Џејмс Франк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џејмс Франк
James Franck.jpg
Роден 26 август 1882(1882-08-26)
Хамбург, Германско царство
Починал 21 мај 1964(1964-05-21) (воз. 81 г.)
Гетинген, Западна Германија
Националност Германија Германец
Полиња Физика
Установи Берлински универзитет
Гетингенски универзитет
Универзитет Џонс Хопкинс
Чикагиски универзитет
Образование Хајделбершки универзитет
Берлински универзитет
Докторски ментор Емил Варбург
Докторанди Вилхелм Ханле
Артур Р. фон Хипел
Теодор Пак
Познат по Франк-Кондонов принцип
Франк-Херцов експеримент
Поважни награди Нобелова награда за физика (1925)
Медал „Макс Планк“ (1951)

Џејмс Франк (германски: James Franck 26 август 188221 мај 1964) бил германски физичар и нобеловец.

Биографија[уреди | уреди извор]

Франк бил Евреин, неговите родители биле Џејкоб Франк и Ребека Накум Дракер. Неговиот филозофски докторат го завршил во 1906 и се здобил со хабилитација, за физика во 1911, во Берлинскиот универзитет предавал и подучувал сè до 1918, достигнувајќи ја позицијата на несекојдневен професор.

Франк доброволно служел во германската армија за време на Првата светска војна. Бил сериозно ранет во 1917 при гасен напад и бил награден со првокласен Железен крст. Франк станал лидер на физичарската дивизија на Кајсер Вилхелмовиот институт за физичка хемија. Во 1920, Франк станал професор по експериментална физика и директор на вториот институт за експериментална физика во Гетингенскиот универзитет. Додека таму работел на квантната физика со Макс Борн, директор на институтот за теоретска физика.

Во 1925, Франк бил награден со Нобелова награда за физика, најмногу од сè поради неговата работа во 1912-1914, вклучувајќи го Франк-Херцовиот експеримент, важна потврда на боровиот модел на атомот.

Во 1933, по доаѓањето на Нацистите на власт, Франк, како Евреин, поднел оставка од неговата позиција во Германија во писмо кое го испратил до печатот за објава.[1] Тој му асистирал на Фредерик Линдерман во помошта на отпуштените еврејски научници за наоѓање на работа во странство, пред да ја напушти Германија во ноември 1933 за да продолжи со истражување во САД, прво во Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор (Мериленд), па потоа, по една година во Данска, во Чикаго. Токму тогаш тој станал дел од проектот Менхетен за време на Втората светска војна, бил директор на хемичарската дивизија во металуршката лабораторија[2] во Чикагискиот универзитет. Тој исто така бил директор на комитетот за политички и социјални проблеми во врска со атомската бомба, комитетот се состоел од него и други научници во металуршката лабораторија, меѓу кои Доналд Хјуз, Џејмс Никсон, Јуџин Рабинович, Глен Сиборг, Стернс и Лео Силард. Комитетот бил најпознат по компилацијата на френковиот извештај, завршен на 11 јуни 1945, кој барал да не бидат употребени атомски бомби врз јапонските градови, врз основа на проблемите кои биле резултат на такво воено барање.

При крајот на војната, спротиставувајќи се на употребата на атомските бомби тој се посветил на проучување на фотосинтезата.

Кога Нацистичка Германија ја окупирала Данска во Втората светска војна, унгарскиот хемичар Ѓерѓ де Хевеши ги претопил нобеловите награди на Макс фон Лауе и Јејмс Франк во „кралска вода“ за да не ги украдат Нацистите. Тој го поставил крајното решение на полица во неговата лабораторија во Нилс Боровиот институт. По војната, тој се вратил за да го најде решението недопрено и го одвоил златото од киселината. Подоцна нобеловото друштво ги преформулирало нобеловите награди со оригиналното злато.[3]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Во 1946 Франк се оженил за Херта Спонер, неговата поранешна асистентка во Гетинген. Тој одненадеж починал во 1964 при посетата на Гетинген.[4]

Од религиска гледна точка, Франк велел дека науката е негов Бог и природата негова религија.[5]

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Џејмс Франк, Чикаго 1952
  • 1917: Железен крст, 1-ва класа
  • 1925: Нобелова награда за физика Наградата ја споделил со Густав Херц, доделена „за нивното откривање на законите во врска со влијанието на електронот врз атомот
  • 1951: Медал „Макс Планк“ на германското друштво на физичари
  • 1953: Почесен граѓанин на Гетинген
  • 1955: Рамфордов медал на американската академија за наука и уметност - За неговата работа окулу фотосинтезата
  • 1964: Избран за странски член на кралското друштво на Лондон[6] за неговиот допринос за разбирање на размената на енергија при електронските судири, за објаснување на молекуларниот спектар и проблемите на фотосинтезата

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Medawar & Pyke. Page 138.
  2. The Metallurgical Laboratory – known as the Met Lab – was one of four main sites working on the Manhattan Project. The other three were Los Alamos Scientific Laboratory, Oak Ridge National Laboratory, and Hanford Site.
  3. "Adventures in radioisotope research", George Hevesy
  4. See this site at Duke University.
  5. David Nachmansohn (1979). German-Jewish pioneers in science, 1900-1933: highlights in atomic physics, chemistry, and biochemistry. Springer-Verlag. стр. 62. ISBN 9780387904023. „James Franck was born in Hamburg, the son of a Jewish banker. ...As he said, science was his God and nature his religion. He did not insist that his daughters attend religious instruction classes (Religionsunterricht) in school. But he was very proud of his Jewish heritage...“ 
  6. doi:10.1098/rsbm.1965.0004
    Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно

Надворешни врски[уреди | уреди извор]