Ханс Бете

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ханс Бете
Hans Bethe.jpg
Роден Ханс Албрехт Бете
јули 2, 1906(1906-07-02)
Стразбург, Германија
Починал март 6, 2005(2005-03-06) (воз. 98 г.)
Итака, Њуjорк, САД
Живеалиште Германија
САД
Националност Германец
американец
Полиња Нуклеарна физика
Установи
Образование Франкфуртски универзитет
Минхенски универзитет
Докторски ментор Арнолд Зомерфелд
Докторанди
Други значајни студенти Фриман Дајсон
Познат по
Поважни награди
Сопружник
Роза Евалд (ож.1939; две деца)
Потпис

Ханс Албрехт Бете (2 јули 1906 - 6 март 2005) — германско-американски нуклеарен физичар кој направил значаен придонес кон астрофизиката,квантната електродинамика и физиката на цврсто тело, добитник на Нобеловата награда за физика во 1967 година за неговата работа за теоријата на ѕвездена нуклеосинтеза.[1][2]

Во поголемиот дел од својата кариера, Бете бил професор на Корнеловиот универзитет.[3] Во текот на Втората светска војна, тој бил одговорен за теорискиот оддел во тајната лабораторија Лос Аламос, која ги создаде првите атомски бомби. Таму тој имал клучна улога во пресметувањето на критичната маса на бомбите, како и развивањето на теоријата за имплозивниот метод кој се користел при Тринити и Дебелко, бомбата која била фрлена на Нагасаки.

По Втората светска војна Бете, исто така, одиграл важна улога во развојот на водородната бомба, иако тој првично се приклучил на проектот со надеж дека ќе докаже дека не можно да се направи. Бете подоцна заедно со Алберт Ајнштајн и Итниот одбор на атомските научници против нуклеарни тестирања и нуклеарната трка за вооружување. Тој помогнал да ја убеди администрацијата на Кенеди и Никсон да го потпишат Договорот за делумна забрана на нуклеарни тестирања во 1963 и Противбалистичкиот ракетниот договор и САЛТ.

Тој не престанал со својата истражувачка работа и продолжил да објавуваа трудови и во неговите деведесетти години, што го прави еден од ретките научници кои објавиле барем еден голем труд во својата област во текот на секоја деценија од неговата кариера, во неговиот случај станува збор за седумдесет години. Фриман Дајсон, кој бил еден од неговите студенти, својот учител го нарекол „Врвен решавач на проблеми во XXвек“.[4]

Младост[уреди | уреди извор]

Бете е роден во Стразбур на 2 јули 1906 година во тогашна Германија, како единец на Ана и Албрехт Бете професор доцент по физиологија на Стразбуршкиот универзитет[5]. Иако неговата мајка била ќерка на професор на Стразбуршкиот универзитет а воедно и еврејка[6], тој бил израснат како протестант како и неговиот татко[7]. И покрај тоа што имал верско минато,[8] тој не бил верски определен подоцна во својот живот, и се опишувал себе си како атеист[9].

Бете на 12 годишна возраст, со своите родители

Неговиот татко ја прифатил позицијата професор и директор на Институтот за физиологија на Килскиот универзитет во 1912 година, а семејството се преселило во станот наменет за директорот во Институтот. Тој првично бил школуван дома од професионален учител како дел од група од осум девојчиња и момчиња.[10] Семејството повторно се преселило во 1915 година, кога неговиот татко станал одговорен за новиот Институт за физиологија на Франкфуртскиот универзитет.[7]

Бете се школувал во гимназијата „Гете“ во Франкфурт, Германија. Неговото образование било прекинато во 1916 година, кога се дознало дека боледува од туберкулоза, па тој бил испратен во Бад Кројцнах за да се опорави. Во 1917 година, тој се опоравил доволно за да се школува во месното „училиште“, а следната година бил испратен во приватниот интернат Оденвалдшуле.[11] Тој повторно до крајот на своето средно образование ја посетувал гимназијата „Гете“, од 1922 до 1924 година.[12]

По матурата Бете своето образование го продолжил на Франкфуртскиот универзитет. Тој одлучил да студира хемија. Наставата по физиката била слаба, исто така во Франкфурт работеле и истакнатите математичари како Карл Лудвиг Сигел и Ото Сас, на Бете не му се допаѓале нивните приоди, кои ја предавале математиката без да ги вклучат останатите науки.[13] Бете сфатил дека бил слаб експериментатор тој си го уништил својот лабораториски мантил истурајчи врз него сулфурна киселина, за да увиди дека Валтер Герлах предавал напредна физика, која побудила голем интерес во него.[13][14] Герлах заминал во 1925 година и бил заменет од Карл Мајснер, кој му посочил на Бете дека треба да студира на факултет кој има подобри предавања по теориска физика, као што бил Минхенскиот универзитет, каде што можел да студира кај познатиот физичар Арнолд Зомерфелд.[15][16]


Бете се запишал на Минхенскиот универзитет во април 1926 година, при што Зомермерфелд го прифатил како студент по препорака на Мајснер.[17] Зомерфелд предавал напреден курс за диференцијални равенки во физиката, што му се допаднало на Бете. Бидејќи бил мошне познат научник, Зомерфелд честопати ги добивал однапред примероците од научните трудови, по што истите биле ставени за дебата на неговите неделни предавања. Кога Бете пристигнал, Зомерфелд само што го добил трудот на Ервин Шредингер за брановата механика.[18]

