Карл Фердинанд Браун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карл Фердинанд Браун
Karl Ferdinand Braun
Ferdinand Braun.jpg
Роден6 јуни 1850(1850-06-06)
Фулда, Изборно кнежество Хесен, Германија
Починал20 април 1918(1918-04-20) (воз. 67 г.)
Бруклин, Њујорк, САД
НационалностГерманец
Полињафизика
УстановиКарлсрушки универзитет,
Марбуршки универзитет,
Стразбуршки универзитет,
Тубингенски универзитет,
Вурцбуршки универзитет
ОбразованиеМарбуршки универзитет,
Берлински универзитет
Докторски менторАвгуст Кундт,
Георг Херман Квинке
ДокторандиЛеонид Исакович Манделштам,
Алберт Швајцер
Познат покатодна цевка,
кристален детектор
Поважни наградиНобелова награда за физика (1909)
24 септември 1900 година: Баргман, Браун и телеграфистот на безжичната станица Хелголанд

Карл Фердинанд Браун (германски: Karl Ferdinand Braun; 6 јуни 1850 - 20 април 1918) — Германски пронаоѓач, физичар и добитник на Нобеловата награда физика. Браун значително придонел за развојот на радио и телевизиската технологија: тој заедно со Гилјермо Маркони во 1909 година е добитник на Нобеловата награда за физика.

Биографија[уреди | уреди извор]

Браун е роден во Фулда, Германија, и се образовал на Марбуршкиот универзитет а својот докторат го стекнал на Берлинскиот универзитет во 1872 година. Во 1874 година тој открил дека точкесто-контактниот полупроводник ја исправува наизменичната струја.[1] Тој станал директор на Институтот за физика како и професор по физика на Стразбуршкиот универзитет во 1895 година.

Во 1897 година тој ја изградил првата катодно-зрачна цевка (CRT) и катодната цевка осцилоскоп.[2] CRT технологијата е заменета со напредокот на технологијата како што се рамните екрани(на пример екранот со течен кристал (LCD), светлечките диоди (LED) и плазмените екрани) на телевизорите и компјутерските монитори. CRT технологијата се уште се нарекува „Браунова цевка“ во земјите од германското говорно подрачје ( Braunsche Röhre ) како и Јапонија (ブ ラ ウ ン 管: Браун-кан ).

За време на развојот на радиото, тој исто така, работел на безжичната телеграфија. Во 1897 година Браун се приклучил на славните пионери на безжичната телеграфија.[3][4] Неговите главни придонеси се воведувањето на затворено променливо коло како дел за создавање во предавателот, а неговата одвоеност од зрачниот дел (антената) со помош на индуктивна спрега, а подоцна и за употреба на кристали за приемнички цели. Безжичната телеграфија го зазела целото внимание на Браун во 1898 година, како и многу години подоцна тој целосно се посветил на задачата за решавање на проблемите поврзани со безжичната телеграфија. Д-р Браун има пишувано опширно за безжичната технологија и бил добро познат преку неговите бројни придонеси во електротехничките и другите научни списанија.[5] Во 1899 година, тој ќе поднесе барања за патенти за електротелеграфија со помош на кондензатори и индукциони намотки и Безжичен електропренос на сигнали преку површини.[6]

Околу 1898 година, тој измислил кристално диоден исправувач или кристален детектор. Пионерите кои работеле на безжичните уреди на крајот дојшле до граница на оддалеченоста коа овие уреди можеле да ја покријат. Поврзувањето на антената непосредно на искриште создава само силно задушени подредени пулсирања. Се одвивале само неколку циклуси пред осцилациите целосно да престанат. Брауновото коло обезбедувало подолготрајни осцилации бидејќи енергијата имала помали загуби минувајќи наизменично меѓу намотката и лајденските тегли. И со помош на индуктивна антенска спрега зрачењето подобро се вклопувала со генераторот. Добиените посилни и со помала бранова должина сигнали премостувале многу поголеми далечини.

Браун ја измислил фазно променливата антена во 1905 година. Тој во своето нобелово предавање опишал како внимателно подредил три антени за да пренесе насочен сигнал.[7] Овој изум доведе до развојот на радарот, паметните антени и MIMO.

Брауновиот британски патент за подесување беше искористен од страна на Маркони во многу од неговите подесувачки патенти. Гилјермо Маркони ги искористил патентите на Браун (меѓу другите). Маркони подоцна ќе признае дека ги „ позајми “ патентите на Браун. Во 1909 година, Браун ја поделил Нобеловата награда за физика со Маркони за „придонесот за развојот на безжичната телеграфија.“ наградата доделена на Браун во 1909 година го опишува овој дизајн. Браун првично експериментирал на Стразбуршкиот универзитет. Во кус период тој успеал пренесе сигнал на растојание од 42 километри до градот Мутциг. Во пролетта 1899 година Браун, придружуван од своите колеги Кантор и Ценек, заминале во Куксхафен за да продолжат со нивните експерименти на Северното Море. На 24 септември 1900 година телеграфски радиосигнали редовно биле разменувани со островот Хелголенд на растојание од 62 км. Лесните пловила во реката Елба и крајбрежната станица во Куксхафен започнале редовни радиотелеграфски услуги.

Браун заминал во САД на почетокот на Првата светска војна (пред американците да се вклучат во војната) за да помогне во одбраната на германската безжична станица во Сејвил, Њујорк, од напади на британско контролираното претпријатие „Маркони“. По вклучувањето на САД во војната, Браун е приведен, но можел да се движи слободно низ Бруклин, Њујорк. Браун починал во својот дом во Бруклин, пред завршувањето на војната во 1918 година.

Награда „Карл Фердинанд Браун“[уреди | уреди извор]

Во 1987 година Друштвото за инфоприказници ја вовело наградата „Карл Фердинанд Браун“, која се доделува за натпросечни достигнувања во технологијата на приказниците.[8]

Патенти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Braun, F. (1874), „Ueber die Stromleitung durch Schwefelmetalle“ [On current conduction through metal sulfides], Annalen der Physik und Chemie (German) 153 (4): 556–563, doi:10.1002/andp.18752291207 
  2. Ferdinand Braun (1897) "Ueber ein Verfahren zur Demonstration und zum Studium des zeitlichen Verlaufs variabler Ströme" (On a process for the display and study of the course in time of variable currents), Annalen der Physik und Chemie, 3rd series, 60 : 552-559.
  3. During the development of radio, he also worked on wireless telegraphy. In 1897 Braun joined the line of wireless pioneers.ication.
  4. Patent DRP 111788. 1989.
  5. The Wireless Age, Volume 5. Page 709 - 713.
  6. The Electrical engineer, Volume 23. Page 159.
  7. "Karl Ferdinand Braun - Nobel Lecture: Electrical Oscillations and Wireless Telegraphy" p. 239. Nobelprize.org. Nobel Media AB 2013. Web. 28 Sep 2013.
  8. „Karl Ferdinand Braun Prize“. Society for Information Display. 2012. конс. 17 May 2013. 
  • Во аниме адаптација на 2009 јапонски визуелни роман, Steins; порта, ликот Југо Tennōji, ака "Г-дин Браун, го користи псевдонимот "ФБ", по Карл Фердинанд Браун.
Општа
  • K.F. Браун: "На сегашните спроведување во метал сулфиди (наслов во превод од германски на англиски јазик)", Ен. Phys. . Chem, 153 (1874), 556. (на германски) превод на англиски јазик може да се најде во "полупроводнички уреди: пионерски трудови", уредена од С.М. Sze, светската научна, Сингапур, 1991, стр  . 377-380.
  • Келер, Питер А .: На електролитна-ray цевка: технологија, историја, и апликации. Њујорк: Палисад Прес, 1991. ISBN 0-9631559-0-3.
  • Келер, Питер А .: "на 100-годишнината на катодна-Ray Tube" </ I> Информации Покажи </ I>, vol. 13, број 10, 1997, стр  . 28-32.
  • Ф. Kurylo: "Фердинанд Браун Leben und Wirken des Erfinders дер Braunschen Röhre Nobelpreis 1909", Минхен: Moos Verlag, 1965 (на германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]