Контроверзии поврзани со Нобеловата награда

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Контроверзиите поврзани со Нобеловата награда се некои спорни расправи кои се однесуваат на Нобеловата награда.

За наградата[уреди | уреди извор]

Нобеловите награди се серија од награди кои постхумно биле воведени како завештание на Алфред Нобел (1895 година). Во моментов тие се доделуваат на личности и организации кои дале придонос за човештвото во областа на физика, хемија, физиологија или медицина, литература и за мир. Одредени значајни примарни области на човековото интелектуално настојување, како што е математиката, филозофијата и општествените истражувања се исклучени од Нобеловите награди. Банката на шведската награда за економски науки во сеќавање на Алфред Нобел е поврзана со Нобеловата награда. Кога Јакоб фон Уекскул ѝ пристапил на Нобеловата фондација со предлог да се основаат уште две нови награди за заштита на животната средина и животот на сиромашните, тој бил одбиен. Тој тогаш ја основал Соодветната егзистенцијална награда, која понекогаш се нарекувала "Алтернативна Нобелова награда". Нова награда - еквивалент на Нобеловата награда, која била создадена специјално за математика, Абелова награда стапила насила во 2003 година.

По доделувањето на првата Нобелова награда во 1901 година, церемонијата, номинациите, наградените и исклучоците предизвикаа критики и поттикнаа контроверзии.

Развивањето на награда-еквивалент на Нобеловата награда за економија во 1969 година, Нобеловата меморијална награда за економски науки, поттикна повеќе расправи за основаноста, ефикасноста и применливоста на оваа награда од која било друга категорија на Нобеловата награда. Друга награда, Нобеловата награда за литература, со текот на годините исто така наиде на мноштво контроверзни критики и ограничувачки прашања, како што и оригиналните зборови на самиот Нобел во врска со Нобеловата награда за литература поттикнаа низа на наводни преосмислени толкувања.

Контроверзни исклучоци[уреди | уреди извор]

Физика[уреди | уреди извор]

Џулиелмо Маркони добил Нобелова награда за неговата работа на радиото во 1909 година, иако Националниот институт за патенти на САД првично му го доделил патентот на Никола Тесла, враќајќи се на одлуката во корист на Маркони во 1904 година, а потоа повторно донесувајќи одлука во корист на Тесла во 1942 година. Томас Едисон и Тесла биле спомнати како потенцијални лауреати во 1915 година, меѓутоа денес се верува дека поради нивното непријателство ниеден од нив никогаш не ја добил наградата, и покрај нивните огромни научни придонеси. Постојат одредени показатели кои укажуваат на тоа дека и двајцата се обидувале меѓусебно да си ги минимизираат достигнувањата и правото да ја освојат наградата; дека и двајцата одбиле да ја прифатат наградата доколку другиот прв ја добие; и дека и двајцата ја исклучиле секоја можност да ја поделат наградата – како што се гледа од озборувањата по весниците во тоа време. Тесла имал поголема финансиска потреба за наградата отколку Едисон; во 1926 година тој банкротирал.

Чунг–Јао Чао бил првата личност која фаќала позитрони преку електрон-позитронската анихилација како дипломец на Калифорнискиот институт за технологија во 1930 година, но тој всушност и не открил што се тие во суштина. Карл Дејвид Андерсон, кој ја добил Нобеловата награда за физика за откривање на позитронот во 1936 година, го користел истиот радиоактивен извор на ториум карбид (ThC) како и Чао. Подоцна во неговиот живот, Андерсон признал дека Чао всушност бил инспирацијата за неговото откритие: истражувањето на Чао ја создало главната основа од која главно се развивала сопствената работа на Андерсон. Чао починал во 1998 година, и не ја доживеал честа да го подели признанието за Нобеловата награда.

Енрико Ферми добил Нобелова награда за физика во 1938 година за „неговите демонстрации за постоење на нови радиоактивни елементи произведени по пат на неутронско осветлување". Сепак, во овој случај, се покажа дека наградата е предвремено доделена: Ферми верувал дека тој создал трансураниумови елементи (поточно Хеспериумот), меѓутоа тој всушност несвесно демонстрирал нуклеарна фисија (и всушност создал продукти на фисијата - изотопи на многу полесни елементи од ураниумот). Откритието дека толкувањето на Ферми било неточно се случило набрзо откако тој ја примил наградата.

Лиз Мејтнер дала директен придонес за откривањето на нуклеарната фисија во 1939 година, но не добила Нобелово признание. Всушност тоа не било откритие на Ото Хан, туку таа прва ја открила фисијата, откако биле анализирани собраните експериментални податоци и откако успешно бил вметнат моделот на ликвидна капка на Бор (првично спомнат од Џорџ Гејмоу) во неговата теоретска основа, а со учество на Ото Роберт Фриц: Нилс Бор всушност и двајцата ги номинирал за Нобелова награда за физика за оваа работа, и покрај неговата препорака Нобеловата награда за хемија да му се даде на Хан. Случајот особено служел како интересен контраст во однос на Нобеловите ослободувања на Луј, седмиот војвода Де Бројл (1929 година) (принцот Де Бројл се сметал за дилетант во физиката), и за начините на кои Нобеловиот комитет им дал тежина и пресудил помеѓу машките и женските придонесувачи и нивната работа. Хан и Мејтнер исто така преку претходна соработка, независно откриле нов хемиски елемент (протактиниум). Постоеше и трет помлад придонесувач, Фриц Штрасман, кој не бил вклучен во наградата. Во негова одбрана, Хан бил под силен притисок од страна на нацистите да ја минимизира улогата на Мејтнер поради фактот што таа била Еврејка. Но тој ја задржал оваа позиција дури и по војната.

Иако бразилскиот физичар Сесар Латез бил главниот истражувач и првиот автор на историската статија во Научното списание за природата опишувајќи ја субатомската честичка месон пи (пион), неговиот шеф на лабораторија, Сесил Пауел, бил награден со Нобелова награда за физика во 1950 година за „неговото развивање на фотографски метод за проучување на нуклеарните процеси и неговите откритија кои се однесуваат на мезоните кои се добиваат токму со овој метод"; и покрај фактот што всушност Латез е оној кој е одговорен за унапредувањето на нуклеарната емулзија која Пауел ја искористил (барајќи од компанијата Кодак да додава повеќе бор во неа, па така во 1947 година тој заедно со нив го постигнал неговото огромно експериментално откритие). Причината за ваквото очигледно запоставување е тоа што до 1960 година политиката на Нобеловиот комитет била Нобеловата награда да се доделува само на главниот раководител на истражувачките групи. Латез исто така е одговорен и за пресметувањето на масата на пионот и заедно со американскиот физичар Јуџин Гарднер го прикажале постоењето на оваа честичка после атомски судири во синхротрон. Повторно се случило Гарднер биде одбиен за Нобелова награда затоа што тој починал набрзо потоа, а постхумни номинации за Нобелова награда не се дозволени.

Во 1956 година наградата им беше доделена на Бардин, Шокли и Бретн за нивното откривање на транзисторот, затоа што Нобеловиот комитет не признал бројни претходни пријавувања за патент. Уште во 1928 година, Џулиус Едгар Лилиенфелд патентирал неколку модерни видови на транзистори. Во 1934 година, Оскар Хејл патентирал транзистор со ефект во поле. Нејасно е дали тие навистина создале такви уреди, но тие навистина им предизвикале проблеми при патентирањето на нивните следбеници. Дополнително на тоа, Херберт Ф. Матаре и Хајнрих Вокер, во 1948 година во Вестингхаус во Париз, се пријавиле за добивање патент за засилувач кој бил заснован врз процесот на сосема мало внесување на радиобран. Матаре прво ги набљудувал ефектите на трансспроводливост за време на производството на германиумови дуодиоди за германската радарска опрема за време на Втората светска војна.