За својата докторска теза, Зомерфелд му предложил на Бете да ја испита електронската дифракција во кристалите. Како појдовна точка, Зомерфелд му го предложил трудот на Паул Евалд од 1914 година за рентгенската дифракција во кристалите. Бете се сеќава на тие моменти како бил премногу амбициозен и во потрага по поголема точност, неговите пресметки станале непотребно сложени.[19] Кога за првпат го запознал Волфганг Паули, Паули му рекол: „По раскажувањата на Зомерфелд за тебе, очекував многу подобар труд од тебе“.[20] Бете подоцна рекол дека знаејќи го Паули „тоа беше комплимент“.[20]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Откако Бете го добил својот докторат, Ервин Меделунг му понудил да биде асистент во Франкфурт, а во септември 1928 година Бете се преселил со својот татко, кој неодамна се развел од неговата мајка. Неговиот татко на почетокот на годината се запознал со Вера Конгел, и во текот на 1929 година се оженил со неа. Тие имале две деца, Дорис, родена во 1933 година, и Клаус, роден во 1934 година.[21] Бете не ја сметал својата работата во Франкфурт за многу стимулативна, па во 1929 година прифатил понуда од Евалд во „Техничкото училиште“ во Штутгарт. Додека работел таму, тој го напишал својот најголем труд,[22] („Теорија за минување на брзи честични зраци низ материјата“).[23] Започнувајќи со толкувањата на Макс Борн на Шредингеровата равенка, Бете извел упростена равенка за судирните проблеми користејќи Фуриева трансформација, која денес е позната како Бетеова равенка. Тој овој свој труд го поднел за неговата хабилитација во 1930 година.[22][24][25]

Зомерфелд го препорачал Бете да ја добие патувачката стипендија од Рокфелероваta фондација во 1929 година. Ова му обезбедило 150 долари месечно (околу $2.000 во 2017 долари [upper-alpha 1]) за студирање во странство. Во 1930 година, Бете избрал својата постдокторска работа да ја обави во Кевендишовата лабораторија на Кембричкиот универзитет во Англија, каде што работел под надзор на Ралф Фаулер.[26] По барање на Патрик Блекет, кој работел со Вилсонова комора, Бете запишал нова релативистичка равенка за Бетеовата равенка.[27] Бете исто така бил познат по неговиот хумор, а со Гвидо Бек и Волфганг Ризлер, двајца други постдокторндски научни соработници, создадале труд за „За квантната теорија при температурата од апсолутна нула", каде ја пресметал константата на фината структура од апсолутната нула изразена преку целзиусови степени.[28] овој труд потикнал смеа за одредена класа на трудови за теориска физика, кои биле целосно шпекулативни и засновани на сомнителни нумерички записи како што бил обидот на еденпрвичен труд на Артур Едингтон да ја објасни вредноста на константата на фината структура од основните величини. По што тие биле присилени официјално да се извинат.[29]

За втората половина од неговата стипендија, Бете во февруари 1931 година избрал да работи во лабораторијата на Енрико Ферми во Рим. Тој бил во голема мера импресиониран од Ферми и се покајал што првично не заминал во Рим.[30] Бете го оформил Бетеовиот анзац, метод за изнаоѓање на точните решенија на единечните вредности и единечните вектори за одредени еднодимензионални квантни модели за повеќе тела.[31] Тој бил под влијание на Фермиевата едноставност и Зомерфелдовата строгост во пристапот на проблемите, и сите овие квалитети го прателе до крајот на неговиот иустражувачки живот.[32]

Рокфелеровата фондација му понудила продолжување на неговата стипендија, овозможувајќи му да се врати во Италија во 1932 година.[33] Во меѓувреме, Бете работел со Зомермерфелд во Минхен како „приватдоцент“. Бидејќи Бете течно зборувал англиски, Зомерфелд го назначил да ги надгледува сите негови постдокторанди од англиското говорно подрачје, вклучувајќи го и Лојд Смит од Корнеловиот универзитет.[34] Бете го прифатил барањето на Карл Шил да напише статија за „Прирачникот за физиката“ за квантната механика на водородот и хелиумот. Разгледувајќи ја статијата неколку децении подоцна, Роберт Бахер и Виктор Вајскопф забележале дека е невообичаено задлабочена и опширина во опфатот на темата, но била потребна само мала измена за изданието од 1959 година. Од Бете од страна на Зомерфелд било побарано да му помогне со трудот за електроните во металите. Трудот ја опфатил основата на она што сега се нарекува физика на кондензирана материја. Бете се вклучил во за него ново поле на физиката и обезбедил јасно, совпадливо и целосно покритие на истата.[33] Неговата работа на статиите од прирачникот опфатила поголем дел од неговото време во Рим, но исто така успеал да биде соавтор со Ферми на друго ново поле од физиката, квантната електродинамика, опишувајќи ги релативистичките заемнодејства на наелектризираните честички.[35]

Во 1932 година Бете бил назначен за помошник професор на Тибингенскиот универзитет, каде Ханс Гајгер бил професор по експериментална физика.[36][37] Еден од првите закони што ги донела новата национално-социјалистичка влада бил Законот за возобновување на професионалната државна служба. Поради неговото еврејско потекло, Бете бил отпуштен од својата работа на универзитетот, која била државно работно место. Гајгер одбил да помогне, но Зомерфелд веднаш го повикал назад Бете на Минхенскиот универзитет. Зомермфелд поминал поголем дел од летото во 1933 година, наоѓајќи места за еврејските студенти и колеги.[38]

Бете ја напуштил Германија во 1933 година и се преселил во Англија, откако добил понуда да биде предавач професор на Манчестерскиот универзитет околу една година благодарение на познанството на Зомерфелд со Вилијам Лоренс Брег.[38] Тој се преселил и живеел заедно со својот пријател Рудолф Пирлс и неговата сопруга Џенија. Пирлс исто така бил германски физичар, на кого му било забрането да добива академски работни места во Германија, бидејќи неговите родители биле евреи. Ова значело дека Бете имал со кого да говори на германски и не морал да ја јаде англиската храна.[39] Нивниот однос бил професионален, како и личен. Пирлс предизвикал интерес кај Бете за нуклеарната физика.[40] Откако Џејмс Чедвик и Морис Голдхабер го откриле фотораспадот на деутериум,[41]Чедвик ги повикал Бете и Пирлс да излезат со теоретско објаснување за оваа појава. Ова тие двајца го разрешиле на четиричасовното патување со воз од Кембриџ до Манчестер.[42] А во наредениот период Бете продолжил подлабоко да ја истражува појавата.[40]


