Квантна електродинамика

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Квантна електродинамика — физичка теорија која дава релативистички квантномеханички опис на електромагнетизмот. Во квантната електродинамика сите појави во кои учествуваат наелектризираните честички се опишуваат математички со размена на фотони. Тоа се прикажува со помош на Фајнманови дијаграми.