Леон Ледерман

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Леон Ледерман
Leon M. Lederman.jpg
Ледерман на 111 мај 2007 година.
Роден Леон Макс Ледерман
15 јули 1922 (1922-07-15) (воз. 95 г.)
Њујорк, САД
Живеалиште САД
Националност Американец
Полиња Физика
Установи Колумбиски универзитет
Фермилаб
Илиноишки институт за технологија
Образование Градски колеџ во Њујорк
Колумбиски универзитет
Познат по придонеси за неутрината, длабински кварк
Поважни награди Нобелова награда за физика (1988)
Волфова награда за физика (1982)
Национален медал за наука (1965)
Бушова награда (2012)
Проктерова награда (1991)
Сопружник Флоренс Гордон (3 деца)
Елен Кар[1]

Леон Ледерман (англиски: Leon M. Lederman 15 јули 1922) — американски експериментален физичар кој ја добил Волфовата награда за физика, заедно со Мартин Луис Перл, во 1982 година, за нивното истражување на кварковите и лептоните, како и Нобеловата награда за физика во 1988 година, заедно со Мелвин Шварц и Џек Стајнбергер, за нивното истражување на неутрината. Тој е директор во пензија на Фермилаб во Батавија, Илиноис, САД. Тој ја основал Илиноишката академија за математика и наука, во Аурора, Илиноис во 1986 година, и во истата бил предавач се до 1998 година.[2] Во 2012, тој бил награден со Бушова награда за неговите придонеси во разбирањето на основните сили и честичките на природата.[3]

Младост и кариера[уреди | уреди извор]

Ледерман е роден во Њујорк како син на Мина и Морис Ледерман.[4] Ледерман дипломирал во месното училиште во Јужен Бронкс. Дипломата ја стекнал од Градскиот колеџ во Њујорк во 1943 година, и доктотрат од Колумбискиот универзитет во 1951 година. Подоцна се придружил на Колумбискиот универзитет каде станал хигинсов професор по физика. Тој земал продолжен одмор од Колумбискиот универзитет во 1979 година за да стане директор на Фермилаб. Давајќи отказ на Колумбискиот универзитет (и пензионирајќи се во Фермилаб) во 1989 година за накусо да предава на Чикашкиот универзитет, за подоцна да премине на одделот за физика при Илиноишкиот институт за технологија, каде е професор по наука. Во 1991 година, Ледерман станал претседател на Американскиот сојуз за унапредување на науката.

Ледерман е исто така еден од подржувачите на движењето „Прво физиката(Physics First). Ова движење се залага за преуредување на наставната програма така што физиката би имала предност пред хемијата и биологијата.

Како поранешен пртседател на Американското друштво на физичарите, Ледерман бил награден и со Национален медал за наука, Волфова награда и Лоренсов медал. Ледерман е претседател на одборот на спонзори на Билтенот на атомските физичари. Тој исто така служел во одборот на доверители на Научниот сервис, денес познато како Друштво за наука и јавност, од 1989 до 1992 година, и е член на советодавната група JASON одбрамбената советодавна група.[5]

Меѓу неговите постигнувања се откривањето на мионското неутрино во 1962 година и длабинскиот кварк во 1977 година. Ова помогнало да се воспостави меѓу физичарите како врвен честичен физичар.

Во 1977 година, група на физичари предводена од Ледерман објавила дека забележала честичка со маса од околу 6.0 GeV во забрзувчот во Фермилаб. Првичното име на честичката било грчката буква ипсилон (). По добивањето на повеќето податоци, групата открила дека всушност оваа честичка не постои, и откритието било именувано „упслион“ како каламбур на оригиналното име (погрешниот изговор и името на Ледерман.

