Поликарп Куш
Поликарп Куш | |
---|---|
![]() | |
Роден(а) | 26 јануари 1911 Бланкенбург, Војводство Брауншвајг, Германско Царство |
Починал(а) | 20 март 1993 Далас, Тексас, САД | (возр. 82)
Националност | ![]() |
Установи | Тексашки универзитет (Далас) Колумбиски универзитет |
Образование | Илинојски универзитет, Западен резервен универзитет Кејс |
Докторски ментор | Францис Вилер Лумис |
Значајни студенти | Гордон Гулд |
Познат по | Го измерил магнетниот момент на електронот |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1955) |

Поликарп Куш (германски: Polykarp Kusch 26 јануари 1911 - 20 март 1993) — германско-американски физичар. Во 1955 бил награден со Нобелова награда за физика заедно со Вилис Јуџин Лем за нивната прецизна определба дека магнетниот момент на електронот е поголем од неговата теоретска вредност, ова довело до повторно разгледување и иновирање на квантната електродинамика.
Тој во 1931 ја добил својата диплома по физика од Западниот резервен универзитет Кејс. На Илинојскиот универзитет магистрирал во 1933 и станал доктор на филозофија во 1936. Поголемиот дел од својата кариера го поминал како професор во Колумбискиот универзитет во Њујорк и работел како академски администратор неколку години пред да замине во новоизградениот Тексашки универзитет во Далас. Работел на резонанцијата на молекукларните зраци под раководство на Исидор Ајзек Раби, тогаш го открил електронскиот аномален магнетен момент. Следеле многу мерења на магнетните моменти и хиперфината структура. Тој се заинтересирал и за хемиската физика и продолжил да објавува истражувања за молекуларните зраци. За време на неговиот мандат во Колумбија, тој му бил докторски надзорник, ментор, на Гордон Гулд, пронаоѓачот на ласерот.
Станбен дом за студенти на дипломски студии во Западниот резервен универзитет Кејс во Кливленд, Охајо на јужниот кампус е именуван по Д-рКуш. Градбата е именувана „Кушова куќа“. Се наоѓа на карлтоновиот пат на кливлендската висорамнина.
Професорот Куш се оженил со Едит Стар МекРобертс и заедно имале три ќерки. Неговата жена починала во 1959 и се оженил со Бети Пецони во 1960. Поликарп Куш починал на 20 март 1993.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2015-03-13.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
- Родени во 1911 година
- Починати во 1993 година
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Американски нобеловци
- Германски нобеловци
- Германски физичари
- Луѓе од Брунсвик
- Апсолвенти на Илинојскиот универзитет во Урбана-Шампајн
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Членови на Американското филозофско друштво