Вилијам Лоренс Брег

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сер Вилијам Лоренс Брег
Wl-bragg.jpg
Вилијам Лоренс Брег во 1915 година
Роден 31 март 1890(1890-03-31)
Австралија Северна Аделаида, Јужна Австралија
Починал 1 јули 1971(1971-07-01) (воз. 81 г.)
Обединето Кралство Валдрингфилд, Ипсвич, Сафолк, Англија
Националност Обединето Кралство Британец
Полиња Физика
Установи Универзитет на Манчестер
Кембрички универзитет
Образование Универзитет на Аделаида
Кембрички универзитет
Докторски ментор Џ.Џ. Томсон
В.Х. Брег
Докторанди Џон Кранк
Роналд Вилфрид Гурни
Алекс Стоукс
Познат по Дифракција на X-зраци
Брегов закон
Поважни награди Нобелова награда за физика (1915)
Баернардов медал (1915)
Матеучиев медал (1915)
Хјузов медал (1931)
Кралски медал (1946)
Реблингов медал (1948)
Коплиев медал (1966)
Белешки
Син на В.Х. Брег. Негови ментори на Кембричкиот универзитет Џ.Џ. Томсон и В.Х. Брег.

Сер Вилијам Лоренс Брег (31 март 18901 јули 1971) бил Британски физичар и кристалограф со Австралијанско потекло кој го поставил (1912 год.) Бреговиот закон за дифракција на X-зраци, кој е основа за определување на кристалната структура. Тој беше заеднички добитник (со неговиот татко, Вилијам Хенри Брег) на Нобелова Награда за физика во 1915: "За нивната заслуга во анализата на кристалната структура со помош на X-зраци"[1] важен чекор во развојот на Рентгенската структурна анализа. Тој бил прогласен за витез во 1941.[2] Заклучно со 2014 година, Лоренс Брег е најмладиот добитник на Нобелова Награда за физика, примајќи ја наградата на само 25 годишна возраст.[3] (Најмлад добитник на Нобелова награда од сите категории е Malala Yousafzai во 2014 година на возраст од 17 години). Брег беше директор на Кавендишката Лабораторија, во Кембриџ, кога откривањето на структурата на ДНК беше пријавено од Џејмс Ватсон и Францис Крик во Февруари 1953 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Раниот живот и образование[уреди | уреди извор]

Брег бил роден во Северна Аделаида, Јужна Австралија. Уште на млади години покажал интерес кон науката и математиката. Неговиот татко, Вилијам Хенри Брег, бил професор по математика и физика на Универзитеот на Аделаида. На 5 годишна возраст, само што почнал да оди во училиште, Брег паднал од својот трицкл и си ја скршил раката. Неговиот татко кој прочитал за Рентгеновите експерименти во Европа, ги искористил ново откриените X-зраци и неговата опрема да ја испита скршената рака. Ова е првата снимена хируршка употреба на X-зраци во Австралија.

Брег бил многу способен студент. По започнувањето на неговите студии во колеџот Св. Петар, Аделаида во 1905 год. тој заминал во Универзитеот на Аделаида на 16 годишна возраст за да учи математика, хемија и физика, дипломирајќи во 1908 година. Истата година неговиот татко ја прифатил ,,Кавендишката столица на физиката" на Универзитетот на Лидс, и го вратил семејството назад во Англија. Брег се запишал на колеџот Тринити, Кембриџ во есента 1908 год. и добил целосна стипендија по математика, иако го полагал тестот во кревет болен од пнеумонија. По брзо совладување на математиката, тој преминал на учење физика во подоцнешните години од неговите студии, и дипломирал со првата класа во 1911 година. Во 1914 год. бил избран за стипеднија на колеџот Тринити – стипендија која на колеџот Кембриџ вклучува поднесување и одбрана на тезата.[4][5]

Покрај образованието, друга работа која го интересирала Брег било собирање на школки; неговата лична колекција содржела примероци од над 500 видови; сите од нив лично собирани во Јужна Австралија. Тој открил нови видови на сипа - Sepia braggi, именувана по него од страна на Џозеф Верко.[6]

Кариера[уреди | уреди извор]

Рентгенска структурна анализа[уреди | уреди извор]

Брег е најпознат по неговиот закон за дифракција на X-зраци од кристали. Бреговиот закон ни овозможува да ја пресметаме позицијата на атомите во рамките на кристал преку начинот на кој X-зрак е дифрактиран од кристалната решетка. Го направил ова откритие во 1912 година, додека бил прва година на универзитетот во Кембриџ. Дискутирал за своите идеи со неговиот татко, кој го развил спектрометарот во Лидс. Оваа алатка овозможила многу разчични типови на кристали да бидат анализирани.

Опсег на звук[уреди | уреди извор]

Истражувачката работа на Брег била прекината од двете Светски Војни. За време на двете војни тој работел на методи за опсег на звукот за лоцирање на пушките на непријателот. Во оваа работа бил потпомогнат од Вилијам Такер, Харолд Робинсон и Хенри Хеминг. За неговата работа за време на Првата светска војна бил награден со Воен Крст[7] и бил назначен за Офицер на редот на Британската Империја.[8] [9][10][11][12]

На 2 Септември 1915 год. неговиот брат бил убиен за време на Галиполската Операција.[13] Набргу потоа, Вилијам Лоренс Брег дознал дека бил добитник на Новелова Награда за физика, на 25 годишна возраст.[12]

Помеѓу двете војни, од 1919 до 1937 година, Брег работел на Викториниот универзитет на Манчестер како професор по физика. По Втората Светска Војна, се вратил во Кембриџ, разделувајќи ја Кавендишката Лабораторија во истражувачки групи. Тој верувал дека ,,идеален истражувачки тим треба да се состои од шест до дванаесет научници и неколку асистенти".

Истражување за протеини[уреди | уреди извор]

Во 1948 година Брег станал заинтересиран за структурата на протеините и бил делумно одговорен за создавање на група која користела физика за решавање на биолошки проблеми. Имал клучна улога во откривањето на структурата на ДНК во 1953 год. , со тоа им обезбедил поддршка на Францис Крик и Џејмс Ватсон кои работеле под негово раководство во Кавендиш.

Известувањето на Брег за откривањето на структурата на ДНК било донесено на Солвејска конференција за протеини во Белгија на 8 Април 1953 година, но не било забележано од страна на печатот. Поради тоа Брег подоцна одржал говор во Медицинското Училиште и Болница во Лондон во Четврток, 14 Мај 1953 година, кој резултирал со статија на Ричи Калдер во вестите на Лондон во Петок, 15 Мај 1953 година, под наслов ,,Зашто си ти ти. Најблиската тајна на животот."

Брег бил задоволен да види дека методот со X-зраци кој тој го развил четириесет години порано било срцето на овој увид за природата на самиот живот. Во исто време во Кавендиш, Макс Перуц истотака работел на својот труд со кој освоил Нобелова Награда а тоа е структурата на хемоглобин. Брег подоцна последователно и успешно лобирал за, и ги номинирал, Крик, Ватсон and Марис Вилкинс за Нобеловата Награда за Физиологија или Медицина во 1962 година; Вилкинс го користел претходно истажениот труд (корситејќи Рентгенска структурна анализа) на колеџот Кингс во Лондон за да ја открие структурата на ДНК молекулот. Покрај овие истражувачи бил и Розалинд Френклин, чија "фотографија 51" покажала дека ДНК е двојна спирала, а не тројна како што претпоставил Линус Паулинг. френклин починал пред да ја добие наградата (која се дава само на живи луѓе).