Џорџ Сударшан и Роберт Маршак првично во 1957 година ја изготвиле успешната V-A (вектор минус аксијален вектор, или леворачно) теорија за слаби меѓусебни дејствувања. Тоа е главно истата теорија врз која било работено подоцна како врз „математичко-физичка белешка“, без каква било поткрепа на необработени експериментални податоци во врска со структурата на слабото меѓусебно дејствување од страна на Ричард Фејнмен и Мари Гел-Ман. И двајцата се запознале со резултатите на групата нивни претходници по пат на нивни меѓусебни неформални општења, меѓутоа никаде во нивниот заеднички труд кој следел не спомнале некакви формални заслуги за изумителите на теоријата, со исклучок на некои неформални загатнувања. Денес на запад теоријата е позната само како Фејнмен-Гел-Манова теорија. V-A теоријата за слаби меѓусебни дејствувања во суштина претставува новооткриен закон на природата. Ова беше наметнато наспроти редицата на очигледни контрадикторни експериментални резултати, вклучувајќи неколку на Чен Сјунгву, иако тие исто така биле потпомогнати од малубројни други докази, како на пример муонот (откриен во 1936 година и кој самиот по себе имал живописна историја и кои би довеле до нова револуција во 21 век). Токму затоа што ваквото епохално достигнување беше испуштено од Нобеловата награда беше најизненадувачко нешто. V-A теоријата подоцна ги поставува темелите за електро теорија за слабо заемодејство. Џорџ Сударшан самиот ја гледал V-A теоријата како негова најдобра работа до тогаш. Подоцна, со унифицираната теоријата за електро слабите меѓусебни дејства од страна на Шелдон Глешоу, Абдус Салам и Стивен Вајнберг беше навестено дека ќе ја добијат Нобеловата награда за физика во 1979 година за „триумвиратот“. Сударшан-Маршак (или V-A теоријата) подоцна наишле на љубопитство и сомнежи при нивното оценување, особено по чудно заплетканите и понекогаш „забавно“-ситничавите недоразбирања, и тоа продолжува натаму како нешто „прекрасно“ од страна на Роберт Опенхајмер; а потоа претрпеа целосен пресврт, како последна очигледна „екцентричност“ како што и беше, кога беше дадена сосема спротивна оцена како „нецелосен“ и „нерафиниран“ од страна на Џон Грибин. Џорџ Сударшан во моментов го држи рекордот за жив кандидат кој бил номиниран најмногу пати за Нобелова награда, а кој досега не примил ниту една Нобелова награда.

Чен Сјунгву (позната под прекарот „Првата дама на физиката“) го докажа како неточен законот за зачувување на еднаквоста (1956 година) и била прв добитник на Волфовата награда за физика. Таа починала во 1997 година и не ја примила Нобеловата награда. Ву лично му асистирала на Цунг-Дао Ли во развојот на неговите закони за еднаквост заедно со Чен Нинг Јанг – обезбедувајќи му во 1956 година можен метод за тестирање на бета распаѓање кој функционирал успешно. Во време кога милјето на институционална недоверба било широко распространето и прилично обесхрабрувачко, кога многумина го сметаа за претешко и едноставно се откажуваа - затоа што тогаш не постоеше некој соодветен или можен кандидат за тестирање - таа не ја сподели Нобелова награда со нив и покрај сета нејзина смелост, епохалните напори и доброто влијание кои го сменија трендот преку ноќ; факт кој во голема мера се должи на половата дискриминација од страна на комитетот за избор. Нејзината книга „Бета распаѓање“ (1965 година) е сè уште неопходна прирачна книга за нуклеарните физичари.

Во 1964 година, Џорџ Цвајг, тогашен студент за доктор по филозофија на Калифорнискиот институт за технологија, го поддржал физичкото постоење на стручњаци кои поседуваат неколку необични атрибути (главно кварковите на Гел-Ман, иако од следбениците биле набљудувани како обична теоретска скратена конструкција) во време кое главно било обележано како ‘анти-кварк’ време. Цвајг како последица на тоа трпел академско прогонство и пречки на неговиот пат во кариерата од научната заедница на „главната ортодоксна струја“. И покрај Нобеловата награда од 1969 година која му била доделена за придонесите во класифицирањето на елементарните честички и Нобеловата награда од 1990 година за развивањето и докажувањето на кварковиот модел, сепак вистинската димензија и големина на Цвајг и неговите оригинални придонеси во приказната за кварковиот модел останале главно непризнаени. Израелскиот физичар Јувал Нееман, кој ја објавил класификацијата на хадроните преку нивната SU симетрија на карактеристики независно од Гел-Ман во 1962 година, исто така почувствувал дека бил неправедно лишен од Нобеловата награда за кварковиот модел.

Во 1974 година наградата им била доделена на Мартин Рајл и Ентони Хјуиш за пионерските истражувања во областа на радио астрофизиката; Хјуиш бил признат за неговата одлучувачка улога во откривањето на пулсарите, иако тој првично не дошол до точното објаснување за пулсарите: кога ги опишал како комуникации од „малите зелени човечиња“ (LGM-1) во вселената. Одговорот го пронашле Дејвид Стелин и Едвард Рајфејнштајн од Националната радиоастрономска опсерваторија во Грин Банк, западна Вирџинија, кои пронашле пулсар во центарот на Краб Небула: во 1933 година било предложено дека пулсарите се неутронски ѕвезди, остатоци од експлозии на супернова. Набрзо по откривањето на пулсарите во 1968 година, Фред Хојл и астрономот Томас Голд дошле до точно објаснување за пулсарите како брзо вртечки неутронски ѕвезди со силно магнетно поле, кои емитуваат радио бранови повеќе отколку што тоа го прави светилникот со својата ламба. Јоселин Бел Бурнел, дипломец на Хјуиш, не била признаена иако таа била првата која го забележала ѕвездениот радио извор, кој подоцна бил признат како пулсар. Пулсарите се група на астрономски објекти кои на научниците им ги обезбедуваат првите знаци на можно постоење на гравитациски бранови. Дополнително на тоа, вртливите двојни пулсари исто така се сметаат за издржани извори за да се најде Ајнштајновата теорија на релативноста пред најстрогите тестови. Додека астрономот Фред Хојл спорел за тоа дека Бел треба да биде вклучена во наградата, самата Бел изјавила: „Јас верувам дека Нобеловите награди би биле обезвреднети доколку им се даваат на студенти истражувачи, со исклучок на одредени исклучителни случаи, но не верувам дека овој е еден од тие случаи.“ Добро познатите исклучоци на ова правило ги вклучуваат Луј-Виктор де Бројл, Рудолф Мозбауер, Даглас Ошероф, Жерар‘т Хофт, Џон Форбс Наш и Дејвид Пулицер.

Во 1978 година друг интересен случај излегол на површина. Токму во таа година, добитниците на Нобеловата награда за физика Арно Ален Пензијас и Роберт Вудро Вилсон, кои биле наградени за случајното „откривање на космичкото микробраново фононско зрачење“, и самите првично не ги разбрале „последиците и значењето на задните значења“ на нивните пронајдоци и едноставно нивното откритие им било целосно неодгатнато. Повеќе научници сметале дека еден друг научник, Ралф Алфер, кој го предвидел космичкото микробраново фононско значење и кој во 1948 година ги открил основите на Биг бенг теоријата, требал да ја сподели наградата со нив или и самостојно да добие награда. Постојат и многу други теории за тоа зошто неговата работа била првично игнорирана и одбиена за добивање Нобелова награда, но ниту една од нив не е докажана. Во 2005 година, тој бил награден со Национален медал за наука за неговите пионерски придонеси за тоа како ние ја сфаќаме нуклеосинтезата, за предвидувањето на остатоци од зрачење од Биг бенг, како и за моделот на теоријата за Биг бенг.

Фред Хојл не добил удел во Нобеловата награда за физика во 1983 година, иако добитникот на наградата Вилијам Алфред Фаулер го признал Хојл како еден од првите кои го засновале концептот на ѕвездена нуклеосинтеза (1946 година). Во некрологот на Хојл во Физиката денес е забележано дека „повеќето од нас сметаа дека Хојл требаше да ја подели Нобеловата награда за физика во 1983 заедно со Фаулер, меѓутоа Шведската кралска академија за науки подоцна направи делумни измени и во 1997 година го награди Хојл, со Едвин Салпетер, нивната Крафурдова награда.“

Други дискутабилни контроверзни исклучоци го вклучуваат и Кан-Чанг Ванг (за анти-сигма минус хиперон (1959 година), првата Статија за откривање на неутрино експеримент), Арнолд Сомерфелд, Сатиендра Нат Бос (Бос-Ајнштајнов кондензатор (BEC), Џорџ Гејмоу, Ралф Алфер и Роберт Херман (теоретичар за прочуеното (CBR) Космичко микробраново фононско зрачење) и Игор Димитриевич Новиков, со А.Г. Дорошкевич (автор на првата Статија за можно откривање на CBR), Бруно Понтекорво (меѓу останатите, хипотезата за неутрино осцилации) и Роберт Опенхајмер (прва Статија-предвесник за феноменот на „прокопувањето на квантумот“ (1927-1928 година), прв антиматериски позитрон) предвидување за постоење (1930 година), неутронски ѕвезди, епохалните проучувања за пробивањето на црната дупка, а меѓу останатото познат е како ментор и „татко на атомската бомба“).

Хемија[уреди | уреди извор]

Дмитри Менделеев, кој го измислил периодниот систем на елементите, никогаш не примил Нобелова награда. Неговиот прв периоден систем бил оформен во 1869 година. Всушност, една година порано, друг хемичар, Џулиус Лотар Мејер, дошол до речиси истата табела. Друг научник, Џон Александер Реина Њулендс, кој исто така претставил една статија во 1866 година која главно го навела да го предложи првиот Периоден закон: во суштина, ниту една од табелите не била точна – сите табели кои биле создадени во 19 век ги групирале елементите во редослед кој се раководел според зголемувањето на атомската тежина (или атомска маса). Хенри Мозли е оној кому му било оставено да ги поправи грешките во периодната табела, кој својата работа ја базирал врз атомскиот број (бројот на протони). Менделеев починал во 1907 година, шест години откако првите Нобелови награди биле доделени. Тој бил за еден глас блиску до добивањето на наградата во 1906 година, но починал следната година. Некои пак нагласуваат дека неуспехот на Менделеев да стаса до Нобеловата награда се должел на заткулисните сплеткарења на еден хемичар од Нобеловиот комитет кој бил против и не се согласувал со неговата работа.

