Волфганг Паули
| Волфганг Паули | |
|---|---|
| Роден(а) | Волфганг Ернст Паули 25 април 1900 Виена, Австроунгарија |
| Починал(а) | 15 декември 1958 (возр. 58) Цирих, Швајцарија |
| Државјанство | Швајцарија |
| Националност | Австриец |
| Полиња | Физика |
| Установи | Гетингенски универзитет Копенхагенски универзитет Хамбуршки универзитет ETH Цирих Институт за напредни студии |
| Образование | Лудвиг-Максимилијанов универзитет |
| Докторски ментор | Арнолд Зомерфелд |
| Други ментори | Макс Борн |
| Докторанди | Николас Кемер Феликс Виларс |
| Други значајни студенти | Маркус Фирц Зигурд Циенау Ханс Фрауенфелдер |
| Познат по | Паулиево начело Паули–Виларова регуларизација Паулиева метрика Паулиев ефект Паулиева равенка Паулиева група Паулиево одбивање Паули–Лубанскиев псевдовектор |
| Влијание од | Ернст Мах Карл Јунг |
| Влијаел врз | Ралф Крониг |
| Поважни награди | Лоренцов медал (1931) Нобелова награда за физика (1945) Матеучиев медал (1956) Медал „Макс Планк“ (1958) |
Белешки Негов кум бил Ернст Мах. Не треба да се поистоветува со Волфганг Паул , кого Паули го нарекувал „имагинарен дел“,[1] каламбур со имагинарна единица i. | |
Волфганг Паули (25 април 1900 – 15 декември 1958 ) Волфганг Ернст Паули е теоретски физичар со Австро-швајцарско потекло и е еден од пионерите на квантната физика. Во 1945, после неговото номинирање од страна на Алберт Ајнштајн , Паули ја добил Нобеловата награда за голем придонес во физиката , проучувајќи го новиот закон на природата, начелото на исклучување или Паулиево начело. Проучувањето ја вклучувало теоријата за спин која претставува основва на теоријата за структура на материјата.
Животопис
[уреди | уреди извор]Младост
[уреди | уреди извор]Паули е роден во Виена и неговиот татко Волфганг Јозеф Паули бил хемичар и бил во брак со Берта Камила Шулц. Неговото средно име му било доделено во чест на неговиот кум, физичарот Ернст Мах. Поколението на Паули потекнувало од истакнатите еврејски семејства од Прага: неговиот пра-прадедо бил евреин и неговото име било Волф Паскелес. Таткото на Паули ја сменил религијата од јудаизам во католицизам кратко пред неговата свадсба во 1899 година. Мајката на Паули, Берта Шулц, израснала како дете чии родители биле католици. Нејзиниот татко бил евреин и бил писател познат како Фридрих Шултц. Паули бил одгледан како католичко дете, иако тој и неговите родители ја напуштиле црквата.
Паули учел во гимназијата Доблингер во Виена, каде дипломирал во 1918 година. Само два месеци после дипломирањето, тој го објавил својот прв труд, за Ајнштајновата теорија за општата релативност. Тој студирал на универзитетот „Лудвиг-Максимилијан“ во Минхен, работејќи за Арнолд Зомерфилд, каде се стекнал со титулата Доктор на Филозофија во јули 1921 година за неговите тези поврзани со квантната теорија за јонизиран молекуларен водород. Зомерфилд го замолил Паули да ја разгледа теоријата за релативноста за “Енциклопедијата на математички науки”.Два месеци по неговото доктрорирање , Паули го завршил неговиот проект, кој бил објавен на 237 страници. Амјнштај бил восјхитен од неговата работа. Паули поминал една година на Гетингенскиот универзитет како асистент на Макс Борн и следната година на Институтот за теориска физика во Копенхаген. Од 1923 до 1928 година, тој бил предавач на Хамбуршкиот универзитет. Во овој период, Паули ја развил модерната теорија за квантната механика. Тој воедно го срочил начелото на исклучување и теоријата за нерелативистичиот спин.
Во 1928 година, тој бил назначен за професор по теориска физика во Цирих, Швајцарија каде што направил значајни научни подвизи. Во 1931 година добитник е на Лоренцов медал.
На крајот од 1930 година, краток период по потрагата за неутриното и веднаш по неговиот развод во ноември, Паули доживеал нервен слом.