Во 1933 година, одделот за физика на Корнеловиот универзитет бил во потрага по нов теориски физичар, а Лојд Смит упорно го препорачувал Бете. Ова го поддржувал и Брег, кој во тоа време бил во посета на Корнел. Во август 1934 година, Корнеловиот универзитет му понудил на Бете работно место како помошник професор. Бете веќе имал стипендија за една година да работи со Невил Мот на Бристолскиот универзитет во текот на еден семестар, при што Корнеловиот универзитет се согласил да му дозволи да започне во пролетта 1935 година.[43] Пред да замине за САД , тој го посетил институтот на Нилс Бор во Копенхаген во септември 1934 година, каде ја запросил Хилде Леви, која прифатила да му биде сопруга. Сепак на овој брак се спротиставила мајката на Бете, бидејќи не сакала својот син да се ожени со еврејка, иако и самата била еврејка, по што Бете ја прекинал свршувачката неколку дена пред свадбата во декември.[44] Нилс Бор и Џејмс Франк биле толку шокирани од однесувањето на Бете, што повотрно го поканиле на институтот дури по завршувањето на Втората светска војна.[45]

САД[уреди | уреди извор]

Бете пристигнал во САД во февруари 1935 година, и станал дел од предавачите на Корнеловиот универзитет за плата од 3.000 американски долари.[46] Бете бил назначен во одделот за нуклеарна физика како дел од намерата на новиот шеф на одделот за физика, Розвел Клифтон Гибс.[47] Гибс ги вработил и Милтон Стенли Ливингстон, кој работел со Ернест Лоренс, да изработат циклотрон на Корнеловиот универзитет.[47] За да ја докомплетира екипата, на Корнеловиот универзитет му бил потребен и експериментатор и, по препорака на Бете и Ливингстон бил вработен Роберт Бахер. Бете добил понуда да ги посети Колумбискиот универзитет од Исидор Ајзек Раби, Принстонскиот универзитет од Едвард Кондон, Рочестерскиот универзитет од Ли Дубриџ, Пердјуовиот универзитет од Карл Ларк-Хоровиц, Илиноискиот универзитет од Франсис Вилер Лумис и Харвард од Џон Хазбрук ван Флек. За да спречи Бете да му бисе грабнат од конкуренцијата, Гибс го назначил за редовен помошник професор во 1936 година, со ветување дека набрзо ќе биде и професор.[48]

Заедно со Бахер и Ливингстон, Бете објавил серија од три труда,[49][50][51] кои збирно обработувале се што се знаело за темата нуклеарна физика дотогаш, и истите се сметале за „Бетеова библија“, и останале стандард за темата со години. Надоврзувајќи се на ова, тој исто така ја продолжувал работата каде многумина застанале, пополнувајќи ги празнините во литературата.[52] Лумис му понудил на Бете полно професорско работно место на Илиноискиот универзитет, но Корнеловиот универзитет ја надвјасал понудата, и понудената плата од $6,000.[53] Тој и пишал на својата мајка:

Јас сум водечкиот теоретичар во Америка. Но не и најдобриот. Вигнер сигурно подобар Опенхајмер и Телер се исто така добри како мене. Но јас повеќе работам и зборувам и тоа е значаен придонес [54]

Приказ на синџирната реакција протон-протон
Преглед на циклусот CNO-I. Јадрото на хелиум се ослободува горе лево.

На 17 март 1938 година Бете присуствувал на четвртата годишна конференција за теориска физика организирана од страна на Институтот за наука „Карнеги“ и универзитетот „Џорџ Вашингтон. Имало само 34 поканети учесници, меѓу кои беа и Грегори Брајт, Субраманијан Чандрасекар, Георги Гамов, Доналд Мензел, Џон фон Нојман, Бенгт Стремгрен, Едвард Телер и Мерле Туве. Бете првично ја одбил поканата да присуствува, бидејќи темата на конференцијата, ѕвездена нуклеосинтеза, не го интересирала, но Телер го убедил да дојде. На конференцијата, Стремгрен детално ги објаснил температурите, густината и хемискиот состав на Сонцето, и ги предизвикал физичарите да излезат со објаснување. Ганмов и Карл Фридрих фон Вајцзекер имале предложено во труд од 1937 година дека енергијата на Сонцето се добива како резултат на т.н. p-p циклус:[55][56]


p
 

p
→  2
1
D
 

e+
 

ν
e

Но овде не биле земени во предвид набљудуваните елементи потешки од хелиум. До крајот на конференцијата, Бете, работејќи заедно со Чарлс Кричфилд, дошле до низа на постепени нуклеарни реакции кои објасниле како сјае Сонцето:[57]

2
1
D
 

p
 
→  3
2
He
 

γ
3
2
He
 
3
2
He
 
→  4
2
He
 

p
3
2
He
 
4
2
He
 
→  7
4
Be
 

γ
7
4
Be
 

e
 
→  7
3
Li
 

ν
e
7
3
Li
 

p
 
→  4
2
He

Но ова не ги објаснувало процесите во потешките ѕвезди. Во тој период постоеле сомнежи дали p-p процесот ги опишувал процесите во Сонцето, но неодамнешните мерења на сончевите температури во јадрото и сјајот покажале дека се точни.[55] Кога се вратил на Корнеловиот универзитет, Бете ги проучувал важните јадрени реакции и напречниот пресек на реакциите, што довело до откривањето на јаглеродно-азотно-кислородениот циклус (CNO циклус):[58]

12
6
C
 

p
 
→  13
7
N
 

γ
13
7
N
 
    →  13
6
C
 

e+
 

ν
e
13
6
C
 

p
 
→  14
7
N
 

γ
14
7
N
 

p
 
→  15
8
O
 

γ
15
8
O
 
    →  15
7
N
 

e+
 

ν
e
15
7
N
 

p
 
→  12
6
C
 
4
2
He

Двата труда, едниот за p-p циклусот, каде соавтор му бил Кричфилд, а другиот за CNO-циклусот, биле испратени до списанието Physical Review за да бидат објавени.[59] По Кристалната ноќ, мајката на Бете се плашела да остане во Германија. Користејќи го своето потекло од Стразбур, имала можност да се пресели во САД 1939 година како дел од француската квота, наместо со германската, која била пополнета.[60] Дипомецот на Бете, Роберт Маршак забележал дека Њујоршката академија за науките нудела награда од $500 долари за најдобриот необјавен труд со тема за сончевата и ѕвездената енергија. Па така Бете, на кој му требале $250 да го исплати мебелот на својата мајка, го повлекол трудот за CNO-циклусот и го испратил до Њујоршката академија за науките. Ја добил наградата, и Бете на Маршак му дал $50, искористил $250 да го исплати мебелот на својата мајка. Трудот сепак подоцна бил објавен во Physical Review во март. Станувал збор за пробив во разбирањето на ѕвездите, и ќе му ја донесе на Бете Нобеловата награда за физика во 1967 година.[61][59] Во 2002 година, на возраст од 96 години, Бете му испратил рачно напишана белешка на Џон Бакал честитајќи му за употребата на набљудувањата на сончевите неутрина да покаже дека CNO-циклусот обезбедува околу 7% од сончевата енергија, набљудувањата на неутрината започнало со Рејмонд Дејвис, чиј експеримент се засновал на Бахаловите пресметки и охрабрување, што довело до тоа Дејвис да ја добие Нобеловата награда за физика во 2002 година.[62]

Бете се оженил со Роза Евалд, ќерката на Паул Евалд, на 13 септември, 1939 година, со обична граѓанска прослава.[63] Тие имале две деца, Хенри и Моника.[64] (Хенри бил специјалист за играње Бриџ и е поранешен сопруг на Кити Купер.)[65] Тој станал американец во месец март 1941 година.[66] Пишувајќи му на Зомерфелд во 1947 година, Бете му се доверил дека „Јас се чуствувам повеќе како американец отколку германец. Како да се родив во Германија по грешка, и пристигнав во мојата вистинска татковина на 28 години“.[67]

Проектот Менхетен[уреди | уреди извор]

Бетовата идентификациона картичка од Националната лабораторија Лос Аламос.

Кога започнала Втората светска војна, Бете сакал да придонесе во воените напори,[68] но не бил во можност да работи на класифицирани проекти додека не станал државјанин. Следејќи го советот на аеродинамичарот од Калифорнискиот универзитет, Теодор фон Карман, Бете соработувал со својот пријател Телер на теоријата за ударни бранови кои се создаваат при преминот на проектилот низ гас. Бете оваа работа ја сметал за еден од најважните трудови во неговиот живот. Тој исто така работел и натеоријата на пробивање на оклопи, која веднаш била класифицирана од страна на армијата, правејќи ја недостапна за Бете, кој во тој период не бил американец.[69]

По добивањето на безбедносен сертификат во декември 1941 година Бете се приклучил на Лабораторијата за радијација при МИТ, каде што ja измислил дирекционата спојка, која се користи во микробрановодите, како оние што се користат во радарите.[70] Во Чикаго во јуни 1942 година, а потоа и на Калифорнискиот универзитет, во јули учествувал на низа состаноци по покана на Роберт Опенхајмер, на кој биле разгледани првите замисли за атомската бомба. Тие преминале на прелиминарните пресметки на Роберт Сербер, Стан Франкел и други, и дискутирале за можностите за користење на ураниум-235 и плутониум. Телер размислувал за тремонуклеарна направа наречена историјата на Телер-Уламовата замисла. Во еден момент Телер го поставил прашањето дали е можно азотот во атмосферата да се запали. Па Бете и Емил Конопински требале да ги направат пресметките за да покажат дека тоа е невозможен настан.[71]Тој подоцна се потсеќа дека „фисионата бомба морала да се направи“, „бидејќи најверојатно и германците работеле на истата“.[72]

Кога Опенхајмер бил задолжен за создавањето на тајна лабораторија за осмислување на оружје, Националната лабораторија Лос Аламос, го назначил Бете, за шеф на теоретскиот оддел, најмалаиот, но најпрестижниот дел на лабораторијата. Ова ги вознемирило подеднакво квалификуваните, но тешки за соработка Телер и Феликс Блох, кои ја посакувале истото работно место.[73][74] Серијата несогласувања меѓу Бете и Телер помеѓу февруари и јуни 1944 година над релативниот приоритет на Супер истражувањата довеле до тоа групата на Телер да биде отстранета од теорискиот оддел и да биде ставена под раководство на Опенхајмер. Во септември станала дел од новиот оддел на Ферми наречен F-оддел.[75]


Работата на Бете во Лос Аламос вклучувала пресметување на критичната маса и ефикасноста на ураниумот-235 и мултиплицирање на јадрената фисија во експлодирачката атомска бомба. Заедно со Ричард Фејнман, тој развил равенка за пресметување на експлозивниот принос на бомбата.[76] По август 1944 година, кога лабораторијата била реорганизирана и преорентирана за да се реши проблемот со имплозијата на плутониумската бомба, Бете го поминал поголемиот дел од своето време, проучувајќи ги хидродинамичките гледишта за имплозијата, работа на која работел во 1944 година.[77] Во 1945 година работел на неутронскиот стартер, а подоцна и на радијационата распределба од експлодирачката атомска бомба.[78] Па така пробата Тринити ја потврдила точноста на резултатите на теорискиот оддел.[79] Кога експлодирала во пустините на Њумексико на 16 јули 1945 година, Бете бил загрижен за ефикасноста на операцијата а на е за нејзините морални влијанија. Се вели дека во тие моменти изјавил: „Јас не сум филозоф".[80]

Водородна бомба[уреди | уреди извор]

По војната, Бете тврдел дека не треба да се започнува забрзан проект за водородна бомба, и тоа по најавата на проектот од страна на претседателот Хари Труман, како и избувнувањето на Корејската војна, каде Бете имал клучна улога во развојот на оружјето. Иако тој ќе биде вклучен во проектот до неговиот крај, Бете се надевал дека би било невозможно да се создаде водородната бомба.[81] Тој подоцна ќе забележи во 1967 година на спротиставувањата во неговите ставови, бидејќи првично се противел на создавањето на оружјето, за подоцна истиот да помагал во неговото создавање:

Само неколку месеце претходно, започна Корејската војна, и за првпат го водов директниот судир со комунистите. Тоа беше доста вознемирувачко. Студената војна по се изгледаше дека ќе стане жешка. Тогаш знаед дека јас треба да го сменам мојот претходен став. Ако не работев на бомбата, ќе работеше некој друг — и си мислев дека ако јас бев во Лос Аламос можам да бидам сила за разоружување. Затоа се сложив да учествувам во создавањето на водородната бомба. Ми изгледаше доста логично. Но понекогаш посакувам да бев попостојан идеалист.[82]

