Овен Чемберлејн
Овен Чемберлејн | |
---|---|
Роден(а) | јули 10, 1920 Сан Франциско, Калифорнија, САД |
Починал(а) | февруари 28, 2006 Беркли, Калифорнија, САД | (возр. 85)
Националност | Американец |
Полиња | Физика |
Установи | Национална лабораторија Лос Аламос |
Образование | Дармутски колеџ Калифорниски универзитет Чикашки универзитет |
Познат по | Физика на елементарни честички |
Поважни награди | Нобелова награда за физика (1959) |
Овен Чемберлејн (англиски: Owen Chamberlain 10 јули 1920 — 28 февруари 2006) — американски физичар и добитник на Нобелова награда за физика за пронаоѓање, во соработка со Емилио Г. Серге, на антипротони, субатомски античестички.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Роден во Сан Франциско, Калифорнија, Чемберлејн дипломирал во Грематаунското училиште во Филаделфија во 1937. Изучувал физика во Дармутскиот колеџ, каде што бил член на братството Тета Чи и во Калифорнискиот универзитет. Одел на училиште сè до Втората светска војна и се придружил на менхетенскиот проект во 1942, каде што работел со Серге, заедно во Беркли и во Лос Аламос, Ново Мексико. Се оженил со Беатрис Бабет Купер (разведени 1988) во 1943, со кого имал четири деца.[2]
Во 1946, по војната, Чемберлејн продолжил со неговиот докторат во Чикашкиот универзитет под надзор на легендарниот физичар Енрико Ферми.[3] Ферми имал важна улога како водач и ментор на Чемберлејн, охрабрувајќи го да ја остави попрестижната теориската физика зад себе и да се занимава со експериментална физика, за која Чемберлејн имал особена способност. Чемберлејн докторирал во Чикашкиот универзитет во 1949.
Во 1948, по завршувањето на експерименталната работа, Чемберлејн се вратил во Беркли како член на факултетот, каде што тој, Серге и други физичари го истражувале протонско-протонското расејување. Во 1955, серија експерименти на протонско расејување довело до откритието на анти-протонот, честичка сосема иста како протон освен тоа што е негативно наелектризирана. Подоцнежните истражувања на Чемберлејн биле комора на временска проекција и работата во (SLAC).
Чемберлејн исто така бил активен и на политичка карта во врска со мирот и социјалната правда и настроен против Виетнамската војна. Тој бил член на трите физичари од поранешниот Советски Сојуз затворени поради нивните политички ставови. Во 1980-те, помогнал во основање на движење за јадрено разоружување. Во 2003 бил еден од дваесет и двајцата нобеловци кои го потпишале хуманистичкиот манифест.[4]
Смрт
[уреди | уреди извор]Чемберлејн бил дијагностициран со паркинсонова болест во 1985 и се повлекол од наставата во 1989. Починал од комплицирање на болеста на 28 февруари 2006 во Беркли на осумдесет и пет годишна возраст.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Jaros, John; Nagamiya, Shoji; Steiner, Herbert (August 2006). „Obituary: Owen Chamberlain“. Physics Today. 59 (8): 70–72. Bibcode:2006PhT....59h..70J. doi:10.1063/1.2349741.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ↑ Sanders, Robert. Owen Chamberlain, Physics Nobelist, UC Berkeley professor, LBNL researcher and co-discoverer of the anti-proton, has died at 85. www.berkeley.edu (2006 March 1)
- ↑ Yarris, Lynn. Berkeley Scientific Great Owen Chamberlain Has Died Архивирано на 17 февруари 2022 г.. www.lbl.gov (2006 March 1)
- ↑ „Notable Signers“. Humanism and Its Aspirations. American Humanist Association. Архивирано од изворникот на 2012-10-05. Посетено на September 15, 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
- Owen Chamberlain
- The Nobel Prize in Physics 1959 Архивирано на 12 јули 2004 г.
- Short Bio at Berkeley Архивирано на 21 декември 2004 г.
- Guide to the Owen Chamberlain Papers во The Bancroft Library
- New York Times obituary
- National Academy of Sciences Biographical Memoir
|