Дејвид Ли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дејвид Морис Ли
Дејвид Морис Ли во 2007
Роден(а)20 јануари 1931(1931-01-20)(93 г.)
Њујорк, САД
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиКорнелски универзитет
Тексаски универзитет (2009-моментално)
ОбразованиеЈеилски универзитет
Конектикатски универзитет
Харвардски универзитет
Докторски менторХенри Феарбанк
Поважни наградиНобелова награда за физика (1996)
Оливер Баклиева награда (1981)
Френсис Симонова спомен награда (1976)
Награда за Баклиева кондензирана материја (1970)
СопружникДана (2 деца)

Дејвид Морис Ли (англиски: David Morris Lee 20 јануари 1931) — американски физичар кој ја поделил Нобеловата награда за физика во 1996 со Даглас Ошероф и Роберт Колман Ричардсон „за откривањето на супертечноста на хелиумот-3“.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Ли се родил и израснал во Рие, Њујорк.[2] Неговите родители, Анет, професорка, и Марвин Ли, електротехничар, биле деца на еврејски емигранти од Англија и Литванија. Тој дипломирал во Харвардскиот универзитет во 1952 а потоа се придружил на армијата на САД, 22 месеци. По ослободување од армијата, тој магистрирал во Конектикатскиот универзитет. Во 1955 Ли се зачленил во програмот за докторат во Јеилскиот универзитет каде работел под надзор на Хенри Феарбанк во нискотемпературна физичка група, изведувајќи експериментални истражувања на течниот 3He.

По дипломирањето во Јеил во 1959, Ли се вработил во Корнелскиот универзитет, каде бил одговорен за поставување на новата лабораторија за атомска физика и физика на цврта агрегатна состојба. Набрзо по доаѓањето во Корнел тој ја запознал неговата идна жена, Дана, тогаш докторант во друг оддел, а заедно имале два сина.

Ли ја преместил неговата лабораторија од Корнел во Тексаскиот универзитет на 16 ноември 2009.[3][4][5]

Работа[уреди | уреди извор]

Работата која му ја донела Нобеловата награда на Ли била изведена во раните 1970-ти. Ли, заедно со Роберт Колман Ричардсон и дипломиран студент, Даглас Ошероф, употребил померанчукова ќелија за да го испита однесувањето на 3He на температури од неколку илјади степени на апсолутна нула. Тие откриле неочекувани ефекти во нивните мерења, кои тие ги објасниле како фазни транзиции на суперфлуидна фаза на 3He.[6][7] Ли, Ричардсон и Ошероф биле заеднички наградени со Нобеловата награда за физика во 1996 за нивното откритие.

Истражувањето на Ли исто така покрило голем број на други теми на нискотемпературната физика, особено во врска со течниот, цврстиот и супертечниот хелиум (4He, 3He и мешавина од двете). Особени откритија се антиферомагнетниот распоред во цврстиот хелиум-3, јадрени спинови бранови во синов поларизиран атомски водороден гас со Џек Х. Фрид, и тројната критична точка на фазната крива поделба на течниот 4He-3He, во соработка со неговиот колега од Корнел, Џон Репи. Неговата поранешна истражна група во Корнел моментално проучува нечисти хелиумски цврсти материи.

Како Нобеловата награда, така и други добиени наради се Сер Френсис Симоновата спомен награда на Британскиот институт за физика во 1976 и Оливер Баклиевата награда на Американското друштво на физичари во 1981 заедно со Даглас Ошероф и Роберт Ричардсон за нивната работа на супертечниот 3He.

Ли е член на Националната академија на науките на САД и Академијата на науките и уметностите на САД.

Ли моментално предава физика во Тексаскиот универзитет и воедно продолжува со неговиот (поранешен Корнел основан) истражен програм.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Nobel Prize in Physics 1996“. Nobel Foundation. Посетено на 2009-10-04.
  2. Biography on the Nobel Foundation website
  3. http://media.www.thebatt.com/media/storage/paper657/news/2009/10/01/News/Nobel.Prize.Winner.Joins.Am.Faculty-3788924.shtml[мртва врска]
  4. http://www.chron.com/disp/story.mpl/hotstories/6643911.html
  5. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-03-07. Посетено на 2015-03-30.
  6. Osheroff, DD; RC Richardson; DM Lee (1972-04-03). „Evidence for a New Phase of Solid He3“. Physical Review Letters. American Physical Society. 28 (14): 885–888. Bibcode:1972PhRvL..28..885O. doi:10.1103/PhysRevLett.28.885.
  7. Osheroff, DD; WJ Gully; RC Richardson; DM Lee (1972-10-02). „New Magnetic Phenomena in Liquid He3 below 3mK“. Physical Review Letters. American Physical Society. 29 (14): 920–923. Bibcode:1972PhRvL..29..920O. doi:10.1103/PhysRevLett.29.920.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]