Сол Перлмутер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сол Перлмутер
Nobel Prize 2011-Press Conference KVA-DSC 7744.jpg
Сол Перлмутер за време на Нобеловата недела во 2011 година
Роден 22 септември 1959 (1959-09-22) (воз. 58 г.)
Шампејн-Урбана, Илиноис, САД
Живеалиште САД
Националност Американец
Полиња Физика
Установи Калифорниски универзитет/LBNL
Образование Харвард (AB)
Калифорниски универзитет (докторат)
Докторски ментор Ричард Мулер[1]
Познат по Забрзувачки универзум / Темна енергија
Поважни награди Лоренсова награда (2002)
Шовова награда (2006)
Груберова награда (2007)
Нобелова награда за физика (2011)
Награда за напредок на основите на физиката (2015)
Сопружник Лора Нелсон (1 дете)

Сол Перлмутер (англиски: Saul Perlmutter 22 септември 1959) — американски астрофизичар при Лоренсовата Берклиева национална лабораторија и професор по физика на Калифорнискиот универзитет. Тој е член на Американската академија на науките и уметностите, и бил избран за член на Американско здружение за напредок на науката во 2003 година. Тој е исто така член на Националната академија на науките. Перлмутер ги поделил Шововаta награда во 2006 година, Нобеловата награда за физика во 2011 година и 2015 Наградата за напредок на основите на физиката во 2015 година со Брајан Шмит и Адам Рис за обезбедувањето на доказ за ширењето и забрзувањето на универзумот.

Образование[уреди | уреди извор]

Сол Перлмутер е роден како едно од трите деца на ашкенашко еврејско семејство на Даниел Перлмутер, професор во пензија за хемиско и биомолекуларно инженерство на Пенсилванскиот универзум, и Фелис Перлмутер, професор во пензија на школата за социјална администрација при Темпеловиот универзитет.[2][3] Неговата баба по мајка, еврејскиот учител Самуел Давидсон (1903–1989), се преселил во Канада (и тогаш со неговата сопруга се преселиле во Њујорк) од бесарапскиот град Флорешт во 1919 година.[4]

Перлмутер го поминал своето детство во Маунт Ејри маало во Филаделфија. Тој се образувал во месното училите во блискиот Џермантаун.[5] Тој дипломирал со AB по физика одfrom ХАрвард magna cum laude во 1981 година и го добил докторатот за физика од Калифорнискиот универзитет, во 1986 година. Перлмутеровата доктордка теза со наслов „Астрометричка потрага за ѕвездениот придружник на Сонцето“[6] го опишува развојот и употребата на автоматизираниот телескоп во потрагата Немезисовите кандидати под раководство на Ричард Мулер.[1] Во истиот период, тој го користел овој телескоп во потрагата за Немезис и суперновите, кои ќе го одведат до неговата наградена работа во космологијата.[7] Перлмутер ја препишува идејата за автоматизирана потрага за супернови на Луис Алварез, добитник на нобелова награда во 1968 година, кој ја споделил својата идеја со истражниот советник на Перлмутер.[7]

Работа[уреди | уреди извор]

Перлмутер раководи со Космолошкиот проект супернова при Лоренсовата Берклиева национална лабораторија. Оваа екипа и соперничката екипа на водена од Рис и Шмит, кои пронашле докзаи за забрзувачко ширење на универзумот засновано на набљудувањата на супернова тип Iа во далечниот универзум. Типот Ia настанува кога ѕвезда бело џуџе се стекнува со доволно маса над Чандрасекаровата граница, обично со крадење на масата од придружната ѕвезда. Бидејќи сите супернови од типот Ia се случуваат на истиот начин, тие образуваат стандардна свеќа чија сјајност може да се земе дека е приближно иста во сите случаи. Со мерењто на привидната сјајност на експлозијата од Земјата, истражувачите можат да го измерат растојанието до суперновата. Споредувајќи го измереното растојание со привидното црвено поместување од експлозијата му овозможува на набљудувачот да ги измери истовремено и растојанието и релативната брзина на суперновата.

Космолошкиот проект супернова заклучил дека далечните супернови не се оддалечувале доволно брзо како што би се очекувало од самото Хаблово ширење, и, со инфереометрија, ширењето на универзумот морало да се забрзува со текот на милијарди години од настанокот на суперновата. И другита екипа стигнала до истите резултати. Извештаите на двете екипи биле објавени со разлика од една недела, и нивните заклучоци биле примени од научната заедница поради истоветните и потврдни резултати.[8] Овој заклучок бил подржан и со други докази. Овие пронајдоци ја оживеале истрагата за природата на универзумот, а особено улогата на темната енергија.[8] За оваа работа Перлмутер бил награден со Нобелова анграда за физика во 2011 година, која ја поделил со Рис и Шмит.[8]

Перлмутер е исто така водечки истражувач во проектот Супернова/забрзувачка сонда, која има за цел да изгради сателит посветен на пронаоѓање и проучување на повеќе супернови во далечниот универзум. Ова ќе помогне за подобро да се разбере и пресмета чекорот со кој универзумот забрзува.

Тој исто така учествува во проектот за определување на површинската температура на Земјата, чија цел е да се зголеми разбирањето на неодомнешното глобално затоплување со подобрена анализа на климатските податоци.

Перлмутер е професор и моментално предава на Калифорнискиот универзитет.

Награди[уреди | уреди извор]

Перлмутер, Адам Рис и Брајан Шмит кои се наградени со Шововата награда за астрономија. Триото подоцна ќе биде наградено со Нобелова награда за физика во 2011 година.
Перлмутер го претставува своето Нобелово предавање на Аула Магна.

Во 2002 година, Перлмутер ја добива Лоренсовата награда за физика од американското министерство за енергетика. Во 2003 година, тој бил награден со наградата Калифорниски научник на годината, а, во 2005 година, Ја добиба Скотовата награда и Падовската награда. Во 2006 година, тој ја дели Шововоата награда за Астрономија со Адам Рис и Брајан Шмит.[9] Во истата година, Перлмутер ја освојува меѓународната награда Антони Фелтринели.

Перлмутер и неговата екипа ја поделиле Груберовата награда за космологија ( награда со вредност од $500.000) Заедно Со Шмит и неговата екипа за откритието дека универзумот забрзано се шири.

Во 2011 година, Перлмутер и Рис се кодобитници на Ајнштајновиот медал.

Перлмутер ја поделил Нобеловата награда за физика со Рис и Шмит.[9] Нобеловата награда изнесува 10 милиони шведски круни или околу 1,5 милиони долари. Перлмутер е добитник на една половина од наградата додека пак Рис И Шмит ќе ја поделат останатата половина.[9]

Перлмутер, Шмит, Рис и нивните екипи ја поделиле наградата за напредок во основите на физиката во 2015 година, чија вредност изнесувала 3 милиони долари.[10]

Семејство[уреди | уреди извор]

Сол Перлмутер има две сестри: Шира Перлмутер (р. 1956), адвокат и Това Перлмутер (р. 1967), невладин работник. Тој е во брак со Лора Нелсон, антрополог на Калифорниски универзитет, и имаат една ќерка, Ноа.[11]

Популарна култура[уреди | уреди извор]

Сол Перлмутер се споменува во телевизиската серија The Big Bang Theory во 2011 година во епизодата „Спекерманово повторување“. Во епизодата, ликот Шелдон Купер ја гледа церемонијата на доделувањето на Нобеловата награда на неговиот преносен сметач, им љубоморно му се обраќа на Перлмутер со зборовите: „Погледнете го Др. Саул Перлмутеркако ја стиска наградата. Што е работата Саул се плашиш дека некој ќе ти ја земе? Како што ти ја украде Ајнштајновата космолошка константа?“ За подоцна да каже: „О, сега Перлмутер се ракува со кралот. Да, погледај дали тие ена рака часовникот, Густаф, можно е да ти го украл.“

Перлмутер исто така се споменува и во епизодата „Откритието ринитис“, уште една епизода од 2011 година од истата серија. Во разговорот со својата мајка, Шелдон вели, „Имам изненадување за нас мамо. Ќе те водам да го погледнеш Сол Перлмутер кој ќе одржи предавање за неговата работ која му ја донела Нобеловата награда за физика. И најдобриот дел е што при делот на прашања и одговори подоцна, имам осмислено неколку прашања што ќе му ги загорчат одговорите.“ Подоцна во епизодата, Шелдон го критикува предавањето и ја прсиспитува одлуката за доделување на Нобеловата награда на Перлмутер.


Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Goldhaber, Gerson. The Acceleration of the Expansion of the Universe: A Brief Early History of the Supernova Cosmology Project (SCP). „Proceedings of the 8th UCLA Dark Matter Symposium“ (Marina del Rey, California). doi:10.1063/1.3232196. Bibcode2009AIPC.1166...53G. 
  2. Daniel D. Perlmutter
  3. Social Work Honors Its Own at Reunion
  4. Samuel Davidson, led Yiddish revival
  5. Tom Avril. „Astrophysicist with Philly roots awarded Nobel Prize“, 4 октомври 2011 (посет. 11 октомври 2011 г).
  6. Saul Perlmutter. „An Astrometric Search for a Stellar Companion to the Sun“. http://www.osti.gov/bridge/servlets/purl/6484337-FA5lVg/6484337.pdf. 
  7. 7,0 7,1 David Appell. „Discovering a Dark Universe: A Q&A with Saul Perlmutter“, Scientific American, 21 април 2008.
  8. 8,0 8,1 8,2 Palmer, Jason (4 октомври 2011). „Nobel physics prize honours accelerating Universe find“. BBC. http://www.bbc.co.uk/news/science-environment-15165371. посет. 5 октомври 2011 г. 
  9. 9,0 9,1 9,2 Nobel physics prize honours accelerating Universe find“, BBC News, 4 октомври 2011.
  10. https://breakthroughprize.org/?controller=Page&action=news&news_id=21
  11. „Scientist Discovers The Genuine Dark Side“. Contra Costa Times. http://physics.berkeley.edu/index.php?option=com_dept_management&act=news&Itemid=419&task=view&id=78. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]