Хенри Мозли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хенри Гвин Џефрис Мозли
200px
Хенри Мозли
Роден 23 ноември 1887(1887-11-23)
Вејмут, Дорсет, Британија
Починал 10 август 1915(1915-08-10) (воз. 27 г.)
Галиполи, Отоманска Империја
Националност британец
Полиња физика, хемија
Образование Троен колеџ, Оксфордски универзитет
Манчестерски универзитет
Познат по атомски број, Мозлиев закон
Влијание од Ернест Радерфорд
Поважни награди Матеучиев медал (1919)

Хенри Г. Џ. Мозли (23 ноември 1887-10 август 1915) бил англиски физичар.Мозлиевиот извонреден придонес за науката било оправдувањето на физичките закони на претходните емпириски и хемиски концепти на атомскиот број.Тоа произлегува од неговиот развој на Мозиевиот закон во Х-реј спектроскопијата.Мозлиевиот закон оправдува многу концепти во хемијата подредувајќи ги хемиските елементи во периодниот систем на елементите по логичен редослед базиран на физичките својства. Мозлиевиот закон за напредна атомска физика со изведувањето на првиот експериментален доказ како дел од теоријата на Ниелс Бор,настрана од спектарот на водородниот атом кој во теоријата на Бор бил дизајниран да се репродуцира. Од таа теорија произлезе моделот на Ернест Радерфорд и Антониус Ван Ден Брок со кој се претпостави дека атомот содржи атомско јадро,број од позитивни атомски полнежи кои се еднакви со атомскиот број од периодниот систем.Ова остана како прифатен доказ и ден денес. Кога првата светска војна избувна во западниот дел на Европа,Мозли го остави својот проект на Универзитетот во Оксфорд за да волонтира во групата на енженери на британската армија.Мозли беше доделен во единицата на војници на Британска Империја која што била испратена во регионот на Галиполи,Турција како телекомуникациски офицер во април 1915 година.Мозли бил убиен за време на битката на Галиполи на 10 август 1915 на 27 годишна возраст.Некои истакнати автори шпекулираат дека Мозли требало да биде награден со Нобелова награда за физика во 1916 доклку не починел борејќи се Британската армија. [1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Хенри Г. Џ. Мозли бил роден во Вејмоут,Дорсет на јужниот брег на Англија во 1887.Неговиот татко Хенри Н. Мозли(1844-1891),кој починал кога Хенри бил прилично млад,бил биолог и исто така професор по анатомија и психологија на Универзитетот на Оксфорд,и бил член на на Предизвикувачката Експедиција..[3] Мајка на Хенри била Анабел Г.Џ. Мозли која била ќерка на биологот Џон Г. Џефрис.По смртта на нејзиниот прв маж,таа се омажила повторно,со Вилијам Џ. Солас,професор по геологија на Универзитетот на Оксфорд.Анабел Мозли била исто така шампион во шах, на женското Британско првенство во шах во 1913.</ref>

Хенри Мозли бил дете што ветува и се школувал во училиштето Summer Fields,каде што една од четирите лиги била уменувана по него,исто така бил нагаден со голема стипендија да присуствува на колеџот Итон.[4]. Во 1906 добил награди на Итон за физика и хемија.[5]. Истата година Мозли се запишал на тројниот колеџ на Оксфорд на Оксфордовиот универзитет каде се здобил со диплома. Веднаш по дипломирањето на Оксфорд во 1910, Мозли станал основен предавач по физика на Викториниот универзитет во Манчестер под покровителство на Ернест Радерфорд.[6]. За време на Мозлиевата прва година на Манчестер Мозли имал преоптоварување во предавањето како асистент,но по оваа година тој се оттргнал од предавачките должности за да работи како асистент пребарувач.Тој одбил стипендија понудена од страна на Рутерфорд,сакајќи да се врати во Оксфорд во ноември 1913,каде што му биле доделени лабараториски објекти но не и поддршка.[7]

Придонеси кон физиката и хемијата[уреди | уреди извор]

Експериментирајќи со енергијата од β-честичките во 1912,Мозли покажал дека висок потенцијал е реален од радиоактивниот извор на радиум,според што се измислила и првата атомска батерија,иако тој бил неспособен да ја произведе 1МеV потребна за да ги запре честичките.[8]

Во 1913,Мозли ги набљудувал и мерел Х зраците на електромагнетниот спектар на повеќе хемиски елементи(најмногу метали) кои биле најдени со методот на дифракција на кристали.Ова било пионерска употреба на методот на Х спектроскопијата во физиката употребувајќи го Браговиот закон за дифракција за да се дефинираат брановите должини на Х зраците.Мозли открил систематска математичка поврзаност меѓу брановите должини на Х зраците и атомските броеви на металите кои биле употребувани како цели во цевките на Х-зраците.Ова стана познато како Мозлиев закон.

Во прилог,Мозли покажал дека имало празнини кај атомските броеви 43,61,72 и 75.Овие празнини се сега познати соодветно да бидат места на радиоактивни синтетички елементи технетиум и прометиум,исто така последните две прилично ретки природно стабилни елементи хафниум (откриен во 1923 година) и рениум (откриен во 1925 година).Ништо за овие четири елементи не било познато во животниот век на Мозли,дури ни нивното постоење.Базирано на интуицијата на многу искусниот хемичар Дмитри Менделеев предвидел дека постоењето на елементите што недостигаат во периодниот систем.Експериментите на Хенри Мозли ги потврдиле овие претпоставки покажувајќи дека атомските броеви кои недостигаат се 43 и 61.Во прилог Мозли предвидел уште два непронајдени елементи со атомски бреви 72 и 75 и дал силен доказ дека нема други празнини во периодниот систем меѓу елементите алуминиум,(атомски број 13) и злато (атомски број 79).

Ова подоцна го истакнало прашањето за можноста на постоење на повеќе неоткриени елементи меѓу хемичарите во светот особено порадии постоењето на голема фамилија од серијата на лантаноиди од ретките земјини елементи.Мозли бил способен да демонстрира дека лантаноидните елемнти од лантанот до лутециумот мора да имаат точно 15 членови –не повеќе и не помалку.Бројот на елементите во лантаноидите било прашање кое било поставувано од хемичарите од раниот 20-ти век.Тие сеуште неможат да произведат чисти примероци од овие ретки земјени елементи дури ни во форма на соли,и во некои случаи тие не биле во состојба да разликуваат помеѓу од две многу слични ретки земјени метали и слични чисти метали од периодниот систем.Исто така методот на сепарација(одделување) на ретките земјени метали по методот на јонска размена не бил измислен во времето на Мозли.Мозли исто така го предвидел постоењето на елементот 61,лантанид чие постоење било претходно неочекувано.Неколку години подоцна овој елемент 61 бил создаде вештачки во нуклеарните реактори и бил наречен прометиум.

Со оглед на тоа дека Мозли имал 27 години кога починал,според мислењето на некои други научници тој толку многу би придонел за знаењето на атомската структура доколку преживеел.Како што Нилс Бор што рекол[9] : „Видете,всушност работата на Рутерфордовото дело не беше сфатена сериозно.Неможеме да разбереме денес,но не била сфатена сериозно воопшто.Ја немаа споменато никаде,на ниедно место.Големата промена дојде од самиот Мозли.”

Меморијални плакати за Мозли биле поставени на Манчестер и Итон и стипендијата на Кралската Заедница основана по негова воља,имала свој втор примач,физичарот П.М.С. Блакет,кој подоцна станал претседател на заедницата.[10]

Придонесот на Мозли за разбирањето на атомот[уреди | уреди извор]

Пред Мозли и неговиот закон,атомските броеви биле сметани за произволно одредени броеви кои нејасно се зголемуваат според атомската маса,но не се стриктно одредени од неа.Откритието на Мозли покажало дека не се произволно означени туку имаат силна физичка основа. Понатаму,како што Бор споменал,Мозлиевиот закон обезбедил разумно комплетен сет на експериментални податоци кои ги поддржувале новите од 1911,концепцијата од Ернест Радерфорд и Антониум Ван Ден Брок за атомот,со позитивно наелектризирани јадра опколени од негативно наелектризирани електрони во кои атомскиот број е разбран да биде физичкиот број на позитивни полнежи(подоцна откриен и наречен протон).Мозли споменал два научници во неговиот проект,но не го споменал Бор,кој бил нов на сцената тогаш.Едноставно,модификацијата на формулите на Рудберг и Бор и дале теоретско оправнување на Мозлиевите емпириски добиени закони за детерминирање(одредување) на атомските броеви

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ernest Rutherford, "Moseley, Henry Gwyn Jeffreys", in Oxford Dictionary of National Biography, http://www.oxforddnb.com/article/35125 .
  2. Isaac Asimov (1972), Asimov's Biographical Encyclopedia of Science and technology, New York: Doubleday, p. 921. ISBN 0-385-17771-2.
  3. Brief biography of Moseley, in The Hutchinson Dictionary of Scientific Biography
  4. John L. Heilbron. The Work of H. G. J. Moseley. „Isis“ том  57 (3): 336–364. doi:10.1086/350143. ISSN 0021-1753. - JSTOR article; permission required
  5. Public Schools Year Book 1906.
  6. Brief biography, Henry Moseley X-Ray Imaging Facility
  7. Heilbron 1974, стр. 95
  8. Moseley, H.G.W.. The attainment of high potentials by the use of Radium. „Proceedings of the Royal Society“ том  88 (605): 471–6. doi:10.1098/rspa.1913.0045. Bibcode1913RSPSA..88..471M. http://rspa.royalsocietypublishing.org/content/88/605.toc. посет. 5 јануари 2013 г. 
  9. „Oral History Transcript — Niels Bohr“. American Institute of Physics. http://www.aip.org/history/ohilist/4517_1.html. посет. 7 септември 2012 г. 
  10. Heilbron 1974, стр. 126

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:EB1922 Poster

) - Henry Moseley X-Ray Imaging Facility

  • Henry Moseley (biography). "This Month in Physics History". American Physical Society. 2012.