Физиологија или медицина[уреди | уреди извор]

Во 1923 година Фредерик Бентинг и Џон Мек Леод ја примиле Нобеловата награда за медицина за откривањето на инсулинот. И додека било очигледно дека Бентинг ја заслужил наградата, изборот на Мек Леод како ко-добитник на наградата бил контроверзен. Бентинг на почетокот одбивал да ја прифати наградата како заедничка со Мек Леод, тврдејќи дека тиј не ја заслужува и дека Чарлс Бест бил далеку пологичен избор со кој тој би требало да ја дели наградата. Бентинг се пожалил дека оригиналната идеја за тоа како да се издели инсулин од изолирани места во панкреасот била негова и дека првичниот придонес на Мек Леод во проектот било само тоа што тој му дозволил на Бентинг да го користи просторот од неговата лабораторија во Универзитетот Торонто за да ја тестира идејата додека тој бил на летен одмор. Мек Леод исто така му го позајмил својот помошник во лабораторијата (Бест) да му помага во експериментите, а и му оставил десет кучиња на кои можел да врши експерименти. Додека Мек Леод се одморал во Шкотска, Бентинг и Бест постигнале незначителен успех во нивните експерименти кои му ги претставиле на Мек Леод кога тој се вратил во Торонто кон крајот на 1921 година. Мек Леод назначил дека постоеле некои грешки во изведувањето на некои од експериментите и ги посоветувал Бентинг и Бест да ги повторат експериментите со подобра лабораториска опрема, повеќе кучиња и подобри контролни постапки. Мек Леод тогаш им обезбедил подобар лабораториски простор на Бентинг и Бест за да работат во него и почнал да му дава на Бентинг плата од субвенциите кои ги добил за истражувања. Затоа што во време кога здружувањето меѓу Бентинг и Мек Леод било неофицијално, тој ги постигнал првите негови откритија, Мек Леод се погрижил давајќи му плата на Бентинг да ја претвори нивната врска во официјална, а тоа всушност е она што денес претставува врска меѓу постдокторски истражувач (Бентинг) и неговиот надзорник (Мек Леод). Бентинг и Бест ги повториле експериментите, кои станале конечни кога била употребена подобра опрема и техники.

Иако оригиналниот метод на Бентинг за изолирање на инсулин бил успешен, тој барал ангажирање на многубројна работна рака за производство на инсулин во поголеми количества. Бест тогаш почнал да бара метод за биохемиска екстракција за изолирање на инсулин како алтернатива за методот на Бентинг кој барал ангажирање на многу луѓе. Во исто време, Џејмс Бертрам Колип, професор по хемија на едногодишно платено отсуство од Универзитетот во Алберта пристигнал на Универзитетот Торонто, му се придружил на тогаш веќе Мек Леодовиот истражувачки тим и паралелно со Бест продолжил да се обидува да најде биохемиски метод за екстракција на инсулин. И двајцата, Бест и Колип развиле биохемиски методи за екстракција на инсулин во поголеми количества главно во исто време. Иако интелектуалните придонеси на Мек Леод во откривањето на инсулинот биле помали од оние на Бентинг, Бест и Колип, на крајот сепак Бентинг и Мек Леод се оние кои биле номинирани за добивање на наградата. Фактот што Бентинг технички работел за Мек Леод, како и тоа што тој бил поддржан со пари од субвенциите за истражувања на Мек Леод, несомнено бил одлучувачки фактор за Нобеловиот комитет да го вклучи и Мек Леод како ко-добитник на наградата заедно со Бентинг. Иако Бентинг првично одбивал да ја сподели наградата со Мек Леод, тој се предомислил, и наместо тоа решил својата парична награда да ја подели со Бест. Мек Леод, последователно на тоа, ја поделил неговата половина од паричната награда со Колип. Подоцна, стана познато дека Николај Паулеску, романски професор, работел на прашањето за дијабетесот уште од 1916 година и дека е можно тој да изолирал инсулин (што тој го нарекувал панкреатин) околу една година пред Канаѓаните.

Освалд Теодор Авери, најдобро познат по неговото демонстрирање од 1944 година дека ДНК е причината за бактериски трансформации и дека е можен материјал од кој се составени гените, никогаш не примил Нобелова награда, иако двајца Нобелови лауреати, Џошуа Ледерберг и Ејми Тиселиус одале признание на неговата работа како вистинска пионерска платформа за понатамошни генетски истражувања и натамошно напредување.

Нобеловата награда за физиологија или медицина која му била доделена единствено на Селмен Вексмен во 1952 година за неговото откривање на стрептомицинот не добила особено признание благодарение на неговиот ко-откривач Алберт Шац. Шац покренал и судски процес против Вексмен во врска со деталите и заслугата за откривањето на стрептомицинот. Исходот од парницата бил таков што на Шац му била доделена значителен надомест и заедно со Вексмен тој бил официјално признат како ко-откривач на стрептомицинот.

Хајнрих Џ. Матеи заедно со Маршал Ворен Ниренберг го пробиле генетскиот код во 1961 година со нивниот поли-U експеримент во NIH во Бетесда, Мериленд, со што го поплочиле патот на модерната генетика; но иако Ниренберг станал поценет Нобелов лауреат во 1968 година, Матеи кој бил одговорен за експерименталното добивање на првиот извадок од кодон (генетски код) и чии првични прецизни резултати биле изменети од самиот Ниренберг (што се должи на верувањето на следбениците во „помалку прецизно“, „поуверливо“ презентирање на податоци) никогаш не добил никакво признание, ниту некаква награда.

Наградените од 1962 година Џејмс Д. Вотсон, Франсис Крик и Морис Вилкинс за нивната работа на структурата и особините на ДНК, не признавале какви било соработнички придонеси од други, како што биле: Алек Стоукс, Херберт Вилсон и Ервин Чаргаф. Дополнително на тоа, Ервин Чаргаф, Освалд Авери и Розалинд Франклин (чија работа со клучната кристалографија на ДНК со x-зраци била најдеталната работа, меѓутоа таа била најнепризнаена од сите тројца) директно дале свои придонеси во способноста Вотсон и Крик да ја откријат структурата на ДНК молекулата - меѓутоа Авери починал во 1955 година, а Франклин во 1958 година, а постхумни номинации за Нобеловата награда не се дозволени.

Рус сарком вирусот го содржел ензимот реверс транскриптаза. Сепак, Мизутани бил првата успешна синтеза на говедски инсулин, што претставувало епохално нобелово откритие кое освоило светско признавање, било извршена меѓу 1958 и 1965 година од страна на двајца научници од Пекиншкиот универзитет, Ниу Јингји и Ванг Јинглаи. Инсулинот денес се произведува со користење на производство засновано на протеинска биотехнологија. И покрај тоа што номинациите биле повторени и поддржани од еминентни научници, како што се случило на крај и двајцата не примиле Нобелова награда како резултат на повеќе отежнувачки политички оспорувања и други настани поврзани со тоа.

Во 1975 година наградата му била доделена на Дејвид Балтимор, Ренато Дулбеко и Хауард Мартин Темин "за опишувањето како туморните вируси делуваат на генетскиот материјал на клетката". Се расправаше за тоа дека Дулбеко малку порезервирано бил вклучен во ова пионерско откритие, ако воопшто и бил вклучен. Со наградата не биле признаени придонесите на Сатоши Мизутани, јапонскиот постдокторски следбеник на Темин. Мизутани и Темин заедно откриле дека честичката на единствениот одговорен за оригиналниот концепт и дизајн на новиот експеримент потврдувајќи ја провирусната хипотеза на Темин.

Мир[уреди | уреди извор]

Махатма Ганди никогаш не добил Нобелова награда, иако бил номиниран за наградата пет пати меѓу 1937 и 1948 година. Децении подоцна, Нобеловиот комитет јавно го искажал своето жалење за овој пропуст. Нобеловиот комитет индиректно ја признал оваа грешка, кога во 1948 година (годината кога починал Ганди) не ја доделил наградата тврдејќи дека „не постои жив кандидат кој би одговарал“, иако постхумно ја доделиле во 1961 година на скандинавецот Даг Хамаршелд кој починал по номинирањето. Слично на тоа, кога во 1989 година далај-ламата бил награден со Нобеловата награда за мир, претседателот на комитетот рекол дека тоа било „делумно признание во сеќавање на Махатма Ганди“. Официјалниот Нобелов електронски музеј не содржи статија која го разгледува ова прашање.

Неодамнешни наводни исклучоци (од 1990 година)[уреди | уреди извор]

Филип Ален Шарп и Ричард Џ. Робертс биле единствените двајца добитници на Нобелова награда за физиологија или медицина во 1993 година за откривањето на интрони во еукариотска ДНК и за механизмот на прекинатата градба на гените. Неколку други научници, како што се Норман Дејвидсон и Џејмс Д. Вотсон расправале за тоа дека Луиз Т. Чоу, тајванка родена во Кина, истражувач и успешна жена-научник, која соработвала со Робертс, требала исто така што земе еден дел од наградата. Во 1976 година, работејќи како наставен испитувач таа ги изведувала научните истражувања за потеклото на геномот и структурите на аденовирусните записи со што директно довела до откривањето на ЕМ на прекинатата градба на РНК и алтернативна обработка на РНК во 1977 година, година кога беше постигнато ова откритие во Колд Спринг Харбор лабораторијата во Лонг Ајленд. Норман Дејвидсон, нормански професор по хемиска биологија, почесен професор на Калифорнискиот институт за технологија (добро познат експерт по електронска микроскопија, под чие менторство дипломирала Чоу), потврдил дека Чоу го користела електронскиот микроскоп преку кој бил набљудувана прекинатата градба и дека таа била единствен создавач на највиталниот експеримент, користејќи техники која самата ги развила во лабораторијата во претходните две години.

Во 1993 година со Нобелова награда за хемија бил награден Кари Мулис за неговите заслуги за развивањето на методот за полимерната верижна реакција (PCR), централна техника во молекуларната биологија која ја зема предвид амплификацијата на определени ДНК низи. Сепак, други спореа околку тоа дека тој ја ‘измислил’ техниката: тврдејќи дека норвешкиот научник Кјел Клепе заедно со Х. Гобинд Корана, лауреат на Нобеловата награда од 1968 година, имале и порано и поголемо право на неа во 1969 година. Неговите соработници во тоа време исто така ја отфрлиле претпоставката дека Мулис бил единствениот одговорен за откривањето на идејата за користење на Taq полимерот во PCR процесот. Дополнително на тоа, една книга за историјата на PCR методот која Пол Рабинов (антрополог) ја напишал во 1996 година го покренала прашањето за тоа дали Мулис го "изумил" PCR или "само" дошол до неговиот концепт. Сепак, другите научници рекле дека „целосниот потенцијал [на PCR] не бил откриен“ сè додека Мулис не почнал да работи на тоа во 1983 година.

Нобеловата награда за физика од 1997 година покренала контроверзии веднаш откако било објавено дека руските научници го оспорувале приоритетот на наградените во бараниот пристап и техники за разладување и фаќање на атомите со помош на ласерска светлина, што Русите наводно успеале да го изведат повеќе од една деценија пред тоа.

Наградата за физиологија и медицина од 1997 година, доделена единствено на д-р Стенли Б.Прусинер за неговото откривање на прионите, предизвикала лавина од непрестајни академски полемики од тогаш па до денес: во врска со денешниот степен на полноважност на неговата работа-што исто така била критикувана и од други научници како се уште недокажана.

Нобелова награда за физиологија и медицина во 2000 година им била доделена на тројца пионерски невронаучници, Арвид Карлсон, Пол Грингард и Ерик Р. Кандел, „за нивните откритија кои се однесуваат на конверзијата на сигналите во нервниот систем“ што предизвика многу невронаучници да протестираат затоа што Олех Хорникиевич, кој помогнал за прв пат да се изврши третман на замена на допаминот за Паркинсоновата болест, бил испуштен помеѓу наградените и тие тврделе дека истражувањата на Хорникиевич обезбедиле основа за некои научни достигнувања кои им биле препишани на тројцата научници.

Нобелова награда за хемија во 2000 година била доделена за "Откривањето и развојот на спроводливи полимери" и се однесувала на пасивна високо-спроводливост во оксидирани полиацетиленски црни и други односни материјали премачкани со јод (соопштено во 1977 година), како и на утврдувањето на механизми на проводливост и развивање на уреди, особено батерии. Со цитатов се тврди дека овие активности довеле до денешниве "активни" уреди, кај кои волтажата или струјата го контролираат електронскиот проток.

Последователно на тоа, едно писмо до Новиот научник истакнало дека таков органски полимерен електронски уред бил наведен во главниот весник (Наука) три години пред откритието на добитниците на Нобеловата награда. Дополнително, "ОN" состојбата на овој уред покажала речиси метална спроводливост. Згора на тоа, 14 години пред да се случи откритието на добитниците на Нобеловата нагарада, во Австралија Веис и неговите соработници навеле еквивалентна високо електрична спроводливост во речиси идентично соединение - оксидиран полипирол, црн, премачкан со јод. Случајно, австралиската група постигнала отпор кој бил низок дури 03 ohm/cm. Грубо гледано, ова е еквивалентно на денешните напори. Исто така, со доделувањето на оваа награда се игнорираат и некои поодамнешни(1955 година) откритија на високо-спроводливи органски комплекси со трансфер на полнеж. Некои од овие се дури и суперспроводливи.

Во 2003 година Нобелова награда за медицина или физиологија им била доделена на Пол Лотербур и Сер Питер Менсфилд за развивање на претставата за магнетна резонанца. Постојат тврдења за два независни контроверзни исклучоци: Рејмонд Дамадиан прв соопштил дека NMR може во живо да прави разлика меѓу канцерогени и неканцерогени ткива врз основа на различното време на отпуштање протони. Тој подоцна тоа го превел во првата човечка MRI скенографија, но тој користел методологија која го водела во ќор-сокак. Во меѓувреме, првиот оригинален извештај на Дамадиан го испровоцирал Лотербур да развие NMR во метод кој денес се користи за генерирање на MRI слики. Дамадиан извадил огромни реклами во одреден број на меѓународни весници како знак на протест затоа што бил исклучен од наградата. Некои истражувачи почувствувале дека работата на Дамадиан во најмала рака треба да добие иста заслуга. Херман Ј. Кар е исто еден од првите кој работел на денешната NMR градиентна техника и покажал најпросто MRI сликање во 1950 година, базирано на тоа. Добитниците на Нобеловата награда речиси сигурно го приметиле достигнувањето на Кар, меѓутоа никаде не го навеле. Последователно на тоа, комитетот за наградата најверојатно не ги зел предвид откритијата на Кар, ситуација која најверојатно дополнително била потпомогната од збунетоста на еминентните луѓе која се должела на протестите без преседан, кои биле се поинтензивни и поупорни, а Дамадиан ги спроведувал во одбрана на својата работа која се однесувала на MRI.

Контроверзијата за Нобеловата награда за физика од 2005 година ја вмешува и значајната работа на Сударшан во квантната оптика (1960 година), за кој многумина сметаа дека е потценет во оваа награда.] Наместо него, наградата ја добива Рој Џ.Глобер кој првично им се потсмевал на поранешните претставувања на теоријата, а подоцна и самиот го произвел истото P-претставување само го нарекол со различно име, или со други зборови Сударшан-Глоберово претставување или дијагонално претставување на Сударшан. Според некои други, двајца други исклучително значајни допринесувачи, Леонард Мандел и Даниел Франк Волс, биле занемарени при доделувањето на наградата затоа што постхумните номинации не се прифаќаат.

Во 2006 година Нобелова награда за физиологија или медицина им беше доделена на Ендрју Фајр и Крег Ц. Мело за нивното откритие поврзано со мешањето во РНК. Повеќето од откритијата кои Нобеловиот комитет им ги препишал на Фајр и Мело, кои го проучувале мешањето во РНА во C.elegans, биле претходно проучувани од други билни биолози и се препорачувало дека барем еден билен билог кој бил пионер во оваа област требал исто така што биде награден со еден дел од наградата.

Во 2006 година Нобеловата награда за физика ја освоиле Џон Ц.Матер и Џорџ Ф.Смут (предводници на сателитскиот експеримент за потеклото на вселенското истражување (COBE)) „за нивното откривање на формата на црно тело и анистротопија на космичкото микробраново фононско зрачење (CBRM)“. Се сметаше дека наградата со доделувањето на наградата се оневозможило одавање признание на оригиналниот откривач на анистропијата кој тоа го направил порано. Во јули 1983 година експериментот Реликт, со кој бил лансиран Prognoz-9 сателитот, го проучувал космичкото микробраново фононско зрачење (CMBR) преку една единствена фреквенција.

Во јануари 1992 година, беше познато дека Андреј А. Бруканов одржал семинар во Стернберг астрономскиот институт во Москва каде тој прв соопштил за откривањето на анистропијата на CBRM. Сепак, во извештајот со резултатите на тимот Реликт од 1987 година, се тврдело дека тој не извршил откривање, туку само ја утврдил горната граница.

Контроверзни добитници[уреди | уреди извор]

Хемија[уреди | уреди извор]

Наградувањето на Фриц Хабер со Нобелова награда за хемија во 1918 година за неговата работа поврзана со синтетизирање на амонијакот било контроверзно затоа што Хабер бил предводникот на воената хемиска програма на Германија за време на Втората светска војна.

Физика[уреди | уреди извор]

Анри Бекерел бил награден со Нобелова награда за физика во 1903 година, заедно со Пјер и Марија Кири, „како знак на признание на необичните услуги кои тој ги понудил со неговото откритие на спонтаната радиоактивност“. Сепак, во тоа време постоеле уверливи контроверзии откако некои научници почнале да тврдат дека Бекерел само повторно открил една појава која првично била забележана и научно истражувана неколку децении претходно од заборавениот француски научник Абел Нипс де Сен-Виктор.

Филип Ленарт бил награден со Нобелова награда за физика во 1905 година за неговото истражување на катодни зраци и за откривањето на повеќето од нивните карактеристики. Како советник на Хитлер, Ленарт станал "Шеф на Арајанската физика" под водство на нацистите. Тој ја предложил идејата дека во науката постои расен елемент (т.е.,‘англиска наука’, ‘германска наука’, ‘еврејска наука’) и теоријата на релативитет на Алберт Ајнштајн ја сметал за "еврејска измама". Јоханес Старк, кој ја освоил Нобеловата награда за физика во 1919 година, исто така учествувал во отфрлањето на "еврејските идеи" на Ајнштајн и на оние нееврејските на Вернер Хајзенберг поради расни мотиви.

Со наградувањето Алберт Ајнштајн со Нобелова награда во 1921 година нему главно му било одадено признание за неговото објаснување на фотоелектричниот ефект во 1905 година и "за неговите придонеси во теориската физика" – што се должи на честите контра-интуитивни концепти и предвремени конструкции поврзани со неговата теорија на релативноста, каде некои од нив беа далеку од можни експериментални проверки, се до неодамнешните откритија како на пример, скршнување на светлината, гравитациски бранови, гравитациски леќи, црни дупки. Токму пред 1993 година беше добиен првиот доказ за постоење на гравитационо зрачење преку мерките вредни за добивање Нобелова награда на Халс-Тејлоровиот двоен систем. Некои други негови значајни придонеси во документите на Анус Мирабилис, во врска со Брауновото движење и специјалниот релативитет, никогаш не биле директно признаени од страна на Нобеловиот комитет, и покрај тоа што Ајнштајн бил номиниран неколку пати за специјалниот релативитет почнувајќи од 1910 година. Често овие номинации за специјалниот релативитет препорачувале наградата да им биде доделена заеднички на Лоренц и Ајнштајн. Анри Пуансаре исто така најмалку еднаш бил номиниран за неговите заслуги во теориската физика, вклучувајќи го и неговото работење на Лоренцовата теорија на релативноста. Сепак, експерименталните резултати на Кофман фрлиле сомнеж на точноста на специјалниот релативитет, сомнежи кои не биле разрешени се до 1915 година, а до тоа време Ајнштајн веќе напредувал кон општата теорија, вклучувајќи ја и неговата теорија за гравитацијата. Повторно емпириската подршка (во случајот на предвиденото спектрално пренасочување на сончевата светлина) била доведена во прашање во еден повеќегодишен период, така што единствениот оригинален доказ била доследноста на познатата перихелионска прецесија на планетата Меркур. Дополнителна подршка била добиена кон крајот на 1919 година кога предвиденото отклонување на светлината од ѕвездите блиску до сонцето било навидум потврдено од Експедицијата на соларното затемнување на Артур Стенли Едингтон, иако реалните резултати биле некако двосмислени. Конечен доказ за предвидувањето за отклонување на гравитациската светлина не биле добиени сè до 1970-ти години.

Постоело општо верување дека Роберт Миликан бил одбиен за добивање на наградата за физика во 1920 година што се должело на тврдењата на Феликс Еренхафт дека тој измерил полнежи помали од елементарниот полнеж на Миликан. На крајот тврдењата на Еренхафт биле отфрлени и Миликан ја добил наградата во 1923 година. Сепак, одредени контроверзии изгледа сѐ уште кружат околу oil-drop постапката и експерименталното толкување на Миликан кои се однесуваат на основаноста и етиката на неговите погрешни тврдења, како и селективноста и манипулирањето со податоците во научниот документ од 1913 година во кој бил мерен полнежот на електроните, а што многу допринело во негова корист: поточно, тој наводно ги навел сите негови набљудувања, но тој всушност во неговиот краен извештај испуштил вкупно 82 дела од експерименталните податоци.

Вилијам Бредфорд Шокли бил еден од добитниците на Нобеловата награда за физика во 1956 година за транзисторот. Постоела добро документирана контроверзија која се поврзувала со неговата победа, а била подржана сд поткрепени извештаи на неговите колеги (другите двајца Нобеловци), како и од историски факти, а сите критики се должеле главно на тогашната директорска позиција на Шокли и на неговите напори за самопромовирање (оригиналниот ‘транзистор’ на Шокли кој самиот го создал воопшто не работел). Значајна промена во врска со карактерот на Шокли се случи наскоро по добивањето на Нобеловата награда. Подоцна, тој цврсто и сериозно се заложил за евгениката, со тоа што објавените дела на оваа тема се сметаат за најзначајна работа во неговата кариера. Неговите идеи биле главно засновани врз истражувањето на Кирил Барт, чии истражувања подоцна биле општо прифатени како лажни. Тој е единствениот нобелов лауреат кој јавно признал дека донирал сперма во Складиштето за избор на зачнување , банка за сперма која била основана (во 1980 година) од страна на евгенистот Роберт Кларк Грам со надеж за пренесување на најдобрите човечки гени, Складиштето било затворено во 1999 година.

Физиологија или медицина[уреди | уреди извор]

Иако случајно наишол на тогаш неидентификуваниот вид на мувла која подоцна ќе го сврти вниманието на светот на медицината како пеницилин, на Александар Флеминг често му било оддавано признанието како откривач на пеницилинот и затоа ја поделил Нобеловата награда за медицина заедно со Ернест Борис Чејн и Хауард Флори. Сепак, некои критичари истакнаа дека Флеминг не го ‘открил’ пеницилинот, туку дека технички тоа всушност претставувало ‘повторно откривање’ и дека децении пред Флеминг постоеле други значајни луѓе (особено Сер Џон Скот Бардон-Сандерсон, Вилијам Робертс (физичар), Џон Тајндал и Ернест Дучесне) кои веќе започнале свои студии и истражувања во врска со неговите корисни особености и медицински карактеристики. Згора на тоа, според самиот Флеминг, првото познато спомнување на пеницилин на кое можел да се сети било во 51 Псалм:"Прочисти ме со изоп и ќе бидам чист": тој во меѓувреме од книгата на познатиот американски миколог Чарлс Том научил (истата книга која му помогнала на Флеминг да го утврди идентитетот на мистериозниот вид мувла) дека penicillium notatum за првпат бил препознаен од страна на шведскиот хемичар Вестлинг во примерок на изоп кој бил во распаѓање. Исто така било истакнато дека неколку заслужни современици кои придонесувале во координирањето на истражувањата биле изоставени од оваа награда.

Португалскиот невролог Антониу Егаш Мониз ја примил Нобеловата награда за медицина во 1949 година за неговото развивање на префронтална леукотомија. Во САД на сосема неетички начин била воведена изменета верзија на оваа постапка која била изведувана на индискриминирачки начин, а која често се нарекувала "лоботомија со требење на лед". Токму д-р Валтер Фримен, американскиот ученик на Мониз, е оној кој го дал популарното име лоботомија во печатот, откако во 1938 година во Њујорк тајмс се појавиле насловите "Операција вршена на душевно болните; Се известува за ослободување од опсесиите". Па дури и Џозеф Кенеди, таткото на претседателот на САД Џон Ф.Кенеди, дозволил да се изврши лоботомија на неговата ќерка кога таа имала околку дваесет години. Д-р Валтер Фримен, Американецот кој бил овластен за предметот, ја извел операцијата откако претходно извел повеќе од четири илјади лоботомии. До тоа време кога Мониз бил награден во 1949 година, имајќи ги Њујорк тајмс и Њу Ингланд весникот за медицина на негова страна, лоботомијата станувала сè попопуларна така што од 1949 до 1952 година се смета дека само во САД биле изведени околу пет илјади лоботомии. Мониз починал во 1955 година откако неговата медицинска постапка престанала да се употребува. Околу постапката почнале да кружат лоши гласини и подоцна таа била забранета во многу земји. Денеска ретко се изведува.