Кристалната структура на лизозим на белка од кокошково јајце, била откриена од Филипс во 1965 година.[14] под раководство на Лоренс Брег во Royal Institution, во Лондон, довело до откритие на спирала. Структурата на лизозимот била утврдена од кристалите на лизозим хлорид, кој припаѓа на тетрагоналната просторна група P2 со единица на димензија на клетките a = b = 79.1 Å, c = 37.9 Å и имаат еден молекул на лизозим во асиметрична единица.[14] Постоењето на спирала, спротивно на Паулиновата алфа спирала, била предвидена од Брег, Кендру и Перуц во 1950 година.[15] Очигледно, многу истражувачи не успеале да го спомнат откривањето на спиралата, и не успеале да го прифатат тој дел во структурата на лизозимот. Паулинг никогаш не признал дека барем еден дел од горенаведениот документ од 1950 година има смисла.

За разлика од миоглобинот, во кој околу 80% од амино-киселинските остатоци се во алфа-спираланата конформација, во лизозим протеин содржината на алфа-спиралата е само околу 40% од амино-киселинските остатоци во четири главни делови. спиралата e претходен предлог за структурата на полипептиди направен од Брег, Кендру и Перуц во 1950 година. Во оваа конформација, секој трет пептид е водородно споен назад за првиот пептид, со што се формира прстен што содржи десет атоми.[16]

Кралска Институција[уреди | уреди извор]

Тој имал долга поврзаност со Кралската Институција вклучувајќи:

Професор по Природна Филозофија, 1938-1953
Професор по Хемија, 1954-1966
Надзорник на Куќата, 1954-1966
Директор на Дејви-Фарадај Лабораторија за истражување, 1954-1966
Директор, 1965-1966
Почесен Професор, 1966-1971

Во 1931, 1934 и 1961 Брег бил поканет да ја испорача Новогодишната лекција на Кралската Институција на ,,Универзитетот на Светлото, ,,Електрисити и Електрисити. Тој истотака ги запознал со програмата додека престојувал на Кралската Институција.[17]

Приватен Живот[уреди | уреди извор]

Се оженил со Алис Хопкинсон (1899-1989) во 1921 година, со која имал четири деца, Стефан Лоренс (1923-2014), Давид Вилијам (роден 1926), Маргарет Алис, родена 1931, (која се омажи со Марк Хит) и Патиенс Мари, родена 1935. Брег имал повеќе хобија вклучувајќи цртање, литература и доживотен интерес во градинарство.[18] Кога се доселил во Лондон, му недостигала градината па работел како повремен градинар, непрепознаен од својот работодавач, се додека гостин во куќата не се изненадил што го среќава тука.[19] Починал во болница близу до неговиот дом воВалдрингфилд, Ипсвич, Сафолк. Бил погребан во колеџот Тринити, Кембриџ; неговиот син Давид е погребан во Parish of the Ascension Burial Ground во Кембриџ, каде пријателот на Брег Рудолф Хопкинсон е истотака погребан.

Почести и награди[уреди | уреди извор]

Бил избран за FRS во 1921-,,признание кое ги прави другите несоодветни".[20] Беше назначен за витез од страна на Кралот Џорџ VI во 1941 година. New Year Honours,[21] и ги има добиено и Copley-ов Медал и Кралскиот Медал на Кралското Општество.Во неговата книга Light is a Messenger, дебатира дека повеќе е кристалографер отколку физичар, неговото учење покажува дека то је физичар повеќе од се друго. Истотака, од 1939 до 1943 година, работел како претседател на Институтот за Физика во Лондон.[22]

Од 1992 година, Австралискиот институт за Физика ги наградува со Брегов Медал за совршеност по Физика[23] за да го обележат Лоренс Брег и неговиот татко, Вилијам Брег, за најдобрата теза на студент на Австралискиот универзитет.

