Ото Штерн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ото Штерн
Otto Stern.jpg
Роден17 февруари 1888(1888-02-17)
Сохрау, Кралство Прусија
(денес Жори, Полска)
Починал17 август 1969(1969-08-17) (воз. 81 г.)
Беркли, Калифорнија, САД
НационалностГерманија Германец
ПолињаФизика
УстановиРостошки универзитет
Хамбуршки универзитет
Карнегиски институт за технологија
Калифорниски универзитет
ОбразованиеБреславски универзитет
Франкфуртски универзитет
Познат поШтерн-Герлахов експеримент
спинова квантизацијата
Молекуларен зрачен метод
Поважни наградиНобелова награда за физика (1943)

Ото Штерн (германски: Otto Stern 17 февруари 188817 август 1969) бил германски физичар и добитник на Нобеловата награда за физика во 1943.

Биографија[уреди | уреди извор]

Штерн се родил во еврејско семејство (татко Оскар Штерн и мајка Евгенија Розентал) во Сохрау (сега Жори) во југоисточна Шлеска, Кралство Прусија (сега во Полска). Тој студирал во денешен Вроцлав.

Штерн ги завршил неговите студии во Вроцлавскиот универзитет во 1912, каде докторирал по физичка хемија. Тој потоа го следел Алберт Ајнштајн во Краловиот универзитет во Прага, а подоцна во Циришкиот универзитет. Штерн ја добил неговата хабилитација во Франкфуртскиот универзитет во 1915, а во 1921 станал професор во Ростошкиот универзитет, кој го напуштил во 1923 за да работи на новооснованиот Институт за физичка хемија во Хамбуршкиот универзитет.

Плакета на ѕидот на институтите за физика во Хамбуршкиот универзитет, во сеќавање на штерновиот мандат.

По давањето на отказ од неговата позиција во Хамбуршкиот универзитет во 1933 поради нацистичкиот махтерграјфунг, тој станал професор по физика во Карнегискиот институт за технологија а подоцна пензиониран професор со титулата „професор емеритус“ во Калифорнискиот универзитет.

Како експериментален физичар Штерн придонел во откривањето на спиновата квантизација во Штерн-Герлаховиот експеримент со Валтер Герлах во февруари 1922 во "Physikalischer Verein" во Франкфурт на Мајна;[1][2] демонстрација на брановата природа на атомите и молекулите; мерење на атомските магнетни моменти; откритието на протонскиот магнетен момент; развиток на молекуларниот зрачен метод кој е специјализиран за техниката на молекуларна епитаксија на сноп.

Тој бил награден со Нобелова награда за физика во 1943, првиот кој бил награден од 1939. Тој бил единствен добитник таа година и при цитатот било испуштено спомнувањето на Штерн-Герлаховиот експеримент, поради тоа што Герлах останал активен во нацистичката Германија.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Walther Gerlach & Otto Stern, "Das magnetische Moment des Silberatoms", Zeitschrift für Physik, V9, N1, pp. 353–355 (1922).
  2. Friedrich, Bretislav; Herschbach Dudley (December 2003). "Stern and Gerlach: How a Bad Cigar Helped Reorient Atomic Physics". Physics Today. Архивирано од изворникот на 2007-09-29. конс. 2007-10-07. 

Извори[уреди | уреди извор]

  • Horst Schmidt-Böcking and Karin Reich: Otto Stern. Physiker Querdenker, Nobelpreisträger. Societäts-Verlag, Frankfurt am Main 2011, ISBN 978-3-942921-23-7.
  • J.P. Toennies, H. Schmidt-Böcking, B. Friedrich3, and J.C.A. Lower (2011). Otto Stern (1888–1969): The founding father of experimental atomic physics. Annalen der Physik, 523, 1045–1070. arXiv:1109.4864

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: