Ентони Хјуиш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ентони Хјуиш
Роден11 мај 1924 (1924-05-11) (94 г.)
Фовеј, Корнвол, Англија
НационалностОбединето Кралство Британец
ПолињаРадиоастрономија
ОбразованиеТаунтонски кралски колеџ
Колеџ "Gonville and Caius" (Кембриџ)
Кавендишка лабораторија во Кембрички универзитет
Познат поПулсари
Поважни наградиХјузов медал (1977)
Нобелова награда за физика (1974)
Едингтонов медал на Кралското астрономско друштво (1969)
Потпис

Ентони Хјуиш (англиски: Antony Hewish 11 мај 1924) e британски радиоастрономер кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1974 (заедно со колегата радиоастрономер Мартин Рајл) за работата окулу пронаоѓањето на радиосинтезна апература и неговата улога во откривањето на пулсарите. Исто така бил награден и со Едингтонов медал на Кралското астрономско друштво во 1969.

Рани години[уреди | уреди извор]

Се образувал во Таунтонскиот кралски колеџ. Неговите постдипломски студии во колеџот "Gonville and Caius" (Кембриџ), биле попречени од воените служби во истражувачкото воспоставување "Royal Aircraft Establishment" и "Telecommunications Research Establishment" каде работел со Мартин Рајл. Враќајќи се во Кембриџ во 1946, Хјуиш дипломирал и истовремено се придружил на рајловиот истражувачки тим во кавендишката лабораторија, а докторирал во 1952. Хјуиш направил честичен и теориски напредок во набљудувањето и експлоатацијата на очигледните светкања на радио изворите како резултат на нивното зрачење на слики на плазмата. Ова го довело до предложување и сигурно финансирање за конструкција на меѓупланетарната светлосна низа, голема низа на радиотелескопи во милардската радиоастрономска опсерваторија (MRAO) во Кембриџ за да однесе високовременска радиорезолуциска анкета од меѓупланетарната светлина.

Нобелова награда[уреди | уреди извор]

Во текот на оваа анкета, еден од неговите дипломирани студенти, Џослин Бел Бернел, открил радио извор кој бил познат како првиот пулсар. Документот во кој бил објавен овој пронајдок имал пет автори, името на Хјуиш било прво на листата, а на Бел било второ. Хјуиш и Мартин Рајл биле наградени со Нобелова награда за физика во 1974. Нобеловата награда на Рајл и Хјуиш, без вклученост на Бел како кодобитник, била контроверзна и била строго осудена од колегата на Хјуиш, астрономерот Фред Хојл. Сега светски познато е дека раководителот на секторот и супервизорот на Џослин Бел „ја добиле Нобеловата награда за физика за откритие кое всушност било нејзино. Некои луѓе Нобеловата награда ја нарекуваат Не-Бел бидејќи толку силно сметаат дека наградата требала да биде споделена со Џослин Бел Бернел.“[1] Покрај ова, сеедно, по доделувањето на наградата на Хјуиш и Рајл, на интервју со „Cosmic Search (Вселенска истрага)“ Бел го изјавила следново:

„Било предложено дека требало јас да имам дел од Нобеловата награда доделена на Тони Хјуиш за откривање на пулсарите. Има неколку работи окулу ова кои би сакала да ги појаснам: Прво, демаркацијата на спорови помеѓу студент и супервизор секогаш е неедноставна, речиси невозможно е да се реши. Второ, супервизорот е тој кој има одговорност за успехот или неуспехот на проектот. Сретнуваме случаи каде супервизорот го обвинува студентот за неуспех, но знаеме дека тоа е огромна вина на супервизорот. Мене ми изгледа фер тоа дека треба тој да профитира од успехот. Трето, јас мислам дека Нобеловата награда ќе го изгуби своето значење ако се доделува на студенти, освен при поголеми исклучоци, но јас не верувам дека во овој случај се работи за тоа. Последно, јас лично не сум вознемирена окулу тоа, на крајот на краевите, јас сум во добра компанија, нели?!“[2]

Последователна кариера[уреди | уреди извор]

Хјуиш бил професор по радиоастрономија во кавендишката лабораторија од 1971 до 1989 и начелник на милардовата радиоастрономска опсерваторија (MRAO) од 1982 до 1988. Бил направен за соработник на Кралското друштво во 1968. Тој се здружил со Кралската институција во Лондон кога било наредено од Сер Вилијам Лоренс Брег. Во 1965 бил поканет да биде дел од доделувањето на божиќните предавања на кралската институција за „Истражување на вселената“. Тој последователно одржал ноќни петочни дебати[3] и бил професор во кралската институција во 1977.[4][5]

Хјуиш е соработник со черчиловиот колеџ во Кембриџ. Тој исто така е член на советничкиот конзулат на кампањата за наука и инженерство.[6]

Награди и почести[уреди | уреди извор]

Хјуиш има почесни дипломи од шест универзитети меѓу кои Манчестер, Екстер и Кембриџ. Тој е странски член на белгиската кралска академија и американската академија на уметностите и науките. Негови поважни награди се:[4]

Религиозни погледи[уреди | уреди извор]

Хјуиш сметал дека религијата и науката се комплементарни. Во предговорот на Прашања на вистината Хјуиш напишал:

„Сенишното присуство на виртуелните честички пркоси на рационалнозрдавиот разум и е неинтуитивна за тие кои се незапознати со физиката. Религиозната верба во Бог и христијанското верување ... можеби е чудно за разионалното размислување. Но кога повеќето основни физички работи се однесуваат на овој начин, треба да сме спремни да прфатиме дека најдлабоките аспекти на нашето постоење се надвор од нашето свесно разбирање.“[8]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Тој се оженил со Мерџори Ричардс во 1950 и имале еден син.

Библиографија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. BBC Radio 4 – The Life Scientific, Dame Jocelyn Bell Burnell. Bbc.co.uk (25 October 2011). Retrieved on 27 July 2012.
  2. Cosmic Search Issue 1 (Volume 1 Number 1, January 1979). NAAPO. Retrieved on 7 June 2012.
  3. Autobiography. Nobelprize.org (11 May 1924). Retrieved on 27 July 2012.
  4. 4,0 4,1 Who's Who 2009 p. 1072
  5. but according to a search of the Royal Institution website he was Professor of Astronomy during 1976–1981
  6. "Advisory Council of the Campaign for Science and Engineering". конс. 11 February 2011. 
  7. "Franklin Laureate Database – Albert A. Michelson Medal Laureates". Franklin Institute]. конс. 15 јуни 2011. 
  8. J. C. Polkinghorne; John Polkinghorne; Nicholas Beale (16 January 2009). Questions of Truth: Fifty-One Responses to Questions about God, Science, and Belief. Westminster John Knox Press. стр. 12. ISBN 978-0-664-23351-8. http://books.google.com/books?id=jiXANZ1CPD4C. посет. 27 јули 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]