See also[уреди | уреди извор]

References[уреди | уреди извор]

  1. „The Nobel Prize in Physics 1915“. Nobel Foundation. http://nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1915/index.html. конс. 9 октомври 2008 г. 
  2. „Nobel Prizes and Laureates, Lawrence Bragg - Biographical“. Nobel Foundation. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/physics/laureates/1915/wl-bragg-bio.html. конс. 16 март 2013 г. 
  3. „Facts on the Nobel Prize in Physics“. Nobel Foundation. http://www.nobelprize.org/nobel_prizes/facts/physics/. конс. 6 декември 2014 г. 
  4. Cambridge physicists www.cambridgephysics.org
  5. See Fred Hoyle's remarks regarding Hutchinson in 1965 Galaxies, Nuclei and Quasars p38 London:Heinemann and also R J N Phillips 1987 "Some Words from a Former Student" in Tribute to Paul Dirac, p31 Bristol:Adam Hilger
  6. Jenkin, John William and Lawrence Bragg; Father and Son. Oxford University Press 2008 ISBN 978 0 19 923520 9
  7. The London Gazette: (Supplement) no. 30450. p. 32. 1 January 1918. Retrieved 3 September 2010. MC
  8. The London Gazette: (Supplement) no. 30576. p. 3289. 15 March 1918. Retrieved 2 September 2010. OBE
  9. The London Gazette: (Supplement) no. 29623. p. 5930. 13 June 1916. Retrieved 2 September 2010. mid
  10. The London Gazette: (Supplement) no. 29890. p. 207. 2 January 1917. Retrieved 2 September 2010. mid
  11. The London Gazette: (Supplement) no. 31437. p. 8523. 4 July 1919. Retrieved 2 September 2010. mid
  12. 12,0 12,1 William Van der Kloot, Lawrence Bragg's role in the development of sound-ranging in World War I, Notes and Records of the Royal Society, 22 September 2005, vol. 59, no. 3, pp. 273–284.
  13. Шаблон:Cwgc
  14. 14,0 14,1 CCF Blake, DF Keonig, GA Mair, ACT North, DC Phillips & VR Sarma, Structure of Hen Egg-White Lysozyme: A Three-dimensional Fourier Synthesis at 2 Å Resolution. (1965) Nature 206:757-761
  15. 1950 "Polypeptide chain configurations in crystalline proteins" Proc Roy A 203, p321
  16. L N Johnson (1966) “The structure and function of lyszoyme” Sci Prog 54, p367
  17. http://www.rigb.org/our-history/people/b/william-lawrence-bragg
  18. Thomson, Patience. A tribute to W. L. Bragg by his younger daughter. „Acta Crystallographica Section A“ том  A69: 5–7. http://journals.iucr.org/a/issues/2013/01/00/wl0018/wl0018.pdf. конс. 24 декември 2012 г. 
  19. Crick, Francis (1989). What Mad Pursuit. Weidenfeld & Nicholson. стр. 53. ISBN 0140119736. 
  20. G K Hunter 2004 Light is a Messenger Oxford:OUP
  21. The London Gazette: (Supplement) no. 35029. p. 1. 31 December 1940. Retrieved 2 September 2010. Knight bachelor
  22. http://www.cambridgephysics.org
  23. Bragg Gold Medal for Excellence in Physics

Further reading[уреди | уреди извор]

  • Biography: Hunter, Graeme. Light Is A Messenger, the Life and Science of William Lawrence Bragg, ISBN 0-19-852921-X; Oxford University Press, 2004.
  • John Finch; A Nobel Fellow On Every Floor, Medical Research Council 2008, 381 pp, ISBN 978-1-84046-940-0; (This book is about the MRC Laboratory of Molecular Biology, Cambridge.)
  • Ridley, Matt; Francis Crick: Discoverer of the Genetic Code (Eminent Lives), first published in July 2006 in the United States, and then in the UK in September 2006, by HarperCollins Publishers; 192 pp, ISBN 0-06-082333-X (This short book is in the publisher's "Eminent Lives" series).
  • John Jenkin: "William and Lawrence Bragg, Father and Son: The Most Extraordinary Collaboration in Science", Oxford University Press, 2008.

External links[уреди | уреди извор]