Чарлс Гловер Баркла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чарлс Баркла
Charles Glover Barkla 01.jpg
Роден 7 јуни 1877(1877-06-07)[1]
Виднес, Ланкашир, Англија
Починал 23 октомври 1944(1944-10-23) (воз. 67 г.)
Единбург, Шкотска
Националност Обединето Кралство Британец
Полиња Физика
Установи Кембрички универзитет
Ливерпулски универзитет
Кралски колеџ во Лондон
Единбуршки универзитет
Образование Ливерпулски универзитет
Кембрички универзитет
Ментори Џозеф Џон Томсон
Оливер Лоџ
Познат по Расејување на Х-зраци
Спектроскопија на Х-зраци
Поважни награди Нобелова награда за физика (1917)
Хјузов медал (1917)

Чарлс Гловер Баркла (англиски: Charles Glover Barkla 7 јуни 187723 октомври 1944) бил британски физичар, и добитник на Нобелова награда за физика во 1917 „за откривањето на рендгентската радијација на елементите“.

Баркла бил роден во Виднес, Англија, син на Џон Мартин Баркла, секретар на хемиската компанија Атлас и Сара Гловер, ќерка на часовничар. Баркла студирал во Ливерпулскиот институт и продолжил во Ливерпулскиот универзитет со стипендија. Баркла прво студирал математика, но подоцна се занимавал со физиката под менторско раководство на Оливер Лоџ. За време не отсуството на Оливер Лоџ поради здравствени причини, Баркла го заменувал во предавањата.

Во 1899, Баркла бил примен во „Тројство-колеџот“ во Кембриџ, со истражувачкото друштво од 1851[2] да работи во кавендишката лабораторија под надзор на физичарот Џозеф Џон Томсон, ја студирал брзината на електромагнетните бранови низ жици од различен материјал и ширина.

По година и пол во „Тројство-колеџот“ во Кембриџ, неговата љубов кон музиката била причина да се префрли во Кралскиот колеџ во Кембриџ за да може да пее во хорот на капелата. Баритон-гласот на Баркла бил извонредно убав и ноговите соло настапи секогаш биле целосно ислушувани. Тој ја завршил неговата стипендија за уметност, и станал доктор на уметност во 1907.

Во 1913, по работењето во кембричките универзитети, Ливерпул, и Кралскиот колеџ во Лондон, Баркла бил назначен за професор по природна филозофија во Единбуршкиот универзитет, место кое го задржал до неговата смрт. Баркла се оженил со Мери Естер Каувел во 1907, со која имал два сина и една ќерка.

Баркла одлично напредувал во развивање и рафинирање на законите за расејување на Х-зраците, принципите кои го раководат преносот на Х-зраците, пред сè принципите за побудувањето на секундарните Х-зраци. За неговото откритие за карактеристиките на Х-зраците на елементите, Баркла бил награден со Нобелова награда за физика во 1917. Тој исто така бил награден и со Хјузовиот медал на Британското кралско друштво, истата година.

Религиозен човек, Баркла бил методист и сметал дека неговата работа е „дел од задачата за Бог, креаторот “.[3][4][5] Починал во Единбург на 23 октомври 1944.

Спомени на Баркла[уреди | уреди извор]

Месечевиот кратер Баркла (кратер) бил именуван во чест на Чарлс Баркла. Спомен плоча била сместена во близина на Кенонгејт, близу Единбуршкиот универзитет. Дополнително, предавачки театар во физичарскиот оддел на Ливерпулскиот универзитет, како и биофизичка лабораторија во биолошкиот научен оддел,[6] се именувани во негово име. Во 2012, возило за расејување на сол за топење на снег во неговиот роден град Виднес, било именувано во негово име, по иницијатива на локален весник.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Charles Glover Barkla – Biography
  2. 1851 Royal Commission Archives
  3. School of Mathematics and Statistics. "Charles Glover Barkla" (2007), University of St Andrews, Scotland. JOC/EFR.
  4. H.S. Allen (1947), Obituary Notices of Fellows of the Royal Society, Vol. 5, No. 15,. "Charles Glover Bark"
  5. Charles Glover Barkla, Complete Dictionary of Scientific Biography (2008)
  6. http://www.liv.ac.uk/biophysics/Barkla.html
  7. "A gritter named Barkla" Physics World Archive, February 2012

Надворешни врски[уреди | уреди извор]