Карл фон Фриш ја поделил Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1973 година воведувајќи го објаснувањето за "јазикот на танцот" на пчелите. Сепак, многу контроверзии се изродиле со текот на годините што се должело на недостатокот на директни научни докази за растреперениот танц на пчелите како што точно го нарекол, а кој бил постулиран од Карл фон Фриш. Иако на крај контроверзијата била ставена во мирување од еден тим на истражувачи од Rothamsted истражувањето во 2005 година, кои ги следеле пчелите со радар додека тие летале кон изворот на храна, се испостави дека експерименталните резултати баш и не ја подржуваат целосно оригиналната формулација на Фриш, , туку дека ја поддржуваат страната на теоријата на неговиот противник Адриан Венер со која се тврди дека пчелите во основа се раководат до изворот на храна според мирисот; откако ќе си ја искомуницираат (сè уште непознат мистериозен механизам) помеѓу себе општата насока и растојание (специфично и релативно во пчелите кои го пренесуваат) преку растреперениот танц-како што оригинално било постулирано од страна на Нобеловецот во 1973 година.

Дејвид Балтимор, кој во 1975 година ја делел Нобеловата награда за физиологија или медицина, бил вмешан во "Аферата Балтимор" или "Иманиши-Кари аферата", епохално научно-лажен скандалозен случај (Хауард Темин и Џејмс Дуи Вотсон ја префрлиле грешката и вината врз него): вмешувајќи го во скандал за фалсификување податоци во научниот документ за имунологија издаден во 1986 година заедно со Тереза Иманиши-Кари и други за кој се расправа и до ден денес.

Друга расправа која се случила порано и која е подеднакво славна (или не толку славна, ама добра за споредба), кога Роберт Гало наспроти Лук Монтање се справувале со NIH панел дискусија иато како кај Балтимор аферата: HTL-III/LAV Приоритетниот контроверзен случај. Името NIV било компромис помеѓу американските и француските преговарачи со вел да се дозволи ко-откривање на потврдувањето на СИДА вирусот. Патем, тврдењето дека Франсоа Баре-Синуси бил општо признаен како откривачот на ХИВ додека работел во лабораторијата на Монтање било исто така оспорено и во статијата која расправала за општо прифатениот заклучок дека HIV предизвикува СИДА. Монтање и Баре-Синуси бил награден со Нобелова награда за медицина во 2008 година. Тие поделиле една половина од наградата додека другата половина ја зел Харалд зур Хаусен за неговото истражување поврзано со ракот.

Во 2008 година, Нобеловата награда за медицина за истражување поврзано со ракот за Human Papilloma вирусот направено од Харалд зур Хаусен било разгледувано од страна на шведската полициска антикорупциска единица. Причината за тоа е што Астра Зенека имал свој удел во две профитабилни HPV вакцини и затоа имал финансиска придобивка од наградата, се согласил да ги спонзорира Нобеловите медиуми и Нобеловата интернет страница. Според Тајмс онлајн, две повисоки фигури кои учествувале во постапката на избирање на г-дин Зур Хаусен исто така имале јаки врски со АстраЗенека.

Мир[уреди | уреди извор]

Претседателот Теодор Рузвелт, кој е 26-ти претседател на САД, ја примил Нобеловата награда за мир во 1905 година за неговото помагање да се стави крај на руско-јапонската војна. Сепак, тој одиграл значајна улога и во потиснувањето на револтот на Филипините.

Кордел Хал бил награден со Нобелова награда за мир во 1945 година како признание на неговите напори за завладување на мир и разбирање на западната полутопка, за неговите трговски договори и за својата активност за основање на Организацијата на обединетите нации. Хал му бил државен секретар на Франклин Рузвелт за време на кризата Св. Луј испловил од Хамбург во Атлантскиот Океан летото 1939 година пренесувајќи над 950 еврејски бегалци, главно моќни Евреи кои барале азил од нацистичкото протерување непосредно пред Втората светска војна. Патувањето со бродот предизвикало огромни контроверзии во САД: првично претседателот на САД Франклин Делано Рузвелт покажал скромна волност да го прифати бродот, но жестоката опозиција на Хал и јужните демократи се спротивставиле, а некои од нив отишле и дотаму што му се заканувале дека нема да му ја дадат својата поддршка на Рузвелт на претседателските избори во 1940 година, доколку тоа се случи. На 4 јуни 1939 година Рузвелт издал наредба да му се забрани влез на бродот, кој чекал во Карипското Море, некаде меѓу Флорида и Куба. Патниците започнале преговори со кубанската влада, но преговорите пропаднале речиси во последната минута. Приморани да се вратат во Европа, повеќе од четвртина од патниците како последица на тоа умреле во Холокаустот.

Државниот секретар на САД Хенри Кисинџер примил Нобелова награда за мир во 1973 година за неговите активности во Виетнамските мировни спогодби, и покрај неговото започнување на тајната кампања за бомбардирање на инфилтрираната NVA во Камбоџа од 1969 до 1975 година, наводната вмешаност на САД во операцијата Кондор-кампања која се случувала кон средината на 1970-ти години и која опфаќала киднапирање и убиство кое било координирано помеѓу разузнавачките и безбедносните служби на Аргентина, Боливија, Бразил, Чиле, Паргвај и Уругвај, како и смртта на француските граѓани под водство на чилеанската хунта. Тој исто така ја поддржал и турската инвазија во Кипар од 1974 година која резултирала со окупирање на приближно 1/3 од островот од страна на странските трупи.

Анвар Садат, претседателот на Египет за време на војната против Израел во 1973 година - Јом Кипур војната, бил награден со Нобелова награда за мир како дополнение на Менахем Бегин во 1978 година за нивните придонеси за успешното затворање на Камп Дејвид спогодбите истата година.

Ригоберта Менчу ја освоила Нобеловата награда за мир во 1992 година; делумно за нејзината автобиографија I, Ригоберта Менчу. Во 1999 година таа била обвинета од Дејвид Стол дека ги лажирала настаните во нејзината семејна историја во книгата за дополнителните причини за герилата.

Јасер Арафат, Шимон Перес и Јицак Рабин биле добитници на Нобелова награда за мир во 1994 година. Критичарите повеќе години го сметале Арафат за предводник на терористите. Неговите критичари често го опишувале како непокаен терорист во чиј спомен ќе остане промовирањето на насилството.

Каре Кристијансен, норвешки член на Нобеловиот комитет, си поднел оставка во 1994 година во знак на протест на доделувањето на Нобеловата награда за мир на Јасер Арафат, кого тој го етикетирал како "терорист".

Џими Картер бил награден со Нобелова награда за мир во 2000 година за "децениите кои неуморно ги посветил на напорите да најде мирно решение на меѓународните конфликти, да ја унапреди демократијата и човековите права и да го промовира економскиот и социјалниот развој." Објавувањето на наградата се случило набрзо откако Парламентот и Сенатот на САД му дале овластување на претседателот Џорџ В. Буш да користи воена сила против Ирак со цел да ги зајакне резолуциите на Советот за безбедност на ООН со кои се барало Багдад да се откаже од оружјето за масовно уништување. Кога Гунар Берге, претседателот на Нобеловиот комитет, бил запрашан дали со изборот на поранешниот претседател му се упатува критика на Буш, тој рекол: "Со самата позиција која Картер ја зазел, тоа може и мора да биде сметано како критика која се однесува на насоката која сегашната администрација на САД ја зазела во однос на Ирак." Картер одбил да ги коментира забелешките во интервјуата во кои било наведено дека тој преферирал да се фокусира на работењето на Картер центарот.

За Вангари Матаи, добитничката на Нобеловата награда за мир во 2004 година, кенискиот весник Стандард и Радио слободна Европа пренеле дека таа изјавила дека СИДАта било првично развиена од страна на западните научници со цел да ја намалат популацијата. Таа подоцна ги отфрлила овие тврдења, иако Стандард стои зад она што го има пренесено. Дополнително на тоа, во интервјуто на магазинот Тајмс таа го наговестила неприродното потекло на СИДАТА, велејќи дека некој знае од каде дошла таа и дека "...не произлегла од мајмуните."

На Ал Гор и IPCC, добитниците на Нобеловата награда за мир во 2007 година, исто така им била оспорена валидноста на освоената награда, така што било изјавено дека тие ја освоиле наградата како "прекорување на претседателот Буш". Исто така било расправано и за тоа дали глобалното затоплување е човечки предизвикана или е целосно природна појава. Во овој случај, наградата за мир била критикувана како политичко средство на левицата,

Лауреати кои ја одбиле наградата[уреди | уреди извор]

Недоброволни одбивања[уреди | уреди извор]

Во 1936 година, Адолф Хитлер бил навреден од Нобеловата фондација кога во 1935 година Нобеловата награда за мир му била доделена на Карл фон Осјецки, германски писател кој јавно му се спротивставил на Хитлер и на нацизмот. (Во тоа време, наградата се доделувала следната година.) Хитлер реагирал така што издал декрет на 31 јануари 1937 година со кој на германските жители им забранил да прифаќаат какви било Нобелови награди во иднина. Доделувањето на наградата за мир на Осјецки само по себе било сметано како контроверзно. Додека фашизмот имал неколку подржувачи надвор од Италија и Германија, оние кои не го поддржувале фашизмот задолжително почувствувале дека било погрешно да се навреди Германија така што наградата ќе му се додели на некој кој бил против тогашниот германски режим.

Со декретот на Хитлер им било забрането и на последователните тројца германци да ја прифатат Нобеловата награда: Герхарт Домак (1939 година Нобелова награда за физиологија или медицина), Рихард Кун (1938 година Нобелова награда за хемија) и Адолф Бутенант (1939 година Нобелова награда за хемија). Последниве тројца ги примиле нивните дипломи и медалји, но не и паричната награда.

На 19 октомври 1939 година, околу месец и половина после почетокот на Втората светска војна, Нобеловиот комитет на институтот Каролинска се соочил со расправа околу тоа кој да биде Нобелов лауреат за физиологија или медицина во 1939 година. Мнозинството од професорите во институтот биле за тоа наградата да му се даде на Домак и некој ја пуштил таа вест да проструи, така што таа била пренесена и во Берлин. Културминистериумот во Берлин одговорил на тоа со телеграма во која било наведено дека доделувањето на Нобеловата награда на германец е"сосема непосакувано"(durchaus unerwünscht). И покрај испраќањето на телеграмата, на 26 октомври 1939 година мнозинството во институтот гласало наградата да му биде дадена на Домак. Домак ја примил веста истиот ден подоцна преку телефон и телеграма. Тој знаел за декретот на Хитлер, но не бил сигурен дали тој се однесува само на наградата за мир или на сите Нобелови награди воопшто, па затоа Домак испратил барање до Министерството за образование во Берлин прашувајќи дале е можно тој да ја прифати наградата. Откако после повеќе од една недела тој не добил никаков одговор, тој почувствувал дека би било некултурно уште да чека на нивниот одговор и на 3 ноември 1939 година тој напишал едно писмо до институтот заблагодарувајќи им за признанието, но додал дека тој ќе мора да чека одобрување од владата пред да може да ја прифати наградата. Како последица на тоа нему му било наредено да испрати копија од неговото писмо до Министерството за надворешни работи во Берлин и на 17 ноември 1939 година тој бил уапсен и одведен во полициски штаб од страна на Гестапо. Тој бил ослободен после една недела и тогаш пак го уапсиле. На 28 ноември 1939 година, тој бил присилен од страна на Културминистериумот да потпише претходно подготвено писмо, кое било адресирано до Институтот и со кое тој ја одбива наградата. Бидејќи Институтот веќе ги имал подготвено неговиот медал и диплома пред пристигнувањето на второто писмо, тие биле во состојба да го наградат и подоцна за време на Нобеловиот фестивал во 1947 година.

Присилното одбивање на наградата на Домак било прв случај некој да се откаже од наградата. Токму поради ова одбивање дошло до измени во статутот на Нобеловата награда така што доколку лауреатот се откаже од наградата или не успее да ја подигне наградата пред 1 октомври следната година, парите ќе се вратат назад во фондовите.

На 9 ноември 1939 година, Кралската академија на науки му ја доделила наградата за хемија од 1938 година на Кун и половина од наградата од 1939 година на Бутенант. Откако германските научници биле известени за одлуката, тие биле присилени да ги одбијат наградите поради насилните закани кои ги добивале од германската влада. Нивните писма со кои ја одбиваат наградата стасале во Стокхолм веднаш после писмото на Домак со кое тој ја одбил наградата, а тоа помогнало да се потврдат сомневањата дека германската влада ги присилува овие научници да ја одбијат наградата. После Втората светска војна во 1948 година, тие напишале писмо до Академијата со кое ја изразиле нивната благодарност за наградите и нивното жалење затоа што биле приморани да ги одбијат во 1939 година. Тие биле наградени со нивните медали и дипломи на церемонијата во јули во 1949 година.

Постојат гласини дека Ото Хајнрих Варбург, германец кој ја освоил Нобеловата награда за физиологија или медицина во 1931 година, бил избран за втора Нобелова награда за физиологија или медицина во 1944 година, меѓутоа поради декретот на Хитлер нему му било забрането да ја прифати наградата. Според Нобеловата фондација оваа приказна не е вистинита. (за повеќе детали види Ото Хајнрих Варбург.)

Борис Пастернак прво ја прифатил Нобеловата награда за литература во 1958 година, но потоа бил присилен од властите во СССР да ја одбие затоа што наградата се сметала како "надоместок за дисидентските политички инсинуации во неговиот роман Доктор Живаго" Пастернак починал и никогаш не ја примил наградата. На 9 декември 1989 година нему му биле оддадени почести од страна на Нобеловата фондација на банкетот во Стокхолм, кога тие медалот му го предале на неговиот син. Мстислав Ростропович, познат руски челист и близок пријател на Борис Пастернак, не банкетот ја отсвирел Ергенската свита во негово сеќавање.

Доброволни одбивања[уреди | уреди извор]

