Џејмс Рејнвотер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лав Џејмс Рејнвотер
Роден(а)9 декември 1917(1917-12-09)
Ајдахо, САД
Починал(а)31 мај 1986(1986-05-31) (возр. 68)
Њујорк, САД
НационалностСАД Американец
ПолињаФизика
УстановиКолумбиски универзитет
Менхетенски проект
ОбразованиеКолумбиски универзитет
Институт за технологија на Калифорнија
Поважни наградиЛоренсова награда (1963)
Нобелова награда за физика (1975)

Лав Џејмс Рејнвотер (англиски: Leo James Rainwater 9 декември 1917 - 31 мај 1986) — американски физичар кој ја споделил Нобеловата награда за физика во 1975 „за учество во определување на асиметричните форми на одредени атомски јадра“.[1][2]

Животопис[уреди | уреди извор]

Рејнвотер е роден во Ајдахо, САД, но подоцна се преместил во Ханфорд, Калифорнија, по смрта на неговиот татко како последица на една од најголемите пандемии во историјата на човештвото, „Шпанска треска“, во 1918. Тој добил диплома од Институтот за технологија на Калифорнија во 1939 како мајор по физика, подоцна станал доктор по филозофија во Колумбискиот универзитет во 1946, работејќи со Енрико Ферми.

За време на Втората светска војна, тој се занимавал со проектот Менхетен, кој претставувал прекар на подземно истражување за создавање на првата употреблива атомска бомба. Во 1949, тој почнал да ја развива својата теорија, спротивно на тоа што тогаш се верувало, дека сите атомски јадра не се сферични. Неговите идеи подоцна биле тестирани и потврдени од експериментите на Ејџ Бор и Бен Рој Мотелсон. Рејнвотер исто така придонел за научното сфаќање на Х-зраците и учествувал во Американската комисија на атомска енергија и поморските истражувачки проекти. Тој се придружил на факултетот по физика во Колумбија во 1946, каде што станал постојан професор. Тој бил наречен „Папин“ професор по физика во 1982. Рејнвотер исто така ја добил и Лоренсовата награда за физика во 1963. Во 1975 Рејнвотер бил награден со Нобелова награда за физика „за откривање на врската помеѓу колективното движење и движењето на честичките во атомското јадро и за развивање на теоријата за градбата на атомските јадра врз основа на оваа врска“[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The Nobel Prize in Physics 1975“. Nobelprize.org. Посетено на 2014-01-16.
  2. Havens, Jr., W. W. (October 1986). „Obituary: James Rainwater“. Physics Today. 39 (10): 140–143. Bibcode:1986PhT....39j.140H. doi:10.1063/1.2815185. Архивирано од изворникот на 2013-10-04. Посетено на 2015-03-12.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]