитетот Беркли, Чу претпоставува дека глобална глукозна економија, облик на нискојаглеродна економија, може да биде замена за сегашниот систем. Во иднина, посебни видови на високоглукозни растенија би се одгледувала во тропските предели, каде би се обработиле хемиски, а подоцна ќе бидат извезувани како што тоа се прави со нафтата денес.

Чу, исто така, се залага за обојување на покривите на зградите и покривите на патишта во светот со бела или друга светла боја, со што сончевата светлина би се одбила назад во вселената со што би се придонело за намалување на глобалното затоплување. Ефектот ќе биде, според Чу, сличен на тоа сите автомобили да би се отстраниле од патиштата во светот во период од 11 години. [20] Неговиот колега Семјуел Тернсторм, во американскиот институт за претприемништво и содиректор на проектот за геоинженерство изразил поддршка за идејата во The American величејќи го Чу за неговата идеја со која и прави услуга на нацијата.[63]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Chu, Steven was elected a fellow of the American Physical Society in 1986 for his contributions in atomic physics and laser spectroscopy, including the first observation of parity non-conservation in atoms, excitation and precision spectroscopy of positronium, and the optical confinement and cooling of atoms.
  2. Steven Chu's file. PolitiFact. Retrieved on 2012-02-04.
  3. http://www.iwatchnews.org/2012/02/13/8139/four-cabinet-members-willing-help-democratic-super-pacs
  4. „美国能源部长朱棣文“. Xinhua News Agency. 
  5. „前能源部长朱棣文 返史丹福大学执教“. Sina Corp. 
  6. „美国能源部部长朱棣文访问北大并与师生座谈“. Peking University. 
  7. „雷射的應用–捕捉原子與中性粒子“. National Science Council. 
  8. O'Shea, Jennifer L. (30 декември 2008 г). 10 Things You Didn't Know About Steven Chu; Steven Chu is President-elect Obama's pick for energy secretary. „U.S. News & World Report“ (Kerry F. Dyer). http://www.usnews.com/news/obama/articles/2008/12/30/10-things-you-didnt-know-about-steven-chu. посет. 17 декември 2012 г. 
  9. O'Shea, Jennifer L. (Декември 30, 2008 г). Steven Chu is President-elect Obama's pick for energy secretary. „U.S. News & World Report“ (Kerry F. Dyer). http://www.usnews.com/news/obama/articles/2008/12/30/10-things-you-didnt-know-about-steven-chu. посет. Декември 17, 2012 г. 
  10. Ashkin, A.; Dziedzic, J. M.; Bjorkholm, J. E.; Chu, S.. Observation of a single-beam gradient force optical trap for dielectric particles. „Optics Letters“ том  11 (5): 288. doi:10.1364/OL.11.000288. 
  11. Raab, E.; Prentiss, M.; Cable, A.; Chu, S.; Pritchard, D.. Trapping of Neutral Sodium Atoms with Radiation Pressure. „Physical Review Letters“ том  59 (23): 2631–2634. doi:10.1103/PhysRevLett.59.2631. PMID 10035608. 
  12. Chu, S.; Bjorkholm, J.; Ashkin, A.; Cable, A.. Experimental Observation of Optically Trapped Atoms. „Physical Review Letters“ том  57 (3): 314–317. doi:10.1103/PhysRevLett.57.314. Bibcode1986PhRvL..57..314C. 
  13. „Dr. Steven Chu, Secretary of Energy“. United States Department of Energy. конс. 2009-02-24. 
  14. Dixon, Darius. „Energy Secretary Steven Chu to resign“. Politico. конс. 1 February 2013. 
  15. Dalton, R. Steven Chu prepares for power. „Nature“ том  457 (7227): 241. doi:10.1038/457241a. PMID 19148062. 
  16. Service, R. F.. Steven Chu profile. Steering a national lab into the light. „Science“ том  315 (5813): 784. doi:10.1126/science.315.5813.784. PMID 17289971. 
  17. 17,0 17,1 17,2 H. Josef Hebert. „Energy secretary pick argues for new fuel sources“, 8 декември 2008 (посет. 9 ноември 2010 г).
  18. 18,0 18,1 Sarah Jane Tribble, 'Nuclear: Dark horse energy alternative,' Oakland Tribune, 2007-06-18.
  19. 19,0 19,1 Directors of DOE National Laboratories (August 2008). „A Sustainable Energy Future: The Essential Role of Nuclear Energy“ (PDF). Department of Energy. 
  20. 20,0 20,1 A scientist who is on tap, on top“, St. Petersberg Times, 26 јули 2009 (посет. 10 јануари 2010 г).
  21. 21,0 21,1 21,2 Bert Eljera. „Stanford Professor Steven Chu graduates to the rank of Nobel laureate“, AsianWeek, 23 октомври 1997 (посет. 16 декември 2008 г).
  22. Brendan John Worrell. „Steven Chu: US ready to lead on climate change“, ChinaDaily, 15 јули 2009 (посет. 15 јули 2009 г).
  23. Kathleen Kerr (2008-07-16). „They Began Here“. Newsday. конс. 2008-09-17. 
  24. „Steven Chu, 1997 Nobel Prize in Physics“. NSF-GRF. конс. 2009-01-25. 
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Tore Frängsmyr, уред (1998). „Steven Chu Autobiography“. The Nobel Prizes 1997. Les Prix Nobel. Stockholm: The Nobel Foundation. http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1997/chu-autobio.html. посет. 25 јуни 2007 г. 
  26. „Morgan Chu“. Irell & Manella. конс. 2008-12-16.  Text "Irell & Manella LLP" ignored (помош)
  27. „About Bio-X“. Stanford University. конс. 2009-02-27. 
  28. „Steven Chu named director of Lawrence Berkeley National Laboratory“. Stanford News Service. 2004-06-21. конс. 2009-02-24. 
  29. 29,0 29,1 Robert Sanders. „Obama chooses Nobelist Steven Chu as secretary of energy“, University of California, Berkeley, 15 декември 2008 (посет. 26 март 2009 г).
  30. „The Nobel Prize in Physics 1997“. Nobel Foundation. 1997-10-15. конс. 2009-03-13. 
  31. „Steven Chu“. University of California, Berkeley. конс. 2009-03-26. 
  32. „MIT World Speakers: Steven Chu“. Massachusetts Institute of Technology. конс. 2009-01-13. 
  33. „Commencement 2007: Address and Honorees“. Boston University. конс. 2009-01-25. 
  34. Diablo Eco Awards Diablo Eco Awards. Diablo magazine April 2009
  35. „Five to receive honorary degrees“. Washington University. 
  36. „Ten honorary degrees awarded at Commencement“. [arvard University. 
  37. Finnegan, Leah. „Celebs Converge At Yale's Graduation Ceremony (PHOTOS)“, „Huffington Post“, 24 мај 2010.
  38. „U.S. Secretary of Energy to speak at May 5 commencement ceremony“. The Pennsylvania State University. конс. 2012-04-26. 
  39. „U.S. Secretary of Energy to speak at May 5 commencement ceremony“. The Pennsylvania State University. конс. 2012-04-26. 
  40. Williams College (19 март 2014). "Williams College Announces its 2014 Honorary Degree Recipients". Соопштение за печат.  посет. 11 јуни 2014 г
  41. Williams College (19 март 2014). "Williams College Announces its 2014 Honorary Degree Recipients". Соопштение за печат.  посет. 11 јуни 2014 г
  42. https://royalsociety.org/people/steven-chu-11224/
  43. https://royalsociety.org/people/steven-chu-11224/
  44. „Professor Steven Chu ForMemRS“. London: The Royal Society. Архивирано од изворникот на 2014-12-24. 
  45. Nicholas Johnston. „Senate Confirms Seven Obama Nominees, Delays Clinton“, Bloomberg L.P., 20 јануари 2009 (посет. 25 јануари 2009 г).
  46. Jake Tapper (2008-12-11). „A Nobel Prize Winner in the Cabinet“. ABC News. конс. 2009-03-23. 
  47. Sky Canaves. „Commerce Nominee a Locke In China“, The Wall Street Journal, 26 февруари 2009 (посет. 23 март 2009 г).
  48. Müller, H.; Peters, A.; Chu, S.. A precision measurement of the gravitational redshift by the interference of matter waves. „Nature“ том  463 (7283): 926–9. doi:10.1038/nature08776. PMID 20164925.  According to Nature he worked on this "during nights, weekends and on planes – after putting in 70–80 hours a week as energy secretary"
  49. Borestein, Seth. „Energy secretary's hobby is nano science“, „MSNBC“, 7 јули 2010 (посет. 12 јули 2010 г).
  50. Pertsinidis, A.; Zhang, Y.; Chu, S.. Subnanometre single-molecule localization, registration and distance measurements. „Nature“ том  466 (7306): 647–51. doi:10.1038/nature09163. PMID 20613725. 
  51. Japan crisis should not delay new U.S. reactors: Chu“, „Reuters“, 15 март 2011.
  52. Geman, Ben (2011-08-18). „Chu vows to ‘chart a path’ for safe gas drilling“. Thehill.com. конс. 2012-01-26. 
  53. „Energy Secretary Steven Chu to resign“. Politico. конс. 1 February 2013. 
  54. „Letter from Secretary Steven Chu to Energy Department Employees“. energy.gov. конс. 17 November 2013. 
  55. Economist September 13, 2014
  56. Steven Chu: ‘Coal is My Worst Nightmare’, Wall St. Journal, December 11, 2008
  57. Romm, Joe (2009-02-09). „Steven Chu’s full global warming interview: "This is a real economic disaster in the making for our children, for your children.". Climateprogress.org. конс. 2012-01-26. 
  58. „Councillors: Steven Chu“. Copenhagen Climate Council. конс. 2008-12-11. 
  59. Dalton, R.. Berkeley's energy deal with BP sparks unease. „Nature“ том  445 (7129): 688–689. doi:10.1038/445688b. 
  60. „Physicist Searches for Alternative Fuel Technologies“. Public Broadcasting Service. 2007-05-02. конс. 2008-12-16. 
  61. Angel Gonzalez. „BP Berkeley Venture Means Big Money, Big Controversy“, City of Berkeley, Central Administrative Offices, 14 мај 2007 (посет. 16 декември 2008 г).
  62. Goldie Blumenstylk. „TV's Take on the Influence of Big Oil“, The Chronicle of Higher Education, 28 септември 2007 (посет. 16 декември 2008 г).
  63. Thernstrom, Samuel. „White Makes Right? Steven Chu’s Helpful Idea“, The American (magazine), 5 јуни 2009 (посет. 10 јануари 2010 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:


Политички функции
Претходник
Семјуел Бодман
Министер за енергетика на САД
2009–2013
Наследник
Даниел Понман
активен