Рајнер Вајс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рајнер Вајс
Rainer Weiss
Rainer Weiss - December 2006.jpg
Рајнер Вајс во 2006 година
Роден29 септември 1932 (1932-09-29) (87 г.)
Берлин, Вајмарска Република
ЖивеалиштеСАД
ПолињаФизика
Ласерска физика
Експериментална физика
УстановиМасачусетски технолошки институт
Образование
Теза„Штарков ефект и хиперфина структура на флуороводородот“ (1962)
Докторски менторЏеролд Захаријас
Поважни награди

Рајнер Вајс (германски: Rainer Weiss); (Берлин, 29 септември 1932) - американски физичар од германско потекло на полето на гравитационата физика и астрофизиката. Во 2017 година ја добил Нобеловата награда за физика заедно со Кип Торн и Бери Бериш за „решителниот придонес за ЛИГО детекторот и опсервациите на гравитационите бранови“[1][2][3][4].

Животопис[уреди | уреди извор]

Рајнер Вајс е роден на 29 септември 1932 година во Берлин, Вајмарска Република (денешна Германија) од мајка Гетруда Леснер и татко Фредерик А. Вајс[5][6]. Неговата мајка, христијанка, била глумица[7]. Неговиот татко, физичар, невролог и психоаналитичар бил протеран од Германија од нацистите бидејќи имал еврејско потекло и бил активен член на Комунистичката партија на Германија. Семејството прво побегнало во Прага, а по германската окупација на Чехословачка во 1938 година, во САД[8].

Образование[уреди | уреди извор]

Вајс младоста ја поминал во Њујорк каде го завршил средното образование. Студирал на МТИ, при што изгубил првата година[9] и дипломирал во 1955 година . Таму и докторирал во 1962 година, а ментор му бил Џеролд Захаријас.

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Меѓу неговите награди се:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "The Nobel Prize in Physics 2017". The Nobel Foundation. 3 October 2017. Посетено на 3 October 2017.
  2. Rincon, Paul; Amos, Jonathan (3 October 2017). "Einstein's waves win Nobel Prize". BBC News. Посетено на 3 October 2017.
  3. Overbye, Dennis (3 October 2017). "2017 Nobel Prize in Physics Awarded to LIGO Black Hole Researchers". The New York Times. Посетено на 3 October 2017.
  4. Kaiser, David (3 October 2017). "Learning from Gravitational Waves". The New York Times. Посетено на 3 October 2017.
  5. Weiss CV at mit.edu
  6. "MIT physicist Rainer Weiss shares Nobel Prize in physics". MIT News. October 3, 2017.
  7. "Rainer Weiss Biography" (PDF).
  8. Oral Histories
  9. Meet the College Dropout who Invented the Gravitational Wave Detector Adrian Cho Science 4 August 2016