Мартин Луис Перл

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мартин Луис Перл
Martin Perl - tau.jpg
Роден јуни 24, 1927(1927-06-24)
Њујорк, САД
Починал септември 30, 2014(2014-09-30) (воз. 87 г.)
Пало Алто, Калифорнија
Националност САД
Полиња Физичар
Установи Универзитетот во Мичиген
Stanford Linear Accelerator Center (SLAC)
Универзитетот во Ливерпул
Образование NYU-Poly и Универзитет Колумбија
Докторски ментор И. А. Раби
Докторанди Семјуел Ч. Ч. Тинг, Тинг Ванг
Познат по Тау лептон
Поважни награди Нобелова награда за физика во 1995

Мартин Луис Перл (24 јуни 1927 – 30 септември 2014) бил Американски физичар кој ја добил Нобеловата награда за физика во 1995 за неговото отркитие на тау честичките.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Перл е роден во градот Њујорк, САД. Неговите родители, Феј (моминско Резентал), која била секретарка и сметководителка, и татко Оскар Перл, стационарен продавач кој основал компанија за печатење и рекламирање, биле Еврејски емигранти во САД од полскиот дел на Русија.[1]

Перл дипломирал во 1948 како хемиски инженер на Бруклинскиот политехнички институт (сега познат и како ЊЈУ-Поли) во Бруклин. По дипломирањето, Перл работел Џенерал Електрик, како хемиски инженер во фабрика за произведување на електронски вакум цевки. Со цел да научи како работат електорнските цевки, Перл се пријавува на курс за атмоска физика и напреден калкулус на Јунион колеџ во Шенектади, Њујорк, каде интересот за физика пораснал, а со тоа и да стане дипломиран студент по физика во 1950. [1]

Тој докторирал на Универзитетот Колумбија во 1955, каде негов советник за докторската теза бил И. A. Раби. Тезата на Перл содржела објаснувања за мерењето на нуклеарен четириполен момент на натриум, користејќи метода на атмоски резонантен зрак, за кој Раби ја добил Нобеловата награда за физика во 1944.[1]

Откако докторирал, Перли ги поминува следните 8 години на Универзитетот од Мичиген, каде работел на силното заемодејство, користејќи меурни и искрени комори за да го истражува распрснувањето на пиони а подоцна и на неутрони и протони.[1] Додека престојува во Мичиген, Перл и Лоренс В. Џонс му помагаат како советници на Семјуел Ч. Ч. Тинг кој ја освојува Нолебовата награда за физика во 1976. 

Барајќи поедноставен начин за проучување на интереакцискиот еханизам, Перл започнува со интеракција помеѓу електрони и миони.[2] Тој добил прилика за планирање на овој експеримент откако се преселил во Стенфродовиот „Linear Accelerator Center“ (SLAC) во 1963, тогаш изграден во Калифорнија. Тој практично бил заинтересиран за разбирањето на мионите: зошто мора да имаат иста интеракција како и електроните, но 206.8 пати потешка и зошто се распаѓа при целиот процес. Перл одбрал да ги пронајде одговорите на овие прашања со правење експерименти на високо енергетски лептони. Дополнително размилувал и за можноста за проноаѓање трета генерација лептони преку судирање на електрон и позитрон. Тој умира откако претрпува срцев удар[3] во болницата на Универзитетот Стенфорд, 30 септември 2014 година, на возраст од 87 години.[4]

Откривањето на тау-честичката[уреди | уреди извор]

Тау лептон (τ, исто така нарекуван и тау-честичка, тауон или едноставно тау) е елементарна честичка слична на електронот, со негативен електричен набој и вртеж од 12, но со 3477 пати поголема маса. Заедно со електронот, мионот и трите неутрино честички, се класифицираат како лептони.

