Мишел Мајор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мишел Мајор
Michel Mayor, 2012 (cropped).jpg
Мајор во 2012 година
РоденМишел Густав Едуард Мајор
12 јануари 1942 (1942-01-12) (78 г.)
Лозана, Швајцарија
ПолињаАстрофизика
УстановиЖеневски универзитет
Теза„Кинематичките својства на ѕвезди во близина на Сонцето: можна поврзаност со галактичката спирална структура.“ (1971)
ДокторандиДидје Кело
Познат поОткривањето на првата планета во орбита околу нормална ѕвезда, 51 Пегаз
Поважни наградиНаграда „Жул Жансен“ (1998)
Шоова награда (2005)
Волфова награда (2017)
Нобелова награда за физика (2019)

Мишел Мајор (француски изговор: [miʃɛl majɔʁ]; 12 јануари 1942)[1]швајцарски астрофизичар и професор во пензија на Женевскиот универзитет на отсекот за астрономија.[2] Тој се пензионирал во 2007 година, но и понатаму е активен истражувач при Женевската опсерваторија. Тоје содобитник на Нобеловата награда за физика во 2019 година заедно со Џим Пиблс и Дидје Кело,[3] наградата Виктор Амбарцумјан во 2010 година,[4] и добитник е на наградата Кјото во 2015 година.

Заедно со Дидје Кело во 1995 година, ја откриле 51 Пегаз b, првата вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето, 51 Пегаз.[5] За ова нивно шпостигнување, тие се наградени со Нобеловата награда за физика во 2019 година „за откривањето на вонсончева планета во орбита околу ѕвезда налик на Сонцето“.[6] Надоврзувајќи се на откритието, Мајор укажува дека луѓето никогаш нема да се населат на овие вонсончеви планети бидејќи истите се „многу,многу далеку ... [и ќе бидат потребни] стотици милиони денови користејќи ги моменталните начини на транспорт кои се достапни денес“.[7] Сепак, поради откритијата на Мајор, потрагата за вонземјена комуникација од вонсончевите планети е попрактично од она што се мислелов во минатото.[8]

Мејор магистрирал физика на Лозанскиот универзитет (1966) а докторирал астрономија при Женевската опсерваторија (1971). Неговиот труд имал дел наречен „Есеј за кинематичките својства на ѕвездите во близина на Сонцето: можна поврзаност со галактичката спирална структура.“ Тој бил истражувач при Институтот за астрономија при кембричкиот универзитет во 1971 година. Подоцна, тој своите неработни семестри ги поминувал при Европската јужна опсерваторија (ЕЈО) во северот на Чиле и Институтот за астрономија при Хавајскиот универзитет.[9]

Кариера[уреди | уреди извор]

Од 1971–84, Мејор работел како помошник истражувач при Женевската опсерваторија, која е домот на одделот за астрономија Женевскиот универзитет. Тој постанал асистент на универзитетот во 1984 година.[1] А во 1988 година, универзитетот го прогласува за професор, позиција која ја држел се до неговото пензионирање во 2007 година. Мејор бил директор на Женевската опсерваторија од 1998 до 2004 година.[1] Тој е професор во пензија при Женевскиот универзитет.[10]

Истражување[уреди | уреди извор]

Интересот за истражување на вонсончеви планети Мајор (познати и како егзопланети), инструментите, статистичките својства на двојните ѕвезди, динамиката на ѕвездените јата, галактичката структура и кинематика. Докторската теза на Мајор при Женевскиот универзитет била посветена на галактичките структури.[1]

За време на периодот како помошник истражувач, постоел силен интерес за развивање на фотоелектрични Доплерови спектроскопи за да се добијат попрецизни мерења за радијалните брзини на ѕвездените тела во споредба со веќе постоечките фотографски методи. Надоврзувајќи се на првичната работа на Роџер Грифин во 1967 година за да се покаже можноста за фотометриски мерења на радијалните бризини, Мајор работел со Андре Баранe од [[Марсејска опсерваторија|Марсејорбиталните периоди на двојните ѕвезди, па дури и вртежната брзина на самите ѕвезди.[11]

Ова истражување довело до зголемен интерес во различни полиња, меѓу кои е и полето на изучување на статистичките карактеристики на ѕвездите од сончев тип. Заедно со соистражувачот Антоан Дикенуа, тие ги испитувале радијалните брзини на неколку системи за кои се верувало дека се двојни ѕвезди во 1991 година. Резултатите покажале дека дел од ѕвездите кои биле истражувани се всушност единечни ѕвезди со подѕвездени придружни тела.[12] Посакувајќи попрецизни мерења на радијалните брзини, Мајор, заедно со Баран од Марсеј, и со додипломецот Дидје Кело, го развиле ЕЛОДИЕ, нов спектрограф заснован на КОРАВЕЛ, за кој се проценувало дека ќе има прецизност од 15 m/s за сјајните ѕвезди, што е подобрување од она на КОРАВЕЛ од 1 km/s. ЕЛОДИЕ бил развиен со цел да се определи дали секундарните тела се ѕвезди кафеави џуџиња или пак џиновски планети.[13]

До 1994 година, ЕЛОДИЕ е ставен во функција во Женева и Мајор заедно со Кело го започнаа своето истражување на ѕвезди од сончев тип за кои се претпоставувало дека имаат секундарни тела.[14] Во јули 1995 година, нивното истражување на 51 Пегаз потврди дека во орбита околу ѕвездата постои вонсончева планета, означена како 51 Пегаз b која подоцна е класифицирана како планета од типот на жежок Јупитер. Ова била првата планета која е откриена во орбита околу ѕвезда на главната низа, за разлика од планети кои биле во орбита околу остатоците од ѕвезда.[15] Нивното откритие на вонсончева планета околу сончеволика ѕвезда го зголемило интересот за потрага на вонсончеви планети.[16] Од 2019 година, забележани се повеќе од 4000 вонсончеви планети и уште неколку илјади потенцијални кандидати.[17]

Мајоровата работа се фокусирала повеќе на подобрување на инструментите за мерење на радијалните брзини за да се зголеми шансата за откривање на вонсончевите планети и да се измерат нивните карактеристики. Мајор бил предводник на екипа која требала понатамошно да го усоврши ЕЛОДИЕ, односно да се зголеми прецизноста на мерењата до 1 m/s со помош на пребарувачот на планетарни радијални брзини (ХАРПС) вграден на 3,6 m ЕСО телескоп при опсерваторијата Ла Сила во Чиле во 2003 година.[18] Мајор бил предводник на екипата која го користела ХАРПС во потрагата на други вонсончеви планети. Во 2007 година, Мајор бил еден од 11 европски научници кои ја забележале Глизе 581c, првата вонсончева планета во зоната погодна за живот, користејќи го ЕСО телескопот.[19] Во 2009 година, Мајор и неговата екипа ја забележале најлесната вонсончева планета околу ѕвезда од главната низа: Глизе 581e.[20] Сепак, Мајор дал забелешка дека луѓето никогаш нема да се населат на овие планети бидејќи тие се „многу, многу далеку ... [и ќе бидат потребни] стотици милиони денови за да се стигне дотаму користејќи ги денешните расположливи видови на транспорт".[7] Но пак, благодарение на откритијата на Мајор, потрагата за вонземни комуникации од вонсончевите планети е сега попрактична отколку што било пред откритието.[8]

Награди и одликувања[уреди | уреди извор]

Во 1998 година, Мајор бил награден со швајцарската награда „Марсел Беноа“[1] како признание за неговата работа и неговото значење за човековиот живот. Од 2003 година, тој е дел од управниот одбор. Тој е добитник и на наградата „Жул Жансен“ од Француското астрономско друштво во 1998 година.[21]