  • Жан-Пол Сартр ја одбил наградата за литература во 1964 година, затоа што тој секогаш одбивал официјални почести.
  • Војводата То ја одбил наградата за мир од 1973 година, која им била доделена заеднички нему и на Хенри Кисинџер, затоа што таа награда им била доделена иако Виетнам се уште не бил во мир.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. ^ "Nobel population 1901-50: anatomy of a scientific elite".
  2. ^ "A Nobel calling: 100 years of controversy", The Independent, 14 октомври 2005.
  3. ^ Nasar 1998, pp. 368-369
  4. ^ "The not so noble Nobel Prize", Samuel Brittan, The Financial Times, 19 декември 2003.
  5. ^ Burton Feldman, The Nobel Prize: A History of Genius, Controversy and Prestige, Arcade Publishing, 2 ноември, 2000.
  6. ^ "First Arab Nobel Prize Winner in Literature Dies at 94".
  7. ^ "Tagore and His India".
  8. ^ "Controversial Turkish Writer Wins Nobel Prize".
  9. ^ "Edison and Tesla Win Nobel Prize in Physics", Literary Digest, 18 декември, 1915.
  10. ^ Cheney, Margaret, Tesla: Man Out of Time , ISBN 0-13-906859-7.
  11. ^ Seifer, Marc J., Wizard, the Life and Times of Nikola Tesla, ISBN 1-55972-329-7 (HC), ISBN 0-8065-1960-6 (SC).
  12. ^ O'Neill, John H., Prodigal Genius, ISBN 0-914732-33-1.
  13. ^ a b "Chinese Science and the 'Nobel Prize Complex'".
  14. ^ "Disintegration of Heavy Nuclei", Niels Bohr, Nature, vol. 143, p. 330, 25 февруари, 1939.
  15. ^ "A Nobel Tale of Wartime Injustice", Crawford, Elisabeth / Sime, Ruth Lewin / Walker, Mark, A Nobel Tale of Postwar Injustice, Physics Today, 1997, Volume 50, Issue 9 (September), Page Numbers 26-32, ISSN 0031-9228.
  16. ^ "Lilienfeld Biodata".
  17. ^ GB patent 439457 Oskar Heil: "Improvements in or relating to electrical amplifiers and other control arrangements and devices" first filed in Germany 2 март, 1934
  18. ^ a b c Tony Rothman, Everything's Relative and Other Fables from Science and Technology.
  19. ^ "[1]".
  20. ^ "Tiniest of Particles Pokes Big Hole in Physics Theory".
  21. ^ "The E821 Muon (g-2) Home Page".
  22. ^ "William Morse".
  23. ^ "New g-2 Measurement Deviates Further From Standard Model".
  24. ^ Mary and John Gribbin, A Life In Science: Richard Feynman.
  25. ^ "George Zweig", Mega International.
  26. ^ "Faces and places (page 3)", People, Cern Courier, Page 3 of 8. Article 22 of 24.
  27. ^ Y. Ne'eman, "Derivation of Strong Interactions from a Gauge Invariance", Nucl Phys,26,222-229 (1961); Y. Ne'eman, "The Symmetry Approach to Particle Physics", Proc Intern Conf Nucleon Structure (Stanford, 1963),pp. 172–187.
  28. ^ Interview (Hebrew) with the journalist Ronen Bergman in the Israeli newspaper Yediot Aharonot March 18 2005.
  29. ^ Sharon Bertsch McGrayne, Nobel Prize Women in Science: Their Lives, Struggles and Momentous Discoveries.
  30. ^ "Evidence of Warped Spacetime"
  31. ^ "New Binary Neutron Star Will Test Einstein", Robert Naeye, 12 декември, 2003 Skytonight.com.
  32. ^ http://www.bigear.org/CSMO/HTML/CS01/cs01p16.htm
  33. ^ "Nuclear Physical Scientist – Wang Ganchang".
  34. ^ a b "JOINT INSTITUTE FOR NUCLEAR RESEARCH".
  35. ^ "U.S.-China Scientific Exchange", Zuoyue Wang, University of California Press, Historical Studies in the Physical and Biological Sciences, Fall 1999 v. 30, part 1, pp. 249–277.
  36. ^ "A NEUTRINO TIMELINE".
  37. ^ "Robert Oppenheimer".
  38. ^ Kai Bird and Martin J. Sherwin. Knopf, AMERICAN PROMETHEUS.
  39. ^ "streptomycin: arrogance and anger".
  40. ^ Wainwright, Milton "A Response to William Kingston, "Streptomycin, Schatz versus Waksman, and the balance of Credit for Discovery"", Journal of the History of Medicine and Allied Sciences - Volume 60, Number 2, April 2005, pp. 218–220, Oxford University Press.
  41. ^ a b c d e Horace Freeland Judson, The Great Betrayal: Fraud in Science, 1st. Ed., 2004.
  42. ^ "What are China's new "four great inventions"?".
  43. ^ "Niu Jingyi"
  44. ^ "Wang Yinglai"
  45. ^ Weiss R.A., Viral RNA-dependent DNA polymerase in virions of Rous sarcoma virus, Reviews in Medical Virology, Vol. 8, No. 1, pp. 3–11(9), January/March 1998.
  46. ^ Tønnesson, Øyvind (1999-12-01). "Mahatma Gandhi, the Missing Laureate".
  47. ^ (see "Biography")
  48. ^ McElheny, Victor K. (2004). Watson and DNA: Making a Scientific Revolution. Cambridge, MA: Basic Books. p. 211. ISBN 0-7382-0866-3.
  49. ^ Anthony Flint, Behind Nobel, A Struggle for Recognition Some Scientists Say Colleague of Beverly Researcher Deserved A Share of Medical Prize, Globe Staff, Friday, 5 ноември, 1993.
  50. ^ Kleppe K, Ohtsuka E, Kleppe R, Molineux I, Khorana HG "Studies on polynucleotides. XCVI. Repair replications of short synthetic DNA's as catalyzed by DNA polymerases." J. Molec. Biol. vol. 56, pp. 341–61 (1971).
  51. ^ Rabinow P "Making PCR: A Story of Biotechnology" University of Chicago Press (1996) ISBN 0-226-70147-6
  52. ^ Artificial DNA: Methods and Applications by Yury E. Khudyakov, Howard A. Fields
  53. ^ "Nobel Prize Challenged By Russians", The Moscow Times.com, Tuesday, 21 октомври, 1997.
  54. ^ "Americans again dominate in science", Svenska CNN Writer Bitte Roth, CNN Interactive.
  55. ^ "U.S. Scientist Wins Nobel Prize for Controversial Work"
  56. ^ "Fantastic Plastic" New Scientist, 4 ноември, 2000, on-line edition
  57. ^ H.F. Judson, "No Nobel Prize for whining", New York Times, 20 октомври 2003. Accessed 2006-11-02.
  58. ^ "Bitterness erupts in a Nobel pursuit"
  59. ^ Kathleen E. Powderly's HNN article.
  60. ^ Herman Carr's letter to Physics Today.
  61. ^ Luluzhou, Scientists Question Nobel, Crimson Staff Writer, 6 декември, 2005.
  62. ^ Bots, M., Maughan, S. and Nieuwland, J. 2006. RNAi Nobel ignores vital groundwork on plants. Nature. 443:206.
  63. ^ "The Relikt Experiment".
  64. ^ "Prognoz9".
  65. ^ "Klypin et al 1987, Limits on Mikrowave Background Anisotropies - the Relikt Experiment, Soviet Astronomy Letters, 13, 259 (1987)]"
  66. ^ "Invisible Light: The Discovery of Radioactivity".
  67. ^ "General Relativity Survives Gruelling Pulsar Test: Einstein At Least 99.95 Percent Right", Particle Physics & Astronomy Research Council, 14 септември, 2006.
  68. ^ "Absent at the Creation; How one scientist made off with the biggest invention since the light bulb", Ronald Kessler, The Washington Post Magazine, 6 април, 1997, Pg. 16.
  69. ^ Dr. Roger Pearson, Shockley on Eugenics and Race.
  70. ^ "Penicillin".
  71. ^ "The History of Penicillin".
  72. ^ "Biographical Note".
  73. ^ Feldman, Burton The Nobel Prize, pp. 286–289, Arcade Publishing, 2000 ISBN 1-55970-537-X
  74. ^ "Decoding Bees' Wild Waggle Dances", Wendy M. Grossman, Wired News, May, 13, 2005.
  75. ^ "Dr Adrian M. Wenner"
  76. ^ Sarasohn, Judy, Science on Trial: The Whistle-blower, the Accused, and the Nobel Laureate, St. Martin's Press, New York, 1993.
  77. ^ Fackelmann, Kathy A, "Regrets, Countercharges mark fraud dispute (David Baltimore admits he was wrong to dispute Margot O'Toole's allegations that Thereza Imanishi-Kari fabricated data in science fraud case)", Science News, 11 мај, 1991.
  78. ^ a b Bernstein, Jeremy, Science, Fraud & the Baltimore Case, Commentary, Volume: 106, Issue: 6, December 1998, Page Number: 40.
  79. ^ D. J. Kevles, The Baltimore Case: A Trial of Politics, Science, and Character, 13 јануари, 2000, (SC).
  80. ^ "The Baltimore Affair: A Different View".
  81. ^ Resnik, D. B., The Ethics of Science: An Introduction (The Baltimore Affair), Routledge, 1998.
  82. ^ "Dishonesty in Science".
  83. ^ "The Harold Varmus Papers: AIDS and HIV: Science, Politics, and Controversy, 1981–1993".
  84. ^ Hal Hellman, Great Feuds in Medicine: Ten of the Liveliest Disputes Ever, Wiley, Copyright 2001, 256 pages, ISBN 0-471-20833-7, (HC).
  85. ^ "Book Reviews: Great Feuds in Medicine: Ten of the Liveliest Disputes Ever", reviewed by George Biro, MD, 7 мај, 2002.
  86. ^ "HIV; Reality or Artefact?".
  87. ^ Times Online 19 декември, 2008: AstraZeneca row as corruption claims engulf Nobel prize
  88. ^ CNN.com - Jimmy Carter wins Nobel Peace Prize - 11 октомври, 2002
  89. ^ World: Africa's First Female Nobel Peace Laureate Accepts Award Amid Controversy Over AIDS Remarks
  90. ^ 10 Questions: Wangari Maathai, Time
  91. ^ [2]
  92. ^ Schück et al. 1972, pp. 562-566
  93. ^ a b c d Nobel Laureates Facts
  94. ^ Schück et al. 1972, pp. 156-159
  95. ^ Schück et al. 1972, p. 157
  96. ^ a b Schück et al. 1950, p. 174
  97. ^ Schück et al. 1950, pp. 174-175
  98. ^ a b Schück et al. 1950, p. 172
  99. ^ a b Schück et al. 1950, p. 173
  100. ^ Hager 2006, p. 251
  101. ^ Ryan 1993, pp. 119-120
  102. ^ Schück et al. 1972, p. 158
  103. ^ a b c Schück et al. 1972, p. 369
  104. ^ a b Schück et al. 1972, p. 388
  105. ^ Schück et al. 1972, p. 210
  106. ^ Bishop 2003, pp. 18-19

Извори[уреди | уреди извор]

  • Bishop, J. Michael (2003), How to Win the Nobel Prize: An Unexpected Life in Science, Cambridge, MA: Harvard University Press, ISBN 0-674-00880-4.
  • Hager, Thomas (2006), The Demon under the Microscope: from battlefield hospitals to Nazi labs, one doctor's heroic search for the world's first miracle drug, New York: Harmony Books, ISBN 1-4000-8213-7.
  • Nasar, Sylvia (1998), A Beautiful Mind, New York, NY: Simon & Schuster, ISBN 0-684-81906-6.
  • Ryan, Frank (1993), The Forgotten Plague: How the Battle Against Tuberculosis Was Won — and Lost, Boston, MA: Little, Brown and Company, ISBN 0-316-76380-2. First published in the United Kingdom as Tuberculosis: The Greatest Story Never Told.
  • Schück, Henrik; Sohlman, Ragnar; Österling, Anders; Liljestrand, Göran (1950), Nobel: The Man and His Prizes, Stockholm, Sweden: Nobel Foundation.
  • Schück, Henrik; Sohlman, Ragnar; Österling, Anders; Bernhard, Carl Gustaf (1972), Nobel Foundation; Odelberg, W., eds., Nobel: The Man and His Prizes (3rd ed.), New York, NY: American Elsevier Publishing Company, Inc, ISBN 0-444-00117-4.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Статија за тоа зошто Ганди никогаш не бил награден со Нобелова награда за мир?
  • Статија на BBC за контроверзиите поврзани со Нобеловата награда за мир
  • Преглед на CNN за Нобеловите награди
  • Одбиени документи кои освоиле Нобелови награди