Џозеф Хутон Тејлор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џозеф Хутон Тејлор
2008JosephTaylor.jpg
Роден 29 март 1941 (1941-03-29) (77 г.)
Филаделфија, Пенсилванија
Националност Американец
Полиња Физика
Установи Принстон
Масачусетски универзитет
Петколеџна радиоастрономска опсерваторија
Образование колеџ Хејвефорд
Харвард
Познат по Пулсари
Поважни награди Хајнеманова награда (1980)
Драперов медал (1985)
Магеланова награда (1990)
Картиева награда (1991)
Волфова награда (1992)
Нобелова награда за физика (1993)

Џозеф Хутон Тејлор (англиски: Joseph Hooton Taylor, Jr.; 29 март 1941) — американски астрофизичар и добитник на Нобелова награда за физика заедно со Расел Алан Халс за откривањето на „новиот вид на пулсар, откритие кое создало многу можности за изучување на гравитацијата.“

Биографија[уреди | уреди извор]

Тејлор е роден во Филаделфија како дете на Џозеф Хутон Тејлор, и Силвија Еванс Тејлор, при што и двајцата имале квекерски корени низ повеќе генерации, и израснал во Синаминсон Тауншип, Њу Џерси. Тој се образувал во месното училиште, каде покажал талент за математика.[1] Тој дипломирал физика на колеџот Хејвенфорд во 1963 година, и доктор по филозофија на астрономијата при Харвард во 1968 година. По кусото истражувачко место на Харвард, Тејлор заминал на Масачусетскиот универзитет, по што станал професор по астрономија и помошник директор на Петколеџнаta радиоастрономска опсерваторија. Тејлоровата докторска теза била на тема мерења на месечевата окултација. Во периодот кога го завршил својот докторат, Џоселин Бел го открила првиот радио пулсар со телескопот во близина на Кембриџ, Англија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Тејлор веднаш заминал во Националната радиоастрономска опсерваторија да работи на телескопите Грин Бенк, Западна Вирџинија, и учествувал во откривањето на првите пулсари кои биле откриени надвор од Кембриџ. Одтогаш, тој работел на сите аспекти на пулсарната астрофизика. Во 1974 година, Халс и Тејлор го откриле првиот пулсар во двоен систем, именуван PSR B1913+16 по неговата местоположба на небото, за време на една потрага по пулсари во опсерваторијата Аресибо во Порторико. Иако истиот не бил целосно согледан во тој период, ова бил исто така првиот од т.н рециклирани пулсари: неутронски ѕвезди кој биле завртени толку брзо преку прносот на маса на површината од страна на придружната ѕвезда.

Орбитата на двојниот систем постепено се намалува како што ја губи енергијата поради оддавањето на гравитационо зрачење, што предизвикува орбиталниот период да се забрзува постепено. Чекорот на смалувањето може прецизно да се предвиди преку Ајнштајновата општа теорија за релативноста, и за време на период од тридесет години Тејлор и неговите колеги извршиле мерења кои се поклопувале со предвидувањата со прецизност со отстапување помало од 1%. Ова било првото потврдување на постоењето на гравитационото зрачење. Денес се познати повеќе двојни пулсари, и независните мерења ги потврдиле резултатите добиени од страна на Тејлор.

Тејлор го употребил овој прв двоен пулсар за да изврши високопрецизни опити за точноста на општата релативност. Работејќи со неговиот колега Џоел Вајзберг, Тејлор ги искористил овие набљудувања на пулсарот за да го претстави постоењето на гравитационото зрачење во количеставата и со својствата првично предвидени од Алберт Ајнштајн. Тој и Расел Алаен Халс ја поделиле Нобеловата награда за физика за откривањето на овој објект. Во 1980 година, тој се вработил на Принстон, каде бил угледен универзитетски професор по физика, каде служел шест години како декан. Тој се пензионирал во 2006 година.

Аматерско радио[уреди | уреди извор]

Тејлор првично својата дозвола за аматерско радио ја добил кога бил тинејџер, што го навело да работи на полето на радиоастрономијата. Тејлор е добро познат во полето на слабосигналната аматерска радио комуникација со доделен повиковен знак K1JT од страна на Федералната комисија за комуникации (FCC). Пертходно тој ги имал ознаките K2ITP, WA1LXQ, W1HFV, и VK2BJX (последната во Австралија).[2] Неговите аматерски радиски достигнувања вклучуваат и организирање на настан во април 2010 година каде со употреба на радиотелескопот во Аресибо за да се извршат одбивање на радиосигнали од Месечината со аматерите ширум светот користејќи глас, Морзеова азбука, и дигитални сигнали.

He wrote several computer programs and communications protocols, including WSJT ("Weak Signal/Joe Taylor"), a software package and protocol suite that utilizes computer-generated messages in conjunction with radio transceivers to communicate over long distances with other amateur radio operators. WSJT is useful for passing short messages via non-traditional radio communications methods, such as moonbounce and meteor scatter and other low signal-to-noise ratio paths. It is also useful for extremely long-distance contacts using very low power transmissions.

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Тејлор бил меѓу првата група на Мекартурови стипендисти. Тој служел во многу одбори, комитети и дискусии, ководејќи ја Декаделовата дискусија која го создала извештајот Астрономијата и астрофизиката во новиот милениум кој ги воспоставил националните приоритети на САД во полето на астрономијата и астрофизиката за периодот од 2000 до 2010 година. Тој бил почесен гостин на меѓународната олимпијада по физика во 2009 година.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Seife, Charles. "Spin Doctor: Nobel Physicist Joseph Taylor Takes the 'Pulse' of Dying Stars", Princeton Alumni Weekly, October 11, 1995. Accessed October 26, 2007. "Born in Philadelphia in 1941, he grew up on a peach farm in Cinnaminson, New Jersey, that has been in his family for more than two centuries -"a plot of green," he recalls, in the industrial belt along the Delaware River north of Camden.... As a high school student at Moorestown (N.J.) Friends, Taylor excelled in mathematics, a subject he pursued at Haverford College before switching to physics."
  2. Moonbounce at Arecibo, 22 November 2010, J.H. Taylor K1JT et al., accessed 18 January 2011
  3. „Book of Members, 1780-2010: Chapter T“. American Academy of Arts and Sciences. http://www.amacad.org/publications/BookofMembers/ChapterT.pdf. посет. 15 април 2011 г. 
  4. „Henry Draper Medal“. National Academy of Sciences. http://www.nasonline.org/about-nas/awards/henry-draper-medal.html. посет. 24 февруари 2011 г. 
  5. „John J. Carty Award for the Advancement of Science“. National Academy of Sciences. http://www.nasonline.org/site/PageServer?pagename=AWARDS_carty. посет. 24 февруари 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]