Франк Вилчек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франк Вилчек
Nobel Laureate Frank Wilczek 2007.jpg
Роден Франк Антони Вилчек
15 мај 1951 (1951-05-15) (воз. 66 г.)
Минеола, Њујорк, САД
Националност Американец
Полиња Физика
Математика
Установи МИТ
Образование Чикашки универзитет (диплома),
Принстонски универзитет (магистратура, докторат)
Докторски ментор Дејвид Грос
Докторанди Марк Алфорд (*)
Мајкл Форбс
Мартин Грајтер
КристоФ Холзи
Давис Кеслер
Фин Ларсен
Ричард Мекензи
Џон Марч Расел (*)
Четан Најак
Маулик Перих
Кришна Раџагопал
Дејвид Робертсон
Шон Робинсон
Алфред Шапир
Серкан Каби
Стивен Вандзура
(*): Заенички студент со Сидни Колман
Познат по Асимптотска слобода
квантна хромодинамика
квантна статистика
Поважни награди Сакурајева награда (1986)
Дираков медал (1994)
Лоренцов медал (2002)
Лилиенфелдова награда (2003)
Нобелова награда за физика (2004)
Крал Фејсалова награда (2005)
Сопружник Бетси Девин
Деца Амити и Мира[1]
Страница
frankwilczek.com

Франк Вилчек (15 мај 1951) — американски теориски физичар, математичар и добитник на Нобеловата награда за физика.[2] Тој денес е Фешбахов професор по физика на МИТ.[3]

Професорот Вилчек, заедно со професорот Дејвид Грос и Дејвид Полицер, се наградени со Нобеловата награда за физика во 2004 година за нивното откритие на асимтотска слобода во теоријата на силното заемодејство.[4] Тој е член на научната надгледна комисија во Институтот за иднината на животот.[5]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден во Минеола, Њујорк, од полско и италијанско потекло, Вилчек бил образуван во јавните училишта во Квинс, образувајќи се во Средното училиште Мартин ван Бурен. Во овој период Вилчековите родители согледале дека тој е исклучителен - делумно поради разултатот кој Вилчек го постигнал на IQ тестовите.[6]

Тој се стекнал со дипломата по математика на Чикашкиот универзитет во 1970 година, магистер по математика на Принстонскиот универзитет, 1972 година, и доктор по физика на Принстонскиот универзитет во 1974 година.[7] Вилчек го држи местото Фешбахов професор по физика при МИТ во центарот за теориска физика. Тој работел на Институтот за напредни студии на Принстон и Институтот за теориска физика при Калифорнискиот универзитет како и повремен професор предавач во NORDITA.

Тој бил награден со Лоренцов медал во 2002 година. Вилчек ја добил и Лилиенфилдовата награда од Американското друштво на физичри од 2003 година. Во истата година бил награден со комеморативниот медал „Факултет за математика и физка“ од Карловиот универзитет во Прага. Тој бил кодобитник на наградата за Високоенергетска физика во 2003 година доделена од Европското друштво на физичари. Вилчек исто така бил кодобитник и на Крал Фејсаловата меѓународна награда за наука.

Тој моментално работи во Друштвото за наука и јавност.

Вилчек се оженил со Бетси Девин на 3 јули 1973 година, и имаат две ќерки, Амита (академски декан на Дип Спрингс колеџ) и Мира.

Вилчек е агностик.[8]

Вилчек исто така се има појавено и во епизода на Пен и Телер: Срање!, каде Пен му се обраќа со зборовите „најпаметната личност која се појавила во нивната емисија.“

Истражување[уреди | уреди извор]

Во 1973 година Вилчек, дипломец кај професорот Дејвид Грос при Принстоновиот универзитет, со кого ја открива асимптотската слобода, која тврди дека “колку се поблизу кварковите еден до друг, толку е послабо силното заемодејство (или промена на боја) меѓу нив“ кога пак кварковите се во непосредна близина еден на друг, нуклеарната сила меѓу ним е толку слаба што тие се однесуваат како слободни честички. Теорија која, независно е откриена и од страна на Дејвид Полицер, и е важна за развојот на квантната хромодинамика.

Вилчек помогнал да се откријат и објаснат аксионите, анионите, асимптотската слобода, обоената суперпроводливост фазите на кварковата материја, и другите подрачја на квантната теорија за полето. Работел на голем број на невообичаени теми како оние поврзани за физиката на кондензирана материја, астрофизиката, и честичната физика.

Во 2012 година тој предложил идеја за време-просторен кристал.[9]

Тековно истражување:

Во неговата книга „Леснотијата на постоењето“ од 2009 година (The Lightness of Being), тој тврди дека Хигсовиот бозон не го објаснува потеклото на масата.[10]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

За обични читатели[уреди | уреди извор]

Технички[уреди | уреди извор]

  • 1988. Геометриски фази во физиката.
  • 1990. Статистика на дропки и анионска суперпроводливост.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Frank Wilczek - Autobiography
  2. Biography and Bibliographic Resources, from the Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy. Accessed 14 July 2013
  3. „Frank Wilczek, Herman Feshbach Professor of Physics“. Department of Physics, MIT. 2011. http://web.mit.edu/physics/people/faculty/wilczek_frank.html. конс. 14 јуни 2011 г. 
  4. Tore Frängsmyr, editor (2005). location=Stockholm „The Nobel Prizes 2004“. Les Prix Nobel. Nobel Foundation. http://nobelprize.org/physics/laureates/2004/wilczek-autobio.html location=Stockholm. конс. 30 април 2008 г. 
  5. Who We Are, Future of Life Institute, 2014, конс. 2014-05-07 
  6. Dreifus, Claudia. „Discovering the Mathematical Laws of Nature“, 28 декември 2009 (конс. 22 мај 2012 г).
  7. Frank Anthony Wilczek - Проект „Математички родослов“ (англиски)
  8. „Frank Wilczek“. Soylent Communications. 2012. http://www.nndb.com/people/720/000140300/. конс. 20 јуни 2013 г. „Raised in the Catholic church, Wilczek now considers himself agnostic. On the dichotomy between science and religion, he has said: "When religion talks about our aspirations and our sense of morality, I do not believe that science can contradict it. However, when religion contradicts science on matters of fact, religion must yield."“ 
  9. Natalie Wolchover (30 април 2013). „Time Crystals’ Could Upend Physicists’ Theory of Time“. Wired. http://www.wired.com/wiredscience/2013/04/time-crystals/all/. 
  10. The Lightness of Being:Wilczek, Frank. 2009. The Lightness of Being. Chapter: Darkness Revisited

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: