Роберт Вудро Вилсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роберт Вудро Вилсон (лево) со Арно Алан Пензијас
Wilson penzias200.jpg
Роден 10 јануари 1926 (1926-01-10) (воз. 91 г.)
Хјустон, Тексас, САД
Живеалиште Њу Џерси
Националност САД Американец
Полиња Физика
Образование Рајски Универзитет
Калифорниски институт за технологија
Познат по Космичко позадинско зрачење
Поважни награди Драперов медал (1977)
Нобелова награда за физика (1978)

Роберт Вудро Вилсон (англиски: Robert Woodrow Wilson 10 јануари 1936) е американски астроном, кој во 1978 ја добил Нобеловата награда за физика, заедно со Арно Алан Пензијас во 1964 го откриле космичкото позадинско зрачење. Наградата за заслугите исто така била споделена и со трет научник, Петар Капица, за одделна работа.

Додека работеле на нов тип на антена во Беловите лаборатории во Њу Џерси, пронашле извор на звук во атмосферата што не можеле да го објаснат.[1] По отстранувањето на сите можни извори на звук, меѓу кои и птичјите падови на антената, звукот конечно го индетификувале како космичко позадинско зрачење, кое било од големо значење за „Биг Бенг“ теоријата.

Живот и работа[уреди | уреди извор]

Роберт Вудро Вилсон бил роден на 10 јануари, 1936, во Хјустон, Тексас, САД. Дипломирал во Средното училиште Ламар во Ривер Оукс, во Хјустон,[2] и студирал додипломски студии во Рајскиот универзитет, исто така во Хјустон, каде што наишол на друштвото „Фи Бета Капа“. Неговите дипломски студии биле извршени во Калифорнискиот институт за технологија.

Вилсон и Пензијас исто така го добиле и Драперовиот медал на Американската национална академија на науки во 1977.[3]

Вилсон останал во Беловите лаборатории сè до 1994, кога станал искусен научник во Харвард-Смитсоновиот центар за астрофизика во Кембриџ, Масачусетс, каде што е и ден денс.[4]

Вилсон е жител на Њу Џерси.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Penzias, A.A.; Wilson, R.W.. A Measurement of Excess Antenna Temperature at 4080 Mc/s. „Astrophysical Journal“ том  142: 419–421. doi:10.1086/148307. Bibcode1965ApJ...142..419P. 
  2. "Distinguished HISD Alumni," Houston Independent School District
  3. „Henry Draper Medal“. National Academy of Sciences. http://www.nasonline.org/about-nas/awards/henry-draper-medal.html. конс. 24 февруари 2011 г. 
  4. http://www.fofweb.com/History/MainPrintPage.asp?iPin=AS0290&DataType=AmericanHistory&WinType=Free
  5. Nobel Lectures, Physics 1971-1980, Editor Stig Lundqvist, World Scientific Publishing Co., Singapore, 1992. Autobiography. Accessed March 15, 2011. „Ние сеуште живееме во куќата во Холмдел која ја купивме кога првпат дојдов во Беловите лаборатории.“
Портал „Космологија

Надворешни врски[уреди | уреди извор]