А за сопствената улога во овој проект и неговата поврзаност со спорот околу тоа кој бил заслужен за замислата, Бете подоцна изјавил:

Откако беше направена водородната бомба, известувачите започнале да го нарекуваат телер татко на водородната бомба. За да биде историски вистинито, јас мислам дека епопрецизно да се каже дека Улам е таткото, бидејќи тој го обезбедил семето, додека пак Телер е мајката, бидејќи тој останал со детето. А пак што се однесува на мене, јас сум акушерката.[82]

Во 1954 година Бете сведочел во име на Роберт Опенхајмер за време на случајот безбедносното сослушување на Опенхајмер. Поточно, Бете тврдел дека ставовите на Оппенхајмер против развојот на водородната бомба кон крајот на 1940-тите не го попречувале нејзиниот развој, тема што се сметаше за клучен мотивирачки фактор зад сослушувањето. Бете тврдел дека развојот на настаните што довеле до успешна Телер-Уламова замисла биле прашање на сериозност, а не прашање на работна сила или логички развој на претходно постоечките идеи. За време на сослушувањето Бете и неговата сопруга, исто така, се обиделе да го убедат Едвард Телер да не сведочи. Сепак, Телер не се согласил, а неговото сведочење одиграло голема улога во одземањето на безбедносната дозвола на Опенхајмер. Додека Бете и Телер биле во многу добри односи за време на предвоените години, конфликтот меѓу нив за време на проектот „Менхетен“, а особено поради сведочењето на сослушувањето на Опенхајмер, трајно го нарушило нивниот однос.[83]

Подоцнежна работа[уреди | уреди извор]

Ламбово поместување[уреди | уреди извор]

Ханс Бете како предавач на универзитетот Делхаузи во 1978 година.

По завршетокот на војната, Бете се вратил на Корнеловиот универзитет. Во јуни 1947 година, тој учествувал на конференцијата „Шелтер Ајланд“. Спонзорирана од страна на Националната академија на науките се одржувала во кафаната Рамс Хед во Шелтер Ајланд, Њујорк, на тема „Основите на квантната механика“ и била првата поголема конференција за физика одржана по војната. Тоа било шанза за американските физичари да се соберат, да продолжат од каде што застанале и да воспостават насока за повоеното истражување.[84][85]

Голема тема за разговор на конференцијата било откритието на Вилис Ламб и неговиот дипломец Роберт Радерфорд кое се случило кратко пред да започне конференцијата и според истото една од можните квантни состојби на водородот имало малку повеќе еднергија од онаа предвидена од теоријата на Пол Дирак, појавата била позната како Ламбово поместување. Опенхајмер и Вајскопф предложиле дека појавата е резултат на квантни флуктуации на електромагнетното поле. Предвоената квантна електродинамика (КЕД) давала неверојатни, бесконечни вредности, но Ламбовото поместување покажувало дека е вистинито и конечно. Ханс Крамерс предложил ренормализација како решение, но никој не знаел како да ги направи пресметките.[86][84]

Бете успеал да го разреши патувајчи на возот од Њујорк до Скенектади. Тој ја добил вредноста одн 1040 MHz, крајно блиска до онаа која експериментално ја добиле Ламб и Радерфорд. Ова го постигнал, согледувајќи дека не станува збор за нерелативистички процес што доста ги упростило пресметките. Неговиот труд, објавен во Physical Review во август 1947 година била само на две страници и содржел само 12 математички равенки, но бил крајно значаен. Следствено, се претпоставило дека бесконечните вредности на КЕД биле грешни од самиот почеток, и дека е потреба нова радикална теорија. Бете покажал дека нема потреба од таков тек.[87]

Еден од Бетеовите најпознати трудови е еден кој никогаш не го напишал, станува збор за Алфер–Бете–Гамовиот труд од 1948 година.[88] Георги Гамов го додал името на Бете (in absentia) без да се посоветува со него, знаејќи дека на Бете нема да му смета, и напротив желбите на Ралф Алфер. Ова најверојатно била одлика на хуморот на Гамов, кој посакувал да има наслов на трудот кој ќе наликува на првите три букви од старогрчката азбука. Како еден од прегледувачитер на списанието Physical Review, Бете го видел трудот и ги прешкртал зборовите „in absentia“.[89]

Астрофизика[уреди | уреди извор]

Бете верувал дека атомското јадро било како квнатна течна капка. Тој ја истражувал нуклеарната материја надоврзувајќи се на работата на Кит Брукнер за теоријата за пертурбација. Работејќи за Џефри Голдстоун, тој дал решение за случајот каде што постоел бесконечен јадрен потенцијал. Тогаш, работејќи се Бајрд Брендов и Алберт Петшек, тој стигнал до приближност којаја сменила равенката за расејувањето во лесно разрешлива диференцијална равенка. Ова подоцна го довело до Бете-Фадеевата равенка, воопштување на пристапот на Лудвиг Фадеев за расејување на тројно тело. Тој подоцна ги искористил овие техники за да ги испитува неутронските ѕвезди, кои имаат густини слични на оние во јадрото.[90]

Бете продолжил да ги истражува суперновите, неутронски ѕвезди, црните дупки и други проблеми во теориската астрофизика, иако имал деведесетина години. На тоа поле, тој соработувал со Џералд Браун. Во 1978 година, Браун предложил да соработуваат за суперновите. Тие биле разумно добро објаснети во овој период, но пресметките се уште биле проблематични. Користејќи техники користени од децении работење со нуклеарната физика, како и искуствата со пресметки кои вклучуваат нуклеарни експлозии, Бете се осврнал на проблемите со ѕвездениот гравитациски колапс и начинот на кој различните фактори влијаеле на експлозијата на супернова. Уште еднаш, тој успеал да го упрости проблемот на збир од диференцијални равенки и да ги реши.[91][92]