Како директор на Фермилаб и добитник на Нобеловата награда за физика, Ледерман бил многу истакнат подржувач а некои велат и архитект [6] или предлагач[7] на проектотза суперпроводниот суперсудирач, кој бил одобрен во 1983 година.[8][9] Ледерман подоцна запишал во неговата славна научна книга од 1993 година Божествената честичка: ако универзумот е одговорот, кое е прашањето? – која се залагала за зголемување на значајноста на овој проект, во контекст на проектото и променливата политиќка клима на 1990-ите.[10] Овој проект конечно бил сопрен истата година по потрошените 2 милијарди долари.[6]

Во 1988 година, Ледерман ја добил нобеловата награда за физика заедно со Мелвин Шварц и Џек Стајнбергер „за неутринскозрачниот метод и покажувањето на двојната структурас на лептоните преку откривањето на мионското неутрино“.[2] Ледерманисто така го добил и Националниот медал за наука (1965), Кресеновиот медал за физика (1976), Волфовата награда за физика (1982) и Фермиевата награда (1992).

Во 1995 година, тој добил награда 'Создавање историја' од Историскиот музеј на Чикаго за истакнувања во научната медицина и технологија.

Ледерман бил подржувач на Научната дебата 2008, иницијатива за кој требало тогашните кандидати за претседател на САД, Барак Обама и Џон Мекејн, да дебатираат за врвните предизвици во националната наука. Во октомври 2010 година, Ледерман учествувал во Американскиот научен и инженерски фестивалски ручек програма во која средношколци и основци имаат информативни раговори со научници добитници на Нобеловата награда додека ручаат заедно. Ледерман исто така бил и член на одборот на овој фестивал[11] како и на CRDF Global.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Ледерман е роден во Њујорк во семејство на еврејски доселеници од Русија.[12] Неговиот татко работел во пералница и го охрабрувал Леон да се образува. Тој основнот образование го завршил во Њујорк, како и неговата диплома и докторат.[13]

Во неговата книга,Боженствената честичка: ако универзумот е одговорот, кое е прашањето?, Ледерман запишал, иако студирал хемија, тој бил фасциниран од физиката, поради јаснотијата и логиката и недвосмислените резултати од експериментите. Неговиот најдобар другар за време на студиите на колеџот, Мартин Клајн, го убедил за „убавините на физиката за време на една долга вечер кога испиле многу пива.“ По разговорот тој се одлучил да ја изучува физиката. Кога тој служел во војската на САД со диплома по хемија, тој се одлучил да започне да изуќува физика по завршувањето на воениот рок.[14]

По поминати три годии во Американската армија за време на Втората светска војна, се запишал на physics на Колумбискиот универзитет, и магистрирал во 1948 година. Ледерман го започнал својот докторат работејќи на Колумбискиот Невисов Синхроциклотрон,[15] кој бил најмоќниот забрзувач на честички во тој период.[14] Двајт Д. Ајзенхауер, тогашниот претседател на Колумбискиот универзитет, и идниот претседател на САД, ја пресекол лентата пуштајќи го во работа овој синхроциклотрон во јуни 1950 година.[16] Овие судирачи на атоми штотуку станувале важни за истражувањата и создале ново поле на честичната физика.[14]

По стекнувањето на докторатот станал дел од персоналот на Колумбискиот универзитет а станал професор во 1958 година.[17]

Во „Божествената честичка“ тој запишал „Историјата на атомизмот е историја на редукционизам – усилбата сите операции во природата да се сведат на мал број закони кои раководат со мал број праисконски објекти.“ [18] И ова била потрагата која тој ја започнал. Книгата покажува дека тој го барал кваркот, и се надевал дека ќе го пронајде Хигсовиот бозон. Врвниот кварк, кој тој и другите физичари согледале дека мора да постои според стандардниот модел, всушност бил добиен во Фермилаб кус период откако книгата била објавена.[19]

Тој е познат по својата смисла за хумор во заедницата на физичарите.[20] На 26 август 2008 година Ледерман бил снимен од страна на научно фокусираната организација наречена ScienCentral, на улицата на големиот американски град, како одговара на прашања на минувачите.[21] Тој одговорал на прашања како што се „Што е силното заемодејство?“ и „Што се случувало пред Големата експлозија?“.