Во 2000 година, тој е добитник на Балцановата награда.[1] Четири години подоцна, тој бил награден со медалот „Алберт Ајнштајн“.[1] Во 2005, тој е добитник на Шоовата награда за астрономија, заедно со американскиот астрофизичар Џефри Марси.[22] Мајор е прогласен за витез со францускиот медал на легијата на честа во 2004 година.[23]

Во соработка со Пјер-Ив Фрај, мајор напишал книга на француски јазик наречена Les Nouveaux mondes du Cosmos (Сеј, 260 страници), која била наградена со наградата Книга за астрономијата 2001 за време на 17-иот астрономски фестивал Хут Мориен.[23]

Мајор се стекнал со почесни докторати од осум универзитети: Левенскиот католички универзитет (Белгија), 2001; Лозански федерален институт за технологија 2002; универзитетот во Северно Рио Гранде (Бразил), 2006; Упсалскиот универзитет (Шведска), 2007; Париската опсерваторија (Франција), 2008; Бриселскиот слободен универзитет (Белгија), 2009; Провански универзитет (Марсел), 2011 и универзитетот „Жозеф Фуре“ (Гренобл), 2014.[23]

Мајор е добитник на наградата ББВА за знаење во 2011 година (заедно со неговиот поранешен студент Дидје Кело) за развивање на нови астрономски инструменти и експериментални техники кои довеле до првото набљудување на планети околу сончеволики ѕвезди.[24] Астероидот 125076 Мишелмајор е именуван во негова чест, и е забележан од швајцарскиот аматерски астроном Мишел Ори при Јурската опсерваторија во 2001 година.[2] Официјално наводот за именување е објавен во Центарот за мали планети на 21 август 2013 година (Ц.М.П. 84674).[25]

Во 2015 година, тој е награден со златен медал на Кралското астрономско друштво.[26] Во 2017 година, тој е добитник на Волфовата награда за физика.[27] Тој и Дидје Кело се наградени со половина од Нобеловата награда за физика во 2019 година за откривањето на вонсончевата планета 51 Пегаз b.[28]

Членување во професионални здруженија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 „Conference du 26 Septembre 2007“ (French). Cercle des amities internationales, Geneve. September 2007. Архивирано од изворникот на 11 January 2015. конс. 9 October 2019. 
  2. 2,0 2,1 „125076 Michelmayor (2001 UD6)“. Minor Planet Center. конс. 12 August 2019. 
  3. Nobel Prize in Physics Awarded for Cosmic Discoveries“, „The New York Times“, 8 октомври 2019 (посет. 8 октомври 2019 г).
  4. „Viktor Ambartsumian International Prize“. Vaprize.sci.am. 18 July 2014. конс. 26 March 2017. 
  5. Mayor, Michel; Queloz, Didier (ноември 1995 г). A Jupiter-mass companion to a solar-type star. „Nature (journal)“ том  378 (6555): 355–59. doi:10.1038/378355a0. Bibcode1995Natur.378..355M. 
  6. „The Nobel Prize in Physics 2019“. Nobel Media AB. Архивирано од изворникот на 10 October 2019. конс. 8 October 2019.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  7. 7,0 7,1 Staff. „Humans will not 'migrate' to other planets, Nobel winner says“, „Phys.org“, 9 октомври 2019 (посет. 9 октомври 2019 г).
  8. 8,0 8,1 Shostak, Seth. „How a discovery that earned the Nobel Prize in Physics transformed the hunt for alien life“, NBC News, 9 октомври 2019 (посет. 9 октомври 2019 г).
  9. „Michel Mayor“. The Planetary Society. Архивирано од изворникот на 8 August 2019. конс. 8 August 2019.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  10. „Michel Mayor“. The Planetary Society. конс. 9 October 2019. 
  11. Hearnshaw, John B. (2014). The Analysis of Starlight: Two Centuries of Astronomical Spectroscopy. Cambridge University Press. стр. 114–116. ISBN 978-1107031746. 
  12. Duquennoy, Antoine; Mayor, Michel (август 1991 г). Multiplicity among solar-type stars in the solar neighbourhood. II. Distribution of the orbital elements in an unbiased sample. (PDF). „Astronomy & Astrophysics“ том  248: 485–524. Bibcode1991A&A...248..485D. http://articles.adsabs.harvard.edu/pdf/1991A%26A...248..485D. 
  13. Baranne, A.; Queloz, D.; Mayor, M.; Adrianzyk, G.; Knispel, G.; Kohler, D.; Lacroix, D.; Meunier, J.-P.; и др. (11 октомври 1996 г). ELODIE: A spectrograph for accurate radial velocity measurements. „Astronomy & Astrophysics Supplement Series“ том  119 (2): 373–390. doi:10.1051/aas:1996251. Bibcode1996A&AS..119..373B. https://aas.aanda.org/articles/aas/pdf/1996/14/ds1106.pdf. посет. 9 октомври 2019 г. 
  14. Springer (16 April 2018). „Once upon a time, an exoplanet was discovered“. Science Daily. Архивирано од изворникот на 2 April 2019. конс. 9 October 2019.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  15. Mayor, Michael; Queloz, Didier (1995 г). A Jupiter-mass companion to a solar-type star. „Nature (journal)“ том  378 (6555): 355–359. doi:10.1038/378355a0. Bibcode1995Natur.378..355M. 
  16. Gibney, Elizabeth (18 декември 2013 г). Michael Mayor: In search of sister earths. „Nature (journal)“ том  504 (7480): 357–65. doi:10.1038/504357a. PMID 24352276. Bibcode2013Natur.504..357.. 
  17. „Exoplanet and Candidate Statistics“. California Institute of Technology. конс. 9 October 2019. 
  18. Queloz, D.; Mayor, M. и др. (September 2001). From CORALIE to HARPS. The way towards 1 m s-1 precision Doppler measurements (PDF). The Messenger (astronomy magazine) (105): 1–7. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 January 2018. конс. 10 October 2019.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  19. Borenstein, Seth. „Red dwarf is mother to an Earth-like planet“, „The Sydney Morning Herald“, 25 април 2007 (посет. 17 март 2009 г).
  20. Mayor, M. (2009 г). The HARPS search for southern extra-solar planets,XVIII. An Earth-mass planet in the GJ 581 planetary system. „Astronomy and Astrophysics“ том  507 (1): 487. doi:10.1051/0004-6361/200912172. Bibcode2009A&A...507..487M. http://obswww.unige.ch/~udry/Gl581_preprint.pdf. 
  21. „Prix Janssen“ (French). Société astronomique de France. конс. 9 October 2019. 
  22. Overbye, Dennis. „Finder of New Worlds“, „The New York Times“, 12 мај 2013 (посет. 13 мај 2014 г).
  23. 23,00 23,01 23,02 23,03 23,04 23,05 23,06 23,07 23,08 23,09 23,10 23,11 23,12 23,13 23,14 „Michel Mayor“ (PDF) (French). French Academy of Science. 3 May 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 October 2019. конс. 9 October 2019.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  24. „The BBVA Foundation presents its Frontiers of Knowledge Awards at a ceremony enthroning science and culture as motors of development“. BBVA Foundation. 12 June 2012. конс. 9 October 2019. 
  25. „MPC/MPO/MPS Archive“. Minor Planet Center. конс. 12 August 2019. 
  26. „Winners of the 2015 awards, medals and prizes - full details“. Royal Astronomical Society. Архивирано од изворникот на 20 March 2017. конс. 26 March 2017.  Unknown parameter |url-status= ignored (помош)
  27. Jerusalempost Wolf Prizes 2017, jpost.com; accessed 26 March 2017.
  28. „The Nobel Prize in Physics 2019“. Nobel Media AB. конс. 8 October 2019. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Предлошка:Шоова награда