На 85-годишна возраст, Бете напишал важен труд за проблемот за сончево неутрино, каде тој помогнал во воспоставувањето на механизмот за претворање на електрони во миони предложен од Станислав Михеев, Алексеј Смирнов и Линколн Волфенштајн за да објаснат големо несовпаѓање помеѓу теоријата и експериментот. Бете тврдел дека физика над стандардниот модел е потребна за да се разбере проблемот со сончевите неутрина, бидејќи претпоставувал дека неутрината немаат маса, и затоа не можат да се претвораат едни во други, додека пак МСВ ефектото побарувал ова да се случи. Бете се надевал дека ќе најде подржувачки докази во испитувањата од Садберската неутринска опсерваторија (СНО) во Онтарио, Канада, во текот на својот 90-ти роденден, но повикот од СНО не пристигнал дури кога тој имал скоро 95 години.[93][94]

Во 1996 година, Кип Торн им пристапил на Бете и Браун за ЛИГО, ласерската интерферометриска гравитационо-бранова опсерваторија, замислена како детектор на гравитационите бранови од неутронски ѕвезди и црни дупки во спојување. Бидејќи Бете и Браун биле добри во пресметување на проблеми кои не можат да бидат видени, можеле ли да ги видат овие споојувања? Деведесет годишниот Бете бил исполнет со ентузијазам, и ги започнал пресметките. Резултатот бил труд од 1998 година за „Развој на двојни компактни тела кои се спојуваат“, за кој Браун сметал дека е најдобриот за кој и двајцата соработувале.[95][96]

Политички ставови[уреди | уреди извор]

Интервју со Ханс Бете

Во 1968 Бете, заедно со физичарот Ричард Гарвин, објавил труд во кој детално го критикувал системот за одбрана противракетниот ИКБР-систем предложен од Министерството за одбрана на САД. Двајцата физичари во трудот дале опис дека за речиси секоја мерка преземена од САД, лесно ќе биде спречена со распоредувањето на релативно едноставни мамки..[97] Бете бил еден од главните поборници во научната заедница за потпишувањето на договорот за делумна забрана на тестирања од 1963 година со кој се забрануваат понатамошни атмосферски тестови на нуклеарни оружја.[98]

Во текот на 1980-тите и 1990-тите Бете водел кампања за мирно користење на нуклеарната енергија. По катастрофата во Чернобил, Бете бил дел од комитетот на експерти кои ја рагледувале и истражувале несреќата. Тие заклучиле дека при осмислата на реакторот, тој во самата основа имал недостатоци, но во истото учествувала и човековата грешка како значителна причина за несреќата. „Моите колеги и јас заклучивме,“ тој објаснува „дека Чернобилската несреќа ни кажува за недостатоците на Советскиот политички и управен ситем, наместо за проблемите поврзани со нуклеарната енергија.“[99] Низ неговиот живот Бете останал силен промотор на струјата добиена од нуклеарната енергија, за која во 1977 година напишал дека е „потреба, а не само опција.“[100]


Во 1980-тите тој и другите физичари се спротивставија на ракетен систем за СДИ замислен од администрацијата на Роналд Реган.[101] Во 1995 година, на возраст од 88 година, Бете напишал јавно писмо повикувајќи ги сите научници да „престанат и да се противат“ на работа поврзана на кој и да е начин за развој и производство на нуклеарни оружја .[102] Во 2004 година, се придружил на други 47 добитници на Нобелова награда во потпишувањето на писмо, барајќи од Џон Кери кандидатот за претседател на САД, како некој кој ќе „врати науката на соодветното место во владата“.[103]

Историчарот Грег Херкен:

Кога Опенхајмер починал, неговиот долгогодишен пријател, Ханс Бете, ја превзема покровката на научник совест на оваа земја. Како Џеферсон и Адамс, Телер и Бете ќе живеет во новиот век кој тие и нивните колеги сторија многу да го обликуваат.[104]

Приватен живот[уреди | уреди извор]

Хобињата на Бете вклучувале и страст за собирање на поштенски марки.[105] Тој ја сакал природата, и бил голем ентузијаст за планинарење во текот на целиот свој живот, истражувајќи ги Алпите и Карпестите планини.[106] Тој починал во својот дом во Итака Њујорк на 6 март, 2005 година[107] поради престанок на работата на срцето.[72] Него го надживеале неговата сопруга и двете деца.[108] Во моментот на смртта тој бил професор во пензија на Корнеловиот униоверзитет.[109]

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Бете добил бројни почести и награди во текот на својот живот и постхумно.

Корнеловиот универзитет го именувал третиот од петте нови студентски домови, секој од тие бил именуван по значајна личност член на Корнеловиот универзитет,[120] како што е и центарот „Ханс Бете“, 322 4-та St. NE, Вашингтон, седиштето на Советот за живиот свет, каде Бете бил долгогодишен член,[121] и центарот „Бете“ за теориска физика на Бонскиот универзитет во Германија.[122] Во негова чест е именуван и астероидот, 30828 Бете, откриен во 1990 година,[123] како и наградата „Ханс Бете“ на Американското друштво на физичарите.[124]

Одбрани дела[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Lee, S.; Brown, G. E. (2007 г). Hans Albrecht Bethe. 2 July 1906 -- 6 March 2005: Elected ForMemRS 1957. „Biographical Memoirs of Fellows of the Royal Society“ том  53: 1. doi:10.1098/rsbm.2007.0018. 
  2. Horgan, John (1992 г). Illuminator of the Stars. „Scientific American“ том  267 (4): 32. doi:10.1038/scientificamerican1092-32. Bibcode1992SciAm.267d..32H. 
  3. Available at www.JamesKeckCollectedWorks.org [1] are the class notes taken by one of his students at Cornell from the graduate courses on Nuclear Physics and on Applications of Quantum Mechanics he taught in the spring of 1947.
  4. Wark, David (11 јануари 2007 г). The Supreme Problem Solver. „Nature“ том  445 (7124): 149. doi:10.1038/445149a. Bibcode2007Natur.445..149W. 
  5. Bernstein 1980, стр. 7.
  6. Bernstein 1980, стр. 8.
  7. 7,0 7,1 Schweber 2012, стр. 32–34.
  8. „Interview with Hans Bethe by Charles Weiner at Cornell University“. American Institute of Physics. 17 ноември 1967. http://www.aip.org/history/ohilist/4504_2.html. посет. 25 април 2012 г. „When asked by Charles Weiner if there was religion in his home, Bethe replied: "No. My father was, I think, slightly religious. I was taught to pray in the evening before going to bed, and I attended the Protestant religious instruction, which was given in the schools in Germany. I was also confirmed, and the instruction which I got in this connection got religion out of my system completely. It was never very strong before, and the confirmation had the consequence that I just didn't believe."“ 
  9. Brian 2001, стр. 117.
  10. Schweber 2012, стр. 30–31.
  11. Schweber 2012, стр. 36–40.
  12. Schweber 2012, стр. 45.
  13. 13,0 13,1 Bernstein 1980, стр. 11–12.
  14. Schweber 2012, стр. 70–73.
  15. Bernstein 1980, стр. 13.
  16. Schweber 2012, стр. 93.
  17. Schweber 2012, стр. 118–119.
  18. Bernstein 1980, стр. 15–16.
  19. Bernstein 1980, стр. 20–21.
  20. 20,0 20,1 Schweber 2012, стр. 142.
  21. Schweber 2012, стр. 156–157.
  22. 22,0 22,1 Bernstein 1980, стр. 25–27.
  23. Bethe, Hans (1930 г). Zur Theorie des Durchgangs schneller Korpuskularstrahlen durch Materie (на German). „Annalen der Physik“ том  397 (3): 325–400. doi:10.1002/andp.19303970303. Bibcode1930AnP...397..325B. 
  24. Schweber 2012, стр. 181.
  25. Brown & Lee 2006, стр. 7.
  26. Schweber 2012, стр. 182–183.
  27. Schweber 2012, стр. 187.
  28. Corlin, Axel; Stein, J. S.; Beck, G.; Bethe, H.; Riezler, W. (1931 г). Zuschriften. „Die Naturwissenschaften“ том  19 (2): 37. doi:10.1007/BF01523870. Bibcode1931NW.....19...37C. 
  29. Schweber 2012, стр. 190–192.
  30. Schweber 2012, стр. 193.
  31. Schweber 2012, стр. 199–202.
  32. Schweber 2012, стр. 195.
  33. 33,0 33,1 Schweber 2012, стр. 202–208.
  34. Bernstein 1980, стр. 32.
  35. Schweber 2012, стр. 211, 220–221.
  36. Bernstein 1980, стр. 33.
  37. Schweber 2012, стр. 223–224.
  38. 38,0 38,1 Bernstein 1980, стр. 35.
  39. Schweber 2012, стр. 237–240.
  40. 40,0 40,1 Schweber 2012, стр. 244.
  41. Chadwick, J.; Goldhaber, M. (1934 г). A 'Nuclear Photo-effect': Disintegration of the Diplon by γ-Rays. „Nature“ том  134 (3381): 237. doi:10.1038/134237a0. Bibcode1934Natur.134..237C. 
  42. Brown & Lee 2009, стр. 9.
  43. Schweber 2012, стр. 262–263.
  44. Schweber 2012, стр. 272–275.
  45. Schweber 2012, стр. 279.
  46. Brown & Lee 2006, стр. 136.
  47. 47,0 47,1 Schweber 2012, стр. 296–298.
  48. Schweber 2012, стр. 305–307.
  49. Bethe, H.; Bacher, R (1936 г). Nuclear Physics. A: Stationary States of Nuclei. „Reviews of Modern Physics“ том  8 (2): 82–229. doi:10.1103/RevModPhys.8.82. Bibcode1936RvMP....8...82B. 
  50. Bethe, H. (1937 г). Nuclear Physics. B: Nuclear Dynamics, Theoretical. „Reviews of Modern Physics“ том  9 (2): 69–244. doi:10.1103/RevModPhys.9.69. Bibcode1937RvMP....9...69B. 
  51. Bethe, H.; Livingston, M. S. (1937 г). Nuclear Physics. C: Nuclear Dynamics, Experimental. „Reviews of Modern Physics“ том  9 (2): 245–390. doi:10.1103/RevModPhys.9.245. Bibcode1937RvMP....9..245L. 
  52. Brown & Lee 2009, стр. 11.
  53. Schweber 2012, стр. 313.
  54. Schweber 2012, стр. 370.
  55. 55,0 55,1 Bernstein 1980, стр. 45–47.
  56. Schweber 2012, стр. 345–347.
  57. Schweber 2012, стр. 347.
  58. Schweber 2012, стр. 348–350.
  59. 59,0 59,1 Schweber 2012, стр. 351–352.
  60. Bernstein 1980, стр. 39.
  61. Bernstein 1980, стр. 51–52.
  62. Brown & Lee 2006, стр. 149.
  63. Bernstein 1980, стр. 54–55.
  64. 64,0 64,1 „Hans Bethe – Biographical“. The Nobel Foundation. https://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1967/bethe-bio.html. посет. 7 јули 2013 г. 
  65. Alan Truscott "Bridge: Son of Nobel Prize Winner Is Famed in His Own Right". The New York Times. February 24, 1988. Retrieved April 11, 2015.
  66. Schweber 2012, стр. 382.
  67. Brown & Lee 2006, стр. 143.
  68. Bernstein 1980, стр. 61.
  69. Brown & Lee 2009, стр. 13–14.
  70. Brown & Lee 2009, стр. 13.
  71. Hoddeson и др. 1993, стр. 42–47.
  72. 72,0 72,1 Weil, Martin. „Hans Bethe Dies; Nobel Prize Winner Worked on A-Bomb“, 8 март 2005, стр. B06.
  73. Hoddeson и др. 1993, стр. 92–83.
  74. Szasz 1992, стр. 19–20.
  75. Hoddeson и др. 1993, стр. 204, 246.
  76. Hoddeson и др. 1993, стр. 179–184.
  77. Hoddeson и др. 1993, стр. 129.
  78. Hoddeson и др. 1993, стр. 308–310.
  79. Hoddeson и др. 1993, стр. 344–345.
  80. Peplow, Mark (8 март 2005 г). Hans Bethe – Nuclear physicist dies at 98. „Nature (journal)“. doi:10.1038/news050307-7. 
  81. Bernstein 1980, стр. 92–96.
  82. 82,0 82,1 Schweber 2000, стр. 166.
  83. Bernstein 1980, стр. 97–99.
  84. 84,0 84,1 Brown & Lee 2006, стр. 157–158.
  85. Brown & Lee 2009, стр. 15.
  86. H. Bethe. The Electromagnetic Shift of Energy Levels. „Physical Review“ том  72 (4): 339–341. doi:10.1103/PhysRev.72.339. Bibcode1947PhRv...72..339B. 
  87. Brown & Lee 2006, стр. 158–159.
  88. Alpher, R. A.; Bethe, H.; Gamow, G. (1 април 1948 г). The Origin of Chemical Elements. „Physical Review“ том  73 (7): 803–804. doi:10.1103/PhysRev.73.803. Bibcode1948PhRv...73..803A. http://www.snolab.ca/public/JournalClub/michael1.pdf. посет. 10 март 2011 г. 
  89. Bernstein 1980, стр. 46.
  90. Brown & Lee 2006, стр. 165–171.
  91. „Hans A. Bethe Prize winners“. American Physical Society. http://aps.org/programs/honors/prizes/prizerecipient.cfm?name=Gerald%20E%2E%20Brown&year=2001. посет. 7 јули 2013 г. 
  92. Brown & Lee 2006, стр. 176–180.
  93. Brown & Lee 2006, стр. 151–153.
  94. Bahcall, J.N.; Bethe, H.A. (1990 г). A solution of the solar neutrino problem. „Physical Review Letters“ том  65 (18): 2233–2235. doi:10.1103/PhysRevLett.65.2233. Bibcode1990PhRvL..65.2233B. 
  95. Brown & Lee 2006, стр. 182.
  96. Bethe, Hans A.; Brown, G. E. (1998 г). Evolution of Binary Compact Objects That Merge. „Astrophysical Journal“ том  506 (2): 780–789. doi:10.1086/306265. Bibcode1998ApJ...506..780B. 
  97. Garwin, R. L.; Bethe, H.A. (март 1968 г). Anti-Ballistic Missile Systems. „Scientific American“ том  218 (3): 21–31. doi:10.1038/scientificamerican0368-21. Bibcode1968SciAm.218c..21G. 
  98. Bernstein 1980, стр. 107–112.
  99. Rhodes, Richard. „Chernobyl“. PBS. https://www.pbs.org/wgbh/pages/frontline/shows/reaction/readings/chernobyl.html. посет. 6 јули 2013 г. 
  100. Brown & Lee 2006, стр. 266.
  101. Bethe 1991, стр. 113–131.
  102. „Hans Albrecht Bethe“. Nuclear Age Peace Foundation. http://www.nuclearfiles.org/menu/library/biographies/bio_bethe-hans.htm. посет. 6 јули 2013 г. 
  103. „48 Nobel Winning Scientists Endorse Kerry-June 21, 2004“. George Washington University. http://www.gwu.edu/~action/2004/kerry/kerrynobel062104.html. посет. 6 јули 2013 г. 
  104. Herken 2002, стр. 334.
  105. Schweber 2012, стр. 44.
  106. Brown & Lee 2006, стр. 126–128.
  107. Nobel Laureate Hans Bethe passes away at age of 98, March 7, 2005, Wikinews
  108. Tucker, Anthony. „Obituary: Hans Bethe“, 8 март 2005.
  109. „Hans Bethe“. Array of Contemporary Physicists. архивирано од изворникот на 30 август 2010 г.. https://web.archive.org/web/20100830074606/http://www.aip.org/history/acap/biographies/bio.jsp?betheh. посет. 7 јули 2013 г. 
  110. „Book of Members, 1780–2010: Chapter B“. American Academy of Arts and Sciences. http://www.amacad.org/publications/BookofMembers/ChapterB.pdf. посет. 24 јуни 2011 г. 
  111. „Henry Draper Medal“. National Academy of Sciences. архивирано од изворникот на 22 јули 2012 г.. https://web.archive.org/web/20120722010759/http://nas.nasonline.org/site/PageServer?pagename=AWARDS_draper. посет. 24 февруари 2011 г. 
  112. Brown & Lee 2009, стр. 17.
  113. „Past Recipients of the Rumford Prize“. American Academy of Arts and Sciences. архивирано од изворникот на 27 септември 2012 г.. https://web.archive.org/web/20120927075008/http://www.amacad.org/about/rumford.aspx. посет. 24 февруари 2011 г. 
  114. „The President's national Medal of Science“. National Science Foundation. https://www.nsf.gov/od/nms/recip_details.cfm?recip_id=42. 
  115. „Oersted Medal“. http://www.aapt.org/Programs/awards/oersted.cfm. посет. 7 јули 2013 г. 
  116. „Past Winners of the Catherine Wolfe Bruce Gold Medal“. Astronomical Society of the Pacific. http://astrosociety.org/membership/awards/pastbruce.html. посет. 24 февруари 2011 г. 
  117. „Benjamin Franklin Medal for Distinguished Achievement in the Sciences Recipients“. American Philosophical Society. http://www.amphilsoc.org/prizes/franklinscience. посет. 26 ноември 2011 г. 
  118. Bethe, Hans A.. Mechanism of Supernovae. „Philos. Trans. R. Soc. Lond.“ том  A 346: 251–258. 
  119. „List of Members“. http://www.leopoldina.org/en/members/list-of-members/member/1956/. посет. 8 октомври 2017 г. 
  120. „Hans Bethe House“. Cornell University. http://www.hansbethehouse.cornell.edu/. посет. 7 јули 2013 г. 
  121. „Council for a Livable World, Our Legacy“. http://www.livableworld.org/who/legacy/. посет. 7 јули 2013 г. 
  122. „Bethe Center for Theoretical Physics“. http://www.kroha.uni-bonn.de/research/bctp. посет. 7 јули 2013 г. 
  123. „JPL Small-Body Database Browser on 30828 Bethe“. NASA. http://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb.cgi?sstr=30828+Bethe. посет. 7 јули 2013 г. 
  124. „Hans A. Bethe Prize Prize for astrophysics, nuclear physics, nuclear astrophysics and related fields“. American Physical Society. http://www.aps.org/programs/honors/prizes/bethe.cfm. посет. 7 јули 2013 г. 

Белешки[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Manhattan Project