Хорст Лудвиг Штермер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хорст Лудвиг Штермер
Horst Störmer.jpg
Роден6 април 1949 (1949-04-06) (70 г.)
Франкфурт, Германија
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиКолумбиски универзитет Белови лаборатории
ОбразованиеШтутгартски универзитет Франкфуртски универзитет
Познат поХолов дробен квантен ефект
Поважни наградиНаграда за Оливер Е. Баклиева кондензирана материја (1984)
Нобелова награда за физика (1998)
Бенџамин Франклинов медал (1998)

Хорст Лудвиг Штермер (германски: Horst Ludwig Störmer 6 април 1949) е германски физичар, добитник на Нобелова награда, сега пензиониран професор со титулата „професор емеритус“ од Колумбискиот универзитет.[1] Тој бил награден со Нобеловата награда за физика во 1998 заедно со Даниел Цуј и Роберт Лафлин „за откривањето на нов облик на квантна течност со дробнонаелектризирани возбуди“ (Холовиот дробен квантен ефект).[2] Тој и Цуј работеле во Беловите лаборатории за време на експериментот раководен од страна на Нобеловиот комитет.

Биографија[уреди | уреди извор]

Штермер се родил во Франкфурт на Мајна и израснал во блискиот град Шпрендлинген. Студирал физика во Франкфуртскиот универзитет во Франкфурт на Мајна, квалификувајќи се за диплома во лабораторијата на професорот Вернер Мартинсен. Тука тој бил под надзор на професорот Екхарт Хениг и работел заедно со друг иден нобелист, Герд Биниг.[3]

Штермер се преселил во Франција за неговите докторски студии во Гренобл, работејќи во лабораторија за високомагнетно поле која била под заедничко раководство на францускиот CNRS и германскиот Макс Планков институт за истражување на цврста агрегатна состојба. Академскиот советодавник на Штермер бил професорот Ханс-Јоаким Квисер, а подоцна докторирал во Штутгартскиот универзитет во 1977 со неговата теза за истажувањата на електронските капки изложени на високомагнетно поле. Тој исто така ја запознал неговата жена, Доминик Паркет, додека работел во Гренобл.[3]

По докторирањето, Штермер се преселил во САД да работи во Беловите лаборатории, каде го спровел истражувањето кое му ја донело Нобеловата награда.[3] По работењето во Беловите лаборатории цели 20 години, тој на Исидор Ајзек Раби му бил професор по физика и применета физика во Колумбискиот универзитет во Њујорк, а сега е пензиониран професор со титулата „професор емеритус“.[1]

Штермер е натурализиран американски граѓанин.[4]

Истражувачка кариера[уреди | уреди извор]

Веројатно најважната работа која му ја донела Нобеловата награда е неговиот пронајдок на модулацискиот допинг, медот за создавање на екстремно подвижни дво-димензионални електронски системи во полуспроводници. Ова го овозможило подоцнежното набљудување на Холовиот дробен квантен ефект, кој бил откриен од Штермер и Цуј во октомви 1981 при експеримент одржан во лабораторијата за високомагнетно поле во Масачусетскиот институт за технологија. По една година од експерименталното откритие, Роберт Б. Лафлин успеал да ги објасни неговите резултати. Штермер, Цуј и Лафлин заеднички биле наградени со Нобеловата награда за физика во 1998 за нивната работа.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Home page at Columbia
  2. Stormer, HL; Tsui, DC (1983), „The Quantized Hall Effect.“, Science (Jun 17, 1983) 220 (4603): 1241–1246, Bibcode:1983Sci...220.1241S, PMID 17769353, doi:10.1126/science.220.4603.1241 
  3. 3,0 3,1 3,2 Nobel autobiography
  4. http://www.nndb.com/people/075/000099775/
  5. Nobel Prize press release

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: