Артур Леонард Шавлов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Артур Леонард Шавлов
Artur Schawlow, Stanford University.jpg
Артур Леаонард Шавлов
Роден5 мај 1921(1921-05-05)
Маунт Вернон, Њујорк
Починал28 април 1999(1999-04-28) (воз. 77 г.)
Пало Алто, Калифорнија
НационалностАмериканец
ПолињаФизика
УстановиБелови лаборатории
Колумбиски универзитет
Стенфорд
ОбразованиеТоронтски универзитет
Докторски менторМалколм Крафорд
Познат поЛасерска спектроскопија
Поважни наградиМаркониева награда (1977)
Нобелова анграда за физика (1981)
НАционален медал за наука (1991)
СопружникОрелија Таунс (о. 1951, 3 деца)

Артур Леонард Шавлов (англиски: Arthur Leonard Schawlow 5 мај 192128 април 1999) — американски физичар. Тој ја поделил Нобеловата награда за физика со Николас Блумберген и Кај Сигбан за нивната работ на ласерите.[1][2]

Биографија[уреди | уреди извор]

Шавлов е роден во Маунт Вернон Њујорк. Неговата мајка, Хелен, била од Канада, неговиот татко, Артур Шавлов, бил еврејски доселеник од Латвија.[3] Кога Артур имал само три години тие се преселиле во Торонто, Канада.

На возраст од 16 години тој го завршува средното образование и се стекнува со стипендија за наука на на Торонтскиот универзитет. По стекнувањето на дипломата тој продолжува со магистерски студии на Торонтскиот универзитет каде студиите биле прекинати од Втората светска војна. При крајот на војната тој започнал да работи на својот докторат на Торонтскиот унивеерзитет под менторство на професорот Малаком Крафорд. За подоцна да продолжи на подокторски студии под менторство на Чарлс Хард Таунс на одделот за физика при Колумбискиот универзитет во есента 1949 година.

Во 1951 година, тој се оженил со Орелија Таунс, помладата сестра на физичарот Чарлс Хард Таунс, и заедно имале три деца, Артур, Хелен и Едит. Артур бил аутист, со многу мала способност за говор.

Тој себе си се сметал за обичен протестенски христијанин и ја посетувал блиската методистичка цркава.[3]

Тој подоцна прифатил работно место во Беловите лаборатории при крајот на 1951 година. Тој заминал во 1961 година за да се придружи на Стенфорд како професор. Тој останал да работи таму се додека не се пензионирал во 1996 година.

Шавлов и Роберт Хофштадлер професор на Стенфорд, кој исто така имал аутистично детесе здружилемза да им помогната на останатите да се справат со состојбата. Артур помладиот бил сместен во специјален центар за аутистични личности, и подоцна Шавлов основал институција која ќе се грижи за лицата болни од аутизам во Парадајс, Калифорнија. Тој бил именуван како Артур Шавловов центар во 1999 година, кратко пред својата смрт на 29-ти април 1999 година.

Шавлов бил за употреба на контровезниот метод за потпомогната комуникација за пациенти болни од аутизам.[4]

Иако неговото истражување се фокусирало на оптиката, особено, ласерите и нивната употреба во спектроскопијата, тој исто така вршел истражувања во областа на суперпроводливоста и нуклеарната резонанса. Шавлов ја поделил Нобеловата награда за физика со Николас Блумберген и Кај Сигбан за нивните придонеси при развојот на ласерската спектроскопија.

Шавлов бил коавтор на книгата Микробранова спектроскопија (Microwave Spectroscopy) со Чарлс Таунс. Заедно со Таунс, тие изготвиле оспорен од Гордон Гулд, ласерски патент поднесен од страна на Беловите лаборатории во 1958 година.

Во 1991 година претпријатието NEC и Американското друштво на физичарите воспоставиле награда: наречена Шавлова награда. Наградадата се доделува годишно на „кандидати кои направиле важни придонеси во истражувањето со помош на ласери.“

Шавлов починал од леукемија во Пало Алто, Калифорнија.

Awards[уреди | уреди извор]

Науката и религијата[уреди | уреди извор]

Тој учествувал во многу дебати поврзани со науката и религијата. Во однос на Бог, тој изјавил „Јас наоѓам потреба од Бог во универзумот и во мојот живот.“[5]

Артур Шавлов бил страствен обожавател и собирач на традиционални американски џез снимки, како и подржувач на инструментални групи кои ја свиреле оваа музика.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Arthur L. Schawlow“. IEEE Global History Network. IEEE. конс. 10 August 2011. 
  2. Hänsch, Theodor W. (декември 1999 г). Obituary: Arthur Leonard Schawlow. „Physics Today“ том  52 (12): 75–76. doi:10.1063/1.2802854. Bibcode1999PhT....52l..75H. http://www.physicstoday.org/resource/1/phtoad/v52/i12/p75_s2?bypassSSO=1. 
  3. 3,0 3,1 http://www.adherents.com/people/ps/Arthur_Schawlow.html
  4. http://news-service.stanford.edu/news/1999/may5/schawlowobit-55.html][1]
  5. Henry Margenau (1992), <nowiki />Cosmos, Bios, Theos: Scientists Reflect on Science, God, and the Origins of the Universe, Life, and Homo sapiens, Open Court Publishing Company, стр. 105  co-edited with Roy Abraham Varghese. This book is mentioned in a December 28, 1992 Time magazine article: Galileo And Other Faithful Scientists

Надворешни врски[уреди | уреди извор]