Тој се консултирал со психијатарот и психотерапевт Карл Јунг, кој, како и Паули, живеел во близина на Цирих. Јунг веднаш почнал да ги толкува длабоко архетипските соништа на Паули, а Паули станал еден од најдобрите студенти на длабинскиот психолог. Наскоро почнал научно да ја критикува епистемологијата на Јунговата теорија, а тоа придонело за одредено разјаснување на неговите мисли, особено за концептот на синхроницитет. Голем број од овие дискусии се документирани во писмата на Паули/Јунг, денес објавени како „Атом и архетип“. Јунговата детална анализа на повеќе од 400 соништа на Паули е документирана во „Психологија и алхемија“.
Анексијата на Австрија од страна на Германија во 1938 година го направила германски државјанин, што станало проблем за него во 1939 година по избувнувањето на Втората светска војна. Во 1940 година, тој залудно се обидел да добие швајцарско државјанство, што ќе му овозможело да остане на ЕТХ.[2]
Паули се преселил во Соединетите Американски Држави во 1940 година, каде што бил вработен како професор по теоретска физика на Институтот за напредни студии. Во 1946 година, по војната, станал натурализиран државјанин на Соединетите Американски Држави, а потоа се вратил во Цирих, каде што останал претежно до крајот на својот живот. Во 1949 година, му било доделено швајцарско државјанство.
Во 1958 година, Паули бил награден со медалот Макс Планк. Истата година, се разболел од рак на панкреас. Кога неговиот последен асистент, Чарлс Енц, го посетил во болницата Роткрјц во Цирих, Паули го прашал: „Го виде ли бројот на собата?“ Беше број 137. Во текот на целиот свој живот, Паули бил преокупиран со прашањето зошто константата на фината структура, бездимензионална фундаментална константа, има вредност речиси еднаква на 1/137. Паули починал во таа соба на 15 декември 1958 година.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gerald E. Brown and Chang-Hwan Lee (2006): Hans Bethe and His Physics, World Scientific, ISBN 981-256-610-4, p. 338
- ↑ Charles Paul Enz: No Time to be Brief: A Scientific Biography of Wolfgang Pauli, first published 2002, reprinted 2004, ISBN 0-19-856479-1, p. 338
- ↑ "By a 'cabalistic' coincidence, Wolfgang Pauli died in room 137 of the Red-Cross hospital at Zurich on 15 December 1958." - Of Mind and Spirit, Selected Essays of Charles Enz, Charles Paul Enz, World Scientific, 2009, ISBN 978-981-281-900-0, pg.95.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| „Волфганг Паули“ на Ризницата ? |
- Изданија за и од Волфганг Паули in the catalogue Helveticat of the Swiss National Library
- Wolfgang Pauli Архивирано на 17 мај 2006 г. at the official Nobel Prize site
- Pauli bio Архивирано на 30 април 2009 г. at the University of St Andrews, Scotland
- Wolfgang Pauli bio at "Nobel Prize Winners"
- Wolfgang Pauli, Carl Jung and Marie-Louise von Franz
- Photos of Wolfgang Pauli at the Emilio Segrè Visual Archives, American Institute of Physics[мртва врска]
- Virtual walk-through exhibition of the life and times of Pauli Архивирано на 26 февруари 2009 г.
- Annotated bibliography for Wolfgang Pauli from the Alsos Digital Library for Nuclear Issues Архивирано на 28 август 2006 г.
- Pauli Archives at CERN Document Server
- Virtual exhibition Архивирано на 10 јуни 2016 г. at ETH-Bibliothek, Zurich
- Key Participants: Wolfgang Pauli Архивирано на 6 февруари 2013 г. – Linus Pauling and the Nature of the Chemical Bond: A Documentary History
- Волфганг Паули — Проект „Математичко родословие“ (англиски)
|
- Родени во 1900 година
- Починати во 1958 година
- Австриски Евреи
- Австриски нобеловци
- Австриски физичари
- Еврејски научници
- Еврејски физичари
- Мистици
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Носители на медалот „Макс Планк“
- Квантни физичари
- Швајцарски физичари
- Термодинамичари
- Теориски физичари
- Странски членови на Кралското друштво
- Починати во Цирих
- Еврејски нобеловци
- Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките
- Членови на Баварската академија на науките
- Членови на Кралската шведска академија на науките
- Австроунгарски нобеловци
- Швајцарски нобеловци
- Носители на Лоренцовиот медал