Рудолф Месбауер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рудолф Лудвиг Месбауер
Mossbauer.jpg
Р. Л. Месбауер, 1961
Роден 31 јануари 1929(1929-01-31)
Минхен, Вајмарска Република
Починал 14 септември 2011(2011-09-14) (воз. 82 г.)
Гринвалд, Германија
Националност Германија Германец
Полиња Нуклеарна и атомска физика
Установи Минхенски технички универзитет
Калифорниски институт за наука (Калтех)
Образование Минхенски технички универзитет
Докторски ментор Хајнц Маер-Лејбниц
Познат по Месбауеров ефект
Месбауерова спектроскопија
Поважни награди Нобелова награда за физика (1961)
Елиот Кресонов медал (1961)
Ломоносов златен медал (1984)
Потпис

Рудолф Лудвиг Месбауер (германски: Rudolf Ludwig Mößbauer 31 јануари 192914 септември 2011[1]) бил германски физичар најпознат по неговото откритие на неоптоварувачката нуклеарнорезонантна флуоресценција во 1957, работа за која бил награден со Нобелова награда за физика во 1961. Овој ефект, наречен месбауеров ефект, е основа за месбауеровата спектроскопија.

Кариера[уреди | уреди извор]

Месбауер се родил во Минхен, на истото место каде изучувал физика во Минхенскиот технички универзитет. Тој ја подготвил својата дипломска теза во лабораторијата за применета физика на Хајнц Маер-Лејбниц и дипломирал во 1955. Потоа заминал во Макс планковиот институт за медицинско истражување во Хајделберг. Овој институт, кој не бил дел од универзитетот, немал право да врачи докторат, па така Месбауер останал под покровителство на Маер-Лејбниц, кој бил негов советник за теза кога докторирал во 1958 во Минхен.

За време на неговиот докторат, тој открил неоптоварувачката нуклеарна флуоресценција на гама зраци во 191 иридиум, т.н. месбауеров ефект. Неговата слава нагло се зголемила во 1960 кога Роберт Пунд и Глен Ребка го употребиле овој ефект за да го докажат црвеното поместување на гама зрачењето во гравитационото поле на Земјата, а овој Пунд-Ребков експеримент бил еден од првите експериментално прецизни тестови на теоријата на Алберт Ајнштајн за општата теорија за релативноста. Долгорочната важност на месбауеровиот ефект се должи на употребата во месбауеровата спектроскопија. Заедно со Роберт Хофштатер, Рудолф Месбауер бил награден со Нобеловата награда за физика во 1961.

Како предлог од страна на Ричард Фајнман, Месбауер во 1960 бил поканет во Калтех, каде драстично напреднал од научен соработник во виш научен соработник, бил назначен за професор по физика во почетокот на 1962. Во 1964, Минхенскиот технички универзитет го разубедил да се врати како професор. Тој бил на оваа позиција сè додека не станал пензиониран професор, „емеритус“, во 1997. Како услов за неговото враќање, факултетот за физика вовел „одделен“ систем. Овој систем, под значително влијание на американското искуство на Месбауер, бил радикален контраст на традиционалниот, хиерархиски „факултетски“ систем на германските универзитети и Минхенскиот технички универзитет добил еминентна позиција во германската физика.

Во 1972, Рудолф Месбауер заминал во Гренобл за да го наследи Хајнц Маер-Лејбниц како директор на Лауе-Лангевиновиот институт, токму кога новоизградениот високофлуксен истражен реактор започнал со работа. По пет години работа, Месбауер се вратил во Минхен, каде ги нашол своите институционални реформи изменети со сеопфатна законска регулатива. Сè до крајот на својата кариера, тој често изразувал огорченост спрема ова „уништување на одделот“. Меѓувремено, неговите истражувачки интереси се пренасочиле кон неутрино физиката.

Професорска кариера[уреди | уреди извор]

Рудолф Месбауер бил одличен наставник. Тој давал високо специјализирани предавања на различни курсеви, меѓу кои неутрино физиката , неутрино осцилациите, обединувањето на електромагнетните и слабите интеракции и интеракцијата на фотони и неутрони со материјата. Во 1984, тој дал додипломски предавања на 350 луѓе кои го земале курсот по физика. Тој им рекол на своите студенти: Објаснете! Најважната работа е тоа да бидете способни да објасните! Ќе добиете испити, тогаш треба да објасните. На крајот, ќе ги положите, ќе ја добиете вашата диплома и што мислите, тоа е тоа! - Не, целиот живот е испит, ќе треба да пишувате апликации, ќе мора да разговарате со своите врсници... Тогаш научете да објасните! Можете да тренирате објаснувајќи на друг студент, колега. Ако не сте во можност, објаснете и на вашата макја - или на вашата мачка!„

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (германски) Münchner Physik-Nobelpreisträger Mößbauer ist tot – München. Bild.de (2011-09-21). Retrieved on 2012-06-26.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]