Тау најпрво била откриена во серија експерименти помеѓу 1974 и 1977 од страна на Перл и неговите колеги во групата SLAC-LBL.[5] Нивната опрема се состоела од новиот SLAC e+Грешка: нема зададено симбол–e
e
 судирачки прстен, наречен SPEAR и LBL магнетен детектор. Можеле да детектираат и разликуваат помеѓу лептони, хардони и фотони.SPEAR овозможувал судирање на електрони и позитрони на повисоки енергии, иницијално од 4.8 GeV па се до 8 GeV, енергии доволно високи за да доведат до продукција на тау / антитау пар.[2] Тау има животен век од само  со што овие честички се распаѓаат на неколку милиметри по судирот.[6] Оттука Перл и неговите соработници не успеале да ги отркијат тау-честичките директно, односно откриле аномалија при настанатите каде забележале или електрон и мион, или позитрон и антимион:

"Откривме 64 настани од формата
e+ + e− → e± + μ∓ + каде најмалку две честици се неоткриени
за кои немаме конвенционално објаснување."

Потребата од најмалку две честици е прикажана од неможноста да се заштитат енергиите и моментумот со една честичка. Но, ниту мион, електрон, фотон или хардон биле откриени. Се претпоставило дека овој настан при распадот произведува нов пар честички:

e+ + e− → τ+ + τ− → e± + μ∓ + 4ν

Ова преставувало потешкотија при докажување, бидејќи енергијата која ја произведува τ+
τ+
τ
τ
 парот е слична на прозиведувањето на Д мезон. Работата направена во DESY-Хамбург и со Direct Electron Counter (DELCO) во SPEAR, последователно ја поставиле масата и вртежот на тау.

Симболот τ е добиен од Грчкиот збор τρίτον (тритон, односно "трет"), бидејќи бил третиот откриен лептон.[7]

Нобеловата награда и подоцната кариера[уреди | уреди извор]

Перл ја добива Нобеловата нагрда во 1995 заедно со Фредерик Рајнес. Наградата е доделена за „пионерски придонеси во екпериментирањето со лептонска физика“. Перл ја добива својата половина за „откривањето на тау лептон“, додека Рајнес својот дел за „откривањето на неутрино“.[8]

Тој се приклучува на Универзитот во Ливерпул како гостински професор.[9] Служел и како советник во бордот на Американски научници и инженери, организација фокусирана на промоција на науката во Американската влада. Во 2009, Перл добива почесна докторска титула од Универзитетот во Белград.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Martin L. Perl - Biographical“. Nobel Media AB. 1995. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1995/perl-bio.html. конс. 28 декември 2013 г. 
  2. 2,0 2,1 Martin L. Perl (1995). „Reflections on the Discovery of the Tau Lepton“. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1995/perl-lecture.html. конс. 28 декември 2013 г. 
  3. http://www.nytimes.com/2014/10/04/science/martin-perl-physicist-who-discovered-electrons-long-lost-brother-dies-at-87.html
  4. http://news.stanford.edu/news/2014/october/martin-perl-obit-100114.html
  5. Perl, M. L.; Abrams, G.; Boyarski, A.; Breidenbach, M.; Briggs, D.; Bulos, F.; Chinowsky, W.; Dakin, J.; и др.. Evidence for Anomalous Lepton Production in
    e+

    e
    Annihilation
    . „Physical Review Letters“ том  35 (22): 1489. doi:10.1103/PhysRevLett.35.1489. Bibcode1975PhRvL..35.1489P.
     
  6. „The Nobel Prize in Physics 1995 - Press Release“. Nobel Media AB. 1995. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1995/press.html. конс. 1 јануари 2014 г. 
  7. M.L. Perl (1977). "Evidence for, and properties of, the new charged heavy lepton" (PDF). Во T. Thanh Van (ed.). Proceedings of the XII Rencontre de Moriond. SLAC-PUB-1923. 
  8. „Nobel Prize in Physics, 1995“. 1995. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1995/. конс. 28 декември 2013 г. 
  9. „Professor Martin Perl joins University of Liverpool“. BBC. 3 декември 2011. http://www.bbc.co.uk/news/uk-england-merseyside-16018296. конс. 3 декември 2011 г. 
  10. „Promovisani počasni doktori Beogradskog univerziteta - RADIO-TELEVIZIJA VOJVODINE“. Rtv.rs. 20 октомври 2009. http://www.rtv.rs/sr_lat/drustvo/promovisani-pocasni-doktori-beogradskog-univerziteta-_120094.html. конс. 17 февруари 2011 г.