Алексеј Абрикосов
Алексеј Абрикосов | |
---|---|
Роден(а) | Алексеј Абрикосов 25 јуни 1928 Москва, Русија, Советски Сојуз |
Националност | Русин |
Полиња | Физика |
Установи | Ландаов институт Московски државен универзитет Московски институт за физика и технологија Аргонска национална лаборљаторија |
Образование | Московски државен универзитет Советска академија на науките |
Познат по | Физика на кондензирана материја |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (2003) |
Сопружник | Светлана Бункова (о. 1977, 3 деца) |
Белешки Тој е син на докторот Алкесеј Иванович Абрикосов |
Алкесеј Абрикосов (руски: Алексе́й Алексе́евич Абрико́сов; 25 јуни 1928) — советски и руски теориски физичар чиј придонеси се главно во полето на физиката на кондензираната материја. Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 2003 година.
Животопис
[уреди | уреди извор]Абрикосов се родил во Москва, Русија, Советски Сојуз, на 25 јуни 1928 година, како дете на пар лекари: Проф. Алексеј Иванович Абрикосов и Д-р. Фани Абрикосова, моминско Вулф. Тој дипломрал на Московскиот државен универзитет во 1948 година. Од 1948 година до 1965 година, тој работел на институтот за физички проблеми при Советска академија на науките, каде што се стекнал и со својот докторат во 1951 година за теоријата на топлинска дифузија кај плазма, во 1955 година го стекнува и докторатот за физички и математички науки на темата квантна електродинамика при високи енергии. Од 1965 до 1988 година, тој работел на Ландаовиот институт за теориска физика. Тој е професор на Московскиот државен универзитет од 1965 година. Понатамошно, тој има предавања на Московскиот институт за физика и технологија од 1972 до 1976 година, и на Московскиот институт за челик и легури од 1976 до 1991. Тој бил полноправен член на Советска академија на науките од 1987 до 1991. Во 1991 година, станал полноправен член на Руската академија на науките.
Во два негови труда од 1952 и 1957 година, Абрикосов објаснува како Магнетниот флукс може да помине низ суперпроводници. Оваа класа на суперпроводници е позната како тип-II суперпроводници. Продружните магнетни силови линии на флуксот се наречени Абрикосов вортекс.
Од 1991 година, тој работи во одделот за наука на материјалите пр Аргонската национална лабораторија во Илиноис. Абрикосов е истакнат научник во групата физичари за материјална физика при истата лабораторија. Неговото неодамнешно истражување во Аргонската национална лабораторија е фокусирано на потеклото на мегетниот отпор, својсртво н наки материјали кои го менуваат својот отпор при електричен тек под влијание на магнетно поле.
Награди и почести
[уреди | уреди извор]Абрикосов бил награден со Ленинова награда во 1966 година, Лондоновата меморијална награда во 1972 година, и со Советска државна награда во 1982 година. Во 1989 година ја добил Ландаовата награда од Руската академија на науките. Две години подоцна, во 1991 година, Абрикосов бил награден со Џон Бардиновата награда од претпријатието Сони. Истата година е избран за стански почесен член на Американската академија на науките и уметностите.[1] Тој е исто така член на Кралката академија во Лондон, член на Американското друштво на физичари, а во 2000-та бил избран за член на престижната Национална академија на науките. Тој ја поделил Нобеловата награда за физика во 2003 година, со Виталиј Гинзбург и Ентони Џејмс Легет, за теориите како материјата се однесува при крајно ниски температури.
Други поважни награди:
- Почесен доктор на Лозанскиот универзитет, 1975
- Орден на значка на трудот, 1975
- Орден на Црвеното знаме на трудот, 1988
- Советска државна награда, 1982
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Book of Members, 1780–2010: Chapter A“ (PDF). American Academy of Arts and Sciences. Посетено на 20 March 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Алексеј Абрикосов“ на Ризницата ? |
- Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- A Short Biography Архивирано на 3 март 2016 г., on the website of the Material Science Division of Argonne National Laboratory
|
- Родени во 1928 година
- Членови на Националната академија на науките на САД
- Странски членови на Кралското друштво
- Руски Евреи
- Еврејски физичари
- Добитници на Нобеловата награда за физика
- Добитници на Лениновата награда
- Носители на Орденот на Црвеното знаме на трудот
- Руски нобеловци
- Руски физичари
- Советски физичари
- Суперспроводливост
- Членови на Американската академија на уметностите и науките
- Теориски физичари
- Апсолвенти на Московскиот државен универзитет
- Советски Евреи
- Американски нобеловци
- Еврејски нобеловци
- Починати во 2017 година
- Членови на Унгарската академија на науките
- Добитници на Државната награда на СССР
- Носители на орденот „Знак на Честа“
- Редовни членови на Академијата на науките на Советскиот Сојуз