Тој има три деца од неговата прва сопруга, Флоренс Гордан, и сега живее со својата втора сопруга, Елен (Кар), во Дригс, Ајдахо.[22]

Тој е атеист.[23][24]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Почесни дипломи и награди[уреди | уреди извор]

  • Член на Националната академија на науките, 1965.
  • Национален медал за наука, 1965.
  • Член на Американската академија на науките и уметностите, 13 May 1970.
  • Харисов медал, 1973.
  • Кресонова награда, 1976.
  • Претседател на Џими Картеровиот комитет за Националниот медал за наука, 21 март 1979.
  • Волфова награда за физика, Израел, 1982.
  • Доктор на науки, Чикашки универзитет, 10 јуни 1983.
  • Доктор на науки, Илиниоишки институт за технологија, 17 мај 1987.
  • Доктор на науки, Колеџ Лејк Форест, Лејк Форест, Илиноис, 7 мај 1988.
  • Почесен доктор по науки, Универзитет Карнеги Мелон, Питсбург, Пенсилванија, 15 мај 1988.
  • Награда за соработник од министерството за енергија, мај 1988.
  • Доктор на науки, Градски колеџ Њујорк, Њујорк, Њујорк, 8 јуни 1988.
  • Нобелова награда за физика, декември 1988.
  • Почесен доктор на науки, универзитет во Пиза, 21 март 1989.
  • Член на Американското друштво на филозофите, 21 април 1989.
  • Доктор на науки, Аурорски универзитет, Аурора, илиноис, 20 мај 1989.
  • Доктор на науки, колеџ Колумбија, Чикаго, Илиноис, 3 јуни 1989.
  • Доктор на науки, Рушов универзитет, Чикаго, Икиноис, 10 јуни 1989.
  • Доктор на науки, Илиноишки универзитет, Чикаго, Илиноис, 11 јуни 1989.
  • Почесен доктор по филозофија – физика, Универзитет на Гванахуато, Гванахуато, Мексико, 2 август 1989.
  • Почесна диплома, Национална академија на егзактните науки, Буенос Аирес, Аргентина, 3 ноември 1989.
  • Назначен за член на секретаријатот на надзорниот одбор за енергетика, Американско министерство за енергетика, Вашингтон, 15 февруари 1990.
  • награда од Линколновата акадеија, Спрингфилд, Илиноис, 21 април 1990.
  • Доктор на науки, универзитетот Бредли, Пеорија, Илиноис, 19 мај 1990.
  • Доктор на науки, Колумбиски универзитет, Њујорк, Њујорк, 26 септември 1990.
  • Награда на Одборот за односи со јавноста, Американско друштво на хемичарите, 22 март 1991.
  • Прокторова награда,Сигма Кси, Научното истражувачко друштво, 1991.
  • Доктор на науки, училиште за медицина Маунт Синај, Градскиот универзитет во Њујорк, Њујорк, Њујорк, 11 мај 1992.
  • Доктор на науки, Аделфиев универзитет, Лонг Ајланд, Њујорк, 17 мај 1992.
  • Доктор на науки, универзитет „Свети Ксавиер“, Чикаго, Илиноис, 23 мај 1992.
  • Доктор на науки, Саутхемптонски универзитет, Саутхемптон, Обединето кралство, 10 јули 1992.
  • Почесен доктор на науки, Друриев колеџ, Спрингфилд, Мисури, 14 октомври 1992.
  • Фермиева награда на американското министерство за енергија, 1992.
  • Доктор за науки, Државен универзитет Њујорк, Џенесио, Њујорк, 15 мај 1993.
  • Почесен доктор на науки, универзитет Кејс Вестерн Резерв, Кливленд, Охајо, 23 мај 1993.
  • Претседателски медал, Градскиот колеџ, Градскиот универзитет на Њујорк, Њујорк, Њујорк, 28 мај 1993.
  • Почесен доктор на науки, колеџ Меривуд, Скрантон, Пенсилванија, 15 окомври 1993.
  • Почесен доктор на науки, Бенедиктински колеџ во Илиноис, Лисли, Илиноис, 21 мај 1994.
  • назначен за научен соработник на Тетелманова стипендија при колеџот Џонатан Едвардс, Јејл, Њу Хејвен, Конектикат, 7 ноември 1994.
  • Доктор на науки, Далашки универзитет, Далас, Таксас, 15 ноември 1994.
  • Првата награда за создавање на историја „Енрико Ферми“, за достигнувања во науката, медицината и технологијата, Чикашкото друштво на историчаритет, Чикаго, Илиноис, 8 јуни 1995.
  • Доктор на науки, универзитет Депаул, Чикаго, Илиноис, 11 јуни 1995.
