Даглас Ошероф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Даглас Ошероф
Douglas Osheroff 2011-08-08 cropped.JPG
Роденавгуст 1 1945 (1945-08-01) (73 г.)
Абердин, Вашингтон, САД
ЖивеалиштеКалифорнија, САД
ДржавјанствоАмериканско
НационалностСАД Американец
ПолињаЕкспериментална физика, Физика на кондензирани материи
УстановиСтенфордски универзитет
Белови лаборатории
ОбразованиеКалифорниски институт за технологија, Корнелски универзитет
Докторски менторДејвид Ли
Познат поОткривање на суперфлуидност во хелиум-3
Влијание одРичард Фејман
Поважни наградиНобелова награда за физика (1996)
Симонова спомен награда (1976)
Награда за Баклиева кондензирана материја (1970)
СопружникФилис Лиу - Ошероф (в. 1970)

Даглас Дин Ошероф (англиски: Douglas Dean Osheroff 1 август 1945) е физичар познат по неговата работа на експериментална физика на кондензирана материја, поточно, за неговото ко-откривање на суперфлуидност во хелиум-3. За неговиот придонес во 1996 ја поделил Нобеловата награда за физика со Дејвид Ли и Роберт Колман Ричардсон.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Ошероф се родил во Абердин (Вашингтон). Неговиот татко, Вилијам Ошероф, бил син на еврејски имигранти кои ја напуштиле Русија. Неговата мајка, Беси Ана (Ондов), медицинска сестра, била ќерка на словачки имигранти (нејзиниот сопствен татко бил лутерански министер).[2] Ошероф бил прифатен во лутеранската црква, но на него му била дадена можност да одбеде, па така одлучил да не ја посетува повеќе. Тој изјавил: „На некој начин изгледаше дека лажењето во црква е најлошото место да се лаже. Веројатно до некој емотивен степен ја прифаќам идејата за Бог, но незнам како Бог би се појавил.“[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Ошероф ја добил својата универзитетска диплома во 1967 од Калифорнискиот институт за технологија, Калтех, каде одел на предавања од Ричард Фејман и го спровел своето постдипломско истражување за Џералд Невгебауер.

Ошероф се придружил на лабораторијата за атомска физика и физика на цврста агрегатна состојба во Корнелскиот универзитет како дипломиран студент, изведувајќи истражување за нискотемпературна физика. Заедно со Дејвид Ли, шефот на лабораторијата, и Роберт Ричардсон, Ошероф употребил померанчукова ќелија за да го испита однесувањето на 3He на температури од неколку илјади степени на апсолутна нула. Тие откриле неочекувани ефекти во нивните мерења, кои тие ги објасниле како фазни транзиции на суперфлуидна фаза на 3He.[4][5] Ли, Ричардсон и Ошероф биле заеднички наградени со Нобеловата награда за физика во 1996 за нивното откритие.

Ошероф добил диплома за доктор на науки од Корнелскиот универзитет во 1973. Потоа тој работел во Беловите лаборатории во Мареј Хил, Њу Џерси цели петнаесет години, продолжувајќи со неговото истражување за нискотемпературната појава во 3He.

Ошероф фотографира за време на патување во Биг Сур со неговите студенти

Во 1987 тој се преместил во одделот за физика и применета физика во Стенфордскиот универзитет, каде исто така бил директор на одделот од 1993-96. Неговото истражување во главно било за феноменот кој се појавувал при екстремно ниски температури.

Ошероф бил одбран да работи во Колумбиското биро за истражување на инциденти, за истрага на спејс шатлот Columbia, имајќи ја истата улога како и Ричард Фејман.

Тој моментално работи во бирото на советници за научници и инженери за Америка, огранизација фокусирана на промовирање на наука во американската влада.

Ошероф е левак, така што вината за неговите мани и ексцентричности ја префрла на тоа. Тој е исто така страствен фотографер и ги запознава судентите во Стенфорд со средно-форматна филмска фотографија на семинар насловен "Technical Aspects of Photography." (македонски: „Технички аспекти на фотографијата“). Додатно, тој одржувал во Стенфорд воведен физички курс за електрицитетот и магнетизмот при неколку средби, последен пат летото 2008, како и постдипломските лаборатории за нискотемпературна физика.

Меѓу неговите физички теренски активности, Ошероф учествувал во научни фестивали за студенти од основно и средно училиште, во официјален „гостин на честа“ во Меѓународниот натпревар на млади физичари, 2013.[6][7]

Се оженил со биохемичарот, Филис Лиу - Ошероф, во 1970.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "The Nobel Prize in Physics 1996". Nobel Foundation. конс. 2009-10-04. 
  2. Biography on the Nobel Foundation website
  3. Hargittai. 2006. Candid Science VI: More Conversations with Famous Scientists, Imperial College Press, p. 726
  4. Osheroff, DD; RC Richardson; DM Lee (3 април 1972 г). Evidence for a New Phase of Solid He3. „Physical Review Letters“ (American Physical Society) том  28 (14): 885–888. doi:10.1103/PhysRevLett.28.885. Bibcode1972PhRvL..28..885O. 
  5. Osheroff, DD; WJ Gully; RC Richardson; DM Lee (2 октомври 1972 г). New Magnetic Phenomena in Liquid He3 below 3mK. „Physical Review Letters“ (American Physical Society) том  29 (14): 920–923. doi:10.1103/PhysRevLett.29.920. Bibcode1972PhRvL..29..920O. 
  6. "Douglas Osheroff at the IYPT 2013". IYPT. конс. 2013-06-02. 
  7. "Professor Douglas Osheroff: Invited Nobel laureate". iypt.tw. конс. 2013-06-02. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]