  • Национален орден за заслуги во науката, Бразилија, Бразил, 13 јуни 1995.
  • Почесен доктор на науки, академик на Националниот универзитет „Свети Антониј“ во Куско, Куско, Перу, 16 август 1995.
  • Почесен доктор на науки, Нотрдамски универзитет,, Нотрдам, Индијана, 18 мај 1997.
  • Доктор на науки, Колеџ Бетани, Бетани, Вирџинија, 24 мај 1997.
  • Доктор на науки, Државен илиноишки универзитет, Нормал, Илиноис, 17 мај 1998.
  • Почесен доктор на науки, Универзитет Кларк, Ворчестер, Масачусетс, 17 мај 1998.
  • Доктор на науки, Пенсилваниски државен универзитет, Универзитетски парк, Пенсилванија, декември 1998.
  • Почесен доктор на науки, Институт за високоенергетска физика, Противно, Русија, 15 јули 1998.
  • член на Сипендиската комисија на Белата куќа, 13 април 1999.
  • Диплома, член дописник, Мексиканска академија на науките, октомври 1999.
  • Медал, Поделба на честички и полиња, Мексиканско друштво на физичарите, Мерида, Јукатан, Мексико, 11 ноември 1999.
  • Почесен професор, Пекиншки педагошки универзитет, Пекинг, Кина, 5 ноември 2000.
  • Доктор на науки, универзитет „Рузвелт“, Чикаго, Илиноис, 21 јануари 2001.
  • Доктор на науки, Флоридски институт за технологија, Мелбурн, Флорида, мај 2004.
  • Доктор на науки, универзитет „Џорџ Вашингтон“, Вашингтон, 16 мај 2004.
  • Почесен доктор на науки, Охајски државен универзитет, Колумбус, Охајо, 12 декември 2004.
  • Почесен доктор на науки, доминикански универзитет, Ривер Форест, Илиноис, 6 мај 2006.
  • Почесен доктор на науки, колеџ „Густаф Адолф“, Св. Петар, Минесота, 24 октомври 2008.
  • Бушова награда, 2012 година.[25]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. American Scientists - Charles W. Carey - Google Books
  2. 2,0 2,1 Lederman, Leon M.. Frängsmyr, Tore; Ekspång, Gösta. уред-ци. The Nobel Prize in Physics 1988: Leon M. Lederman, Melvin Schwartz, Jack Steinberger. „Nobel Lectures, Physics 1981–1990“ (Singapore: World Scientific). http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1988/lederman.html. конс. 22 мај 2012 г. 
  3. National Science Board - Honorary Awards - Vannevar Bush Award Recipients
  4. Fermilab: Physics, the Frontier, and Megascience - Lillian Hoddeson, Adrienne W. Kolb, Catherine Westfall - Google Books
  5. Horgan, John. „Rent-a-Genius“, The New York Times, 16 април 2006.
  6. 6,0 6,1 ASCHENBACH, JOY. „No Resurrection in Sight for Moribund Super Collider : Science: Global financial partnerships could be the only way to salvage such a project. But some feel that Congress delivered a fatal blow.“, 5 декември 1993 (конс. 16 јануари 2013 г). „Disappointed American physicists are anxiously searching for a way to salvage some science from the ill-fated superconducting super collider ... "We have to keep the momentum and optimism and start thinking about international collaboration," said Leon M. Lederman, the Nobel Prize-winning physicist who was the architect of the super collider plan“
  7. Lillian Hoddeson; Adrienne Kolb. Vision to reality: From Robert R. Wilson's frontier to Leon M. Lederman's Fermilab. „arXiv:1110.0486“. „Lederman also planned what he saw as Fermilab's next machine, the Superconducting SuperCollider (SSC)“. 
  8. Abbott, Charles. „Illinois Issues journal, June 1987“, јуни 1987, стр. 18. „Lederman, who considers himself an unofficial propagandist for the super collider, said the SSC could reverse the physics brain drain in which bright young physicists have left America to work in Europe and elsewhere.“ (direct link to article: [1])
  9. Kevles, Dan. Good-bye to the SSC. „California Institute of Technology "Engineering & Science"“ том  58 no. 2 (Winter 1995): 16–25. http://calteches.library.caltech.edu/568/1/ES58.2.1995.pdf. конс. 16 јануари 2013 г. „Lederman, one of the principal spokesmen for the SSC, was an accomplished high-energy experimentalist who had made Nobel Prize-winning contributions to the development of the Standard Model during the 1960s (although the prize itself did not come until 1988). He was a fixture at congressional hearings on the collider, an unbridled advocate of its merits []“. 
  10. Calder, Nigel (2005). Magic Universe:A Grand Tour of Modern Science. стр. 369–370. http://books.google.com/books?id=E4NfZ9FDcc8C&pg=PA370&lpg=PA370&redir_esc=y#v=onepage&q=title%20of%20a%20book&f=false. „The possibility that the next big machine would create the Higgs became a carrot to dangle in front of funding agencies and politicians. A prominent American physicist, Leon lederman, advertised the Higgs as The God Particle in the title of a book published in 1993 ...Lederman was involved in a campaign to persuade the US government to continue funding the Superconducting Super Collider... the ink was not dry on Lederman's book before the US Congress decided to write off the billions of dollars already spent“ 
  11. USA Science and Engineering Festival - Advisors
  12. Humes, Edward (2006), Over Here: How the G.I. Bill Transformed the American Dream, Houghton Mifflin Harcourt, стр. 275, ISBN 9780151007103 .
  13. Lederman, Leon M. "Leon M. Lederman – Autobiography." http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1988/lederman-autobio.html Retrieved 06 April 2009. Published 1988, The Nobel Foundation.
  14. 14,0 14,1 14,2 The God Particle: If the Universe is the Answer, What is the Question – page 5
    by Leon Lederman with Dick Teresi (copyright 1993) Houghton Mifflin Company
  15. see High Energy Physics section on this page: http://www.columbia.edu/cu/physics/news/DeptHistory/index/
  16. Eisenhower at ribbon cutting for the dedication of the Nevis synchro-cyclotron http://www.columbia.edu/cu/physics/images/columbia-cyclotron.jpeg
  17. The God Particle: If the Universe is the Answer, What is the Question – page 296
    by Leon Lederman with Dick Teresi (copyright 1993) Houghton Mifflin Company
  18. The God Particle: If the Universe is the Answer, What is the Question – page 87
    by Leon Lederman with Dick Teresi (copyright 1993) Houghton Mifflin Company
  19. Observation of Top Quark Production in [anti-p][and][p] Collisions with the Collider Detector at Fermilab http://prola.aps.org/abstract/PRL/v74/i14/p2626_1
  20. The God Particle: If the Universe is the Answer, What is the Question – page 17 – by Leon Lederman with Dick Teresi (copyright 1993) Houghton Mifflin Company
  21. Street Corner Science with Leon Lederman,
    http://blogs.discovermagazine.com/cosmicvariance/2008/08/26/street-corner-science-with-leon-lederman
  22. http://411.info/people/Idaho/Driggs/Lederman-Leon/132837548.html." http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1988/lederman-autobio.html Retrieved 29.7.2008. Published 1988, The Nobel Foundation.
  23. Dan Falk (2005). „What About God?“. Universe on a T-Shirt: The Quest for the Theory of Everything. Arcade Publishing. стр. 195. ISBN 9781559707336. „"Physics isn't a religion. If it were, we'd have a much easier time raising money." - Leon Lederman“ 
  24. Babu Gogineni (10 јули 2012). „It’s the Atheist Particle, actually“. Postnoon News. http://postnoon.com/2012/07/10/its-the-atheist-particle-actually/58312. конс. 10 јули 2012 г. „Leon Lederman is himself an atheist and he regrets the term, and Peter Higgs who is an atheist too, has expressed his displeasure, but the damage has been done!“ 
  25. Fermilab History and Archives Project | Leon M. Lederman Honorary Degrees and Awards

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: